Брачни неверства

Discussion in 'Брак' started by kateivanova12, Nov 21, 2009.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Дали вложувањето и вреднувањето на материјалните добра во бракот треба да ми бидат ѕвезда водилка во ситуација на неверство, и тоа дознато?? Не комарец, не хиена, што сака животно нека биде, мојот углед и достоинство не ми се одредуваат со материјалното!
    Ќе си седнам, ќе си признаам дека сум се омажила за идиот, и ќе си го барам чарето настрана од него. За секој даден денар во бракот има начин како да се направи поделба, ако тоа некого го мачи. А другата? Не ме ни интересира која е. Штом кренал рака од домот, за мене е мртов, и тоа ќе си го решам со него, и само со него.

    И јас сум згодна и паметна и неодолива, па не паѓам на туѓи муабети за незаборавен провод, зошто прво и основно ГО САКАМ сопругот, а второ и на даље - сум му ветила верност и љубов и во добро и лошо. Ако можам јас, може и тој. Ако не сака - не е за мене, и ајт назад кај мајка му.
     
    galapce, mimiiiii, De-lovely and 7 others like this.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Joined:
    May 31, 2013
    Messages:
    1,682
    Likes Received:
    6,472
    Gender:
    Female
    Абе види сега, зависи кој, како си се гледа. Секој може за себе да си збори. Јас на овој, на оној и на било кој начин не се сметам себе за ороспија.

    И да, не можеш да растуриш нешто што е цврсто изградено, ама можеш да допринесеш за тоа, а тоа ти е едно исто. За танго се потребни двајца.
     
    galapce likes this.
  3. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Joined:
    Dec 30, 2013
    Messages:
    212
    Likes Received:
    555
    Gender:
    Female
    Daydream Бракот се состои од взаемно почитување и љубов, тоа е осбовата на бракот, ако тие 3 компоненти ги нема тогаш тоа не се вика брак, туку мрак.
    Како тоа жената ќе го зачува бракот и семејството со тоа што не му дава развод?
    Со сила ќе го натера да ја засака пак? Ќе престане да ја изневерува? Според мене во такви ситуации доколку има деца треба родителите да поднесат целосна одговорност и матрејална а пред се да не дозволат децата емотивно да страдаат поради нивното недоразбирање. Не џабе рекле, подобро добар развод отколку лош брак. Искрено не ги разбирам жените кои велат не му давам развод, ќе го држи со сила? Со сила ќе води љубов со него? Со недавање на развод само се зголемува гневот од двете страни и на крајот сето тоа може да има трагичен крај.
    Некој спомна дека и јас сум изневерувала? Да, изневерувам и јавно го кажав тоа, тој долго време е надвор од државата а јас сум млада со нескротливи хормони.
    Доколку ми побара развод секако дека ќе мму го дадам во најкаток рок, и за возврат не барам ништо, способна сум сама да се издржувам и грижам за себе, немам намера никого да држам со сила.
     
