^ А ти се натпреваруваш со сопругата за тоа која од вас две е помалку бедна и за греота? Браво, кој за што учел.
http://www.crnobelo.com/zivot/ljubov-i- ... zneveruvam Феминки мислам дека ќе ви се допадне статијава доколку не сте ја прочитале,баш на оваа тема се однесува
Јас не се натпреварувам со никого али ако бев дотолку бедна немаше да сакам да прекинам а колку е таа бедна може ни самата не е свесна .....
Свесна е ама не сака да признае или да покаже храброст и независност. Но тоа не е твоја работа. Што сака нека прави. Нејзин брак па може се да си трпи и премолчува. Ти гледај си за себе, да си најдеш некој што ќе сака да го поминува времето со тебе и што ќе сака да ти се посвети само тебе. Не се нервирај на феминките, зошто многу од нив се во брак и по автоматизам креваат копје, но на погрешни особи. Ти не си ни најмалку виновна за нивните неуспеси, едноставно ти посветил внимание и си се вплеткала во таа мрежа. Но и предхдно кажав дека тој е идиот и кретен и не вреди две жени да се мачат за таков. Жени дајте да се почитуваме повеќе, за да и мажите не почитуваат.
Со своите мислења денес токму тоа и ми е целта .....Јас решив да се почитувам и вреднувам себе и дека и секоја друга би требало да го направи тоа без оглед дали е љубовница или сопруга зашто и кога јас во ваква ситација би била сопругата ќе донесам иста одлука ќе прекинам макар да има и деца измеѓу ....
Never say, never! Ти теши се со тоа колку сакаш, бедна небедна жена му е и по Бога и по закон. На празници, на свадби, на родендени ќе оди со неа, а ти тогаш ќе си сама. На наредната средба за да те убеди да не раскинуваш пак ќе ја напаѓа и ќе збори лошо за неа, а којзнае дома каков папучар е!? Излези од тој маѓепсан круг, најди си некој достоен за тебе и тогаш ќе осетиш што значи вистинска љубов. Оти "What Goes Around...Comes Around".
Па срам да и` е искрено... дотолку не се цени себеси, што не сака да го ослободи дечко ти ... он понежен е и сама знае дека не му дава душичката он да и` побара развод. Пууу, каква жена... А за тоа ти што би направила... да не даде Господ да се најдеш на нејзино...
Слободно осудувајте ме колку сакате јас го кажав своето ...... сопругите секогаш ќе размислуваат како сопруги затоа што не ги носеле чевлите на другата ама ако и јас не би ги носела нивните одејќи рака под рака со такви мажи како нивните ..... она ако сака нека го ослободи никад не реков дека ќе се мажам за него ..... кој сфати сфати кој не .... реприза .... животот може ќе му донесе ... па тек тогај ќе сфати ...
И да с е најдам во таква ситуација не ми е страв судејќи по ова мое искуство секогаш мажот ќе биде крив според мене не таа другата како што веќе еднаш кажав никоја жена не може со сила д а му с е пикни некому вкревет ....
Многу е лесно да осудиш некого, ама сте се запрашале ли таа сопруга ако знае , а колку што разбрав знае што има на ум? Да не даде Господ да се најдеш на нејзиното! КОја од нас знае какво е нејзиното???????? Многу е лесно да гледаш еднострано. Не бранам никого, не осудувам никого, животот е непредвидлив.
кој како си барал така си добил кога некој пред пет години пробал д а и ги отвори очите не сакала да верува ,кога не бил бракот склучен сеуште а сега како и е..... ако и е тешко нека тргне од себе нека си ги преиспита одлуките , крај краева за никого и з а ништо не е касно ..... само ако се сака ..... сега ова некој ќе го сфати као демек ја и кажувам што да прави хах дури и смешно е ама ... сепак различни мозоци различни мислења .... границите се во нашиот ум тргнете ги да гледате појасно на светот и на луѓето ..... а вие драѓи сопруги ....запамтете секогаш најблиските можат да ве повредат најмногу баш тие на кои најмногу им верувате .... вие верувајте им на своите мажи .... но з а ваше добро секогаш со доза на резерва и сомнителност ....
А тебе кога ќе ти се отворат е прашањето ... твојот избор на дечко е затоа многу паметен. Како што мажот сосила никој не го тера, така и на швалерките не им се става шпанска мушица у пијачка и не се врши хипноза над нив. Секој е одговорен за сопствените постапки. Фантазирај си само дека немаш и ти удел во ова. Од кај знаеш, можеби твоето одбивање за него немало да значи ништо, ќе пробал со друга, но во некои ситуации со таквото одбивање, во право време и место може да му ги отвори очите на мажот и цел живот да се проколнува самиот себеси што потпаднал под таква слабост и во себе да ти благодари што си го одбила. Ти си соучесник во најмала рака и не си изземена од вината. Ќе сфатиш ако еден ден почувствуваш на своја кожа или пак ако на ќерка ти утре и` се случи истото, да те видам дали ќе мислиш дека швалерката ич не е крива и дека ќерка ти не знаела да го задржи мажот дома. Според оваа логика на крив-прав, ако мене ме ограбат утре, јас треба да одам во затвор оти не сум го обезбедила имотот, а не крадецот. Не е логично, нели...
За една таква работа ( изневерување/тајна врска како сакате) двајца се потребни и двајцата се криви. Ти тргни се од него, сама си свесна за се. Аман бе, нема ли слободни мажи. ???
^ Слободните не и се интересни, вака она испаѓа поголема фраерка, појака риба. Ејјјј тип со дете си ја изневерува жената поради неа, до толку е фатална
Кој пробал еднаш ке проба пак со други нека прави што и кога сака со мене битно веќе нема ... и мислам дека кажа свесно секој одговара за своите постапки од кај тоа дека ќе се проколнува што потпаднал под таква слабост кога е доста свесен што и како прави ? тоа не е слабост и колку што го познавам не се ни кае ..... со тоа што се повлекувам си ја прифакам вината си простувам себе за грешката ... тој што с е кае заслужува д аму биде простено ..... Дали швалерката би била виновна ако тоа еден ден некому биде твоја ќерка ???
^^ Фатална жими газов Мажите за фатални жени се' прават без тие да побараат, оваа мора да му се заканува дека на сопругата ќе каже, за да добие некаква потврда од него. И бидејќи не ја добива, се храни со информации негативни за сопругата за да таа испадне подобрата. Жално. Има љубовници вистина кои умот ќе го свртат на мажот и тој ќе остави и жена и деца за нив, тaa за жал e од оние само за играње.