Наусика, скоро секогаш се согласувам со тебе, па и овој пат, ама реално, колку вреди борбата за таков маж после такво сознание и/или глетка? Не можам да ги сфатам мажите што дома на жените им глумат принц на бел коњ, дека им се единствени и најзначајни во животов, а со швалерката се „модерни“ (во стил јас правам како што сакам и никој ништо не ми може). Не му може, ама во некои случаи нема храброст еден развод да побара. Абе, едноставно луѓе, најдете си жена со којашто ќе си се договорите дека ќе си имате отворен брак се` додека се` се одвива на најдискретно можно ниво колку за угледот и за децата де, не за друго. Има бракови со отворени карти од прв ден и јас тоа почитувам. Стварно. Секој со свој избор, најарно да си се спојуваат луѓе со исти сфаќања. Од друга страна пак, несфатливи ми се жените на коишто мажите им имаат јасно и гласно дадено до знаење дека они се типови за отворена врска и овие се во некоја шпанска серија влезени, мислејќи дека по бракот во првите 50 епизоди магично ќе го сменат таквиот маж. Луѓето во основа остануваат исти. Зрелите луѓе. Дури и да забележиме нешто драстично различно кај таквите, тоа нешто си постоело во нив, само што можеби го поттиснувале подолго време. Така што, една од најпогрешните причини да склучите брак со некој е да го направите тоа во надеж дека ќе го смените мажот. Ќе го смените, само ако тој сака вие да сте жената што ќе го направи тоа. А тоа брзо се чувствува. А швалерките чиишто момчиња не сакаат да се разведат од сопругите, нека не ги обвинуваат само нивните жени. Не ретко, токму мажите се оние на коишто им е многу поудобно да си имаат една за дома, а една за моментално бегство од дома и од реалноста. Никогаш не можеш да си подготвен за секој удар животот што ти го носи, но мене утре мм да ме седне и најотворено да ми каже „Теси, сакам друга, сакам да се разведеме.“ без да ми прави бајки и да ме мафта, јас би прифатила да се разведеме на најцивилизиран можен начин и никогаш не би го лаела по луѓе и причината конкретна, со сите детали и ситуации би останала меѓу нас. Сега не сум сигурна дали прво нема да бидам во шок и да се срушам наземи од плачење, но откако би избројала до десет, ова би ми била конечната одлука. Затоа што треба да се бориш за оној којшто го сакаш. Ама ако сам се бориш во рингот, како ви се чини таа глетка? Се тепаш со воздух... смешно нели? Но, доколку сето тоа се случи на подол начин, нормално не би се разделиле толку цивилизирано, со тоа што знам дека никогаш не би се осмелила на насилство, а на мадмоазелчето ни името нема да ми биде важно. Не можете да бидете подготвени на се` што носи животот, но доколку и во најубавите мигови сте свесни дека такви појави постојат и не бираат кому ќе му се случат, многу ќе си ја олесните работата.
Абе секакви лудачи постојат, не знаеш на каква ќе налеташ. Мене што ми се случи во средно- за време на викенд излезена јас со другарка, дечко на другарката и негов другар. Другаров беше еден гаден лик, лигле едно никакво ама другарка на другарка ми едно време идеше со него. Доаѓа понеделник, на голем одмор ме трга другарка ми на страна и ми вика `Леле извини многу ама сметам треба да знаеш, кога и реков на Ана дека сме излегле со Дејан (рендом име) ми рече да ти пренесам дека дека ако си направила нешто со Дејан ќе те тепала`. Јас ваква останав- , се запрепастив тотално. Ем типот ми е одвратен, ем ни 3 реченици муабет не направивме за време на цела вечер и на крај уште може и ќотек за изедам за ништо. И и реков на другарка ми, другпат да не ме планира ако доаѓа и типот, не сакам да си имам работа со луди девојки. okcenzi, не сум лицемерна и цврсто стојам зад моите ставови- ако еден ден ќерка ми направи таква глупост, да легне со женет човек и свесно да уништува нечија туѓа среќа, подобро нека си бара утеха и подршка кај некој друг, зошто од мене сигурно нема да ја добие. Како што знаела да легне со него, така сега сама нека си ги сноси последиците. И да, ќе добие шамар од мене. А јас во меѓувреме вината ќе ја барам во мене, зошто не сум успеала подобро да ја воспитам. Едит Не вреди ама воопшто! Ако жената е паметна и држи до себе, ќе си се сврти и ќе си замине. Ако не дај боже мене ми се случи нешто такво, јас знам кој е единствениот кривец - мојот сопруг! Тој е тој кој мене ми се има заколнато на верност, тој е тој на кој јас треба да сум му најважна и единствена. Швалерката мене ништо не ми е крива, таа спрема мене нема никаква обврска ни должност, сопругот е тој кој треба да ме цени и почитува. За мене неверство е огромно предавство и јас не би можела да бидам повторно со таков човек. Не ги осудувам оние сопруги кои им ги просуваат неверствата на нивните мажи и им се враќаат, секој со својата приказна но навистина би сакала да се ценат повеќе...
