А бе љубов, тој што ја варал првата ќе ја вара и втората и третата. Само швалеркиве не де свесни за то.
Доколку(недајбоже) дојдам во ваква ситуација, јас искрено би се разделила од дечкото и фино лепо, немам што јас да се замарам со таа другата дали била ваква, дали таква, искомплексирана или не знам ти што. Мене тоа не би ме интересирало. Таа за мене би била само предмет кој би покажал каков е всушност оној со кого сум. Неговите причини исто така не би ме интересирале, не сум јас психолог, нити психијатар, нека си лечи комплекски на друго место. Мене само би ми била важна мојата добробит и онаа на моите деца. Јас сум моментално во долга врска. Го сакам, ме сака. Можеби некогаш во брак ќе бидеме. Немам намера да го следам, пратам, шпиунирам, проверувам каде е на секој чекор. Немам намера да хистеризирам зашто излегол со другари. Не го ограничувам, не сакам да ме ограничува. Потои нешто што се вика ДОВЕРБА. Јас сакам да си го имам тоа нешто во врската. Го усреќувам, ме усреќува, за сите проблеми секогаш има решение, разговор меѓу нас двајца. Е сега доколку тој добие фикс идеја дека нешто може да реши имајќи нешто настрана, негов проблем, мој повеќе не е. Јас уште ќе го сакам дури не разберам, а кога ќе разберам немам ништо повеќе со таа личност. Разумна сум и пресметливе и се знам себеси. И нека се тешат швалерките, дека е крива жената, нека се теши жената дека швалерката е крива, нека си вадат очи и нека се навредуваат колку сакаат, криви дрини нека исправаат. Се знае кој е крив и се знај кој што треба да стори. А во карактерот на жените што одат со женети мажи немам намера да навлегувам, реков не сум психолог, нити психијатар.
Грешиш верувај. Не е така. Тој што варал некого, значи дека не бил целосно исполнет од него. И не значи дека ако ја варал жената, дека ќе ја вара и другата кога би биле заедно. Личен пример сум јас. Пример и во тесно семејство имам. Јас сум варала дечко ( во подолга врска) не дека не ми било убаво, туку нешто ми фалело. Видов дека таа работа е неубава па се разделивме цивилизирано. Денес не би го направила пофторно тоа. Човек така и созрева. Сум била и изневерена и знам дека и таа работа не е убава, но сепак и не е болна, доколку нема некои идеализирање на таа врска, како што најчесто прават девојките. Затоа и ние сме секогаш поразочарани. Очекуваме нереални работи, го идеализираме до степен на совршенство човекот кој го сакаме и потоа треснуваме силно на земја. Кај мажите е обратно. По приземјени се и не фантазираат, за тоа и лесно пребродуваат, за тоа и полесно почнуваат одново.
Окензи еве да речеме се разведе од жената ја ожени љубовницата. Дали новата го има само за неа? Не, тука се децата од првиот брак, контактите со бившата, обврските како родител. Таа секогаш ќе биде она втората. Тоа сакам да кажам. Инаку сум зборела со другари ккои се во брак и верувај дека и да имаат се во брак ако е скроен да вара ќе вара. Тоа е тоа. Ретки се приказни во кои сите се среќни и насмеани. Јас нр сум варала не знам дали сум била изневерена ама ако идниот маж ме превари нека има муда па нека ми каже во очи и да си решиме во 4 зида.
Не се согласувам дека изневерувањето е генетски предодредено вродено или дека некој е така скроен. Неверството е сплет на околности во кој и двајцата партнери имаат подеднаква одгоорност, и тој што изневерува и изневерениот. За да се зачува страста во бракот не е доволно само да се има односи двапати, или трипати неделно, туку тој флерт, таа емоција треба да трае постојано. Жената несмее да се опушти и да се запушти, таа секогаш треБа да биде убава за својот маж, а не под изговр немање време деца и сл во кревет треба секогаш максимално да се труди да биде интересна, а не да заспие во текот на сексот. Исто и мажот треба да се труди максимално, посебно во кревет да и ги исполни сите фантазии на жената, да и посветува внимание дури и кога е на работа, да и прати љубовна порака, слика со бакнеж...... Значи ништо да не биде поважно од саканата, а не да се трча само по пари а да изгубиш нешто многу повредно. Да не го ставаме акцентот само на машкото неверство туку и жените изневеруваат од истите причини од кои и мажо. Не верувам дека некоја жена, се родила промискуитетна, туку склоп на околности ја направиле таква. Јас сум тип на маж кој прво никогаш не би ја обвинил партнерката доколку ме изневери, туку прво вината ќе ја побарам во себе и ќе се запрашам, дали нешто сум направил или сум пропуштил да направам за да дојде до тоа. За оваа тема можам да зборувам многу, но да не ве давам, ќе кажам само едно за мене жената е не само личност, труку многу комплексно нешто. Ако ги слушаш нејзините зборови нема многу да разбереш, или нема да го слушнепш она шпто треба, туку обиди се да го наслушнеш нејзиното срце, тоа се ќе ти каже.
