@Elly Stann јас не верувам дека туку така ти текнало да го зафракаваш од лажен профил маж ти, можеби и порано потсвесно те јадел некој црв во однос на неговата верност и доврбата во него. Гледам си добила неколку совети, но не го знаеме исходот каков ќе биде. Можеби ќе сфати дека е лажен, можеби ќе се свести дека прави грешка и дека може да те изгуби па ќе престане да пишува, може и ќе ти признае за се. И секоја чест на трпението што го имаш, многумина до сега би избувнале и би ја направиле голема. И треба да си доста претпазлива, зошто тој можеби веќе има смислено стратегија па немој да те обвини тебе за се. За да се извади, немој да ти направи приказна дека знаел дека си ти или дека е лажен профилот па те изиграл или да те обвини дека ти пишуваш и излеггуваш со други, од лажни профили затоа имај го и ова во предвид. Дури и да се појавиш и ти на закажаното, си размислувала ли како и што понатаму? Каков ќе биде вашиот однос, брак, заеднички живот? Многумина пишуваат за секој проблем развод, многу е лесно да напишеш но не секогаш можеш да се одлучиш за развод.
Она е виновна што го провоцира ? Дали исто ќе биде виновна некоја наредна вистинска особа,што можеби ќе се запишуваат ? И дали сериозно спореди шопинг со неверство, макар и потенцијално ?
Ми изгледа дека доста членки тука се со розови очила, знаел дека е жена му, ахм, па и со цвеќе ќе отидел на состанокот негде прочитав. @Elly Stann Од сето она што го напиша најмногу ми падна во очи муабетот дека маж ти е многу згоден и дека многу си се намачила да го фатиш, си имала многу конкуренција. Оваа твоја изјава јасно кажува дека ти сметаш дека е тој подобар од тебе и го гледаш како еден вид награда, со тоа и се плашиш да не го изгубиш. Ако смеам подлабоко да анализирам, стравот да не го изгубиш направил да носиш розови очила сите години кои сте заедно. 99.9% маж ти те изневерува, дали ти ќе продолжиш да му пишуваш од лажниот профил или не,не е ни точку важно, важно е дека тој крие дека си пишува, макар тоа да било од досада, тоа е лажење. Јас на твое место не би си играла играчки, телефонот во фаца, отворени карти и предлог за развод. Ти посакувам сѐ најдобро! Најстрашно не е дека тој те изневерува, најстрашно е дека ти мислиш дека тој е нешто посебно кое едвај си го добила, тоа самото по себе е индикација за нездрав однос со себе и помеѓу вас двајца. Почни да се почитуваш. Секое добро.
И јас помислив на ова, или ќе ја убедува знаел дека е таа и се зезал или ако се надевал на нешто повеќе од непозната личност и се изнервира ќе ја обвини дека го изграла со лажен профил и дека кој знае со колку други мажи вака правела. Јас во оваа нејзина ситуација кога веќе сум почнала да комуницирам би продолжила и понатаму и по некое време би излегла како што и пиша, не одма по некое време да го разголи до крај, да му го види правото лице. Е сега би искористила пријателка што ми е блиска да и кажам за сето ова, а тој не ја знае на лик, таа да отиде вечерта, а јас да бидам во близина, ама на безбедно растојание да не ме види тој, да видам што ќе направи и до каде ќе оди со неа. После ова со ваков пристап се е јасно и да направи нешто со пријателкава одма би му се појавила пред лице да му го плеснам и со збор и со кафето ако го имам во рака кај него во фаца. Исто спомна некоја за да се изземе од обвинувања дека има лажен профил да си пушти порака од тој профил на нејзиниот дека маж и таму и таму има средба со некоја, ама ова што го пишав ми е подобар и посилен доказ што тој би направил преку учество на пријателката зошто така самата ќе набљудува и ќе се увери до кај е спремен тој да оди. @Cosmic Girl убаво и кажа досега каде тој греши што не е искрен, и јас посочив во мои очи каде греши што независно дали ја познава/ се сомневе во некоја/ или ја препознал останува во комуникација и пристапува да излезе со неа. Независно од типот на муабет кои и го свртил, не бил тип за кафе итн. тој не ја одбива или засекува туку ја нуди на кафе во кола И да е зафрканција, јасна е првичната идеја накде му лета умот кога ја нуди на нешто вакво, дури и ако не се видат и не го направи тоа, значи му лета умот на (не)позната да нуди нешто во кола
Сигурно не е глуп за да не сфати дека е лажен профил и можно е и да си тера мајтап оти сфатил дека и со него некој мајтап тера. Пример.
