извини не сум психички растроена личност иако така ти делувам и сигурно не би убила човек. И дај бре луѓе читајте убаво до крај и протумачете а не само да сваќате како вас ви одговара. И да, ме бараше и дремеше пред заклучена порта и им се извинуваше на моите родители и сам им кажа зошто несакам да го видам и дека погрешил, и ете јаден иако му удрив 2-3шамара и исплукав во фаца не му беше страв дека ќе го убијам. И кога кажувам сум ја истепала не зборам за крвничко тепање со клоци и боксови туку неколку шамара и едно скубење а она самата свати дека згрешила и само дремеше како дрво и се извинуваше. И моите деца ќе се трудам колку можам да ги научам на тоа што е правилно и да не се мешаат кај што не им е место и да не ги решаваат работите со ќотек БИДЕЈЌИ ЌОТЕКОТ НЕ Е РЕШЕНИЕ да напоменам и по трет пат бидејќи очигледно некој не прочитал првите 2пати
Немај гајле мила, јас ќе си ја воспитувам ќерка ми, најдобро што можам и умеам и секогаш тука ќе бидам за неа, посебно ако се најде во ситуација со некој кретен ( кој ќе има работа со мене) или со некоја агресивна што ќе се осмели рака да кренеима ( тогаш уште полошо јас ќе реагирам, ќе ја оставам без рака), но ќерка ми нема да ја правдам, а нема ни да дозволам некој да ја малатретира или злоупотребува за секс. Прво нешто што ќе ја учам во животот е да препознава и бега од идиоти и кретени користољубиви. Па ќе ја учам кое е значењето на врската и бракот и колку е лошо да си изневерен. Истото важи и за синот. И најбитно, значењето на мирна совест, гордост и среќа. Се е до потсвеста и воспотанието. Ако потсвесно си агресивен тогаш во ситуација агресивно и ќе реагираш.
Иронија живота. До крајот на дискусијата швалерката испага највоспитана, најсовесна, најморална...а сигурно и најмалку агресивна (оти нели преку секс се ослободуваме од негативна енергија, а она го има во задоволителни количини).
Ќе ми простиш Окцензи за ова што ќе ти го кажам, на многу теми сме се согласувале и се` тоа, ама те молам немој да ги обвинуваш девојчињата/жените коишто ја советуваа и и` укажаа на вината којашто реално ја има, оти многу остро ја нападнале. Па погледни си ги сопствените ставови полни со осуда кон девојчиња коишто се вљубиле во некој од друга вера, на пример. Абе, прв и последен дечко у животот да и` бил, абе од друга вера е, „ајде детее, донеси нова кутија со самолепливи етикети.“ За девојката осудите беа лом праење, а за жената осудите „па не рече ништо страшно, тој така и` рекол“ (парафразирам). Е да де и тоа не` пере. Ако мене некој на улица ми рече нешто за маж ми, немам вина ако го осудувам, тој што ми рекол е крив (на пример). Еееј, па лесен бил животов ако така си го наредиш. Ако не сакате осуда, не осудувајте, толку ли е тешко... Уствари ние мажените сме неморални мааа, како не сфати досега не ми е јасно...
Да не се разбереме погрешно- не дека те напаѓам, но не ми се допаѓа тоа што секогаш друг е крив. Знам го поминав тоа во семејството, за тоа и пишувам вака. Но види: А ти не се чувствуваш виновна за ништо? Пошто сите имаме грешки, а на брак и врски во школо не не учеле, па секој со свое или туѓо искуство е. Но сигурно и тој не бил многу задоволен со вашата врска, па па шврљал. Можеби тој не мислел дека ти многу или премногу си вложила и си градела. Можеби мислел дека тој е тој пто се труди? Не се знае тоа. Овде е се кажано: Скраја да е. Никако. Туку испаѓа дека е најмалку виновна. До крајот на дискусијава сакам да кажам да отвориме очи сите со кој и каков влегуваме во врска, брак или она другото. Се до тогаш ќе си бидеме криви една на друга. Се до тогааш жените ќе бидат неспособни или ороспии или распуштеници или расипикуќи. А мажите ќе продолжат со старата школа. Теси милино една Еве што кажав и предходно А тоа за нашата ни битамен беше за осуда, зошто таа беше премлада и си го зезна животот од ричините за кои убаво и ги набројав ( а никаде не и реков дека е ороспија и нз што, туку дека е сеуште зелено дете). Таа е дете. Џордан е возрасна девојка, да не речам жена. Има разлика.
