Не се помачив многу да читам, се развила некоја си дискусија од 100 страни, кој е прав кој е крив. Летале шамари тепачки, зошто бре женички, никоја не знаеме што ни носи животот, ни на сон не ми паднало дека ќе се разведам гледајќи ги моите родители каков живот имаат, ама ете се случи. Многу е лесно да судиш, ама тешкото е да доживеш и да се соочиш со реалноста. Немав намера повеќе да коментирам на темава , ама некои искажани работи реално ме погодија. Ќерка имам, зарем ќе ја учам: оди со женети, биди о*ос*ија! Јас сум овде како мајка да и давам совети, а таа самата ќе одлучува за својот животен пат. Каде ли ќе ја одведе??????????? Затоа не осудувам никого. Сите бараме оправувње за некоја си наша лоша постапка, барем јас така мислам (и јас сум се оправувала за работи кои не биле во ред). Некаде напишав во некоја тема, однадвор се е совршено, ама погледнете внатре позади спуштената ролетна.
^^^ @okcenzi Абе поарно е да промени партнер, да поттисне работи коишто мисли дека ќе произведат нешто што нема да е доволно сериозно и моќно за да вреди да се разруши бракот. Тоа „требало да мисли пред брак“ не е секогаш дефинитивно. Не се знае што носи животот. Moжеш, не еден месец, цела година да си мислиш дека нешто е така, па оп, да се случи нешто и да те демантира. Затоа си постои развод. Она на коешто можеме здраворазумски да реагираме и да го спречиме, треба да го направиме. Ако не се спречува, разговор и цивилизирано збогување. Инаку сфатено е најдобронамерно, не сакав некој што не прочитал од порано дискусијата да си помисли оти тука јас сум триела сол на туѓи рани фалејќи го мојот брак. Никогаш не би правела такво нешто затоа што, просто, немам кугла да знам што ме чека за 5-10 години, па можеби и за две недели. Ете затоа го потенцирав. само што сакав да кажам... и во најдоброто, треба да си свесен и да се подготвуваш за лоши денови. Како што се подготвува зимница во рана есен кога е најпријатно времето. Така се` полесно може да се прифати во животот. Ако сите надежи ги положуваме во една ситуација, евентуалниот развод целосно ќе не` уништи. Наидов на една прекрасна мисла на англиски беше. Не треба да стапуваш во брак со некого поради она што е или поради она што сакаш да биде. Треба да се согласиш на брак со некоја личност судејќи според она за коешто гледаш дека е одлучен да биде.
Спојлер Леле окцензи линкот што си го поставила поточно со искуството на нина е дал да плачам ил да се смејам. Нека го прочита и ЏорданГрл и ако не помисли дека девојката што го поставила проблемот не е здрава во паметот, тогаш не знам, психијатар луѓе. Доста се вадите со Љубов. Тоа не е љубов, тоа е нездрава работа, после читам неколку страни понапред пак продолжила со истото. Малоумност. Тоа не е да го жалиш туку да земеш во болница да го однесеш.
Може според тебе нина е за во болница ама ти ми делува дека немаш никакви чувства .....има ли нешто хумано во тебе ? на пример сожалување ? Бриџит да не си програмиран робот случајно ?
^ Имам искуство и знам каде треба да сожалуваш а каде да фатиш за уши и добро да растресеш. Ако сожалуваш на погрешно место полошо правиш.
сигурна сум на нина и требало подршка да излезе од таа врска а ја немала од никого зашто никому не ни кажала кој да ја растресе ???? кај беше ти ??? немој да претеруваш .....