Криење некој партал во шкаф од него и криење жена во кола од мене не е исто. Јас не се гледам себеси крива кога тој враќа и си пишува. Може да пишеше ајт терај у курац ќе се осеќав крива зошто го замарам си играм играчки, вака не, не знам ете сите сме различни различно делуваме и размислуваме, ама не е за споредба мојата банална лага со можно неверство. Ако тој ме фати како кријам маица од 200 денари од него сигурно нема развод да бара, а верувам дека голем процент од жените го прават ова, знам имам колешки, другарки, не ме прави тоа ни патолошки лажго ни кривец за неверство. Па за тоа дојдов и до толкав очај да ја отворам и темава. Да пишуваше па макар и средби да договараше и кога пишав пред него барем да реагираше некако да се сепнеше, да се исплашеше, фацата да ја сменеше, тогаш ајде ќе имаше повеќе причини за разглабање. Вака доаѓа како или да не му е гајле ако дознаам, или толку е испраксиран и сигурен дека нема да донаам. Иначе би ми кажал ваљда еј види жити се некоја што ми пишува. А да дојде на женски форум и да види нема никакви шанси. Па тој нели зборува за девојчето со него, остај сеа девојчето, со неа пишуваш или со мене. Ќе кажеше жена ми е тоа девојче ваљда. Нема да каже. Немав друга работа навистина. Дремев дома, имав слободен ден од работа. Јас мислам дека првично не ми беше план за проверување, но ете можеби сакав да знам. Но не очекував. Не сме т.е не се пријатели, само пораки. Ова малце ми изгледа како место да му ги переш гаќите ти го фати мажот ти како се договара за средба со друга. Не е фер јас да сум кривата тука. И јас би сакала да е лажна ситуација и да ми се тргне црвчето од мозок, ама за жал не е. Социопат не мислам дека сум ни јас ни тој, човек со три поста не можеш да го етикетираш како социопат, мора долга анализа за да извадиш заклучок. И тоа не е фер од твоја страна. И баш ме интересира како ги користам интерпукциските знаци и што кажува тоа за да излезе големата? Мислам дека исто како тебе се користени. Ете одлучивме дека сум љубопитна, те молам кажи ми за тоа. Дете сум била тогаш. Односот мислам дека со себе ми е здрав, мислев дека и со него е ок, ама ете гледаш. А се почитувам доволно за дефинитивно да ставам крај ако средбата се оствари.
А зошто криеш тоа што си купила? Мене овде ми стои подлабок проблемот, нејќе да е само договарањето средба. Работиш, заработуваш, парите на што сакаш ќе ги трошиш. И прочитав дека цела твоја плата оди за станот. Не сте договорени пола пола да го исплаќате? На твое име е само? Мене мм никогаш не ми пререкол за нешто што сум купила, со мои или негови пари. На темава конкретно, договори кафе од профилот, а во истото тоа време предложи му да одите некаде или да правите нешто, не знам, измисли некоја активност. Чисто да видиш дали ќе биде слободен или ќе те откачи заради кафето со измислената. Јас така би играла. И уште ова, кај што има чад има и оган.
Зошто премногу трошам за глупости. Не трошам јас за парчиња од 10 000, пример имам милиони тренерки и ќе видам некои за 600 ќе ги купам и ќе ги опнам во шкаф без да кажам. Зошто после криво ми е, трошам на глупости, а се што сум сакала сум добила од него, никогаш не ми рекол немаме пари, штеди или не може. Се имам. Повеќе од грижа на совест кријам, 1000 работи имам а пак купувам. Ама во тој момент ете не можам да одолеам. Ако ме прави тоа социопат и патолошки лажго добро.
@Elly Stann се допишувавте вчера со маж ти ? Зошто додека е дома не му пишеш и не ,,го фатиш,, како се допишува ?
