Точно е, да. Ова и јас многу пати во претходните постови го споменав. Не сум мажена, ама имам долга врска, и утре да дознаам дека дечко ми ме изневерил, воопшто нема да ми биде гајле која е таа, што е и од каде е. Туку ќе ме интересира зошто дечко ми направил таков чекор. Ќе ја барам вината и проблемот меѓу нас двајца. Секако дека од својот човек бараш љубов, верност и почит, а не од некоја која не ја ни знаеш како изгледа, нит па таа ти ветила верност. Ама тука збориме од аспект на таа втората. Проблемот беше изнесен од страна на жена која е во врска со женет маж. И затоа сите збориме како ние гледаме на тоа. А инаку се знае дека кога би биле изневерени, сите (или повеќето) би барале одговори од тој што спиел до нас и ни се колнел на верност.
^^ Во ред, разбираме, но ти во друга насока одиш, тука не се зборува за тоа кој треба сопругата да го осуди, кој треба крив да и биде за нејзината несреќа. Тоа е јасно. Тука дојде девојка во улога на љубовница која лошо збори за сопругата и бара совет или мислење за ситуацијата во која се наоѓа. Значи не збориме за мажот, не збориме за сопругата, збориме како ние би постапиле доколку се најдеме или сме барем приближно во ситуација како нејзината.
Па затоа и не и' дадов никаков совет. Во мојот ум, таа кад тад ќе си ја сфати грешката кога ќе види дека со години не мрднала од статус кво точката и дека дотичниот се' уште е во брак со ''одвратната'' сопруга. Искуството е најдобар учител, џабе ќе и' солам памет кога луѓе во вакви ситуации не бараат совет и помош, туку оправдување. БАМ еднаш, и ќе видите како ќе знае за друг пат
Леле од вакви сваќања ми се повраќа, значи не враќате нас жените сто години назад. Џабе феминизам џабе женските икони се бореле за рамноправност на жените кога некој како тебе ќе дојде и не враќа не во турско туку во среден век. Уште неможам да си објаснам како можете да ТОЛКУ ДА ГИ ПРАВДАТЕ МАЖИТЕ. НЕ не и неможам да сфатам. Уште пак се фалиш дека си ја натепала девојката наместо него да го сокршиш од ќотек кога веќе си решила да тепаш. Заради вакви жени мажите изневеруваат затоа што знаат дека нивните жени секогаш ќе бараат кривец во некој друг а тие ќе се прават малоумни и ќе прават што сакаат бидејќи нели он не сноси никаква одговорност таа другата тетка е виновна за се.
Значи и нашите ќерки да ги учиме дека е во ред да ги гледаат женетите мажи како слободни ( нагласен болд)? А бе ајде....
^ А ти не читаш добро или што е проблемот? Таа не напиша дека откако ја натепала девојката му испекла колачиња на дечкото. Напиша дека го оставила, и дека исто би го направила со сопругот. Каде прочита дека ги правда мажите? Тоа што и препишува кривица за мешање во брак на најлош можен начин, не значи дека ја прогласува за апсолутен виновник.
Прашањето е зошто воошто ја тепала, некоја која нема врска со неа, ни ја знае ниту била врска со неа, ниту готвела за неа, ниту спиела за неа. Убаво кажа феминката погоре, сами ние жените сме криви. За ќерките сите ве боли, за синовите се оправдува. И нашите мајки/свекрви, да ги воспитувале синовите како што треба, нема да бидат вакви балканци. Доколку мојот мене би ме изневерил, јас со него ќе се пресметам, ама не со шамари и клоци, туку човечки и цивилизирано ќе го пратам надвор од мојот живот, а на неа би и купила кафе и анаалгин, за да нема главоболки со таков човек.
Таму каде што подвлеков таму ги правда мажите. Јас лично барам безусловна љубов и подршка но и одговорност од мојот маж. Мене работите ми се така сфатени и мојот маж го знае тоа, знае многу добро дека ако ме вара на велико и има двоен живот нема да размислам двапати да го оставам па нека размисли што сака да стави на коцка. Толку, јас сум едноставна личност јас не барам друг кривец.