Не се сите луѓе цврсти. Некои имаат повеќе емоции, некои пребрзо се сврзуваат со други. Некои си се доволни сами на себе. Линкот го постирав за да се прочита и дека другата страна пати. Исто како и сопругата. Додека мулето мулосано си користи. Паметите една феминка која пишуваше за врска со оженет, бидеќи тој ја потсетувал на татко и ( починат) и бил премногу внимателен со неа? Ај да пробам да го најдам и тој дел. Тоа е маѓепсан круг, а луѓето често знаат да покажат слабост, на нешто што го посакувале а го немале. Често за вакви врски се виновни родителите и детството. Незнам дали сте ја прочитале книгата ПАМЕТНИТЕ ЖЕНИ-ПОГРЕШНИ ИЗБОРИ, а тука баш добро се објаснети овие ситуации. Девојките се свесни за ваквите врски и инаат и грижа на совест за неговото семејство, но нешто цврсто ги држи за ваквите мажи Спојлер http://www.sakamknigi.mk/index.php/ostanati-knigi/psiholoski-knigi/item/1528-%D0%BF%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%B4-%D1%80-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B5%D0%BB-%D0%BA%D0%BE%D1%83%D0%B5%D0%BD-%D0%B8-%D0%B4-%D1%80-%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B2%D0%B8%D0%BD-%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D1%80 А барајќи налетав на најпаметното мислење од омилена личност Лилит Спојлер Уште нешто Спојлер Има такви ( не зборувам за ситуацијата на џордан ) Спојлер Има и вакви жени: Спојлер
Уште некое мислење не можеш да пренесеш на темава? Не збориме општо за разводи или среќни и несреќни бракови туку имаме поставено конкретен проблем, не мора да шириш толку, има теми за разводи.
Ааа има да се степам ,па или ќе тепам или ќе бидам тепана. Шала на страна,развивте дискусија од која ми се заврте во главава.А ситуацијата е кристално јасна.Во случајот Јордан ,главниот виновник е мажот,спореден но не помалку важен Јордан.Што се вмешува жената сега,зашто се гледа кој сака да се всели во веќе направено гнездо.Каква е таа ,дали вреди или не во случајов не е многу битно зашто за совет не се јавува таа туку Јордан. За тепањето,мислам јас никогаш не би влегла во вербални дуели а уште помалку во физички за да испробувам сила и да докажувам нешто.Ако треба да докажам и ако тоа не сум го направила низ годините ,нема потреба на некоја дотична да и докажувам.А ако е маж ми слеп и не гледа,ќе му купам очила за да си го изостри видот.Зашто тој и само тој едноставно скршнал во споредна улица.Дај боже никогаш да не дојде до тоа. Трето за воспитувањето на децата.Ниту син ми ниту на ќерка ми ќе/ги учам дека е нормално да се изневерува парнерот.Важи и за двајцата подеднакво.А како тие ќе се однесуваат за тоа не можам да гарантирам ,зашто јас не можам и не сакам да го живеам нивниот живот преку нив.Можам само да им укажам на грешките ама да им се плеткам во однесувањето и одлуките ,тоа не.
Не гледам проблем. Девојката кажа дека е крај. Каде е проблемот? Или темаваа треба да оди само по нечив замислен правец. Ги постирав мислењата во спојлер ( не мораш да читаш), за да може не само Џордан туку и некоја друга да прочита. Едноставно форумов е за дискусија, а баш пишувам конкретно на оваа тема и не одам надвор. Да беше форумов за правни совети, ќе пишувавме за тоа.
Мојра гадот е крив тоа е под дефолт ама крива е и швалерката што продолжила да оди со него и да си се погази себе си како личност, да гради среќа над нечии солзи. Двајцата се криви. Како што за брак треба двајца така и за швалеранција.
Многу често читам вакви мислења од девојки кои суптилно или директно посочуваат на тоа дека таа сега има маж и дете и е среќна, а тој нема жена и дете и е несреќен. Во конкретнава ситуација, а и општо, треба да сфатите дека младите мажи до 30-та, не ги гледаат девојките како потенцијални мајки на нивните деца, туку напротив, како девојки кои нема да го заклучат со лисици и да ги претворат во суштества за расплод на една жена кои никогаш повторно нема да допрат друга девојка. За 98% од стрејт мажите помислата дека ќе останат засекогаш со една жена е рамна на самоубиство и кога тој останал без тебе, сосема возможно е да помислил „штета што се налути, можевме да правиме тројка, а после ќе одев на пиво да ја шармирам онаа келнерката што сакам да ја ебам“. Во превод, не останал со празни раце, туку го добил токму тоа што го сакал. Инаку, читав малце од препукувањето. Не би да давам придонес во тој дел, само ќе кажам, I`m #teamokcenzi
Болдираниот дел само од мила25 ми смета, не е првпат да слушнам вакви и слични изјави и секогаш сум превртувала очи, барем во себе. Мислам во ред е да си самоуверен и да знаеш колку вредиш и колку си придонел во една врска ама дека после тебе потоп, толку, крај, животот замира, некој цел век ќе го помини мислејќи колку ти згрешил и колку добро само со тебе ќе му било, е вистина претерано и најчесто надвор од реалност.