Првото болдирано: Не велам дека не се согласувам со тебе но не заборавај дека зборуваш генерално за сите луѓе. Значи во овој случај не можеш да кажеш да, така е или не, не е така. Можеби ти си варала затоа што не си била исполнета (што воопшто не те оправдува) и си сфатила дека тоа е погрешно па не си продолжила. Но има и луќе кои тоа го имаат во крвта (ги мразам тие луѓе) и едноставно не можат да седат на едно столче. Можеби некој ден ќе се опаметат, можеби не, но не можеш целосно да им веруваш. Второто болдирано: Таа болка како што боли никоја друга не боли. Не знам, јас за мене гледам а и од повеќе луѓе дека тоа е преголема болка, неопишлива што те гони цел живот. Ти или не си го сакала типот што те изневерил или... не знам, тоа не може да не боли, тоа убива. Трето болдирано: Така мислиш. Маж кога сака, се ќе направи. Таа љубов никогаш нема да ја заборави иако се чини дека продолжува понатаму. Мислиш пребродуваат полесно но тоа го прават од гордост затоа што мажите се чувствуваат поразени, засрамени кога жена ќе ги изневери. Нели, жена кога изневерува повеќе болело... боже сачувај, глупост.
Poveketo od maskite ke reacat za brakot deka e isto kako sekoj den da jades grav, da toa e taka ama toa isto jadenje ako sekogas go zacinuvas nema da bide isto. Se izvinuvam za latinicata od mobile pisam.
мојот знам дека си добива се од неа и дека и дава се што ќе посака ( секс , пари итн итн ) ја имам видено и воопшто не е некоја грда напротив али ете пак ја изневерува иако му е речено дека нашето е КРАЈ .... не го прифаќа тој крај ...... и за ова ли сум ја крива ??? Иначе окензи добро погоди зш се оженил - му било време ..да ..да тоа е тоа
Луѓе, дајте некој бабин лек против икање да го доставиме на женичката и муж и`. Од уста не ги извадивме. Шега. А за грда или убава си има една изрека „Ех да можеш со моите очи да видиш...“
Мене би ми било мизерно да не се грижи за децата од првиот брак. Тогаш таков себичен човек не ми ни треба. Е сега и ние контактираме со луѓе од кои можеби ти се превртува желудникот ( колеги од работа, досадни тетки по шалтери) ама кога се мора се мора. Вујко ми нема никаков контакт со бившата жена и не само тој, ги има еден куп кои завршиле со големи навреди, па единствен контакт им е преку децата. Така да се тоа не ја прави втора. И таа ако утре има деца, сепак децата нејзини ќе и бидат на прво место па после таа. Не треба така да се гледа на работите. Значи првото дете секогаш ќе биде прво, а второто?? Тоа треба да мисли дека не е сакано, дека не е доволно добро. Е сега кога зборувам на темава не мислам на тие кои немаат осет, па ја вараат било која. Абе секакви не има, ама не значи дека ако варал една ќе вара и друга. ariela09 За првиот болд; зборувам општо и да во право си, не можам да ги ставам сите во ист кош, но кажував од личен пример. За 2 болд; Не навистина не боли ако со некој ти е убаво, ама нема некоја страст или “она нешто“. Не дека е сеедно, ама не е нешто што ќе те мачи. Мене не. Можеби дека често се подтвувам за вакви “нормални“ работи. Е сега мене таа врска ми беше ок ама и немаше нешто посебно, нешто од кое ќе ми се земе здивот. Така е и со некои бракови. Па затоа и многу сопруги премолчуваат на неверство. Кога мојов денес би ме изварал би ме болело многу, но ќе останам присебна, ќе се преиспитам, ќе сакам за знам поради која причина и ќе си заминаам. За 3 болд: Ако имало љубов нормално дека ќе треба време да ја преболи и вечост да ја заборави, но поентата ми беше друга. Мажите после 4-5 состанок не размислуваат каква ќе им биде свадбата, колку деца ќе имаат, како ќе и стои неговото презиме итн. Ги забележуваат недостатоците. Ние не. Ние кога се заљубуваме многу забегуваме со филмови и фантазии. Во тој смисол го пишав тоа, ама погрешно се разбравме. Пак зборувам од она што го знам, не ме фаќајте за збор одма. Еве девојки еден куп фантазираат и бараат некои лудни причини на тема за луовни совети. Тоа е доволно за да сфатиме какви сме ние и зошто и просечниот ни се чини совршен. Види колку девојки посакале некој што сега е зафатен, а предходно не го рецкале кога трчал по нив.