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Joined:
    Jun 23, 2010
    Messages:
    2,150
    Likes Received:
    16,150
    Се знае кој е крив во ваква ситуација сите подеднаков удел имаат ама најмногу мажот затоа што од него се очекува да ја почитува својата сопруга, да и биде верен и да се грижи за домот, детето, своето семејство наместо да оди да се швалерисува! Ги обвинувам и нивните сопруги кои глумат кокошкино слепило И ЗАМОЛЧУВААТ ПРЕД НЕВЕРСТВАТА НА СОПРУГОТ НАМЕСТО ДОСТОИНСТВЕНО ДА ГО НАПУШТАТ И ДА СЕ РАЗВЕДАТ затоа што не вреди да вложуваш во домот и да трпиш понижување од него со тоа што тој ја заменил со друга, (каде најчесто втората не е во ништо т.е ниту во еден сегмент подобра од сопругата освен што можеби е физички поатрактивна но тоа не му дава за право да се впушта во излети мажот кога ќе му текне на стојко) тие се тешат со онаа поговоркана ќе оди ,ќе оди еден ден ќе дооди или пак што нека оди маж е нека оди, него му личи, џабе тој оди со други пак навечер пак кај мене си е или уште потрагично парите нека ми ги дава мене па што знае нека прави :@ ! Швалерките ме нервираат затоа што се случува тие да се прават многу силни во смисла јас сум подобра од нејзе она види ја каква е па и уште и каде да ја сретнат сопругава низ град ќе и превртат очи, ќе и се потсмеваат. Да мили мои и ова го има!ама глупави се сопругите што го трпат така им даваат повод на мажите да си тераат со швалерисување!Немојте да речете дека сопруга не знае кога нејзиниот маж ја изневерува.Прво ние чувствуваме кога нешто не е во ред, второ ако ја однесе во домот таа итра лисица ќе остави поздрав шноличка, обетка,прстенче да се знае дека некој бил тука!
    Во мојата блиска околина познавам многу вакви ситуации и ќе ви кажам дека ја почитувам жената што се разведе и ги фрли во вода 7 години врска, пет години брак и 3 годишно девојченце го остави да расте без татко и целосно семејство затоа што беше изневерена, затоа што таа има достоинство прво е целосно финансиски независна од мажот па нема причина да трпи тоа што тој се швалерисува и ја понижува. Друга ситуација од блиска околина прави типот сообраќајка, има тешки повреди на ребра, крварења и слично, семејството поточно жена му го бања затоа што тој еден период има тешкотии во движење за по неколку месеци кога ќе закрепне тој да си најде швалерка, да си ја носи дома, да и дава дел од плата на швалерката и најтрагично тој има 17 годишна ќерка која го фати на дело :@ :@ :@ Па мислам сфативте које поголемо ѓубре и кој е тој што треба да се навредува. А за овие вториве љубовници, швалерки не ги потценувајте, не ги навредувајте затоа што од нив многу врски и бракови пропаднале па завршиле во брак со овие што ги изневеруваат сопругите. Мажот е тој што треба д аја почитува сопругата не швалерката! Таа треба да се почитува себе си но во денешно време многу се сите слободни... се изнервирав од темева :swear:
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    Немав намера да го коментирам ова но ќе го кажам овај пример во мојот близок круг на дружба се случи, значи девојчето се запозна случајно една вечер во дискотека бевме собрани во друштво со едно ѓубре(слободно можам да го наречам така бидејќи за мене тоа е),кога се запознаја таја имаше 19 години тој 23 24 нема врска тука некаде,кога се видоа и 2та тоа беше тоа искри уште од првата вечер тој му се залепи во смисла со муабети со сати седеа муабетеа додека ги гледав ми беше толкав мерак бидејќи беа преубав пар и искрено ретко до тоагаш имав видено луѓе кои од првата вечер се запознават и не вртат глава лево десно како времето да застанало за нив ок да не одолговлекувам,типот му кажа дека живеј странство во европските држави не е битно која,со мајкаму таткому ама роден тука во МК ок си разменаја броевии и по неколку дена тој ја побара неа пиевме кафе бидејќи другарками му беше страв прв пат да оди сама со него на само и ојдовме сите другарки,мн убаво поминавме муабети мајтапи типот фин абе срцка но имаше очи само за неа...
    Помеѓу нив ништо не се случи си замина тој,но останаја во толкав контакт што неможеа да се разделат мсн,пораки и што уште не да не должам,и така една вечер случајно излезени фино лепо се запознаваме со човек кој работи во истата држава и го познавал него и типот BIL OZENET всушност тој таму успел да замини со потпишан договорен брак претходно,све све било лага имаше измислено све толку луѓе бевме и никој во ништо не се посомнева другарками беше во кома со месеци со години неможеше да се совземи пропадна буквално на секое поле и беше во тешка депресија едвај се извлече никако неможаше да се помири со ситуацијата,ја бараше тој му објаснуваше се сакаја навистина ама џабе...
    Истиот тој морон се разведе од женатаму не заради другарками(со неа одамна имаше престанато да контактира) се разведе и покрај тоа што имаше 2 деца,повторно се прежени со друга ок и за што за истиот тој човек ова лето да го видиме во дискотека седнат со друга кај што ја изневерува и оваа жена 2рата на јавен неморален гнасен начин (барем скрисе што велиме)...
    Кога ја виде другарками неможеше здив да земи 15 минути седеше како во кома едвај се воздржа да не заплачи TОЈ TOA BEDNO GUBRE KOJ UNISTI MN ZIVOTI другарками одма си замина рече ми се гади ми се повраќа од ова што го гледам у неможеше да седи повеќе не нема милост за вакви гнаси тој што изневерил еднаш пак ќе го стори тоа ова се случи пред неколку години таа има дечко и све сега.а тој се надевам дека ќе се влечка како змија еден ден.....Се извинувам за подолгиот пост...
     