Браво за Нина Толку паметно напишано,алал да и,само уште некој да го прочита и најважно да го свати,ќе биде уште поубаво И само уште едно ке додадам- НЕ правете го она,што несакате на вас да ви го прават!!!
Точно. На многу мажи после вакви ситуации им олеснува иако на почеток трчаат кај изневерената, ама повеќе од навика и поради промената. Не дека навистина толку неможат без неа. Да не можеле ќе биле само со неа. Исто интересни ми се жени во брак кога споменуваат дека бракот е света работа, а самите се далеку од почитување на светите работи. Или кога ќе речат тој е мој маж, како да е нивна сопственост. Епа не е. Ако сака утре ќе ве напушти и никој не ви е виновен за тоа. Ако мене мојов утре ме напушти после 8 год, јас нема да барам вина во ниедна друга. Ако тие двајца како пар се посреќни од нас двајца, тогаш со среќа нека им е. Јас ќе си ја барам својата среќа на др место. Кога се потпишуваме во матично, склоуваме брак и делење на се заедничко, а не договор за купување на имот. Така да никој не поседува никого. И секој може без секого. Посебно ми се интересни оние девојки/жени, кога ќе речат тој е мој или јас бев со него прва. Ти си му втора. Ајде де. Како патики да се. Првите патики ни беа шангајки, па после најк и се така подобро. Или пак тој што еднаш изневерил, пак ќе изневери. И јас сум изневерила бивши, а и од друг бивши сум била изневерена. Но мојов не го изневерувам затоа што тој ме исполнува и знам дека тој е за мене. Или муабет од типот, тој и ако се разведе, ти секогаш ќе бидеш втора. Е втора ама подобра. Зошто првата не чинела. Многу од нас ( скоро сите ) имале втори, трети врски, додека го нашле тој што им одговара. И јас два тостери купив , дека првот не загреваше добро и отиде во канта. Ама вториов за 2 мин праче праи и не би го менувала со друг. Или муабет од типот, јас му родив дете и тој мора ова, мора она, е не мора а и втората ќе му роди итн.. Кога и да прочитам ваков муабет ми излегува вујко ми пред очи и “втората“ вујна, онаа која вреди за почит. Првата ја вараше, ама вторава ко принцеза ја гледа. Значи сепак и сопругите не се најсјајни, како што дадов примери во предходните постови. За крај да додадам што сум приметила, овде на форум а и надвор. Скоро ниедна изневерена жена( има исклучоци), не се запрашува каде погрешила и зошто била изневерена. Одма се почнува со напад за некоја орспија, за нејзиниот идиот, а за себе кажуваат како секогаш се правеле за него. Скоро ниедна не кажува колку пати го одбила за секс, колку пати го изнервирала за глупости, колку пати го изманипулирала итн итн итн Секогаш за себе сме најдобри адвокати, а за другите најголеми судии.
Да, јас сум една од тие жени и секогаш ќе бидам. Знаеш зошто? Затоа што јас што и да сум направила (не зборувам за неверство), тој нема право мене да ме изневерува затоа што не му се допаѓа моето понашање. Има разговор, си слушнала за тоа? Ако нешто му смета, ќе дојде, ќе расчисти. Ако не иде, не иде, јеби га, ќе се разведеме ако не ме поднесува, ќе се разделиме на некое време ако треба... а не будала да ме прави. Тој што изневерува е крив, а тој што е изневерен е само изневерен и не носи кривица во себе. Како можете бе да кажете дека имаат право да изневеруваат ако другиот сопружник не постапил за нешто убаво или не се понашал убаво. Што е ова, харем? Што сме ние, жени за по дома шо ако згрешат нешто одма ги изневеруваме? Или обратно? Од каде болка им се нанесува на изневерените па и уште кривица да бараат во себе. Преиспитајте се малку. 1. Колку пати го одбила за секс - сериозна си со ова? Значи тој кога ќе посака, мора тогаш, не е битно дали мене ми се сака или не. 2. Колку пати го изнервирала за глупости - што тој совршен е? Не ја нервира за глупости тој, не. Тој е совршен маж. (Секој греши во животот инаку...) 3. Колку пати го изманипулирала - да, го изманипулирала. Побогу секоја жена понекогаш тоа го прави за да добие нешто. И не го прават тоа само жените. Го прават и мажите. И ова се причини за тој да ја изневери. Браво Исто како да наброја добри причини за да ја удри.
