Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.956
    Допаѓања:
    123.308
    Пол:
    Женски
    За болдот: Една иста таква како тебе денеска се разведува затоа што мажот си направи дете со швалерка. Така да ти колку сакаш јавувај му се, колку сакаш разговарај со него, биди му курва во кревет, домаќинка во кујна и дама на улица, ако он реши да те вара нема таа сила што ќе го сопре. Тоа да ти е јасно. Ако имаше упатство за употреба : Како да не ве изневерува мажот тогаш ќе си живеевме среќно како во бајките од Дизни.
     
    На cresa-jagoda, De-lovely, darcy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Нена видот ми е одличен. Не знам зошто рипате на мене. Јас кажав дека се трудам да го задржам она со кое сум го освоила а не дека го контролирам. Па фала Богу ако најде подобра се искажав. Кажувам како размислуваат мажите кои изневеруваат и зошто изневеруваат. Повеќето од нив не размислуваат како нас. Ако нема дома доволно секс, ќе бара на страна, ама ќе си ја задрѓи жената-домќинка. Ако и од тоа не е задоволен тогаш ќе најде нова жена. Така функционираат повеќето балканци кај нас. И со тоа што мене ќе ми пишете со боголеми букви, или ќе давате многу корисни совети за тоа како треба да биде, сепак нема да ги спречи нашите мажи да не изневерат од овие причини. Не зборуваме за како треба да биде правилно- туку пишав како РАЗМИСЛУВААТ изневерувачите.

    Како размислуваат швалерките и зошто остануваат со такви знаете, еве веќе пишале. Тие што се само за секс еден ден ќе им здосади и ќе и науштат, но другите кои ги “развеле“ кажуваат поинаку. Мажот незадоволен од сексот со жената ќе брка на страна, па може ќе најде некоја подобра во се од неговата жена и ќе ја напушти за да биде со подобрата. И така неморалнта “ороспија“ се скастрила, а другата кука како се наравила за него а друга му го украла. АХА да да. Мажот е тој што зборува лошо за жената а швалерката само си го пренесува тоа.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    ^^
    Јас па мислев дека ги правдаш.
    Мислев дека мислиш дека е во ред тоа да го прават доколку се работи за такви причини.
    Знаеме дека има несовесни жени. А верувај има и мажи кои се поштени, не размислуваат сите така. Има и жени кои изневеруваат од такви причини.
    Јас само сакав да кажам дека тоа не е човечки и морално и дека нема причина што го оправдува неверниот.
     
    На tessie и okcenzi им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.956
    Допаѓања:
    123.308
    Пол:
    Женски
    Јас не ти напишав дека не гледаш убаво туку да потенцирам.
     
  5. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Во нашава земја поготово во местото каде што живеам јас има парови кои стапиле во брак заради тоа што ете му дошло време за да се мажат/женат,после неколку месеци од нивниот брак значи двајцата не знаат кај тераат, се изневеруваат а живеат заедно. Така е тоа кога се земаат ради реда .Ова е една од причините за изневерување поготово во мојот крај .
     
    На okcenzi и ariela09 им се допаѓа ова.
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Епа затоа не се венча со кој ќе стигне.
    Сметам дека треба добро да се спознае човекот со кого влегуваш во брак. Треба да се знае секое делче од него за да знаеш во што се впушташ, дали ќе можеш да живееш со него, дали ти одговара и пред се, дали го сакаш.
    И да, има вакви случаеви каде стапуваат во брак затоа што им дошло време. И баш ми е жал што го прават тоа. Си го уништуваат животот едноставно.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Извини окензи од кај си толку сигурна дека баш така размислуваат мажите,од муабети рекла казала? :?:
    Примери ги има еден куп,ама само тие си знаат дома како и зошто! :^)
    Абе едноставно ако неоди бракот,постои разговор меѓу брачните другари,ако и тоа не бива,разведи се па фурај....како слободен маж,стабилен!Истото важи и за фуксите :puke:
    Нема оправдување за преваранти,прељубници,се што прават еден ден ќе им се врати ама тродупло! :swear:
     
    На nena2010 и ariela09 им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Таман работа да правдам кукавици, а еве што кажав предходно и зошто не обвинувам нигокаш некоја друга жена.
    Знам кога пишувам делувам како да ги правдам работите, но не е така. Пишувам од реалноста каква е, а не како треба да биде или како јас размислувам. На пример јас кога би била некој значаен фактор, би го забранила неверството со закон, но на патрнерите би им дала период на разделување ( за оние незадоволните) да може да се издуваат. Ова е само еден глуп исфантазиран пример. Или најдобро маѓите ги ги врзала дома да чуваат деца, а жените да уживаат. :D :D :D

