Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Веројатно по грешка моето име се нашло како автор на наведениот цитат, тоа не е мој став, туку на друга форумџика. Јас бев децидна. Прво, иритира тоа што и покрај тоа што малата и ставила до знаење на мајката дека знае-оваа не сопрела, за што понатаму сведочи тоа што нели, после девојката и го провалила и месинџерот каде следело уште поголемо изненадување.
    Значи, мајката воопшто не сопрела, не ја засегнале чувствата на девојчето, си продолжила по свое. Мајката го повредила девојчето, го повредила и таткото на девојчето.За нејзе лично не зборувам, очигледно е дека нема совест, не се ни засрамила од фактот што керката дознала, па уште и ја замлатувала дека тоа не е ништо итн.
    Ова е болно. Уште поболно е да се премолчи пред таткото-и цел живот да знаеш дека тпј бил рогоносецот. Да го почитуваш и сакаш, ама на еден сожалувачки начин. Да премолчиш (и покрај ваква опомена на која дотичната не се одзвала) значи дека стануваш соучесник.
    Засегнати се три лица. Можеби уште толку (од другата неверна страна).
    И вие мислите дека треба да се молчи?
    Еден ден можеби таткото ке го нема. Девојчето ќе ја носи во себе мрачната вистина а ако е почувствително тоа кај нејзе ке предизвика конфликт на моралните вредности-кои пак недостасуваат кај мајката.
    Еден ден девојчето ке созрее и повеке-веќе е доволно зрела и смела штом не осатнала рамнодушна на ова. И знаете каков епилог ке има? Ќе ја мрази мајката од дното на душата.
    Ниеден совесен морално доблесен човек нема да најде оправдување за ова доколку се разбира не е бесчувствителен кој/а подоцна ке го прави истото.
    Неверството го оправдува само оној кој и самиот го врши.
    Оваа ситуација може најдобро да ја разбере некој кој минувал низ слична или иста работа...и знае како му било тогаш, а како ...по одредена временска дистанца. Болно, и тогаш. Болно-и години потоа.
     
    На galapce и ariela09 им се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Јас познавам и не само еден. Тој што е кукавица е! Само тој си ја знае причината, нејзината врска не е 1-2 месеци туку 3 години. Сега бргу имаше случај беа заедно 13 години, конечно децата пораснаа тој се разведе и се зема со „швалерката“ со која беше 13 години. Море и свадба правеа затоа што таа беше девојка.
    Тој брачен пар ,а посебно жената знае, а глуми лудило тогаш овде постои нешто нездраво.
     
    На fallenangel и vickyy90 им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Мила моја грешно си разбрала. Таа е 5 месеци во врска со човеков, а тој е 3 месеци во брак. Девојкава е свесна дека му служи само за во кревет и за ништо повеќе. Очигледно човеков си сака да си седи со жената и не планира да се разведе. Во тој контекст и пишав дека нема таков што жената ќе ја остави за швалерката ( само поради сексот).
    Добро можеби ние не сме ја разбрале добро ситуацијава, бидејќи не е нешто посебно објаснето, освен дека девојкава сака да излезе од таа врска, ама не е доволно одлучна и сигурна.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JordanTheGirl

    JordanTheGirl Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Пет месеци сме заедно а тој е 3 години во брак од кој има ќерка која има само 18 месеци , и ја мислам дека женаму глуми дека не знае бидејќи кога се заканив дека ќе и кажам и докажам он вика мислиш ке ти верува и пред пет години други пробаа ама не им успеа она е таква ако види верува иначе не ,,,,, зошто сакам да излезам од ова зашто сега знам дека нема иднина додека на почетокот беше сосема спротивно велеше незнам може ке се разведам но при една кавга кога доволно го испровоцирав да не речам го тестирав зашто од старт ми е сомнителен си кажа отворено дека не планира д а ја остави ....
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.479
    Пол:
    Женски
    Не размислувај повеќе на овој. Што и да било, нивен брак-нивна работа. Ако сака да добие нешто од тебе, сигурно не би пробал да те придобие со изјави дека ја сака и дека во бракот му е убаво. Пред пет години велиш... врската се обиделе да му ја растурат и пак ништо. На некоја младоста и` поминала со него, дете му родила, за ти тука да се замешуваш и да го притискаш побрзо да го растури тоа семејство. И што ако бидеш сопруга негова утре или девојка? Сакаш да бидеш на местото на жена му, а можеби и на помалку привилегирано место (освен ако и со жена му не почнал врска преку швалерај)? Дај покажи малце заби, остави го таму. Не верувам дека тој може да биде толку напорен колку што можеш ти да бидеш одлучна. Бриши од фејсбук, забрани повици, толку ли е тешко?
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Заспана од сабајле. Одма да прекинеш па плус и ти дал до знаење дека нема да се разведе. Не губи време, барем не те лаже дека ќе биде нешто од врскава. Убаво ти напиша Okcenzi, Tessie и многу други, а јас шо сум заспана од сабајле тоа е понеделник, го мразам.
     
