1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Се водат и сега, само онакви, мали, минијатурни во кои една битка решава речиси сè.
    Мажите се конкретни, не се занимаваат со пуштање муабети, со шпионирање на ФБ, со испитиување ситуација... ние си го имаме уште неандреталското во себе... „шо, кој? Он? Тој ли бе, маме му еам, сеа ќе му еам све...“ Или „Шо, она? Курво! Дојди ваму маму ти еам, кој е тој сељак, сеа ќе му еам све“... и целата работа се завршува за 15 секунди, зашто некој завршил во болница и не може да стане да се тепа повеќе и готово.

    Инаку, на темата со JordanTheGirl и општо за напаѓањето на курвите, швалерките, ороспашите и сличните без`рбетнички преку кои супер-поштените домаќинки кои никогаш не гледале порнич се глорифицираат колку се совршени...
    Вреѓајте ги колку сакате и чувствувајте се со тоа подобри личности, ама сепак мислам дека никој не треба да биде осуден за она кое го прави, сè додека тоа не повредува некого, и ако тргнете со муабетот „жена му на типот е повредена“, ќе ве вратам на оваа реченица:
    Никој со сила не го терал типот да има секс надвор од бракот. Еднаш пишував на една тема, верувајте ми, маж сум, знам колку е тешко да одиш по улица, да видиш гола девојка која врзува патики, да се сопнеш, во истиот момент да ти се соблечат пантолоните, да ти се дигне и да и` го ставиш. Тhat shit takes planing and hard work. :!:

    Никој не треба да биде осуден за тоа што сака да го прави во животот. Ако типкава ужива да има секс со женети, ќе си најде некој кој сака да има секс со некоја што не е жена му. It wont be me, but... иам другари спремни за предизвикот. :lol:
    Ако сака да има секс со тројца истовремено, не е курва, туку е нимфоманка и тоа зошто би требало некого да го загрижува?
    Ако сака да нема секс со никој, никогаш, не е ненормална, туку е фригидна и тоа е чист факт и зошто би требало да е проблем?
    Ако сака да има секс со мртовци, душевно не ко сите нас, ама никого не повредува, некрофилка е и зошто е тоа страшно?

    Никој од вас нема фетиши? Никој не го пали нешто што за светот е „мммм, малце ми е настрано тоа“. Врел восок на стомак, мед врз негов полов орган, коцки мраз врз клиторис... мислите дека се стандардни ствари кои одат уз мисионерката? Јок, не се дел од репродуктивниот процес и во некои делови од светот се крајно настрани, неморални и ненормални, ама за вас се „мммм, колку е слатко тоа“.

    Различните луѓе ги палат различни работи. Додека сте биле тинејџери сигурно сте го осетиле тоа. Највозбудливо е она кое е забрането. Е јебига, некој тоа го доживува на 16, некој на 36, некој не го доживува. :emo:
     
    На julie77, okcenzi, Privlechna и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.740
    Допаѓања:
    98.801
    Браво, кој речник! :x
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.746
    Пол:
    Женски
    Мажите се највеќе криви де, да. И жените што го прават истото вон нивниот брак. Ама чуму толкава глорификација на швалерите/ките само затоа што немале семејство а имале фетиш? Изгледа утре, друг ден луѓе во брак нема да стапуваат затоа што повеќе шанси има да ги обвинат и осудат како сопрузи одошто како швалери/ки. Во тој чин се вклучени двајца и и двајцата се свесни за тоа што го прават и се виновни.

    Секој има фетиши, ама да си згазиш до таа мера на самопочитување и да разнишаш свој или туѓ дом ради еден фетиш е ... дајте аман да се вратиме на ниво на животните, да си ги следиме сите нагони и по тоа да живееме, да баталиме и вредности и све.

    А за тепањево меѓу маживе, од лично окружување не сум разбрала за таков случај. Барем не во поскоро време. Но, знам неколку случаи кадешто мажот многу достоинствено се понел во ситуацијата и му било дегутантно да и` напраи муабет веќе на жена му што се вели, одошто да си ги валка рацете за таква некоја. Дури и додека учев, не разбрав за некоја тепачка за девојче од мое окружување (иако од време на време поднаслушнував нешто такво), али затоа редовно коси си кубеа за некој дечко. :D Е за тоа велам, до кое дереџе дојдовме. :rofl:
     
    На Nausicaa, joy1, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.526
    Допаѓања:
    288.872
    Доколку останала барем некоја активна мозочна клетка во главите на оние кои очигледно предолго со
    ''другата глава'' ''мислеле '' ќе си постават неколку основни прашања. Дали толку вреди, на кое ниво е падната, дали е тоа живот...што правам (им правам).