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
    Гладна кокошка просо сонува. |(
     
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Joined:
    May 25, 2012
    Messages:
    1,888
    Likes Received:
    7,540
    mime87 многу ги има такви типови,значи има два типа на машки оние кои знаат за лубов и оние кои жената ја гледаат само за сексуално задоволсво ,овие вторите типови ги викам површни зошто никогаш неможат да сакаат .Мислите тие можат да сакаат? :shake:
     
    mime87 likes this.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Некое кратко општо прифатено толкување за “ороспија“ е “сексуално неморална девојка“.
    Но тоа “неморално“ е премногу широк, во најголем дел субјективен поглед кон некого.
    Зошто воопшто е потребно толку често и без многу размислување некому да се лепат такви карактеристики?
    Таквото ословување е директен напад врз сексуалноста на било која девојка, кај која реално може да предизвика многу социјални, друштвени проблеми и комплекси.
    И покрај тоа што не сме воопшто запознаени со сексуалниот живот на некоја девојка, која едвам ја познаваме, многу често истрчуваме со заклучоци “остај курва/ороспија“, каква ороспија е таа и слично.
    Многу често и поради фактот што сте биле одбиени од некој дечко, па поради примитивен револт, одма “ороспија“.

    Меѓу девојките, обично на онаа девојка која е прилично популарна меѓу машките, и се лепи етикета на “ороспија“. Иако можеби истата воопшто и да немала секс, може невина е уште, никој неможе ништо да тврди, но онака ете од завист.
    Многу често оние девојки кои се облекуваат поотворено, се восприемани од околината како “ороспии“.
    Поради стилот на облекување, пирсингот, тетоважите и слично.
    НЕ СЕ ИЗНАЈДЕ НИКАДЕ??????????? Или можеби си не знам што.
    Има и милон други примери , ама не вреди да пишувам на многу морални девојки. Поздрав
    За тангото да двајца, а не третиот.
     
  9. JordanTheGirl

    JordanTheGirl Активен член

    Joined:
    Oct 12, 2014
    Messages:
    43
    Likes Received:
    13
    Битно заживеа темава дали на моја сметка или на друга не е битно на секоја од нас некогаш ни била или ќе ни биде залепена некаква етикета ..... според последните постови ми делува дека полека доаѓа до судир помеѓу , љубовниците , сопругите , девојките , и оние во сите три групи + малку фрустрирани од животот ..... и да не се сеќавам кој беше кажа дека не сум само јас еве од како сум на форумот мн девојки преку 15 ми пишаа во лична порака дека се или биле во иста или слична ситуација ....... но немаат сите храбротст да пишат на оваа тема заради предрасудите или осдувањата од повеќето од вас .... зар заборавате дека сите сме жени ???? Зар на никоја од вас не и паднало на памет дека ова е македонија (наше мало село ) во светот ова е секојдневие и може на секому д а му се случи ... еве јас сум обицна девојка али колку пати сте прочитале оваа или онаа актерка и го презела мажот на друга итн итн пример Џенифер Анистено пред цел свет беше исмевена заради Анџелина и што сега ајмо навалете Анџелина е курва така ороспија ........ други ќе кажат е ако де ова е поубава посекси ...... зар не сте прочитале барем еднаш по новини ваков случај и не сте го помислиле истото ????? И што сега Бред Пит е ѓубре ли .... зар нема ниедна тука што го посакала до неа ?????? Зар ниедна од вас не налетала на таков или нема везе ако е Б.Пит тоа не важи зашо он е на А -листа у Холивуд .........
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Јас те поддржувам и уживкај си ако ти е убаво, кога тој не си го гледа домаќинлукот, а овде сите се светици ти уживкај. Ништо ти не растураш и одвратен ми е веќе епитетот што го залепија за такви личности, бре мајката абе ова многу било лесно да пишуваш и да солиш памет и да делиш разно разни епитети безобразни. И доста се правдаш досадна си да знаеш. :P
     
    okcenzi likes this.
  11. JordanTheGirl

    JordanTheGirl Активен член

    Joined:
    Oct 12, 2014
    Messages:
    43
    Likes Received:
    13
    не се правдам далерон само ја опишувам реалноста која не опкружува ......
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Знам ама од овде не очекувај реалност само осуда.
    А реалноста е таа.
     
