Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    ^ Мило ми е што си среќна сега и што сепак таа лоша постапка на твојот бифши сепак имала добри далекусежни последици. :) Сепак ништо не го оправдува неверството на твојот бифши дечко. Можел да разговара со тебе, дека не е среќен, дека не му обрнуваш доволно внимание дека сака да се гледа со друга, отколку да те изневерува. Колку и да е сурова вистината, искреноста секогаш се цени.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Има во тема брак без секс.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Тоа е друго бе па ти! :) :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.749
    Пол:
    Женски
    ^ Каренинка се јави од говорница, рече дека не може да дојде, пошо после се` добила забрана за користење на железнички превоз и забрана за доближување до шините и исто спомна дека Бовари пак била шворц, пак се тужеле со лихварот и не можат да дадат свој придонес засега.
     
    На artemidis и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Попросто здравје. Брак, неврство било од кого ќе си кажат од денес не сум со тебе се вљубив во друг/а и чао пријатно, исто и во врска.
    Ај создравје, е не сега ќе бидеме к*рвички, о*оспиички, к*рваришта и какви ли ти не погрдни зборови, и згора на се тепачки ќе правиме, и совршен пар ќе сме пред народот.
    За што и за кого? Има милион капачиња за тенџериња. 8)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Нарушени се сите морални вредности и социјални,само тоа ќе кажам никој нема страм од ништо се впуштат во авантури како да му е последен ден во животот мажи, жени разведени или во брак, лутат до сабајле со тинејџерите по локали по певалки незнам каде :puke: без да си го стават прстот на чело и да се замислат за момент дека сето тоа што го прават повредува многу луѓе а понатаму какви скандали има и да не спомнувам...
    Да се замислиме малку како порано луѓето останваја во брак 30, 35, 40 години т.е до крајот на животот,имало и исклучоци и преретки,знаеле што е страм страв почит љубов спрема семејството почит меѓусебна помеѓу споружниците све и пари имале и куќи граделе станови купувале мислеле на иднината итн.сега е ова многу ретко секој само гледа да искористи шанса да си се задоволи да напрај нешто за да стигни до некоја цел живи катастрофи,пак ќе речам има исклучоци ама факт е дека поинакви времиња посурови дојдоја барем јас така мислам,тоа што треба да се случи ќе се случи џабе ти е ако сакаш на некој на секој сат кажвајму колку го сакаш докажвајму на луѓето денес и од тоа му се здосадва така да и да се случи нешто све е со причина според мене можи ми е примитивно размислувањето на ова поле но тоа го мислам јас....
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Δ
    Јас сум во брак, добар фала богу, и ми се дешава да лутам по локали до 3 сабајле, без маж, па што, не можам немој сама да се гледам па чувар ми треба. |( Од вакви предрасуди што ги имате бог да чува. Кој тоа повредувам па да си ставам јас прст на чело? Јас сум таа ненаспана утре сабајле ако станува збор да некој пати. А ако сакам да го изневерам маж ми ќе го изневерам во 2 попладне, кога ќе му речам дека ќе одам на шопинг.
     
    На SV1911, lunicka, Ema28 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Овие години кои ги имаш споменато, биле години кога жената беше потчинета на мажот. Денес е друго и кажано во постот од Имелда. Некогаш тие жени ги мажеле со стројници. Тие морале се да проголтаат, зошто биле неписмени, не заработувале, живееле на туѓ трошок и морале да бидат домаќинки. Не дека тогаш немало неверства и незнам што.
    Во селото од каде што е мојата баба имало некоја млада невеста со мало бебе. Свекорот бил некој шарко, па додека мажот и бил на нива, свекорот пробал да ја ... невестата во племњата ама таа побегнала и се заклучила дома.. Видела некоја комшика и му кажала на мажот уште додека бил на нива. Тој и рекол на комшивката да и каже на невестата да не го чека жива дома. Комшивката (добронамерната вештерка) со трчање назад кај невестава и и рекла да не го чека мажот зошто ќе ја убиел. Сиротата невеста јажето на врат и оставила сираче мало.
    Споменуваш во постот, дека имале страв и срам. Е да имало. Подобро да умре одколку таков срам да доживее. Подобро да умре одколку мажот да ја убие.
    Денес никој не може да ми ја зема слободата или да влијае на мојата одлука, кога и каде да шетам. Денес јас заработувам, се образувам и носам одлуки за мојот живот.
    Подобри се овие времиња. Ако ме вара, тогаш или вратата ќе ја фати или моја желба е дали ќе му простам. Денес ако не сум невина никој нема на магаре дома да ме врати. Денес не морам да трпам свекрва и 6-7 деца. Денес јас бирам.
     