    За првиот болд: знам дека така размислуваат, затоа што имам вујко разведен, братучед кој е пред развод и уште еден братчед кој ја извара снаа ми после пораѓајот ( тогаш добив совети од stetoskop како да помогнам, без некој да е повреден), а не се само тие разведени кои ги знам. Исто како пколската, братчедка итн..
    За вториод болд: во право си и така треба да биде, но не секој е доволно зерел и храбар да превземе одговорност.
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Конечно ја свативме поентата на брачните неверства. Предходно кога реков дека прво жената е крива па мажот а не швалерката, очи ќе ми ископаа. Но така е. Жената треба да е свесна со кого влегла во брак, мажот исто. Па постоа виновен е тој што изневерува, наместо да ги среди работите, како што кажа со разговор. Па на крај швалерката ако има место за обвинување.

    Многу девојки трчаат во брак со помислата каква свадба ќе имаат, каква куќа има тој или што рабти. Многу мажи влегуваат во брак поради притисок од фамилијата “ дојдено време“ и после кога пука тиквата се случуваат плачки.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.746
    Пол:
    Женски
    Значи токму на ова мислам. Иако сум од мажените целосно се слагам со нена. И јас го правам истово, разговор опуштен после работа и покажување грижа не е од поединец измислено, сум преминала преку многу нешта преку коишто најверојатно пак нема да поминам... сеа му вртам помалце од десет пати во денот, особено во периоди кога е зафатен. Внимание да, ама напнување никако. А границата и тука е тенка. Да, на почеток се летав со паметот кога имавме значи навистина тешки периоди, кога дури и се спомнуваше зборчето на буква-на буква Р.

    Ми летал паметот во стил: Па како тоа он можел, па јас какви се` не метании му правам, го пазам, го мазам, му ја толерирам избувливоста, ти реков, ми рече, му шепна... И што? Јас го измислив тоа или на филмови го гледам и лична сатисфакција ми претставува да му биде доживување времето поминато со мене на мојот сакан? И порано сум била таква во врска и секогаш таква ќе бидам. Тоа не е само за него (иако се чека на насмевка од другата страна со нетрпение), тоа е и за мене. Не е само негова врска/брак... и моја е. И јас ќе вложувам во нешто што е мое. Награда е бре, да се постигне саканиот едвај да чека да си дојде дома. Да го слушнеш како трча по скали и да му го видиш озареното лице кога ќе те види. Од грижата каква што ја опишавме погоре, очекуваш таква награда, не е тоа превенција дека нема ништо тој да ти направи.

    Јас се чувствувам исполнето од среќата за којашто знам дека барем ронка сум придонела. За што било во животов. Сакам среќни и исполнети луѓе покрај мене и затоа не сакам да очекувам такви гаранции заради моите манири во врска. Ама убаво било така, а ако нему му е убаво, тогаш нема кај друга да оди. Да, во секој случај треба да се трудам да му е убаво. Ама и витамини е убаво да се пијат. Ама не ти гарантираат дека на гадново променливо време нема да те испусти настинка некоја. Релативно е се` во животот. За се` се трудиме, но гаранции малку имаме.

    И не, нема да можам никогаш рака во оган да ставам и да гарантирам дека тоj нема некогаш да ме изневери. Дека никогаш нема да засака друга. Јас знам ли утре што ќе ме снајде? Не знам за три саати што ќе јадам. Такви ups and downs сум имала така што ништо не ми е сигурно. Затоа се`уште не се осмелувам да имам дете. Затоа што тешко ми паѓа такво нешто на памет во средина во кое за дете поголем благослов е „со мајка и татко, па макар и цимери да расте“ отколку „да расте покрај среќни родители“.

    Ништо не е дефинитивно. Од каде можам јас да знам дека утре нема да ја имам таа судбина што ја опиша Нена? Од каде да знам дека мм нема да ми дојде дома со иста таква вест? Јас го запознав и засакв еден, но не знам што овие години направиле од него. Луѓе од работа во странство се враќаат, за шест месеци не можеш да ги препознаеш, а не пак брак што може да ти направи, што е многу сериозна институција. Бракот не е забавиште, реалност е.