Значи гаќите непрани, црвот ужива. Што да ти кажам, понекогаш, многу често, љубопитноста прави да се чувствуваме живи, ангажирани, посветени на некоја цел. Но очигледно е и дека ти веќе однапред знаеш што ќе се случи. Знаеш што ќе направи он, како ќе реагираш ти, но не знаеш како ќе реагираме ние, публиката. Затоа ти си онака фраерски смирена, без грешки во пишувањето. Не ти трепери раката, а ни мислата. Се надевам дека откако ќе се видите на состанокот и двајцата ќе се насмеете и ќе имате адреналинско-див секс. На крај тоа и ти е целта, нели? Оти досадно, немало што друго да се прави.
Бреееј сите вие многу сте убедени дека маж ви не ве вара или се плашите да ја отворите пандорината кутија па одма се пуштивте зашо го проверува,љубопитна била многу и не знам што. За 10 години сите во одреден момент ќе бидеме љубопитни, некој со храброст да превземат нешто, некој со што ако... јбг
Kako mislish bara problem onamu kade shto nema? Ima problem. Ako on vratil na poraki na ovoj profil, znachi verojatno ke vrati na poraki i na vistinski profil na drugo devojche.
Vidi vaka. Poveke pati se ima istoto ova sluceno so poveke lazni profili. Ne mozam da bidam 100% siguren deka i tvojot ne e. Вака пишал вчера. И јас пишав демек повеќе пати сте пишувале со многу профили дека се знаете од мали, исто сите те прашувале ? Па одговори: (Копирам, не можам да препишувам.) Nisto ne sme zborele nikoj ne me prasuval zosto ne sum razgovaral. И му пишувам па ете сега разговараш со мене. Dobro izlgeda sakase samo da me pozdravis.. jas neam pojma so koj pisam aj kazi sega so praevme ko mali posto slaba memorija imam za tolku unazad И пишувам не знам може сме биле во врска zatvoren ti e profilot Pusti mi drugi sliki a da ne me imas pomesano Prasaj so koja familija kontaktirale tvoite Moze od kaj cicko mi familijata Tие двајца машки се, а овој сестра има и му пишав демек чичко ти има син и ќерка божем се сеќавам дека машко и женско биле, да отпаднат братучедите. Daj mi slika Od tvoite ke prasam doma Ke znaes dali greska imas napraveno ili taman si. Па јас тука пошто немам слика очигледно од моите се вадев нешто, да побарам, треба да барам.. kako da ti kazam..ne sakam vrtkanja sakam direktnost ne tolku zamaranja Pusti sega edno selfi Ептен упорен со тоа селфи. Sliki nemas edno nemas drugo nemas ne znam so imas Da znam barem so koj pisam И јас тука демек јас на кафе те викнав ти уште се сомневаш дека е лажен профилот. И почнав со глупости демек те викнав зошто очигледно бараш нешто ново, не знам што се мачиш со некој за кого не ти е гајле очигледно, зошто да ти беше немаше да го правиме муабетот. ne se macam jas so nikoj samo si siram poznanstva И викам значи сабота одиме. Aj ubаvо prasaj gi tvoite so koi luge se druzele za da se razjasnat tie raboti prvo Јас: а демек ако не се дружеле не одиме? me setas mnogu Пропуштен аудиоповик 20:31 Вртеше бе, а на фудбал демек замина. И нормално спуштив и го изигнорирав тоа и му пишувам значи сабота одиме. Tesko You sent Reshivme vekje gotovo Тој: izgleda go zgresi covekot Ili zrtvi baras ? You sent Za sho? Тој: Kreni ke ti kazam Не пишав ништо и пак пиша тој. Znaci vaka devojce zlatno Pretpostavuvam deka toа so go mislam jas go znaes ti (не можам да дешифрирам ова што му значи) vaka ili taka po kafinja ne odam sto se zapna ti tolku? Pusti edno slice ajde sega Ama od sega Ne da baras od 2014ta (може јасно му е дека е лажен, ама сепак сака да си флертува со таа другата зад монитор, ваљда) Ако одиме на кафе праќам. Dzabe insistiras za tamu Јас му пишувам ама сепак сакаш подобро да се запознаеме. Ne mozes ti da znaes jas sto sakam a dojdovme do nekoj zaklucok? Ti od mene so sakas ? И пишувам демек да те спасам од нешто каде очигледно си неисполнет. cekaj cekaj a zosto pisuvas so decko so ima zenska (не