^ Не беа коментари само за нејзиниот случај, имаше многу такви приказни тука за коишто се имаше ист став, но нема врска тоа. Да не одиме офф. Баш затоа што е возрасна, Џордан треба малце позрело да се понесе во ситуацијата и да не се оправдува кадешто нема простор за тоа. И ние сме биле разочарани од некој дечко од милион различни причини и тоа додека се`уште сме имале чувства за него, па имало и други начини за пребродување со помалку последици одошто оправдувањето. Еве лично за мене. Кога сум знаела дека нешто не е за простување и личноста не вреди, а сум се чувствувала слаба и малку фалело да одам да му простам со цело срце, значи признавам, во тие моменти, убаво рече, човек е слаб. Ќе сум се затворела во соба, ќе сум се исплачела, па дури и тоа не помагало, сум спремала да праќам пораки и тогаш знаете на која другарка сум се јавувала? На таа што највеќе би ме осудила (да се разбереме, разочарувањава немаат врска со врски со луѓе во брак, на тој ризик никогаш ви животот не би се изложила). Да, на таа. Затоа што во моментот, без да знае можеби, се однесува како најдобро да ми мисли. И поминува бранот и доаѓа нов момент на слабост и по некое време имаш храброст човекот да го погледнеш директно во очи како да е странец без да се плашиш дека ќе се срушиш. Значи со тоа што и` викате „ништо не си крива“ не и` помагате, и` одмагате, како да ви кажам. А тепање на швалерки и мажи коишто спијат со нив ми е под чест левел -10000000000000000000000. Е ваквата постапка на сопругите не ја оправдувам. Така само ќе им дадам на значење коешто реално нема да го имаат во мојот живот. Со таков памет и таков морал, животот доволно ги натепал веќе (и ќе ги натепа). Ете реално си изложувам што НЕ оправдувам кај двете (овај трите) страни и не сакам да бидам сфатена ко апологета на сопругите.
Да не одиме ептен офф топик, но Џордан може да излезе од оваа врска кога и да посака, а оние за кои зборуваш не. Сите знаеме зошто и како. Сите ги знаеме тие разлики и таа нетрпеливост меѓу нас. Јас живеам во таа средина и знам какви се тие врски и колку опстанале. Побрзо некоја швалерка ќе го разведе некој и ќе се скастри со него ( не навлагам за нивниот успех/неуспех), отколку некоја таква врска со мешани религии, традиции, сваќања итн. Кога во оваа мала земја има току различни савови за морал, тогаш за овие другите знаеш како е. И да ги осудувам, со добра причина.
Девојки, акција -реакција или со други зборови - тоа што си го посадил, тоа и ќе си го береш Ако се сплеткаш со туѓ дечко или маж, ти незнаш како изневерената девојка/ сопруга може да изреагира. Можеби нема да ти ја искубе косата ама може така да ти го зацрни животот што ќе посакаш да се немаш родено. Кога сите ќе дознаат што си правела, тоа нема да се рефлектира само врз твојот животот, туку и врз животот на твоите најблиски. Замислете го срамот на родителите кога ќе дознаат, замислете какво ќе им биде секојдневието. Знам ситуација каде швалерката ја избркаа од работа благодарение на најдобрата другарка на изневерената девојка. Знам ситуација каде швалерката не може дечко да си најде поради репутацијата на курва (кај нас толку малку треба за да ти налепат таква етикета а уште да си од помал град и да те фатат на куп со некој туѓ сопруг, па подобро пресели се во друга држава) Верувајте, понекогаш ќотекот е можеби и најбезболната опција, во споредба со другото. Окензи, што да ти кажам, иди тепај се ако ти мислиш дека тоа е во ред. Баш убаво што ќерка ти ќе знае дека и кога ќе биде крива, мама ќе оди да ја брани. Е сега, и таа жена може ќе има брат или татко, па после тие ќе дојдат на посета кај тебе и така еден бескраен круг на насилство.