^ Наусика, таква како таа за која збореше да ја немаш на три метри растојание. На таква, нема да и` треба неверство за да тргне во акција, најбезбедно е ако мораш од култура да се поздравиш со типот, никако гледање накај него или па (чувај Боже и брани) осмех, да си држиш во рака едно ливче со испринтано „Добар ден.“ искЉучиво во Arial најобичен, немој да е поинаков фонтот со повеќе украси, може погрешно да те сфати. И што ако ја натепаат таа некоја, рандом? Шо лекција на мажот ќе му дадат у животов. Ако пак ти се деси, ќе ја натепам? И што? Нема него да го боли. А нејзе може фино и досие да и` се отвори, па некои врати во животот ... и да и` се затворат.
Nausicaa можеби и јас би и влепиа шамар, ама можеби. Но ако е доволно возрасна нема. Таа си го бира нејзиниот пат, а не јас. Муабетото не беше што ние ќе направиме со нашетот дете, туку што ќе направиме ако некој оженет или во врска кретен ја прелаже. Не што ќе направиме иако таа свесна за негов брак или врска биде со него, туку што ако некоја се осуди да ја истепа и исфрли гола на улица? Е тогаш и таа и тој а и мојата ќерка ќе имаат работа со мене. Станува збор за твоето чедо. Сирурна сум дека иако овде вака пиша, не дај Боже да го доживееш тоа, поинаку ќе реагираш. На крајот и ти ќе си речеш дека не би живеела со лудак, или и ти ќе си речеш, штом мажот не ја сака жената, зошто моето дете да биде истепано исфрлено и криво. Тоа е муабетот. За тоа реков да не пишуваме од моментално водени емоции или моментални замисли за ситуацијата. Ако мојот маж мене ме изневери, пров ќе сакам да ја знам причината, па потоа да се збогуваме цивилизирано. Нема да сакам да знам со која и кога.
За среќа на девојчињата, пак, се` потешко е да се одолговлекува ваква работа со изговорот „не знаев“. Светов е едно големо село. Во примерот на миме, типот паралелни животи води во две различни земји па го дознале, а тука, на ова мало парче земја за 2 саати, можеби не за поинтимни поединости, но барем можеш да добиеш информации за брачен статус на овој или на оној. А и дел од нас повеќе знаат за туѓите животи одошто за содржината на нивниот домашен плакар, така што информатори можеш да бираш. Еве и на темиве, се јавуваат најчесто жени коишто знаат со кого одат.
А бе жени, женички нема врска дали жената е акробата во кревет, дали е најдобра домаќинка, куварка све нај нај ако мажот е кретен кој наумил да ја вара нема два пати да помисли пред да го направи тоа. Тие мажи си се така скроени, а таа на која што и се пуштаат треба да си замисли дали да си го закомплицира животот или да си живее безгрижно. Ни една тајна не е скриена ни едно неверство не останало недознаено.
Теси, малку ме насмеа ова што го пиша а прашањето ми е “како мт би се заљубил во друга без да те изневери макар и со бакнеж? Само од гледање може тинејџер да се заљуби. А и бакнежот и кафе пиење и едно мување како и сексот се подли начини. И сега? Идеш дома и мт ти вика “Теси сакам да се разведеме сакам друга“, нормално ќе прашаш каде и како ја нашол, што имало меѓу нив, а тоа си дава одговор дека имало неверство, а неврството е подол начин така?