жена, женска) Toa e prvo prasanje Ili ne vide prvicno Prvo pisa pa posle otvori profil Me vide na slika i si rece ovuj sigurno saka drugga da fati Objasni mi Тука веќе дома сме и ова го пишав ама не врати ништо. Јас викам пишав зошто очигледно сакаш и си бараш нешто ново. Сега пред некое време врати: Muabet si pravime drugarski nema tuka baranja ni lutis Jas ne sum tolku pameten da ja razberam tvojata logika Ajde da razberam (???!?!??!) И ми прати слика од истава девојка скриншот од гугл. ovaa dvojnicka ti e? Imam eden drugar ko za tebe probaj se ako sakas И се правам будала фати ете дека е некоја којзнае која од којзнае каде, продолжив ама џабе. Nemas nisto ti so mene i jas so tebe odi leci se Ne ti e prv pat ni posleden ova samo do koga uste ke pravis lazni profili ajde sega ish This person is unavailable on Messenger. Одма сега мене ми стигна порака од него после ова. Onaa retardiranata pak zamara so lazni profili pocna da pisuva da sme se videle bla bla i go terav filmot da vidam do kaj ke odi. Ништо не вратив. Толку. Сепак мислам да не ја пребараше сликата ќе одеше на средба. За жал никогаш нема да дознаам. И ептен се отворив тука реално и од страна и мене би ми делувало ова детски и глупаво, ама сега си го имам црвчето и така ќе си живеам, а немам повод да разјаснам. Испаднаа глупости, јас се извинувам што беспотребно ве замарав, може јас сум забегана, социопат, недорасната, глупава, ама ете тоа е што е.
Ај вака прво, прочитав дел од мислењата и повеќето се одма развод, развод, остави го и слично. Најпрво 10год реално не се малце за да ги фрлиш во вода туку така, и треба добро да размислиш пред да направиш следен чекор. Точно е дека повеќето мажи изневеруваат кога ќе им се пружи прилика, но некако во случајов не би рекла дека е така, поточно што сакам да кажам. Може пишува бидејќи му е досадно и нема друга работа, а не ти кажува за да не направи проблем таму кај што го нема, мислам некако ако сака да направи нешто ќе се крие и ептен тајно и претпазливо ќе го прави тоа, он ете ти рекол играм игра и продолжил да седи со тебе, се надевам ќе ми ја сфатиш поентата што сакам да кажам. Барем јас така мислам, ако му е стварно приоритет да те изневери ептен ќе се крие и ќе пази, а не така ладнокрвно да седи. Ова ти го кажувам од ситуација што мене ми се има случено, исто додека бев дома со мажот ми се деси да ми пише еден, и му вратив чисто од досада, и ниту се штрекнав кога пишував ниту пазев да не види, затоа што со тој разговор сум немала задни намери, пример да го изневерам или слично, туку било чисто онака лабав муабет. Е сега за ситуацијава конкретно, реално јас би одела до крај, ама секој ден муабетот ќе го продлабочувам и ќе копам се повеќе и повеќе да дознаам и да видам каков човек е, сама ќе процениш по муабетот тоа, дали е човек што ќе те изневери или пишува чисто од досада како што веќе напоменав. А после тоа закажи ја таа кафе средба со лажниов профил, и отиди на местото ама од почеток скриј се и чекај го да видиш дали ќе дојде, за ова јас би искористила и другарка. Пример оди он на местото и чека, ти го гледаш тоа од страна и по некое време излегуваш со другарка ти (случајно) на тоа место, исто случајно го здогледуваш и одиш накај колата, ќе си влезеш во натре и лабаво така ќе го прашаш што прави тука, од одговорот што ќе ти го даде ќе знаеш дали лаже или не. Ако излаже тука ќе му залепиш се во лице, и сега е твое да одлучиш дали одма сакаш да се разведеш после тоа или можеш да му предложиш да продолжите заедно ама во отворен брак.
Таман си си. Немаш потреба од извинување, за многу поглупи работи пишувале на форумов. Искрено по ова мислам дека знаел цело време дека е лажен профилот ја возел приказната пошто мислел дека е таа што порано го замарала. Гаси прпфилот и оди гушни го. Се најубаво