  13. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Joined:
    Oct 4, 2014
    Messages:
    107
    Likes Received:
    151
    Каква врска имаат предрасудите со тоа што ти сјебуваш живот на некоја друга жена и нејзиното дете и си колатерална штеточина?

    Се е тоа ок, никој не е светец, не сум ни јас, сексуален нагон секогаш е присутен, убав човек и жена може да привлече секого, се случувале и секс за една вечер, но тоа е друго кога нема колатерални жртви, но ти си аналдроид. Тебе те влече за нос и те третира како курва. Тоа е друга работа. Јас не те познавам, но гледам дека тој тебе те третира баш така.
     
    galapce and danichap like this.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,767
    Likes Received:
    23,746
    Gender:
    Female
    Несакајќи си го избришав мислењето. :D Ај Јово на ново. Значи, која беше потребата да се прават психоанализи, да се исповреѓаат сите од сите страни и сл? Шо беше важно за темава кој бил беден, јаден, глупав, зборчето на О (уште сум у дел од месецот кога се воздржувам да го испишам во целост, смејте ми се и мојот ПМС на бел коњ ќе дојде кај и да е, ќе видите сите :rofl: ) и многу други. Уште Путин и Обама да имаат дуел фалеше во муабетот.

    Значи, воопшто не и` помогнаа коментарите дека таа нема ништо згрешено. Напротив. На почеток имаше убава дискусија и сите убаво и` предочија каде и што и како треба и имаше убав фидбек и решен проблем, без навреди и препукувања. Ама, ја, џоа плавоока, ја урочив работата. После горенаведеново, џорданка доби сила без да биде свесна за тоа и почна да ја оправдува постапката и да ја оцрнува жената (нешто тотално непродуктивно со коешто само може да си навлече негативна енергија без потреба), па почнавме со навреди, па се продолжи со психоанализи и прогнози за госпожите сопруги со поинаков став, па се продолжи со навреди од коишто ми падна жал и незгодно кога беа упатени на која било од двете страни.

    A знаеме сите дека оцрнување на жената е ептен клише стратегија шо муживе ја користат небаре ко афродизијак за нивните девојки. А знаеме сите на кого ЏорданДГрл треба да му се лути и да фрла по него со дрва и камења... и еве нешто повеќе при рака у склад со ситуацијата... тастатура мејби. :D Но, секогаш постои тенденција да се нишани на гласникот. Составен дел од човековата природа е тоа.

    Значи, погрешно е, свесна си, тргни се, тоа никој овде од љубомора нема да ти го каже, верувај. Мислам, нема зошто. На што? На жени, еманципирани, со модерни сфаќања од 21-иот век, доволно модерни за да најдеме оправдување и за вакви појави во бракот, трофеј у животов да ни` претставува маж за којшто сме се избориле со друга жена? Дали вреди сево ова, тоа беше прашањето.

    Уште нешто, Холивуд и неговите ѕвезди ако треба да ни` бидат репер за тоа како треба да живееме... далеку дотуркавме. Од некои ѕвезди повеќе ќе научиш како НЕ треба.
     
    De-lovely, Li0ness, SV1911 and 4 others like this.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    9,563
    Оф леле како црно супер сме биле. Ја направивте лом девојката. Што има врска што кажала за жената, а и сама кажа од тоа што го слушнала од него. Таа не го правда идиотот, туку бара излез а излезот и промената се секогаш тешки , па поради измешаните чувства ќе каже се па и тоа што не го мисли.
    Девојче младо, ти излези од оваа врска и опушти се. Ќе си најдеш некој баш како што бараш-некој вреден за себе. Секоја девојка го заслжува. Немој да се дробиш со анализи за жената, зошто сепак ја оженил, а само тие си знаат зошто се заедно. Немој и да чувствуваш вина КОГА НЕ СИ ВИНОВНА. Да не ти е гајле кој овде и како те нарекол. Ти за тие месеци си само со еден, додека некоја може и 5 ги сменила. МОРАЛОТ е граден врз нечива замисла, а не врз тоа што треба да е. Во КСА е неморално да ги изневериш сите 4 жени, во Тајланд е неморално да ги изневериш 2та мажи ( дури и во затвор ќе одиш).

    Тебе овој очигледно е дека те сака само за секс и ти кажав и предходно. Тој е незадоволен од жената во кревет и си се пафта на страна. Не вреди да си ја губиш младоста со ваков. Да покажеше човекот нешто друго, ќе ти речев да се бориш за него. Тешко се најдува некој што ти одговара и за тоа понекогаш поддржувам и вакви врски, но ако имаат иднина. За негоата изневерена жена, ама ич не си виновна. Тие двајца се виновни, а повеќе таа.