Okenzi супер е тоа од тебе што би подржувала да се гледа со децата и се тоа ама мислиш дека исте се такви? Ајде те молам сум слушала муабети од втори жени како превртуваат очи кога ќе им го донесе дома детето од првиот брак, па кога они ќе родат дете па натпревар моето твоето.
Вака па кога ќе слушнам ми се иде очите да и ги извадам на таа кокошка. Од каде го разделила со детето па и очи ќе ми превртува. Мрш мори ороспијо. Таа и да има вистинска љубов со типот што го одделила од сопругата и да се гледа дека е вистинска љубов, правата жена никогаш нема да престане да се чувствува виновно и ќе сака да воспостави нормална врска со неговите деца, ќе ги прифати во нејзиниот живот. Сепак се работи за живот а не за рамка за слики што му ја купила бившата. http://9gag.com/gag/areVYrp
^ Eдноставно повеќе ќе се фокусира на тоа да ги гледа како дел од човекот што го сака отколку како дел од првата жена. Ете можеби не треба да го гледа како вина, но ете, како некоја обврска. Љубовта не е вина. Но, нормално ако натпреварот е поинтересниот дел, тоа е друг муабет. Знам баш една од вториве жени којашто буквално тоа го прави. И и` симнувам капа на цивилизираноста и себеспознието. Значи, толку ненаметливо, а сепак толку внимателно. Не им ја знам точно приказната кога почнале заедно, но штом жената има таков пристап, не е толку ни важно. Како и да се сврти, многу пофер ситуација од паралелниот живот и лажењето на сите, во секој случај.
Офф Има ли некоја храброст што ќе напише дека таа го изневерува мажот, мислам дека ова веќе стана досадно и за читање. Верувам дека ги има доста на форумов, па да почнеме да дискутираме за обратната страна.
Извини ама јас не можам да имам љубовник бидејќи сум разведена, жал ми е што не ти го разубавив денот.
Јас не кажав ништо, туку само прашав. И, зошто би ми го разубавила? Мислиш дека ме палат такви приказни?
За да фати др правец темава... Не е брачни но сепак е неверство.Познаничка моја идеше со еден од Скопје 10 год.И почна да се жали дека односите заладиле бла бла... Еден ден јас и колешката идеме од раб и она застанува со друга женска да се поздрави.И уз неврзан муабет слушнав познати информации и ми стана нешто сумлјиво.Му викам на женскава:абе да не зборуваш за Ххх и таа вели да бе од кај го знаеш ти него? И велам он оди со другарками .Она вели грешка си не е тој он оди со мојата другарка т.с се верија.И така ми вади моб уклучува фб и ми покажува заеднички слики. И уште ми вели ехее тој и другарка ми свадба спремаат.Цела год се во врска ке се земат.не ми се веруваше што слушам.Одел и со двете во исто време.Не е прв пат ова знам но цели 10 год идеш па бар признај човече.се најдов во небрано дали да кажам.Дур се мислев три дена како да постапам она дозна од трет
Сум била во ситација да бидам изневерената. Од некој со кој бев долги години во врска. Некако претчувствував постојано дека нешто се случува, ама имав многу работа, многу обврски, па не се посветив доволно на сомнежот. На крај си викав, зарем после толку време и жртви, би отишол со некоја? И се потврди, сплет на околности, дознав. Се однесував како и секоја изневерена жена - се лутев, не верував, се чудев. Не врескав, не колнев, не плачев. Само се чудев. Не ми беше грижа која е девојката, ни ден денес не знам. Не ми е гајле. Што има нејзе да и е гајле како се чувствувам јас, кога не му било гајле на оној со кој сум со години заедно? Таа само сакала да го има за неа, што е сосема нормално - и јас го сакав за мене. Сигурно мислела дека штом си дозволува тој да ме изневери, значи врската ни е на стаклени нозе и зошто таа да не е следна. Тој веројатно не бил задоволен од врската, да бил, немало да оди по други. Веројатно јас не сум правела нешто како што треба. Можеби тој не правел нешто ко што треба, а јас сум се однесувала како огледало. Можеби таа понудила и дала повеќе од мене, и повеќе се трудела за него. Не може да се најде кривецот - сите тројца делиме една вистина - неверство, извршено од еден, преболено од друг, помогнато од трет. Фала му на Бога што таа третата се појави, што вториот не знаеше да си го прибере во гаќи пред да се ветам на нешто посериозно, и што ме дочува здрава психички и посилна, што ми покажа што е потребно кај еден маж, и заради тој момент, сега сум најсреќната жена на светот со најдоброт маж на светот. Да не беше тој момент, сега ќе бев несреќна. Затоа, што требало да се случи, се случило и фала му на Бог за тоа. Сепак, останувам на ставот дека во брак не се изневерува партнерот, се изневерува цело семејство, дека девојките кои се вовлекуваат намерно во животот на некој со цел да му направат проблем во бракот се курвички и дека секоја жена треба секој ден, секоја секунда, да му дава на мажот среќа, а тој неа уште повеќе.