Не данице, не е најсовесна, најморална и најмалце агресивна. Кажав претходно дека таа си сноси ЛИЧНА кривица, само и само за нејзиниот живот, ама не се согласувам дека носи и за мојот. Исто како што не се согласувам дека треба тепање во било каква состојба, како и да е наречена. Стручните лица си знаат кои типови на луѓе се подложни на агресија при афектна состојба, не сум јас компетентна за тоа. Јас кажав од лично искуство како изреагирав, Мила од нејзино. Не ја осудувам дека удрила некого, тоа ќе го го направеше судијата ако швалерката и' стегнеше една кривична пријава, ама ете, никој ништо не потегнал, па имала Мила среќа во ситуацијава да замине само со скршено его и доверба. И не вртете одма муабети - Ти ако и дозволуваш на ќерка ти. Мислите родителите на сите ''швалерки'' во земјава се неморални и намерно ги учат на такви постапки?? Ајде, тоа е исто ко со муабетот - ако дете расте во хомосексуален брак сигурно ќе стане педер, а ваму сите хомосексуалци од хетеро бракови излегоа Јас мојата ќерка ќе ја учам на морални вредности ПРВЕНСТВЕНО заради неа самата, ама guess what? Појма немам во какво друштво ќе западне, и појма немам во младост лудост што ќе направи, ама ако ''сопругата'' крене рака на неа, тогаш адвокатот мене ќе ме вади на основа ''афектна состојба'' Како јас после ќе се разберам со МОЕТО дете е моја работа, не на сопругата, не на токмакот. Самоодбраната секогаш е појака од ''афектната'' состојба. Имајте на ум и дека сопругата никогаш не може да знае со каква швалерка си има работа, затоа кога креваш веќе рака, биди спремна и да ти ја сечат, ако ништо повеќе Секој нападнат има право да се брани, ама дали секоја изневерена жена има право да нападне?
@okcenzi Има многу примери на жени коишто излегле, па некои од нив дури и продолжиле со животот со други луѓе па никому ништо. Не се сите исти и не ги прави различната вера такви какви што ги замислуваш. Имам разговарано со луѓе коишто учеле многу за сопствената вера и сум видела како размислува човек од верата. Тој којшто сака да прави лоши нешта и да се однесува тирански ќе извади од контекст стихови од светите книги коишто ќе го оправдуваат, лесно е да се игра со зборови и тоа многу. Кешки повеќето правилно да се поучуваа од светите книги или пак од атеисти коишто се трезвени луѓе со правилна слика за морални вредности. Ни излажани девојчиња, ни расплакани семејства. Врти-сучи најдовме врска со темава.
Целосно се сложувам. За мене беше од старт јасно дека за бракот двете лица кои се во брак си одговараат еден пред друг. Ме зачуди фактот што ЛИЧНАТА кривица беше изоставена па швалерката која свесно влетала во таа врска уште малку да ја тешиме. Како што пиша ТЕСИ, тапшањето по рамо и негирање на било каква одговорност (не кон сопругата на швалерот) не е добро. А постот со иронијата беше баш ироничен поради инсинуациите дека се е до воспитанието и потсвеста.
Теси ма секакви, но различностите се различности и можеби има некој успешен брак но многуууу ретко. Јас зборувам за тоа што го гледам. Е сега ако се водиме според светите книги, тогаш сите треба да бидеме девици до брак. Покорни на мажот. Да не бараме рамноправност која ја имаме денес.Да трпиме стари. Нема менување дечковци. Нема порачки од алиекспрес како секси блузички, накити итн. Нема шминки. Нема голотија. Мажачка најкасно до 18 итн. Еден куп деца. Ама реалноста вика друго.