    Ако знае дека ја изневерува, тогаш и таа е неморална и исто како и таа да спие со тебе, а седи во брак поради лична корист или недоволна храброст и одлучност. Како и немање достоинство. Ако не знае дека ја изневерува, тогаш е глупа што премногу му верува.

    Некоја феминка рече дека секоја жена знае како да си го задржи мажот до себе. Јас и предходно имав пишано дека не секоја жена и жена. Пример пак ќе ви дадам ( бидејќи ми се здосади да читам за способни жени).
    Моја втора братучедкна ( да нагласам и дека многу ЈА САКАМ), се омажи на 22 год за некој ваков кој не ја сакаше туку таа беше премногу леплива и досана. Тој и во врска ја иневеруваше, а таа викаше дека кога ќе бидат во брак тој ќе се смени. Не се смени, уште скита а и налупа две деца. Таа сама си сакаше. Сакаше да биде во брак да има деца, да ја трпи глупата и свекрва и ништо да не превземе. Никој не ја брзаше на 22 год да се мажи ко да е престарена. Ама додека го зеде, правеше се, од колачи, од кифли, па трчај кај мајка му дома, да помогне за кречење, за перење теписи, па глумење доброта пред идната фамилија итн. Глумеше маче - душиче. Муабетот и беше, јас да го земам, да се средам и да родам едно, а после тој ќе нема кај да бега. Ееееее ама типот побегна со брзина на светлината и си најде нова ( која исто започнала како сите врски со оженети). Оваа мојава мислеше, да се наработам пред него како девојка ( ќе поседам невина уште малку- па после ке му дадам) и кога ќе се мажам, ќе одморам. После намаше кифли, колачи, теписи и оп поукна тиквата. Па плачки по судови, па фамилии се затепаа, па полиции ..... Да дополнам дека невиноста и беше само во СТОЈНА.
    Моја комшивка се омажи ( бегалка човече) на 18год одма после матура. Со типот се виде 3 пати, а вториот пат легна со него. Таа не беше сигурна дека тој ќе ја земе, а сиротиот го терале од дома. И кажал дека тој се жени за неговите ( татко му пред умирање, па да го видела синот среден). Типот од едно селце за никаде.

    Школска моја сега е во Данска и во втор брак, се омажи поради притисок од дома на нецели 20 год. И таа не си го знаеше глупакот до неа, а му роди девојче и денес го гледа само 3-4 пати во годината. Тој го доби на суд откако видоа социјалните служби колку е таа спремна за брак и родителство. Па нервни сломови, чуда...
    Ниедна не се потруди да најде работа, да се школува и да рече јас сум жена и мајка. Епа тоа е. Школскава моја ни ја знае новата ни ја видела ( таа истата која и го чува девојчето) а само збори каква ороспија била и што барала со тој, а сама не се гледа дека е со друг.

    Која од овие моиве е морална? Која има гордост? Која е жена? Која има достоинство? Која беше независна? НИЕДНА. Мочли. И после ќе обвинуваат некоја како Џордан. Не. Прво себе, после кретените кои ги зедоа за раѓање деца и за слугување по дома, иако едниот гадно се зезна.

    Еднаш кажав на форумов, дека ако ги нападнеме швалерките тука, нема да се заштитиме ние самите. Тие што не се совесни, не пишуваат по форуми за вакви проблеми, туку си тераат и не се замараат и верувајте ми не не сожалуваат. Мислев на оние што сакаат да растурат брак по секоја цена.

    Џорадан пак ќе ти речам, типов е акмак и си пафта само на страна. Доколку сака да се разведе и да почне одново со живот, ќе ти речев да останеш со него. И уште нешто. Ти не можеш да растуриш нешто што непостои. Не те оправдувам за оваа работа, но не те ни обвинувам. Секој си знае што носи во душа и секој различно ги гледа работите. Немора да ме читаш или послушаш, тоа си е твое, но јас знам дека ти не си со овој човек поради лоша намера. Ама тој .....
    Интересни се феминкиве, што девојчето предходно друо го советуваа кога стануваше збор за жена во брак што изневерува- таа што мајка и знае што прави. Жена со деца во брак, а по тебе дрва и камења. Не секоја жена заслужува брак и деца и не секој маж заслужува дом.

