Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачен триаголник, сопругот, вие и....

Дискусија во 'Брак' започната од Elly Stann, 14 октомври 2021.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    На колешка еднаш одамна и стаса букет на работа за роденден.
    Беше без посвета, картичката празна.
    Таа не го однесе дома, го стави во тегла на работа и тука стоеше (веројатно бидејќи знаеше дека си има љубоморен маж)
    Букетот да ти го пратил маж и намерно за да ја ,,опипа,,:D
    Дома едни проблеми, едни расправии, неколку дена после роденденот тој чекал таа да каже дома за букетот, оваа си молчела, па и се втурнал да ја напаѓа и навредува.
    Ја набедил дека има ,,дечко,, дека којзнае со кого се гледа и допишува и којзнае уште какви поклони прима и ги остава на работа.

    Ова е резултатот на таквите екскурзии.
    Се раѓа сомнеж иако можеби нема простор за тоа.

    Да едитирам...а женава секој ден е со нас, ја гледаме дека си е мирна и паметна.Воопшто не флертува со мажи.
    За родендени кога си разменуваме подароци (ситници) не пишуваме честитки, ама нејзе ОБАВЕЗНО по нејзино барање го правиме тоа (,,....на нашата драга колешка, среќен роденден, блабла....) за да може да го покаже дома, зашто од тогаш маж и следи како таа се однесува.
    Кутрата, бубалка е, ама со еден потег и се смени животот
     
    Последна измена: 15 октомври 2021
    На MarijaMi90, Ivan4e04, Ljubova и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Како што ти пишаа погоре, јас би го чекала на закажано време. После тоа ти најдобро си знаеш. Но некој ако е спремен да излезе со рандом девојка, ти кажува многу за маж ти.
    Излези од 15ти век
     
    На spacegirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Имаш епилог погоре, а и јас така мислам да.
     
    На Peanut Butter и spacegirl92 им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.165
    Допаѓања:
    39.767
    Пол:
    Машки
    По ова веќе знаеш дека цело време уште од старт знаел дека е лажен профил и дека те "возел" за да дознае кој се крие зад него. Веројатно претпоставувал дека некоја личност се крие позади него, некоја од минато, бивша, или било која.
    Нека не те јаде црвот, уште од првиот разговор се гледа дека не сакал ништо со таа личност туку да задоволи љубопитност и да ја разоткрие.
    Со тоа што и ти кажал на крај тебе за целиот разговор докажува дека немал никакви задни намери.
    Сега имаш разрешница на целата ситуација и можеш да бидеш спокојна.
    И премногу overthinking не е на арно...
     
    На sparklie, Ivan4e04, cresa-jagoda и 21 други им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    “Добар брак” се темели на база на искреност.
    @referentka Ако нема што да криеш нема што да се плашиш од анонимно испратен букет и кога мажот те познава нема што да се лути.
    @Elly Stann Те советувам веднаш да прекинеш и засекогаш да заборавиш што си направила. Од наивна игра може да премине во сериозна ситуација. Не си прави проблеми кои ги немаш. Маж што сака да изневери ќе најде начин.
     
    На cresa-jagoda, IRBBB, manako1 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Сосема точно.
    Ама онаа жена која дома си има проблем и секој ден е на ,,тестирање,, сама си прави проблеми:D
     
    На friendy и Elly Stann им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.441
    Се е добро кога добро ќе.се заврши...:l:
     