    Едно време се ужаснував од таквите помисли, „пу скраја да е“ викав, ама па сега... и што ако биде? И мене ќе ме мавнат мушички, ќе се трудам да ми поминат без да се изглупирам ама бре брате кога гледам дека не се мушици, „ало дечки, после имаме муабет“. Е за неозбилни работи за коишто знаеш дека се пролазни да уништуваш дом е грев, сепак не поголем грев од тоа со таква некоја неозбилна врска паралаелно да си имаш и брак. И он треба да ми каже „Ова ли ми е фала што од работа дома идам, што леб дома носам, што ти купив она и она, што вака и така ти гугукав на месечина и бурма ти ставив и те однесов у матично...“ Па ќе ми биде глупо. :( Зошто и нему да му биде во обратна ситуација? Ама се кажува баарем на почеток од аферата кога веќе не се кажало во најоптимално време.

    И јас имав едни такви лоши епизоди во нашиот однос што се`уште имам лузни. Ај сеа да трчам да го варам. Додека не засакаш друг и како немтур и како избувлив и како саркастичен ќе го сакаш (не вбројувам драстични ситуации пример насилство и сл). Кога сакаш некого и мааните му ги сакаш и тоа што не го прави и тоа го сакаш. И со мерак си го скротуваш барем за момент и тоа е тоа. Ова и за мажите важи. На еден мој другар еднаш му збореа нешто што барал со таква девојка, била немтур, била ваква, таква, нивните девојки колку трчале. „Абе таква си ја сакам“ им рече. Јас на зафрканција малку фалеше да додадам „Море знам јас зашто толку ви е битно да му е по ваш вкус“, ама немаше секој да го сфати на шала и ќе ме ставеа на црна листа. :D

    Но, кога ќе оладиш... ај ако нема ништо друго на повидок и пак и пак, ама кога ќе ти се затресат колената од некој друг, холивудска сцена од збор до збор да ти долови, џабе си е. И после ќе бидеш со некој можеби со полош табиет, ама ќе ти биде душа, ќе те исполнува до стотка и баш нема да имаш никаква намера да го замениш затоа што не ти приредил романтична вечера и на некое твое кукање некад одговорил со „уморен сум, не ме замарај“.

    Aма за паралелен живот, нема оправдувања.

    А неверство, барем мене лично не ми е комотна ситуација. Како што некому му е возбудливо да биде посакуван од повеќе, така некому му е возбудливо сознанието дека во еден период припаѓа со тело и душа на еден човек и не му е удобна поинаква ситуација едноставно. Значи толку е едноставно. Не оти се праиме светици или се идеализираме.

    Значи нејќам да ви фурам филм дека нешто сум многу паметна и јас со ова знаење не се родив, се летав, се летав ѓомити лилјак во соба со запалена сијалица, ама како викаат „да ми е да бидам пак млада невеста, тогаш ќе знам како да гувеам.“ :D

    Не пишав многу постови денес, али едниов, машала ко лектира да сте прочитале. :D

    И така.

    Гледав да има што поише параграфи, не ме стрелајте одма. :D
     
    На Daleron, Bozica1980, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.526
    Допаѓања:
    288.872
    Секој брак и секое неверство си има своја приказна.
    Ама тоа беше цела поента, секој реално и објективно да пристапи при анализирање на својот удел.

    Сопругата да си признае дека сопругот не е оној истиот со кого стапила во брак поради икс причини (депресија, неизживеаност и неспремност на истиот, промена на тежина...не често овие се само дел од причините кои довеле до неверство) или да свати дека направила целосна утка и дека он никогаш не бил оној за кого она го сметала. Или доколку од старт се залажувала дека ке го смени и свесно влегла во брак со изневерувач да свати дека сама свесно си ја намачкала главата.
    Сопругот кој сигурно подолго чуствувал дека е незадоволен на некое поле и го хранел егото со смс, тел. разговори, пиење кафе и започнал да гаи чувства кон друга. Е тука е неговата кривица наместо да конфронтира сопругата и да биде маж , или да се преиспита себе си, он врши и телесно неверство. А знаеме дека само првиот пат е тешко.
    А швалерката е трета особа кон која никој не се заколнал на љубов. Но сепак не значи дека треба целосно да ја негира личноста одговорност и фактот дека свесно поместила некои морални бариери. Ако некој не увиде дека нешто не е правилно, и се води од фактот дека швалерката нема ама баш никаква одговорност, наместо да научи од сопственото искуство утре би била швалерка на друг, па на трет...
    Оти она нели нема апсолутна никаква одговорност и тоа е во ред.
     