    Кога се спомена морал- за мене по морални се оние кои се во врска со еден човек долго време ( дали во брак или врска или не) одколку они што си ги менуваат ко чорапи, ама сите слободни. Е сега ако зоруваме за чесност и достоинство е друга работа. Да нема забуни морав да споменам.
    Моралот зависи од поднебието, чеснота е секаде иста.
     
    fallenangel and Daleron like this.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,972
    ^
    Примериве што си ги дала се од девојки кои од своја глава си патат. И ако јас решам да одам со маж кој е во брак, треба да се распрашам каква е жена му прво за да знам дали ќе имам повеќе право или ќе бидам со помала осуда и повеќе вредна ако е таа жена каква што си навела ти во примерот?
    Дали ја земал затоа што била трудна, затоа што татко му бил во постела, дали таа го сака или е само за пари со него, мене како личност која се почитува, тоа не треба да ме интересира. Нема зошто да се споредувам и натпреварувам со сопругата. Каква е таква е, штом ја земал за жена арна му е, а ако не му е, треба да расчисти предвреме, јас лично не би сакала да бидам спасител на нечија "измачена" душа, затоа што ќе ме удри тоа по глава кога тогаш. А не па да ми зборува како сопругата е никаква, со најдолни зборови да ја опишува, и на крај да ми каже дека сепак нема намера да ја остави заради мене. Тогаш јас што сум?
    И тука побара совет девојката која се меша во туѓ брак, затоа збориме од перспектива на љубовницата. Кога ќе дојде сопруга и ќе раскаже како се омажила од погрешни причини и сега трпи неверство, тогаш ќе збориме за неа.
    Можам да замислам ситуации во кои би оправдала неверство, има ретки примери кога завршило неверството во брак со среќен крај за сите затоа што се случило кога работите веќе вистина биле мртви и без знаци за живот. Но тоа што секоја мала ..... која се впуштила во врска со женет се замислува дека е дел од една таква романтична приказна со среќен крај, без да погледне на р'шумот што го прави позади себе, тоа не можам.
     
    tessie, friendy and Daydream like this.
  17. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Joined:
    Oct 3, 2012
    Messages:
    945
    Likes Received:
    1,765
    Амори JordanTheGirl.

    Толку ли си себична? Значи уште во првиот пост кажа дека ТИПОТ НЕМА ДА СЕ РАЗВЕДЕ ОД ЖЕНА МУ. За се другото што излегло од негова уста, никогаш нема да знаеш дали е вистина. Тој дома лаже, од кај знаеш дека тебе не те лажел?
    Да, сега знам дека знаеш. И се обидував некако да те поддржам затоа што си ја сфатила грешката. Но знаеш што? Ти си само една од оние типични швалерки, типки за во кревет, фуфици што не сакаат да преземат вина и пораз.
    Каков е тој израз жената не знае да си го задржи мажот? Што е брак бе за вас, ропство? Да фанеме да ги врземе маживе никаде да не одат. Тие сами треба да се контролираат. Како смееш да ја фрлиш кривицата на сопругата после се? Како можеш да и судиш? Таа ти суди ли тебе? Како што велиш, не ја боли нејзе увото... од каде знаеш? Од каде си толку сигурна дека неа и е сеедно што маж и спие со тебе од време на време? Од неговите зборови? Од зборовите на мажот што знаеш дека ЛАЖЕ?
    Значи... малку логика ќе ве молам.

    Да, има и постојат случаеви кога би ја оправдала швалерката.
    1. доколку не знаела дека тој има жена
    2. доколку тоа се случило еднаш до максимум 2 пати па потоа швалерката да паѓа во депресија за тоа што го направила, до степен да сака да и признае на сопругата СЕ.

    Знаеш зошто? Затоа што не си била изневерена.
    Ако некогаш бидеш, ќе ја гледаш ли жената со која маж ти легнал додека ти дома си земала круна за совршена жена, сопруга, домаќинка? Ќе ја гледаш ли швалерката на маж ти како жена што апсолутно нема врска со тебе? Ќе ја гледаш ли пред да легнуваш како нормална фигура или ќе биде главен лик во твоите кошмари со нејзиното совршено тело како скока врз на маж ти "мушкоста"?
    Нема нели? Нема.
    Знаеш зошто? Затоа што секој дел од сознанието за неверството па секоја секунда понатаму ќе бидат електрошокови со замисла на нивните тела како се смеат на твојата мака дома, на твојата наивност, на твоето слепо верување. Дури ќе замислуваш како потајно ти се потсмевале затоа што ти било незгодно да направиш нешто во кревет а таа совршената швалерка без проблем го прави.
    И не, не е сеедно и никогаш нема да биде.
    Горенаведените случаеви се единствени во кои нема никогаш да мислам лошо за швалерката. Се друго е поделена кривица.