    На okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.479
    Пол:
    Женски
    Според кажаново, јас претпоставувам дека таа баеги се налутила, но тој и` вртел филмови дека тоа веројатно е некоја кокошка што сакала да ги раздели за инает, а таа си знае зошто избрала да реагира како да му верува. И ти освен ако не видиш со свои очи, не верувај. Абе да се тепаат по дома, нивен брак е, НЕ Е твоја работа ни да правиш ни да квариш тука. Сите ти кажавме едногласно што треба да правиш, сега од тебе си зависи. Не можеш блок и дилит на фб да направиш? Забрана за повици? Да избегнуваш да разговарате на улица со закана дека ќе почнеш да врескаш на цел глас ако продолжи да те вознемирува?
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  8. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Ако сакаш ќе излезеш,ама несакаш!!!Абе луда девојко,зар немаш малку самопочит,зар не се цениш малку себеси,зар немаш ни малку совест бре?!! :fubar:
    И да знаеш и да ја остави,што не верувам,ти нема аир да видиш со него.Тој пак ке те замени со друга,како (ако)тоа би го напраил и со тебе!! :puke: :swear:
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Јас мислам дека најдобро е сите пораки од него да ги чуваш. Сите можни докази да ги имаш кај себе.
    И избриши го од секаде, телефон, фејсбук и од сите други места каде што сте коментирале.
    Ако сепак не се откаже и не престане да те замара, закани му се дека ќе го кажеш на жена му и не му кажувај дека имаш докази. Не верувај во глупостите што тој ти ги кажува во врска со неговиот брак. Можеби вели дека жена му нема да ти верува само колку да се откажеш од таа идеја.
    Ако продолжи да те замара и понатаму, превземи го чекорот и не се плаши. Знаеш и сама дека тоа што го правиш правилно, морално и човечки.

    И стварно не знам како ве привлекуваат ваквите луѓе со очигледно ментално пореметување.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JordanTheGirl

    JordanTheGirl Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    и јас незнам како но ете се случи сосема спонтано и неочекувано ми разбуди чувства но и покрај тоа сум доста свесна за се ..... докази за докази имам обезбедена сум со се само што нема поголем слепец од тој што не сака да види и не планирам да се замарам да и отворам очи на женаму она требала да си ги отвори пред пет години .... не се секирајте девојки ова ќе заврши .... нема да бидам ја колатерална штета ....
     
    На galapce, okcenzi, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Премногу касно палам но она мое мислење погоре
    Болдираното зборче не е тоа што мислев. Сакав да пишам контактирале ама не знам зошто сум пишала коментирале. Морав да кажам, очи ми боде, а и некако ми нема смисла реченицата со погрешниот збор. :wasntme:

    Се извинувам на офтопик.
     
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала се што имаш од него да бришиш и да елиминираш.
    Сама речи си крај и веќе не го ни помислувај, а не пак да контактираш со него, чувствата може да ги однема преку ноќ. А доказите не ти се потребни, што ако ги изнесеш на виделина ќе си правиш само резили и бруки да ти се смеат луѓето, и со нив не би сменила ништо што е во твој интерес.
    Едноставно речиси Крај, и уживај си во животот со нормални луѓе. :hai:
     
    На Daleron и tessie им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Така е и така треба да биде. Биди храбра и не дозволувај некој слепец да ти ја троши младоста и нервите. Само кога се сака се се може, а ти сакаш да бидеш храбра и одлучна и за некој единствена ( а не втора). Стави му крај и почни си одново со некој што те заслужува. Немој да се каеш и нервираш за оваа работа, дека ова е големо искуство и ќе знаеш во иднина како за себе така и друг да посоветваш.
    Кога ке имаш моменти на слабост, пиши ни, тука сме, ќе те поддржиме и посоветуваме. Абе супер сме си ние
     
    На JordanTheGirl, tessie и Daleron им се допаѓа ова.
  14. JordanTheGirl

    JordanTheGirl Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    стварно сте супер сите , никој никого не треба да го осудува ако се најде во ваква ситуација и јас сум била таква кога ќе слушнев за други пред да ми се случи на мене ... но кога се случи сфатив како им било на тие девојки кои зацапале со вакви мажи ,,,, вистината е од една страна е возбудливо и интересно но од друга страна има ограничен рок на траење и е без иднина тоа е нешто што ја неможам да го прифатам затоа и ќе заврши ... никој никому не е должен да му робува за секс само .....
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Privlechna

    Privlechna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Понекогаш девојките иако се свесни што е паметно да направат кога ке се најдат во ваква ситуација, меѓутоа моменталната занесенот , стаст и заљубеност ги засенува мислите и преовладува срцето. Момент кога е тоа посилно од себе и треба време да се средат мислите, да се прекине секаков контакт и средби. Човек кој не се нашол во ваква ситуација е тешко да го разбере. Тоа е како некоја магија, кога неможеш да излезеш од сопствена кожа. Како некој магнет кој те влече кон таа особа. Но со здрав разум и со желба да се тргнеш од таква ситуација која е штетна по самата себиси, која не носи иднина, која носи само љубовна болка, можеш тоа да го надминеш. Мораш да си ја бараш љубовта на друго место, таа ке си дојде, само биди трпелива . Биди некој период без дечко , се до оној момент кога некој не ти го растрепери срцето кога ке го видиш.
     
