Јас би нарекла момент на слабост ако е навистина МОМЕНТ, а не и ако продолжува нешто. Тоа веќе не е момент, туку избор. Човекот свесно продолжува да ги прави или не прави некои работи. Во случајот, жално што тоа девојче го сознало тоа, всушност таа го носи најголем товар, јас би инсистирала на разговор со мајката и плус на заеднички разговор со двајцата потоа, и отецот и мајката.
Знаете ли дека голем дел од браковите, за жал функционираат на таков начин? Едниот партнер изневерува и е прекрасен сопруг/а во очите на другиот партнер, а тој нема поим дека е изневерен. Таквите бракови опстануваат, дали заради деца, заради финансиски или други причини. Со тек на време ќе се смири како што велат старите му/и клапнал газот и си седна на брашното. Подобро би било да не кажува на татко и зошто ќе остане без семејство. Најдобро би било да разговара со мајка си и да ја предупреди (доколку дознае уште нешто или не ја прекине врската), дека ќе каже се.
Mоже сум пишала веќе, и ќе се повторам. Неверството во бракот значи и изневерување на семејството, значи не грижење за распаѓањето на семејството и некој кој се сака себе си повеќе од семејството може да изневери. Факт е дека сме единки, дека сакаме да ни е убаво, ама кога за секс ке го ставиш цело семејство на разнишано тло, тоа само кажува колку си беден. Децата ке се нервираат, ќе плачат, ќе следат расправии, разводи, закани, селење, и од нормално и убаво детство, некој оти му се сексало туѓо, ќе го уништи. Мајката и таткото треба прво да гледаат дали им е убаво на децата, а после на половите органи. Може грешам, не знам, ама за мене побитно е да се живее за семејството, отколку да се реши да се има секс со друг, од кои и да било причини.
Здраво ! ситуацијата со која се соочувам ме донесе до оваа тема на форумот веке 5 месеци контактирам со женет човек со дете тој е во брак три години и сака со мене долга врска од која јас не би требало д а очекувам ништо затоа што мн јасно си кажа дека не планира да се разведе .....девојки мн ми се допаѓа и неможам да с е откажам од него никако свесна сум за се што може да се случи ама незнам како да се тргнам од него , колку и д а бегам наваму натаму се нешто ме враќа на него некако патиштата ни с е испреплетуваат и не можам да се оддалечам .... уффффф ПОМОШ
Еве сега ОН ќе организираат хуманитарна акција за да ти помогнат! Самиот Бан Ки Мун се ангажирал. Мислам бараш помош, а не сакаш самата да си помогнеш? Плус, уништуваш брак на друг. Како не ти е срам воопшто во животот? Ох, ти, кутрата. Ајде сега групно ќе плачеме, ќе те сожалуваме за твоите “големи“ маки, а ти кутрата уништуваш, обезличуваш туѓ живот на жена која му родила дете. Ти си само наивна колатерална штеточина во случајот.
На кој начин јас му го уништувам бракот кога јас се обидувам да се тргнам од него на секој можен начин , сето ова го почна тој не јас .....
нема нешто што не се може..може да не се сака нешто да се направи.... како можеш свесно да се осудиш на нешто што нема иднина...да служиш некому ко канта за празненје(да ми извиниш на изразот).не видов што години си ама свесна и остварена девојка не би го правела тоа колку и да е залјубена.на крајот само ти ке бидеш повредена и изиграна .
Да бе, тој пиштол ти стави на уста, со инспекција ти дојде дома, нели? Мислам не изигравајте жртви кога не сте ни најмалку. Мислам ниту те знам, ниту ме интересира, но бараш совет за којашто самата си одговорна. Можеш многу лесно да се тргнеш. Не врти, не зборувај со него, избриши го комплетно од животот. Толку е едноставно.
Тој го почнал, а ти треба да го завршиш. Нит те силува, нит те киднапира па да немаш никаков удел во тоа. Не заради неговата фамилија или заради него, туку заради себе. Не си навлекувај таква негативна енергија на себе, порано или подоцна се враќа.
ас сум свесна за што му служам ама изгледа вие не ме разбравте сакам да се тргне од мене и покрај тоа што имам чувства з а него проблемот е во тоа што тој не се откажува од оваа врска без оглед на тоа колку пати сум му рекла дека е доста ......