    Не одрекувам дека мажот не ја зема кривицата. Напротив, тој е поим за зборот виновен. И не сакам да прочитам уште еднаш дајте бре жени ли сте што ли сте, да се почитуваме, да не се осудуваме и слично.
    Јас сум најголемиот феминист што можете да го запознаете. Но ова никогаш нема да го речам затоа што би обвинувала секое живо битие без разлика на пол се додека на чело му пишува дека е покварен. Какви жени бре? Какво бранење? Какво почитување?
    Жена што не почитува брак на туѓа жена јас да ја бранам? Да ја оправдувам, да не ја осудувам?

    Мрш.
     
    cresa-jagoda, jb82, tessie and 4 others like this.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Joined:
    May 31, 2013
    Messages:
    1,682
    Likes Received:
    6,472
    Gender:
    Female
    И дојдовме до дереџе да ги обвинуваме сопругите, а да ги правдаме швалерките. Просто човек да си пукне од смеење. Жената требало да го чува мажот. Оф мори мајко. :D Демек муабетов она не е толку добра во кревет, што не си го чувала, намрштена била цело време дома, не го сакала, и од инат не му дава развод, ама он мене ме сака, греота е и тој, ама што да прави. :D Офф, знаете колку мажи знам што ги изневерувале своите жени, а дома се однесуваат како мачиња? Ги чуваат како кралици своите жени. Не дека е тоа одлично, џабе е тој што ја чува дома, кога надвор со првата оди на некој паркинг. Ама сакам да ви ја доловам разликата. Маж што има швалерка, што лаже, манипулира, навистина мислите дека е искрен со вас? Тој дома жена му со која е во брак и која му родила дете ја лаже, а не па некоја швалерка која му е само за до Водно. До кој степен доаѓате гледате? Ејј да му бидам на некој втора виолина да ме развозува до Водно и паркинзи само. Да се радувам ако збори лошо за жена му, а јас да се перчам и оправдувам со тоа. Чукнете малку главите бре.

    За мене швалерка СЕКОГАШ ќе биде личност која е дно-дна, личност без ни малку самопочит, личност без асполутно никаков принцип во животот, мизерија. Личност од која искрено ми се гади. И не само оние кои се плеткаат во брак, туку истово го мислам и за оние кои се плеткаат во врски. Таквите нека бидат подалеку од мене. Не ги сакам ни како другари/другарки, ни како колешки/колеги... Воопшто не ги сакам. И сестра ми утре да направи таква глупост и на неа истово ќе и' го кажам и целосно ќе падне во моите очи. Истово го мислам и за оние кои изневеруваат. И нив не ги сакам до мене. Штом таа дечко и'/маж и' го гледа во очи и го лаже, легнува со него, а пола саат пред тоа била со швалерот, па што останува за мене како нејзина другарка. (пример) Во секој случај не се добри личности. Можат да ти сплеткаат еден куп работи.

    Може секоја овде да ми продава муабети, да се прави наивна и добра, а секоја швалерка многу добро знаеме со која цел оди на таа постапка. Кога-тогаш ќе помисли на брак со него. Кога-тогаш ќе почне да размислува како да го оттргне целосно од жената, децата.

    А тоа што и како се случува во еден брак или пак сериозна врска, не е ничива работа, освен на тие двајца што се потпишале во матично. Значи никого не треба да го интересира. Дали им е добро, дали им е лошо, дали се тепаат, дали се сакаат, дали спијат или не заедно, нивно си е. Сами си се одбрале, сами нека си ги решаваат проблемите, сами нека си ги сносат последиците, небитно дали се позитивни или негативни и сами нека си одлучат дали ќе бидат заедно или не.
     