    Како што си кажa се им е како во некој филм, не се ни свесни за тежината на улогите кои ги глумат.

    И не очекувам од една швалерка да ја свати болката и тагата на сопругата.
    Оти не знае како е да инвестираш во една врска, да се заколнеш на вечна љубов, да одржуваш баланс помегу улогата на мајка, сопруга, домаќинка, работник и да ги делиш рамнопрвано сите обврски во тој брак.
    Баш така, не знае. Дете неизживеано или дете кое премногу ја користи онаа другата глава додека мама и тате обезбедиле дом, храна, облека. Нема деца да го бараат истото од неа и троши време т.с најголема преукупација и е ширењето нозе на некој плац во кола.
    Сурово делува. Ама и реалноста за која не е свесна девојкава и други како неа е истотака сурова.
    Само поради тоа што сопругата е претставена како лик за кој е само слушнато, она што сакала да чуе швалерката, и не ја знае не е гревот помал.
    Но на крај краишта се зависи дали воопшто се има совест, или само самосожалување а сопругата кој ја ферма...секако е ваква, таква. Она нели си заслужува.

    А за тој безрбетникот ич да не го правам маубетот. Се надевам дека има посебен круг во пеколот за таквите.
     
    На galapce, miss.ella, ariela09 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    За речникот без коментар, иако и јас знам од време на време да одлепам по некоја зелена, а за болдираното чиста глупост од памет напишана, не секоја знае да го задрджи, а тој што не знае да си го чува во панталони швалерката е крива. Ја изосудивме девојкава до бесвест, а постојат милион такви само што таа напиша овде.
    Што ако состојбата е обратна, жената има швалер и таа е к*рвата, а тој рогоносец. Луѓе никогаш не знаете во какви ситуации ќе западнеме, затоа доста судиме.
     
    На Antula му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Неверството, без разлика дали си во брак или не, секако е луксуз. За тоа требаат и нерви и пари и многу многу многу дебела кожа, многу бесчуствителност и минимални дози, скоро во трагови на одговорност. Паметен човек не би си ги трошел парите, а уште помалку нервите на такви глупости. И до сите оние кои сакаат да си се швалерисуваат се во брак и имаат деца, само да ве потсетам не ги изнверувате само вашите партнери туку и вашите деца.
     
    На babyblond и tessie им се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Да не заборавиме да спомнеме дека истите тие “мажи“ кои имаат дома жена и деца шетаат секоја вечер низ град по кафичи дискотеки и реметат слободни девојки лажејќи како се тие слободни фраери па бараат девојки за озбилно.
    И така и јас се правев главна секој пат кога ќе слушнев дека некоја девојка се гледала со некој тип и после дознала дека е женет секој пат девојката ја напаѓав, „па како може да не дознае, па глупа ли е па се познава тоа“ и ред други работи. Е па и мене ми се навеа еден таков, лажго невиден со другарите излезен а тие идиотите па уште се силеа овде леле каков пар сте леле ова леле она, после ми звонеше ме викаше да искачаме да идеме ваму таму, значи на јавни места, и од кај да ми текнеше дека е оженет. Среќа се погоди одма после запознавањето периодот бев надвор од Ск некое време па само по тел комунициравме а кога се вратив дознав. Ама битно бевме во кафич се зезавме и во диско бевме.
    Кога дознав толку бев лута, да го сретнев тие денови некаде сигурно сите ќе разбереа ќе викав ќе урлав лом ќе го направев, иако не се случи ништо и не го видов пак, сепак среќа нели што не бев во градот.
    И што ми беше муабетот и жените кога гледаат дека мажите секоја вечер им се излезени што мислат, кога си идат дома во 4 во 5. Скоро секоја вечер, секој викенд. Па малку нека видат дали им е во ред мажот. Оти не се само сопругите жртви, туку и многу девојки, со исклучоци на оние кои намерно влегуваат во авантура.
     
    На JordanTheGirl, tessie и Daleron им се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    И јас сум сопруга но искрено не ме допираат толку муабетиве за швалерки, што сте им запнале на девојчињава бе, како се светици се нашле на форум?