    На manako1, duffi, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    А не мислиш дека ако не беше сликата лесно достапна на нет за да ја најде дека немаше да си продолжи со флерт па и со средба на крај? Тоа што најде дека сликата е фејк и што одма му текна на таа ненормалната затоа така реагирал. Да беше вистински профил и се тоа да беше вистински муабет и вистинска жена од сликата зад него?
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, Luna91 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Го згреши муабетот.
    Ако ти е план да имаш средба, не се зборува за тоа што му фалело, дали бил среќен... итаквимитиработи.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, Indiegurl и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Да знам, ама пак сликата најголем проблем ќе беше и така.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    11.065
    Пол:
    Женски
    По пишаното сфаќаме дека од почеток осетил дека некоја го задева што го знае. Повеќето тука го мислевме истото. Ти го покажал и тој самиот, упорно ти бараше моментална слика. Ем сликата лажна, значи не ја знае типката од сликата, нормално одма ќе ја побара на гугл. Не му даваш слика нова, го моткаш со муабети за вашите, познаваства минати, типичен женски муабет, а типичен машки муабет е дој во кола, да види до кај ти е умот. Пошо рече е згоден,свесен е дека се "палат" девојки, сте се мачеле такмичеле да го добиете. Бивша му се залепила, едвај се откачил, па на тој начин пробал да дознае.
    Ем шо е нарцисоиден, самобендисан, тоа плус.
    Те фатил во тесно, да не можеш да се извлечеш. Сега бриши профилот, тој те откачил. И бар биди среќна дека ти кажал после, дека сакал да види до каде ќе оди таа.
    Дали ќе одел ако било сѐ регуларно, не знаеме, ќе те копка, ама кога веќе беше лажен профил, убаво те проврте, те прокопка.
    Ќе те копка уште некое време, па ќе олабавиш. Гледај му го однесувањето, не дај Боже во иднина ако прави нешто, ќе го осетиш.
     
    На Idedemja, VDT2906, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Тргни ги розовите наочари понатака, ќе воочиш ако нешто метка.
     
    На Idedemja, mal.ecka, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Сега во се' ќе се сомнева.
    Јас би...
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Мене ми се скршија наочарите уште со тоа сабота кафе во кола.
    Искрено сега мислам дека без око да му трепне би ме изневерил ако налета некоја, а тоа што до сега немаше сомнежи мислам дека не налетала никоја да му пише па немал можност, а прв кај некоја да пишел тешко веројатно.
     
    На Idedemja, day, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    Сакаш некоја од тука да го истестира маж ти да ти е полесно? Со вистински профил со се?
     
    На LittlePinky, Ivan4e04, Ljubova и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.165
    Допаѓања:
    39.767
    Пол:
    Машки
    Па уште од првиот разговор како што гледаш знаел дека профилот е фејк кога настојувал да бара слика, и иако добил селфи за кое му е речено дека е од вчера, знаел дека не е. Значи уште од тогаш почнал со играта (флертот) за да види до каде можеш да одиш, за да дознае кој се крие зад профилот.
    Понудата за кафе во кола е нешто што 99% не би го прифатиле, а тој со тоа ти ја префрлил топката на твоја страна бидејќи знаел дека никој нема да се појави, т.е. воопшто нема ниту да дојде до средба.
    Затоа со последниот разговор само сакал да те соочи со тоа што го знае, затоа ти ѕвонел и кажал дека сликата ја нашол на гугл. Си му ја потценила интелегенцијата.

    Со тоа што ти кажал тебе за целиот разговор на крај е доказ дека не крие ништо од тебе и немал никакви задни намери, туку од старт знаел дека некој го зафркава.
    Е сега, ова не значи ништо дека нема со друга да те изневери. Но, не значи и дека (ќе) те изневерува. На тебе е дали ќе се сомневаш во се и покрај тоа што нема ништо "опипливо".
    Мач со две острици е тоа.
     
    На IRBBB, Idedemja, Konfetka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас мислам никогаш не ќе можев да имам доверба во типов.
    Не можеше првиот ден да го блокира профилот и да ти каже дека некоја го замарала?
    Или прво Ќе те соберам во сабота, после кога сфатил дека е лажен профил ти вика Ја блокирав, као поштен маж (facepalm)
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, Idedemja и 8 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Аха...
    Ако одел на кафе, дефинитивно ќе и' кажел.

    Ај не го правдај, жити очи.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, Idedemja и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Elly Stann

    Elly Stann Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2021
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Па ми кажал ваљда зошто знае дека таа би ми пратила скриншоти од муабетите. Тоа што одма пиша кај мене откако дозна дека е лага, а не пред тоа ми е најголем сомнеж мене. Кога пишуваше пред мене и кога му вратив зошто не рече дојди оваа изгледа пишува пак НЕ замара. Него откако по негово нели се увери и мисли дека е таа.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, violetblue и 5 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Не се објаснувај.
    Тоа што го чувствуваш, тоа е вистината.
    Always trust your gut feeling, always!
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.