^^ Беше тоа едно време кога љубовниците веднаш се бомбардираа со погрдни зборови а сопругите со ореол над глава. Сега зар не гледаш кој е погласен? Колку сопруги имало тука на форумот да зборат за љубовниците на сопругот а колку љубовници кои зборат секако за сопругите? Ако пратеше од почеток ќе видеше дека кога напиша текст девојката, веднаш совети и подршка и се даде се додека не се дрзна да зборува колку никаква била сопругата. Еве и ти сама размислуваш дека веројатно нешто не чини со сопругата па затоа се случува тоа што се случува. И можеби вистина не чини, ама некако со тек на време стана сосема прифатливо да размислуваш во насока на која еве ти размислуваш -можеби секс доволно немаат, можеби е досадна, напорна, го нервира за глупости, па затоа ја изневерил. Ти мислиш бракот песна е секогаш? Како и да е, сопругата нека се запраша каде греши, нема ништо лошо во тоа, но кога ќе имаш ти и било кој од вас утре брачен партнер, ако тој проба за вашите грешки и маани да ве казнува на ваков начин, тогаш дојди и кажи -си заслужив.
Не знам зошто мене ми се обраќаш со тоа прашање. Тоа треба дома со мажот да се среди. Во ред е тоа што го кажуваш, но дали мт мисли дека си во право за тоа? Јас многу добро знам да седнам и да поразговарам и да прашам каков му бил денот, да се слушнам по 10 пати и повеќе ако треба во денот, да прашам дали нешто му фали, дали му треба ..... Но многу жени тоа не знаат да го направат. Не велам дека јас никогаш нема да бидам изневерена, но се трудам да го задржам она со кое сум го освоила. Многу жени после стапување во брак се менуваат, се запоставуват или се се нешто незадоволни, а после кукаат на неверства и разводи и некои “ороспии“ кои краделе мажи. Читам на форумов жени и мајки кои работат, се грижат за изгледот, се изразуваат на ниво и се посветени на домот. БРАВО. Епа не верувм дека некој би изневерил жена која прво е задоволна со себе а после и сите од неа. Зборувам за оние кои ги имав набројано, ако си го причитала тој мој долг пост. Е таквите после обвинуваат се живо освен сами себе. Кога мажот ги запознал биле едни, а денес се сосем различни од жената која ја ожениле и пак не си ја признаваат вината. И обратна релација постои. Значи не ги правдам мажите, побогу и јас сум жена, туку кажувам каква е реалноста и какви се мажите. Кажувам тоа што сум го слушнала од тие кои изневеруваат.
^^ Јас не велам дека сопругата е цвеќе за мирисање секогаш. Секој знае да погреши и да биде понекогаш неподнослив. Но дали тоа е причина да се изневерува? Ако сопругот решил да биде со таа жена до крајот на животот нека биде, или нека пази која жена ја бира. Ако гледа дека нешто не е во ред или се сменила таа и дека повеќе не е онаа во која се заљубил нека ги реши работите на морален и нормален начин а не да ја изневерува. Тоа не е никогаш решение и никогаш нема да го поддржам каква сака нека е сопругата. Што сега мене тој не ми одговара, многу оди по кафани, воопшто не е дома и не се грижи за семејството и јас да го изневерувам или да барам утеха кај друг? Не, ќе ти решам работите. Ќе седнам ќе разговарам со него, еднаш, два пати и три пати ако треба но ако не бива и ако решам да барам љубов од друг ќе расчистам со него. Ако не ме почитува, ќе си одам, ќе се разведам па ќе барам некој друг а не овака. Јас сум се заколнала пред господ дека ќе бидам верна и добра сопруга, а ако тој не е тогаш нема јас да барам решение со ниво на негово размислување и постапки. Зарем решение е да изневеруваш? Зарем навистина сметаш дека така се подобрува брак или негово понашање? Не, така само ти ќе имаш нечиста совест, тој ќе продолжи така како што си наумил и којзнае каде ќе стигнеме така.