    Ако маж ми ме изневерува еден и единствен кривец на светов ќе ми биде само он, само он ќе одговара пред мене а за таа другата што имам јас да се замарам за нејзините причини и изговори. Она не ми е ништо крива ниту ми должи нешто, таа што сака може да прави како и секој од нас. Ако вие сте толку морални секоја недела одите во црква некој не е . Ако имам теле до мене што е способно за такво нешто тогаш мене треба да ми е срам не на неа.

    Едит: имам чуство дека оние кои што жестоко ги напаѓаат швалерките за рстурање на нечиј дом како да бараат оправдување за постапките на мажот но не бараат и одговорност од него.
     
    На mimiiiii, SV1911, julie77 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.526
    Допаѓања:
    288.872
    Не е работата само дека мажот е крив бидејки тој има семејство а девојката не мора пред никого да одговара па е колатерална штета и не сноси одговорност.
    Туку дали една нормална возрасна личност е способна да ја препознае тежината на своите постапки и последиците од истите.

    Т.с дали поради потребата за задоволување на своите емоции и потреби свесно ги поместува моралните бариери и се концентрира на тугите ''гревови'' и си тера кеиф и понатаму.
    Ова би го рекла не само во однос на неверство туку во многу други ситуации од секојдневието.
     
    На galapce, S.J.Parker, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    се сложувам но тоа е сосема друга тема- Морални Вредности
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.944
    Допаѓања:
    123.260
    Пол:
    Женски
    А да ја прашам љубовницата, дали е сигурна дека му е едиснтвена? Освен жена му мислам. Од кај знаеш дека дома си се имаат договорено, знам се што правиш ама е ти давам развод? Има и такви жени, да да, инает е тоа. Не се теши дека ти не си крива, крива си уште кога првиот пат си легнала со него а си знаела дека е женет. Крива си зашто си дозволила некој да си го тера кејфот со тебе а при тоа уво да не му чуе. Наместо овде да пишуваш и да кукаш прекини едноставно. Не е тоа толку тешко. А жена му каква е што е ама ич да не те занима. Ако не чини верувај не би останал он со неа. За неа само тебе ти зборува бајки дека е страшната вештерка од бајките , додека на сите други таа е најдобра сопруга и мајка. Ти си и ќе останеш онаа другата, третата, четвратата. Ако сакаш да служиш на некого за задоволување на ниски страсти бујрум, ама не ми кукај тука а ако не лесно можеш да кажеш крај. За него имам само еден збор, ѓубре. Почитувам мажи кои не сакаат да се женат и менуваат жени ама не можам да го поднесам оние кои имаат дома жена и деца и пак сакаат нешто надвор. Зашто си се женел? Зашто си правел циркузи? Мајка ти и татко ти те натерале? Останала трудна? За се има решение. Ама неверство не оправдувам ни од жена ни од маж.
     
    На Ordinary, Nausicaa, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. JordanTheGirl

    JordanTheGirl Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13

    Како во мое име да напиша ете така почна и оваа приказна , и не да е излезен од дома него не е прибран ..... што да помислиш кога ти вели јас излегувам и се враќам кога јас сакам мене неможе никој ништо да ми речи ......
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Па сте си се нашле. Тој расипокуќник, ти побетер од него. Кога подобро ќе размислам, не го оставај, бидете си заедно, нека се разведе од жена му, спасете ја жената, и трерајте си, барем нема да уништувате нечии туѓи животи. :x

    На 23 години да немаш ни малку самопочит и карактер, да не сакаш да бидеш единствена некому, е страшно и за сожалување. Те сожалувам, искрено.
     
    На mal.ecka, tessie и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.545
    Допаѓања:
    174.478
    Да ,вие во улоги на љубовници сте ороспии и тоа со рок на употреба,а жените -сопругите,немој да мислиш дека трева пасат и не се ценат...Се ценат они многу повеќе отколку таквите како тебе кои растураат семејства.
    Што се чудиш за жените кои остануваат во брак кај што има и ороспија како тебе....па знае дека ороспијата е како комарец на свеќа-лета,лета па гори во пламенот.
    А ти би сакала да си оди жена му на ,,дечко ти,, па ти да имаш кај да влеташ ...онака...со едно кесенце секси опрема ....некој што градел,стекнувал, ти така да го земеш тоа,да се вселиш....
    Така е нели?
    Море,...стап за таквите и една гом.ива метла што викаше баба ми.
     