    На evangelina.ina и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Навистина добар пост иако е еден. Јас напишаав повеќе зошто сакав подобро да се искажам.
    Почетокот од постот ти е одличен. Јас се јавувам за да посветам внимание, не за да контролирам или да глуммм, туку дека навстина ме интересира. Tessi
    Рече дека кога некој ќе олади џабе се и холивудски сцени. Точно.
    Тоа значи дека швалерката нема да биде виновна ако тој решил да те извара. А што ако е проститутка, па наместо за една вечер ја платил за почесто? И таа е виновна за распад на бракот?
    Убаво што се спомена дека бракот одамна не е света работа туку институција.
    Ајде да погледнеме и обратно на работите.
    Зошто една жена која веќе има дете, не признае дека сопствената среќа и среќата на детето и се најбитни и дека за тоа прашање треба човек да биде себичен? Кога станува збор за љубов и среќа човек треба да биде себичен и најсебичен? Ќе речете не по секоја цена, епа ок еве вака.Пишав еднаш на една “швалерка“ и ме нападнавте. Зошто некоја жена која мисли за себе дека е емотивно зрела и храбра и одлична не напушти таков маж? Зошто останува и се бори за некој кој веќе можеби не и е битен? Зошто таа истата која се бори и е себична за својата среќа, стане не себична ( нели не по секоја цена) и не го остави-“поклони“ мажот на швалерката? Зошто не сака и таа да биде среќна. Зошто не рече штом и швалерката останала бремена, греота е и тоа бебе и дека и на тоа му треба татко. Зошто не рече дека штом швалерката го сака нејзиниот маж, може и да го има. Еве како примерот со таа која остана бремена и која многу го сакаше тој човек. Немој само да речете ако тој ја сакал ќе се равел. Не зборувам за мажите, туку еве за женските битиа.
    На крајот се сведува на тоа дека секој е себичен. Така и швалерките. Така и мажите. Затоа по трет пак пишувам, дека не треба да гледаме на моменталната слика водена од емиции и некој наметнат морал. Да погледнеме реално кои се причините за оваа работа, а не швалерките или сопругите.
    За тоа не ги осудувајте, кога реално не ја знаете нивата причина и потреба. Ќе речете нека најде слободен, па зар тоа не е себичност спрема себе. Се жртвува за жената да биде среќна и мажот да не ја вара. Па пак иде онаа, ѓената нека не е себична и нека ги остави да се среќни. Јас вака гледам понекогаш. За тоа и реков дека ако мм ме напушти и не е среќен со мене, а е среќен со неа, тогаш и јас ќе им посакам среќа. Но како тој би знаел со која е среќен ако не бил себичен и не бил со двете и не мислел само на себе и.......
    Зборот себичен е првиот значаен кога се работи за љубов.
    Така е. Такви сме ние луѓето. И да се знае, дека не сме моногамни по природа. Тоа го наметна опшеството, а само половично е признат во исламот.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.746
    Пол:
    Женски
    ^ Тоа со постот го потенцирав бидејќи вчера ми беа .... БАЕГИ повеќе од еден :D , значи на самокритична основа, нема врска со тоа колку постови ти си испишала. :) Не ми беше тоа намерата.

    Никаде не реков дека мажот не е крив... ама жената ... зашо некад не му дала и не го дочекала со разбирање дома од работа...
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Конкретно за случајот,го следев од почеток ме заинтрресира бидејќи Наталија е Македонка и си размислува на кое ниво треба да ти биди бесот и колку треба да немаш само котрола и кочници да го направиш ова нешто,и за што ќе скапи во затвор 17 години наместо да се свртеше да му покажеше среден прст и на мажотму и на другаркаму наводно,Наталија потекнува од многу добро ституирано семејство и ќе си продолжеше со животот поголема одмазда од тоа немаше да има но тоа се размислува со ладна глава.НЕ не ја оправдувам во никој случај но никој не би направил ваков чекор според мене ако не е сигурен во нешто,а од другата страна таа што доби саката да биде цел живот,секоја лузна до крај на животот ќе ја потсетува на тој настан и ќе живее во исто можеби и поголемо заробеништво од Наталија, ај оваа си мислам како се осмелила на таков чекор да пали жив човек,а таа како се осмелила да помисли да прави нешто со мажотму на другаркаму бидејќи се дружеле пред очи му беа и другаркаму и децата нивни,според мене страмот е и на едната и на другата и како се научиле да го опушуваат случајот,демек Дана се дружела со мажотму,се DRUZELA а со кој памет? не душо неможиш да се дружиш со сопругот на другаркати не смејш ни да помислиш на тоа без разлика колку и да е 21 век,сепак треба да се има морални граници...А сега оваа цел живот саката,таа во затвор ќе окапи дури децата му растат надвор и ќе трпи невидена душевна болка а тој ќе GO PRCI SO DRUGA 100% тоа ти е...
     