Не дај боже да се најдеш во таа ситуација. Само тогаш би знаелa како би изреагиралa. Ова сега само чукање по гради, јас би вака, јас би онака...а не како мила25ве.
А бе зошто би тепала некој друг, било кој да е??? Па мажот ми не ми е своина, купена со мои заработени пари, за да ја тепам зошто ми влегла на имотот и ми го украла златото Додуша, ни во тој случај нема да ја тепам, се знае каде се пријавува кражба. Игнорираш една странка, друга седнуваш и расчистуваш, и фала пријатно. Зошто толку непотребно комплицирање?? И целосно се сложувам со жоел, она пусто турско што не' учеле бабите никако да го искорениме...
знаев дека вака ќе биде затоа и толку дена се воздржував да пишам. И убаво прочитај јоелле ниту мојот бивши не го оправдувам ниту овој на јордан ниту пак мм ќе го оправдам ако се случи вакво нешто, кривицата е во мажот ама и јордан не е дева марија. И можеби моето сваќање е старинско ама боже мој секој си има различно размислување. И да ја натепав, и бившиот го истепав и исплукав во фаца и пак ако треба пак би го направила истото бидејќи глетката не е убава. Ти се трудиш толку време нешто да создАдеш и потоа да дојде некоја од нигде никаде и се да ти растури само за еден секс па не пеглање незнам што заслужува а истото следи и за тој што неможе да си го додржи во гаќи. И напоменав ќотекот не е решение ама добро доаѓа на третата странка што најмалку е виновна да се издува. убаво прочитај го тоа што си го болдирала и ќе видиш сум пишала не е кривицата само во мажот туку и до тебе а тоа значи и мажот е крив ама и ти. А не значи дека го оправдувам, затоа прво убаво читајте пред да напаѓате и не те цитирав јас тебе туку си кажав мое мислење, кое е само мое и немора ти да се согласиш со него. И како јас сум постапила во таква ситуација и како би постапила ако недај боже пак се најдам. Сигурно нема да ја думкам швалерката во раце бидејќи ете браво ми докажала дека јас сум неспособна жена што незнае да си го додржи мажот дома а она е само една невина девојка. Во овој случај и швалерката и мажот се виновни а не сопругата што незнае да го додржи мажот дома, бидејќи има некои такви скроени па колку и да се трудиш џабе е неможе на едно место да седи што во превод значи денес ќе ја изневерам жена ми со тебе, а утре ќе те изневерам тебе со друга па тогаш ќе коментираме дека и швалерката е неспособна бидејќи незнаела да си ги додржи. И ја знаев фуфата што спиеше со дечко ми и тоа многу добро блиска личност ни беше затоа и толку многу криво ми падна кога ја видов таа глетка, и верувајте да се најдете во таа ситуација сигурно нема да ја потапкате по рамо и вие да си заминете, во тој бес незнаете што попрво да направите
Јас се имам најдено, на мои 20на години, со тогашниот дечко. На врата му звонав, тој по гаќи излезе, таа внатре беше. Се' уште не знам нит која беше, ниту прашав, а уште помалце да влезам внатре и да почнам да урлам и тепам. Му кажав неколку работи убаво на врата, и ајт пријатно, ги оставив да си довршат што започнале
Сум се нашла и за тоа ова го кажувам. Ок не сум била мажена тогаш, но таа врска ( тој човек) ми значеше многу. Девојката згора на тоа изназборува се и сешто за мене. Јас за неа никогаш ништо. Денес и е срам да ме погледне, а се сретнуваме често на празници и родендени. Знам дека и мојата ќерка да ја претепа некоја жена, зошто мажот/дечкото ја изневерил, тогаш јас ќе ја унакажам неа. Најискрено ви кажувам. Се знае кој е крив за врската/бракот кој имало неверство. ТОЈ и само ТОЈ. И мајка ми била изневерена од татко ми и тоа со пријателка, но вакви глупости нема направено. Уште како дете ми кажуваше дека таа не е виновна, што мајка ми се омажила за таков клетник.