    На tessie, Nausicaa и nena2010 им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Ма само стап за таквите манијаци низ град што шетаат. И многу нека не се прави фраер тој никој ништо неможел да му речи, можеби него веќе и за човек не го сметаат дома, или пак се лигави кога се враќа дома и преку ден најдобар татко е. Навечер заводник, уффф.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.835
    Допаѓања:
    101.325
    Пол:
    Женски
    Бреј,речиси 10 страници за проблемот на JordanTheGirl .
    И кој е сега проблемот драга моја?Од една страна онаа јавната ,си прекинала и сите те удираат по грбот за твојата самосвесност.А од друга страна како да има некоја горчина низ постовите што не си успеала до крај.И најпосле ,последниот удар сопругата е крива ,што тој легнал со тебе.
    Види,на погрешно место удираш и со погрешно оружје.Ако е некој крив во ситацијава е мажот,а одговорни сте и ти и неговата сопруга.Е сега,интересно е што вие две драга моја немате заеднички точки ,освем него,кој во оваа ситуација не го нарекла ни точка.Зошто копаш каква била таа и што требала да очекува.Можеби таа него повеќе го сака отколку тој неа.Можеби прифатила и да го дели со такви како тебе ,слободни девојки,само да и остане семејството цело.Не има разни нас жените а богами и мажите со разни табиети.
    Јас би ти кажала да се одлепиш од нив,да не те засега каква е таа и каков е тој.Можеби не си свесна ама немаш поим колку се полниш со непотребни емоции кои еден ден ќе ти засметаат.Не успеало и тоа е тоа.Не секоја битка во животот носи успех,а во овој случај и да имало некаков верувај дека ќе бил горчлив.
     
    На galapce, mal.ecka и Daleron им се допаѓа ова.
  17. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Прво не ми е јасно зошто вината ја барате кај девојките а не кај оној што изневерува? Девојката ли треба да мисли за женаму или тој?
    Второ Стетоскоп, вели жените остануваат во таков брак затоа што знаат дека „швалерките“ се како комарци, што би требало да значи со краткотрајна вредност. А, мислиш ли дека ако таа исчезне нема да дојде друга на нејзино место? Мислиш дека тој еднаш ќе изневери и ќе се смири? Не драги мои тој никогаш нема да се смири. За мене поголема глупачпа е таа што останува во таков брак отколку таа што оди со женет, според мене поголемо понижување и поголема беспомошност на жена, неможе да и се случи.
    Секој изневерува од различни причини исто како што и секоја девојка оди со женет тип од различен интерес, но да останеш во брак со човек кој те изневерува значи да си го згазиш сопственото достоинство.
     
    На poenta, JordanTheGirl и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    ^
    Убави епитети му даде на својот сопруг, бидејќи ти изневеруваш тогаш тој е глупакот без никакво достоинство. Како е да си во брак со таков?
    А жените (љубовниците)се критикуваат затоа што тие дошле на форумот и поставиле проблем, да дојде мажот тогаш него ќе му се обратиме.
     
    На zalosna, galapce, artemidis и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А ова некое ново оправдување ви е? Жената е глупа и без достоинство што не му давала развод на мажот, а швалерката е многу паметна и со достоинство што чека на тој развод?

    Сите ќе се сложиме дека кога би биле таа изневерената, кривицата ќе ја бараме во нашиот партнер. Тоа е факт. Барем мене не би ми паднало на памет да си валкам и раце и достоинство за некоја која нема ни малку карактер, ниту пак се сака себеси. Можам повеќе од тоа. Ама во случајов збориме за швалерката и што таа има придонесено за ситуацијата, како неа ја гледаме, како гледаме од нејзина перспектива, а не дека ние одма би скокнале на швалерката кога би биле изневерени, а мажот/дечкото би го поштедиле.

    И како тоа жената е глупача? Глупача е што е во брак со човекот кој го сака? Глупача е зашто можеби се обидува да си го спаси семејството со последни сили? Глупача е што не сака да го отстапи семејното живеалиште за кое таа самата допринела на некоја од улица? За што точно е жената глупача?
     
    На zalosna, jb82, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Сто пати сум спомнала и пак ќе спомнам, ништо не можеш да растуриш ако е градено на цврста основа и дајте веќе зборот ороспија го прочитав милион пати. Сите сме ороспии на некој начин, а не само на начин ако си нечија љубовница. И дајте веќе ја изпревртевме темата надолго и нашироко. Тој што изневерува пак ќе го прави истото.
    Е драги мои феминки, колку жени познавам што ги изневеруваат мажите и што за таквите:Стап и една го*лива метла што би рекла бабата на Stetoskop.
     
    На evangelina.ina и okcenzi им се допаѓа ова.