Ги прочитав сите постови и симптоматично ми е што никоја од вас до сега не била во иста или слична ситуација. Прво за девојката кој е во врска со оженет, уште од првиот пост се гледа дека таа несака да го напушти, оние што напуштаат заминуваат без многу врева и гужва. Дали таа еден ден ќе сфати или не (зашто сите ние различно ги поимаме работите) тоа е нејзин проблем.Тоа е бар едноставно. Е сега многу ми сте смешни како жолчно ги нападнавте ,,швалерките“ , а ги браните сопругите. Секој кај што го боли забот, нормално. Сигурна сум дека некои од вас се нашле во слична ситуација, само за тоа ретко кој сака да зборува. Јас пред 10-ина години се најдов во слична ситуација. Бев нечија ,,швалерка“, едноставно се случи(немојте никогаш да велите никогаш) се залјубив во човек кој го видов првпат во животот и кој одма ми кажа дека е оженет. Ние бевме од различни градови па претежно нашата комуникација се одвиваше по телефон и поретко се гледавме. Со тек на време тој ми стана најдобар пријател и тоа траеше околу три години. Ние никогаш не разговаравме за неговото семејство(жена, деца). Јас до денес не знам колкави се децата, ниту која му е жена(така беше најлесно за мене. Е сега во овие приказни кои многу често се случуваат, а се случуваат не секогаш само за секс(ние во тие три години ако сме имале секс5-6 пати). Знам дека многу од вас нема да се согласите со мене, но не ни мора, секој има свое мислење, но не може работите да бидат црни и бели. Денес сум омажена за човек со кого имам се(со ,,оженетиот“ престанав секакви конткти уште веднаш од како го запознав маж ми) . Сега додека читав се потсетив на него, но тоа е одамна завршена приказна, еден дел од мојот живот кој ми беше голема лекција. Не окривувам никого на тука само ќе и порачам на девојката дека изборот е нејзин, дека таа најдобро знае што сака, дека треба да се води од своите чувства и разум, на околината никогаш не и сме важни ние. Така што од лично искуство ќе ви кажам дека на секого може да му се случи, и јас никогаш ама баш никогаш не сум се чувствувала понижено, загрозено, неморално, зашто има многу понеморални работи кои ги прават ,,сопругите“ кои глумат изневерени жртви. И знам дека ако еден ден мојот сопруг ме изневери за тоа нема да биде крива другата, туку ние двајцата што ќе го дозволиме тоа
Да не им се погоди некоја како Натали Димитровска, жената која ја запали Дана Вулин, заради дружење со нејзиниот сопруг. Dana Vulin burn victim reveals her face, cancer scare | 4 October 2014 www.youtube.com/watch?v=sUNkNCUd-VA
Хахаа, како што можеш да приметиш, на темава повеќе има плукање и оцрнување на сопругите одошто на швалерките. Арно рече, кој каде го боли забот. Сопругите правеле понеморални работи ... хахаха, па ... ако таа помисла прави на другите да се чувствуваат подобро во врска со самите себеси, нека си мислат така. Не велам дека нема и такви, но оние што го осудуваат неверството, го осудуваат без разлика од чија страна доаѓа. Неморал е неморал, без разлика од чија страна доаѓа. Немојте да барате непристрасност со пристрасност и емпатија кон спротивната страна. Затоа што ако швалерките на жените не им се криви, тогаш пак жените на швалерките ама баш ич не им се криви. Крив е мажот кој нема храброст да продолжи со животот покрај вас, јавно, како негова сопруга или барем единствена девојка. Секоја жена го заслужува тој “ризик“. Колку ве почитува тој којшто мисли дека не сте заслужни за такво нешто, проценете си сами наместо да плукате по сопругите.
Се убаво си кажа, но Џордан е свесна дека тој со неа е само за секс, а не за друго. Затоа и кажавме да се раздели од него и да си најде некој што ке ја исполнува на секое поле.
Апсолутно се согласувам со тоа што го имаш напишано, и немој да мислиш дека сметам дека изневерената сопругата има право да тепа. Меѓутоа, да бидеме реални, на форумов само оние кои биле во ваква ситуација можат да кажат како се понеле во ваква ситуација, ние може само да мислиме како би се понеле ако ја начекаме љубовта на нашиот живот со некоја друга. Пишав и порано, сакам да мислам дека би се однесувала со достоинство и гордост и дека само би ја затворила вратата зад себе, без да направам испад но ако не дај боже такво нешто ми се случи, навистина не можам да тврдам со сигурност дека јас, Наусика нема да полудам па да дофатам сукало и да почнам удри, тепај по кој прв ми дојде. Тоа што го пишав, акција- реакција, се однесува и на сопругата- денес ќе ја истепа швалерката ама утре може кривично ќе одговара за тоа. Швалерката го има секое право на овој свет да тужи, исто како што има право и да се брани и да ја истепа сопругата. Макар што, пак ќе речам, едно е афект (се враќаш дома и го начекуваш маж ти на дело) а друго е да дознаеш дека сопругот те изневерува па да ја чекаш девојката во некое темно сокаче да ја истепаш - ова второво јасно дека не го оправдувам во никој случај додека за првото можам да разберам зошто и како се случило.
Сопругите се жртви да и то како,тој токмакот нејзин имал уста сигурно да каже од што не е задоволен во врка со неа ,а не брзо потесно да фати швалерка и да си го брка кеифот,човек треба некогаш да се стави во кожата на сопругата ама за жал овие што изневеруваат се егоистични па не ги интересира дали ке повредат некој или не.А швалерката задна рупа свирало ,ако му е убаво да се понижуваат така нека прават, а ако се заедно од љубов сигурно нема да биде швалерка .