    На okcenzi и JordanTheGirl им се допаѓа ова.
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Тоа се моменти на слабост поинаку кажано. Во тие моменти мораш да го слушаш мозокот, освен ако не е некој екстремен случај каде... да не навлегувам. Тогаш ја добиваш целата надеж на светот дека тебе нема да ти се случи она лошото. Добиваш верба дека ти и тој не сте како сите други швалери и дека некогаш таа љубов ќе се докаже и сите ќе ја сфатат. Но не, повторно се лажеш. Се лажеш исто како што се лажеш кога се внесуваш и посветуваш целосно кон она bad boy што те брои како сите други, дека ти нема да бидеш една од сите, дека ти ќе го смениш тоа момче, дека тоа момче ќе те сака и ќе си го промени никот bad boy во папучар.
    Не велам дека тоа не е можно да се случи. Но зошто целата да се посветиш на него? Зошто да ти стане опсесија помислата на надеж? Зошто да ризикуваш на шанси 80 % - 20 % ?
    Биди своја. Биди цврста.
    Така се добиваат момците. Така се создаваат екстремните случаи. Не се затрескувај. Не си ја ставај среќата во негови раце.
     
    На H.VAGA и tessie им се допаѓа ова.
  17. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    како си во врска 5 месеци,сакаш да се тргнеш, а ваму знаеш и шо како прави женаму?

    Jас имам сопруг и дете, и во твојов случај,т.е. јас да сум била сопругата извини на искреноста девојко ама ти би била најобична -оро**ија-, лути се не се лути тоа си ти. Kако бе вака се правите поштени а одите со женети? Iмате образ или самопочит? или сте ја купиле на зеленопаарче.

    брука.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JordanTheGirl

    JordanTheGirl Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Може д аме наречеш како сакаш али ти си во улога на сопруга затоа осудуваш како и сите други тешко дека ќе ме навредиш ... јас знам која сум и што сум ... а ти како сопруга ако некогаш мажот ти ти направи нешто такво не би требало да ја окривуваш другата зашто ниедна девојка не е моќна д а однесе маж во кревет со сила ако тој не сака туку најчесто тие се тие што канат за у кревет тие наводно поштени мажи можи се едноставно такви а може и спругите незнаат да си ги приберат дома може не сум јас крива може не е ни тој може едноставно Госпожата веќе не е доволно интересна ..... како и да е не е твое д а ми судиш ... Тој што бил на мое место во иста ситуација знае најдобро остатокот само знаат да судат иако не се компетентни за тоа .... Твојата осуда е пристрана ..... мене не ми значи .....
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JordanTheGirl

    JordanTheGirl Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    не дај боже да се најдеш у ваква ситација во улога на сопруга али како знам се за женаму па нели би требало да ти е јасно дека у тројка госпожата дома е лошата досадна вештерка , напорна , упорна , досадна епа не сме комшивки де он си кажува ..... Значи како заклучок дамите што си ги имаат дома кои горделиво се смешкаат низ град и се горди сопруги на ваквите мажи , .. како што овие мажи ги користат своите љубовници за секс така и сопругите за да им ги перат и пеглаат алиштата , губат младоста на нив им раѓаат деца.... и Кажи ми сега која е целта на една жена да има авторски права над својот маж и да добива се што ќе посака од материјални работи кога мажот кој и се заколнал на верност ја прави будала и изневерува ? Ако ние во улога на љубовници сме ороспии зошто сопругите кои се нашле во вакви ситации незнаат да се ценат и проголтуваат се ?.... Тоа е типична бедна жена ... Според мене е побетар тоа да бидеш него љубиовница а кај нас факт е дека многу од сопругите од страв ли срам ли остануваат во вакви бракови и се огорчени до крајот на својот живот .... па на старост ломотат секојдневно дека заради децата се жртвувале ...... кое дете би посакало таква жртва по цена на несреќа на неговата мајка ? - Никое .....
     
    На bibiiii, fallenangel, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.479
    Пол:
    Женски
    Досега те поддржував да се извлечеш, ја поздравував твојата свесност за ситуацијата и вољата да се извлечеш, но по ова мислење, се разочарав. Како тоа сопругите може да се криви, а швалерките никогаш не се... ц, ц, ц...

    Верувај госпожите (како што ги нарекуваш ти) им се доволно интересни, затоа не се ни разведуваат од нив, а швалерките се интересни додека не се добие ... знаеш што.

    А кога ќе помислам од колку мажени жени (вклучувајќи ме и мене) доби прекрасни совети, трудејќи се да не изгледаат осудувачки...
     
    На galapce, ariela09, Rose96 и 5 други им се допаѓа ова.