Фино лепо ако осети дека има чувтсва и го привлекува некоја друга подолго време пред да направи беља нека има муда па нека и признае на жената. А не ко п***ка под кошула да лаже, да излегува а да нема храброст да признае.
Само од гледање и обични разговори би имал чувства за друга? Или малку подлабого навлегување на работите? Ако е од обични разговори и гледање, тогаш треба дечковци и мажи да менуваме секоја недела. Поентата на прашањето не е тинејџерска.
okcenzi, јас те разбирам што сакаш да кажеш но сметам дека секој си е одговорен за своите постапки. Не можам јас на мои 50, 60 години да и ги бијам битките на мојата 20 и кусур годишна ќерка. Да е тинејџерка па да се сплеткала со женет човек (за жал, таков случај имав во моето пошироко семејство) ќе ја носев на советување, на психијатар, ќе и барав чаре на секој можен начин но неможам да оправдам возрасна девојка. Мало девојче ќе прелажеш, возрасна жена треба да знае дека не е во ред да стане љубовница на женет човек и следствено, треба да си се носи со последиците. Исто така, викаш ќе отидеш ќе ја истепаш сопругата. Да не си се вмешала и ти, може муабетот за неверството ќе останел меѓу нив тројца и никој друг од страна не би дознал но ти со твојата постапка сосем е можно да ја влошиш работата. Ќе се вклучи и полиција и сите ќе дознаат дека ќерка ти се швалерисувала со женет маж. Ќе станете мета на подсмев на целиот град. Друго, таа сопруга може да поднесе тужба. Во судот таа ќе биде светица и маченик, ќерка ти ќе биде представена како тешка курва и ороспија која си го добила заслуженото а ти ќе бидеш лудачата која тепа кутри сопруги. Ќе ве ругаат низ весници, ќе ви фаќаат сеир со години и на крај уште ќе треба да платите некоја фина казна од 3,4 илјади евра. Токму поради твојата постапка ќерка ти може ќе остане обележана со зборот курва и вие како семејство финансиски да мизерувате - вреди ли тој ризик? Не една швалерка била истепана и исчупана ама колку го пријавиле тоа во полиција? Многу малку или воопшто-знаат дека нема ништо да добијат а можат многу да изгубат. Еднаш кога ќе се прошири муабетот, отиде репутацијата.
Сеа жена му е крива? Се согласувам со далерон, претерав малку со дрскоста, ама толку ли не читате дека швалеркава бара оправдување у смисол ОХ ДА ЛОША Е ЖЕНА МУ ПРОДОЛЖИ СО НЕГО. Она да сака стварно да прекине нема по форуми да збори за тоа, шо совет ке е бара, ние да му кажеме чао аморе. Она си бара оправдување па ај сеа таква ми ти работа.
Nausicaa во приказната нема да бидам битна јас, ниту околината, туку моето истепано чедо. И стојам на тоа, дека ако некој ми допре дете ќе се пресмета со мене, без разлика колку год има моето чедо, а посебно за ваква ситуација: како што рече Мила иако швалерката најмалку крива, најдобро на неа да се издува. Епа и кај мене ќе се оди по таа логика, иако сопругата најмалку крива јас ќе ја средам неа, а после клампушот, што дозволил да стигне до таа ситуација и моето дете да биде нападнато. Така јас гледам на оваа работа и не велам дека и вие така да гледате. Мое мислење кое го ставам во потсвеста и во афект така би реагирала. Секоја промена е тешка, па така и оваа работа. Со дечко и 1 месец да си па ќе ти е тешко да прекинеш. Јас знам дека џордан е свесна за работава и знае дека не оди никаде. Но ќе го остави. Затоа што знае дека тој не заслужува никаква љубов во животот.
Ние воопшто не знаеме дали жена му знае или не за неговите излети. Џордан за да се оправда (дека не е само девојка на повик) мораше тоа да го напише. Пусти авторски права, тух тух! Си тера девојкава некој филм.