Пак си го вртите муабетот како ви одговара. Зошто ја натепала Тоа е момент во бес и секој реагира различно. Не е секој исто повреден, не се сите врски исти, и најбитно секој си е различен темперамент. И јас лично не би се тепала, но девојката не кажа дека се тепа за да си го задржи мажот, туку ете во моментот така изреагирала и после си продолжила по патот.
Историјата покажала дека во афектна состојба човекот е способен за многу поголем вид на насилство од котекот . Некои луге реагираат на шокот во вид на парализа. Не се способни ниту да изговорат збор, ниту да се поместат. Други не можат да ги контролираат солзите и тресењето на телото. Целосно непредвидливи постапки кои никогаш не би ги поврзале со лицето. Кога светот ти се руши и не си при себе реагираш на поинаков начин од момент како сега, кога се ти е на број и хипотетички разговараш. Не сме компјутери за однапред да ги програмираме емоциите, т.с нивниот излив и со сигурност да предвидиме дека баш кул би седнале и ке разговараме во тој момент кога гледаме како менуваат пози. И јас не знам како би реагирала во тој момент. Можам само да претпоставам дека веднаш ке ја напуштам просторијата без да изустам ниту збор. Се надевам....ама не тврдам бидејки не сум доживеала. Ама знам дека кафе нема да и купам
Секој реагира различно на таква хорор ситуација. Би сакала да можам да кажам дека би се понела со достоинство и разум ако го начекам човекот што го сакам врз некоја друга но навистина не можам - можеби ќе се свртам и ќе си заминам без збор но можеби ќе направам масакар. Знаете дека и на суд може да ве ослободат ако направите убиство во афект (или барем така е во америчките филмови ) А ти, Окензи, место да се пресметуваш со изневерената сопруга, подобро на себе да си удриш некој шамар ако ќерка ти се плетка со женети мажи, зошто тоа е твој пад како родител. Не сум мајка, ама многу добро знам како би реагирала ако разберам дека ќерка ми прави такви глупости.
Значи сепак таа е највиновна, што тој не те ценел и сакал. Значи таа е виновна за тоа што ти си го градела а твојот за секс го уништил. Хммм Епа за тоа мажите го прават ова. Се тепаат жени. Безразлика дали си го оставила или не, си покажала слабост и нестабилност за него. Тоа е. Можеби го кажав ова сурово, но јас така те гледам во ситуацијава. И те бараше тој после тоа? Те молеше да му се вратиш? Кажа дека направил грешка? Јас мислам дека не, зошто и мојот вака да се испонаша и јас не би сакала да бидам со агресивна особа која може утре да ме убие. Не. И сега замисли еден ден твојата ќерка се сплетка со некој зафатен и неговата девојка да ја натепа и избрка гола ( а нели таа според горе пишаното, таа е најмалку виновна, но ете другата сака да се издува на неа). Сега ќе речеш можеби ако заслужила добро, ама нема да ти биде тогаш така. А штом за себе вака си изреагирала, за девојчето твое би убила.
Ама начинот на кој ќе изреагираш, има врска со твоите претходни размислувања и сфаќања. Ако јас генерално сметам дека другата жена е крива што ми се пикнала во постела, тогаш во таа насока ќе ми се движат и реакциите во афектна состојба, така? Сигурно би плачела, би била скршена, и со денови неконтактибилна. Сигурно на сопругот би му рекла работи кои ни на сон не можам да ги смислам, ама да кренам рака за ова? Не. Единствено знам дека ќе кренам рака на СЕКОЈ што ќе ми ги удри/злоставува децата, зошто само за тоа знам дека вреди да одам во затвор. За никој друг не си уништувам живот и достоинство.