    На joy1, danichap и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Врти-сучи на крај сите се согласуваме(бар така би требало да биде) дека изневерувањето не е нешто што може да се оправда, но факт е дека се случувало и ќе се случува. Денес можеби поотворено и повеќе се зборува за тоа, а и со оглед на тоа во какво време живееме шансите за изневерување се многу поголеми.
    Интересно е што денес ретко може да се сретне маж кој кога ќе се најде во кафана, кафич, дискотека или на друго место со девојки кои се слободни ако ништо друго нема да почне да флертува. Некако дојде времево како тоа така треба да биде. Во разговор со другарки, од посматрање, од лично искуство, од другари и сл. повеќето мажи посебно ако се на некој семинар во друг град, излезени со слободни другари ,,напаѓаат“ од прва и ако не успеат да го скријат тоа дека се женети, тогаш одма се продава приказната дека се пред развод, дека се разделени со жена му, дека не спијат заедно ,,не сечам се од кад“ и други финти. Е сега има девојки кои се слободни, кои макар и за момент сакаат да бидат ,,сакани“ а и зашо да не си поминат убаво. И сега ако во моментот им се спојат ,,ѕвездите“ изневерувањето не им бега. Е сега тоа е обично за една ноќ, ама некои од девојките (пошто жени - ко жени најчесто сакаат да бидат сакани) продолжуваат да го бараат, да се јавуваат и сл. Е сега најчесто од мажот зависи како таа приказна ќе заврши или пак ќе продолжи. И сами знаете и сте свесни дека девојки кои се пуштаат на оженети мажи има многу малку(најчесто спонзоруши) кои имаат однапред зацртана цел и без многу емоции ја фрлаат јадицата.
    За изневерувањето за една ноќ мислам дека на прсти може да се избројат оние жени на кои не им се случило(а за тоа никогаш не разбрале и нема да разберат), зашто на тоа најчесто ни самите оженети мажи не се сеќаваат.
    Е сега има и типови на мажи кои од секогаш постоеле и кои едноставно се такви да не речам ,,швалери“ чии жени најчесто добиваат се од нив меѓутоа мора да живеат со излетите на нивните мажи.
    И изневерување кое всушност претставува живеење на паралелен живот, кое го има се почесто и во кое најчесто и двете страни функционираат спогодбено пред се заради финансии, ,,општествен углед“ и сл.
    Е сега кога изневерувањето не спаѓа во ништо од претходното тогаш обично завршува со развод или пак брак кој ќе биде доживотно измачување за двајцата
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Теси јас и ти сме многу различни. Ретко да размислуваме на иста фреквенцијаа и тоа ми се допаѓаа, зошто не мора секој да се сложува со мене и јас не морам со се твое да се сложувам или било чие.

    Малку лично
    Еве ми се допаѓа тоа кај тебе што имаш смирен пристап иако секој знае на период да одлепи.
    Ми се допаѓа што покрај противењето на твоите, ти си покажала одлучност и си го избрала својот пат.
    Ми се допаѓа тоа што си знаела и умеела како да вложиш и добиеш за возврат во бракот.
    За тебе и мене тоа е правилно и исправно.
    Е сега.

    Зошто не погледнеме поинаку и не сфатиме дека можеби некоја заљубена швалерка сака да се бори и за изоди свој пат. Не секоја е во таква врска за секс или материјални добра. Не секоја сака да гледа настрана. Едноставно гледа дека тој е тој што е прав за неа и нема друг како него. И реално никој е може да биде ист како некој друг.