Е го погоди. На тоа и мислев. Поарно што и да е, па и беља дури, уште од самиот старт да си признае. А не, да те мафта со месеци/години. А како се случуваат тие бакнежи, окцензи? Онака, од ѓутуре? „Чекај да ја легнам да видам дали ќе се заљубам?“ Иако со Капетанот, некаде повеќе, некаде помалку се согласувам, ама си има убава теорија дека неверството не се случува толку лесно. А за тоа колку е подло или не, се знае, што порано се признае, толку помалку подло е.
Теси ти пиша ако тој ти рече дека сака друга, а не дека мисли на некоја и дека е заљубен. А како може да сака друга беше прашањето. Како може да сака друга ако немал ништо со неа? Во ред е, знаеме за твојот маж дека е супер човек и дека бракот ти е одличен, но и вашето сакање не дошло туку така. Има симпатии, па заљубување па сакање ( љубов). За тоа и реков дека малку смешно ми дојде, да сакаш некој, а да немаш ништо со него. Ок ти може не се доизјасни. Не битно. Значи за да сакаш некого треба да доживееш многу работи со него.
Нит барам оправдување нит сакам да продолжам со него ..... чао аморе е веќе кажано не мора да се мачиш ти да го кажеш .. никој тоа не ни побара ,,,,
Мила еве ти тема на која можеш да прочиташ туѓи искуства vrski/vrska-so-zenet-covek-t287/320.html#p280488 Мило ми е што не си веќе со него. Добро е што никој не е повреден. Добро е што детето не остана без татко. Добро е што сега знаеш што сакаш. Со среќа понатака во животот и дај Боже да си го најдеш човекот што те заслужува.
@okcenzi Ама готово. Штом во еден брак се деси заљубување и симпатија, желба да се биде со друг против којашто не се може да се избори, ќе си се признае. Јасно беше оти на тоа мислев, ама еден збор сум голтнала па ќе се убедуваме. Нема место за такво нешто во бракот. Освен ако не е од оние отворени бракови коишто највеќе ги почитувам затоа што придонесуваат тие од таков крој да си се спаруваат меѓу себе. Никаде јас не реков дека ми е совршено во бракот во муабетов, уште помалку сакав да се фалам со тоа, не ни спомнав такво нешто, плус тоа мојата состојба во бракот нема врска со темата, но, кажав дека и во најубавите моменти, сум била свесна дека постојат покрај нив и помалку убави и дека не бираат ни долгогодишна љубов, ни брак, ни домаќинка во кујна а тигрица во кревет ни ништо. Ништо не гарантира дека, не мојот, кој било друг маж, нема да се заљуби во некоја друга. Или дека јас и ти нема да се заљубиме во некој друг. Ако сметаш дека можеш да го пребродиш и да го игнорираш без да направиш другата страна да почувствува, тогаш избори се. Во спротивно, ќе си го седнеш партнерот и ќе си му кажеш „јас сакам да бидам со некој друг“. Oд почеток се кажува, „јас сакам ексклузивитет во бракот и кога ќе се појави опасност за уништување на истата, сакам да ми се каже јасно и гласно“. Делото е поподло од мислата затоа што едноставно не е толку спонтано.
Теси полека. Не ми беше целта да те нападнам или да те подбуцнам за бракот. Мене ми е мило кога ќе прочитам како мажот ја третира жената како принцеза. Срооооозззз погрешно се разбравме. Јас само ти кажаав дека смешно ми дојде тоа делче од текстот. Се согласувам дека штом веќе си се решил на брак, семејството треба да ти биде приоритет а не опција. Ниту реков дека ти се фалиш на бракот, туку јас сум забележала. Теси уште еднаш, погрешно ме разбра. Секој човек различно ги поминува тие фази. Некој сака да оди подлабоко за поголема сигурност. Некој си се става на тест. Било како и да е сепак не е фер, штом некој влегол во брак, да почне да размислува за промени. промените требало да ги направи пред бракот. Тоа е тоа. И на крај дојдовме до заклучокот дека мажот е највиновен.
Не не и по 100ти пат НЕ - ТОКМАКОТ е крив, толку ли е тешко да се прифати тоа? Или можеби е, зошто така ќе треба да си признаеме дека ние, како сопруги, сме направиле грешка при изборот на животен сопатник, а тоа признание е изгледа најтешко, па полесно ни е да кажеме дека ''ороспијата'' требало да ги држи рацете настрана од нашата своина за да ние бидеме среќни..