  19. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Joined:
    Oct 28, 2012
    Messages:
    454
    Likes Received:
    1,090
    Gender:
    Female
    ја читам темава по ред неколку дена и се си мислам дали да пишам или да си останам воздржана бидејќи гледам дека некои феминки ќе фрлаат по мене со дрва и камења ама сеедно неможев да се додржам и морав да пишам. јордан џабе се тешиш дека ти не си ништо крива и дека е крива жената што неможе да си го додржи мажот дома, крива си и ти и тоа смрдле што очигледно размислува со долната глава и само гледа каде да си ја испразни. Сакаш лути се викај по мене сеедно ми е бидејќи знаеш зошто? Затоа што сум била во ваква ситуација, не бев мажена ама бев во долга врска и го начекав тогашниот дечко со најголемата фуфа во кревет да да ги начекав, таа си доби убаво пеглање и исфрлање надвор само по гаќи, а потоа плукање во фаца и уште неколку шамари си доби и дотичниот и си испаднав преку врата и одтогаш не го видов ни него ни неа. Јас преболев се и еве сега сум среќно мажена со бебче, а тој серко кој можеше да има се, сега остана со празни раце и чмае сам без никој и ништо покрај него. И доколку недај боже пак се најдам во истата ситуација истото ќе си го добие и маж ми само што овој пат ќе биде уште поболно ќе си го земам и детето во рака а он ќе остане со испружен јазик. И тој твој незнам како да го наречам, немој да бидеш толку сигурна дека ти ја кажува вистината. можеби неговата жена ништо незнае а тој тебе ти врти секакви приказни. Мој совет ти е не фрлај по нас со камења само затоа што не ја оправдуваме твојата постапка, туку прифати си ја грешката и најди си некој што ќе има очи и срце само за тебе. И не туку ја вреѓај жената што му родила дете бидејќи таа секогаш ќе биде мајка и сопруга а ти онаа втората. Прибери се и најди си некој што ќе те сака само тебе, додека не си завршила како женската што ја средив јас, знам ќотекот не е решение за вакви работи ама да видиш како ми олесна што и покажав и на неа и на него каде им е местото. И неможам да те бранам само затоа што си жена бидејќи не е кривицата само во мажот туку поголемата кривица е во тебе кога си знаела дека е женет со дете требало уште одма да избегаш од него, не за жената атер за тоа невино детенце кое не е криво за ништо, ако татко му нема во главата и не се грижи за него, тогаш не биди ти тетка која му го земала таткото. И немој да мислиш дека те нападнав затоа што сум мажена, и не не те нападнав туку ти кажувам реално да ја согледаш работата поарно и полесно и на тебе ќе ти биде, верувам дека не си толку бесчувствителна и на едно бебенце да му го одземеш тој што највеќе му треба
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Тоа што јас ќе ја замислувам швалерката како му рипа на машкоста нема никаква врска со мојата осуда кон неа, или желбата да знам и научам која е и каква е. Има врска со фактот дека ми се срушил светот, дека човекот кој ГО САКАМ ја изневерил мојата љубов и доверба и дека ми е повредено егото како жена, сопруга и мајка.
    И ќе се преиспитувам по 100 пати Зошто, како, кога, што згрешив, што можев поинаку да направам, ама во врска со нас ДВАЈЦАТА, не тројцата. Кој фактор ми е третата странка? Дали знаела претходно дека е женет или не, дали го планирала ова со месеци или било ''спонтано'', дали е сингл или и таа е мажена/во врска, ништо, ама баш НИШТО нема мене да ми промени.

    И знаеш зошто некој ќе си оди од нашиот дом? БАШ заради таа љубов кон мажот ми - ако беше поинаку, ќе ми беше сеедно, ќе си седев во тој затвор, претварајќи се дека ништо не знам и сме среќни, ќе му ги трошев парите и најверојатно ќе му го правев истото, па до кога тераме - до тогаш. Лично, не можам да бидам игнорантна и дебелокожец...пре би рекла дека МОЖЕБИ и би му простила, после долги разговори, преговори, докажувања и договарања, и ако интуицијата ми кажува дека стварно е крај и се кае, отколку да чмаам на страна, и да се надевам дека еден убав сончев ден, или тој ќе клапни или на неа ќе и' здосади да е ''другата жена''.

    Дејдрим, тоа што не ја осудувам, не значи дека ја оправдувам. Значи само дека за мене, таа не е факторот кој не' довел до овој стадиум, зошто ако не е таа, ќе била било која друга. Тие се варијабли, додека константата е само една - МАЖОТ.
     
    De-lovely, Bozica1980, SV1911 and 2 others like this.