    Велиш дека во твојот брак имало криза и дошло до некој краен степен и оп Теси на будење. Ги превзема работите, созрева и средува. Така се освестува и мт ( имајќи пример пред себе). Претпоставувам дека било така, немој да ме разбереш погрешно. Еве не го правам најпаметен него а и тебе не те правам совршена. Но едно си носи друго. А понекогаш малку е доволно за да нештата се средат. Кога некој размислува подлабоко, знае што и како да направи. Некој кој не се води од емоциите и кој не трпи притисок од страна. И така имаме една добра приказна и еден добар пример дека секој брак има криза. Но ти си свесна дека кризата била од вас.
    Е сега колку реално познаваш жени кои вака размислуваат и вака средуваат. Многу малку. Додека тој нивни маж исфрустриран излегол на улица и налетал на некоја позитивна и сосем различна од моменталната дома. Дали таа е виновна? Ете тој истиот маж ја опсипува со љубов и внимание кое долго веме го немал. Дали таа треба да биде истепана и жигосана? Или тој што не разислил со ладна глава од каде и како му дошла кризата во бракот? Или пак сопругата која исто така постапила без размислување?

    Тоа е тоа. Никој не е совршен. Сите сме различни. Сите сме себични. И ретко имаме разбирање за другите.

    На крајот да кажам дека ова е само 1 пример од 10000. Не правдам никого, а и не обвинувам. Секој си ја знае причината. Ама навистина ми се здосади да читам се едни исти мислења уфрлени зошто некој рекол така треба да биде. Секогаш човек треба да се стави на различните места и ситуации за да можеда ја долови суштината. И доста е веќе со вакви стеги од типот ова вака реба, она така треба. Не мислат сите исто и не применуваат сите исто. Тоа што за некој е граница, кај некој е нормала. Прашањето е чиво е исправно
    Ако го гледаме моралот, тој е секаде различен. Ако гледаме според религиите пак сме далеку од тоа. Ако гледаме според холивуд за некој сме ужасни за некој совршени.
    Никој не рече не е морално да земеш туѓо работно место, само затоа што имаш партиска книшка. Па паак иде она ама работа и брак не е исто. Епа за некој таа работа значи и брак и семејство. Така и со швалерките.

    Јас мислам дека и така сме прост народ, па владата може да донесе закон да се палат на клада сите кои изневеруваат и сите кои се “пикаат“ во туѓи “освоени“ територии. И ајт ете ќе не снема. :D :D :D
     
    На SV1911, danichap и tessie им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.746
    Пол:
    Женски
    E да де, мило ми е шо така сфаќаш пошо така си сфаќам и јас кога е во прашање форумов. Различно мислиме, не се пцуеме. И да ни` дојде де да се опцуеме, возрасни сме, едно „извини“ и крај. :D И ако се слагам утре за нешто за коешто ти си дала такво мислење, нормално поинаку ќе изгледа дискусијата.

    Инаку за одговорноста на швалерката, нена си пиша во кратки црти преубаво, што и да додадам ќе го расипам моментот, така што се надевам нема да ми се налути што пак ќе и` го прошетам постот од пред страна-две.

    Ако некој се осетил осуден, се извинувам, се` освен тоа ми беше намерата.
     
    На nena2010 и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    И мене ми се допадна постот на Нена и јас така мислам, и за тоа реков дека за некој нешто е граница а за некој истото е нормално. Баш на ова мислев. Нели една феминка пиша цитирам “ јас не се чувствувам понижена ниту искористена, туку знам дека тој ме сака и ми е преубаво со него, макар и само 2-3 часа.
    И сега ако прочита што сме пишале, ќе дојде да не исшамара дека ние се преценуваме и дигаме во облаци :D :D :D и така :D
     
    На nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.956
    Допаѓања:
    123.308
    Пол:
    Женски
    Okenzi која е таа бре мајку му. А бре егото еми дава да бидам втора на некој! Сакам да сум му едиствена! :lol: :lol: :lol: Не сакам да го делам ни со жена ни со никоја па што има да се мешам кај што не ми е место. Во многу скоро време имав улет на женет човек, и му напишав една така убава порака да го снема за секунд. Значи се може ако се има интегритет и кочници. Ама тоа е веќе друга тема.
     
    На okcenzi, danichap и tessie им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Нена која е таа? Таа што се надева и работи на тоа, да еден ден биде прва. Во предходен пост објаснив како и зошто.

    Понекогаш си мислам што се човек може да истрпи за љубов, а понекогаш си помислувам и колку е тешко да си ја најдеш вистинската љубов.

    Де за љубов војни се воделе, а вие сте запнале за еден брак. Големо чудо :lol: мала шала да олабавиме