Да, не му го уништуваш. Го поддржуваш и му помагаш сам да си го уништи за некоја како тебе шо ја нашол преку улица за кога жена му ќе има добиено. И сама знаеш кое е решението. Овде нема да добиеш сожалување или поддршка. И во краен случај. Ако не се трга од тебе кажи го на жена му. Не знам зошто воопшто се мислиш. И да добиеш еден шамар барем знаеш дека си го заслужила.
Кажи му бре да не те вознемирува, не мораш ни број да смениш, стави му забрана на повици, избриши го од сите нет профили, во крајна линија имаш право и да се пожалиш на вознемирување. Нека оди кај жена му, да не мора ти да одиш кај неа. Да видиш по таков муабет како ќе те остави на мира. Особено поради тоа што нема никаква намера да се разведе како што велиш.
од самиот почеток се обидувам да се отргнам од него тој цело време се вади со изговорот дека не треба на мене да ми е гајле за неговиот брак дека он си одговара за сопствените постапки значи се што сум пробала не делува не знае за не ..... д а и кажам на женаму да се заканив и со тоа али и тоа не функционира ... цело време ос самиот почеток мислам дека нема љубов таму да она има авторски права добива се али мислам се заедно колку за деца правење и глумење среќна брачна двојка друго ништо .... бидејќи она и процитала наш муабет на фб баш пикантен и само една кавга имало друго ништо или она се прави мутава или само глуми дека и гајле наводно .... може и таа му го прави истото ....
Покажи став, сериозност и глас повиши ако треба. Тоа е и твоја постапка, којашто утре ќе влијае и на твој углед, а можеби и на совест. Еј, ми текна. Штом сака долга врска со тебе, предложи му да се запознае со твоите. Да видиш како ќе те остаи на раат. Таква кукавица којашто седи на две и повеќе столчиња не е тешко да се откачи. Или ... можеби длабоко во себе ... ти не сакаш да ти се откачи па тука се обидуваш самата да се убедиш во нешто. Крај краева, речи му ако сака да продолжите, нема секс дури не се разведе, инаку не смее да те побара. Инаку за фб разговорот и реакцијата на дечко ти и жена му... ќе треба да му веруваме на зборот. Само они си знаат како било. Сигурно ако тој ја молел и ја разубедувал, нема тебе да ти признае.
ти благодарам за мислењата tessie и го знам сето ова што го кажа и свесна сум за се .... добар предлог уште тоа не сум пробала
^ Нема на што , само не дозволувај да потклекнеш. Должност ти е да се извадиш од ситуацијата заради тебе самата. Ако неговиот брак е осуден на пропаст, не дозволувај и ти да се испечеш од тој огин уште пред да имаш можност да створиш свој. Биди упорна, не му верувај многу и за некоја година се` ова ќе биде како еден лош сон. Со секој ден одолговлекување, раната е се` подлабока.
JordanTheGirl мислам дека тој не е човек за тебе.Зошто?Зашто не сака да се разведе,сака да оди со испеглана кошула и креветот да му биде топол.Спремна си да се жртвуваш за нешто неизвесно и уште од самиот почеток осудено на пропаст.Ништо нем да направиш ако и кажеш на жена му зашто таа очигледно знае за вас и остава да течат работите.Т.е. се прави слепа. Дали неа ќе ја удри слепилото по глава или ќе страда твоето срце ,имаш можност да одбереш.Се дури можеш да бираш ти си во повластена ситуација.Најди си некој со кој ќе си го градиш животот од почеток,зашто знаеш, тешко е да се носат туѓи куфери.
Ќе се тргнеш од него, само ако одлучиш сама дека не сакаш да бидеш во врска со оженет идиот, кукавица и манипулатор. Тој нема да ја остави жената за вас двајца. Никогаш. Сите оженети се исти и сите ги прават истите фори. Не ја сака жената, се кара со неа, таа е вештерка, мора подари децата итн. Тие залажуваат со сожалувањето. Не ти треба да си го комплицираш животот. Најди си некој слободен, со кој ќе можеш да доживееш навистина убави работи. Имај на ум, дека ниеден маж не остава жена за швалерка која го задоволува само во кревет ( хотел или кола). Познаваш некој таков? НЕ.