    На SV1911, Captain-Omni, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    36.825
    Пол:
    Женски
    Да си ми жива и здрава за муабетов. :clap:
    Ах, бре пусто турско што ни направи. Малку ни беа 500 години, па сега ќе ни ја трујат младинава со нивните серии.
     
    На SV1911 и nena2010 им се допаѓа ова.
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто повеќето го сметаат бракот како институција каде брачните другари треба да се затворат дома во 4 ѕида и комуникација да имаат исклучително само они меѓусебно или евентуално со мајка,татко и брат или сестра. Излегувањето во диско или во кафана не го прави човекот неморален,изневерувач или што ти ја знам.До самиот човек е,како што кажа Имелда ако некој решил да изневерува ке го стори тоа и по леб и млеко коа иде не мора во 2 сабајле во диско. Можеби токму ради ваквиот начин на размислување мегудругото младите се одлучуваат покасно да стапат во брак водејки се од добро позната мисла -Да си поживеам уште малце . Доста го претставувате бракот како оков,како затвор каде после стапувањето во истиот се затвараш дома и буљаш во 4 ѕида. За мене погнасно е коа ке ги видам детиштана што носот уште не знаат да си го избришат како блеат во диско опнати во миничи и пијани од 2 вотки до ниедно време во ноќта отколку возрасни 30 годишни луѓе кои решиле да се олабават еднаш месечно во диско и уште еднаш да се потсетат на младите денови.

    Сум излегувала и ке излегувам се додека ми држи гзот да го правам тоа без разлика дали сум во врска или во брак. Дома ко анама со престилката околу мене сигурно нема да седам. Единствено нешто во што сум сигурна е тоа што за мене секогаш дечко ми бил единствениот и без разлика кој ми улетал додека сум стоела на шанк никогаш не сум сакала ни да помислам да направам нешто и да го изневерам затоа што него сум го сакала премногу и не сум имала потреба од некој друг.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.749
    Пол:
    Женски
    Какви кафани бре! Шта че жена сама у кафану? Одма рација сосе малолетните. Берите памет морее, за греота на комшилукот. :rofl:
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Ти сама бираш, ама од друга страна сама си удираш нож во грбот ;)

    Мали сте, ќе пораснете.

    Точно, денес жената во белите земји ја има сета слобода, но што се случува од друга страна? Таа жена што ја има целата слобода оди и се ебе со обоена циганарија од Африка и Азија коишто своите жени ги третираат по европски норми како “ѓубре“. И, што е поентата тука? Исто и со Македонките коишто повеќето живеат и прават што сакаат, но од друга страна се невидено дно кога е во прашање морал и почитување кон тој што ти ја дал условно кажано слободата. Треба да ја почитуваш и надоградуваш таа култура и општество што ти дало таков живот, а не да му удираш нож во грб, затоа што самата на себе си удираш. Денес ти не мора да имаш ни снаа, ни свекрва, ни 6-7 деца, буквално ништо, но тој другиот кој е непријател твој ќе има, но ти тој твој став утре ќе немаш со што да го браниш. Немоќна си.

    Дај му слобода на еден човек за да му видиш памет, нели? Многу пати контролата се покажала како многу успешно средство за поставување некои норми во општеството.
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Не ми ја кради песната, јас знам и сам да си отидам кога ќе ми с**рчи. 1-2 салатка, чао перијатно и ај сеа рано е уште не малтретиај :P море остај и без да да нарачам знаат што да ми донесат.
    http://www.youtube.com/watch?v=_8TYSPekoH0


    Ти се појави негативизам да шириш, цинизам или турцизам или пак не знам што.
     
    На Bah и tessie им се допаѓа ова.
  14. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Таман ќе помислиш дека го заборавивме пусто турско, оп некој фосил со приказни кои му ги раскажувал дедому, дека жена треба да се контролира за да биде верна, или со други зборои тепај и е*и за друго и така не ја бива. Друже арно ама дедоти, не ти го раскажал вториот дел од приказната дека жена ако сака да те вара и катанец да и туриш ќе те вара, така да џабе се ку*чиш и филозофираш. Па да беше се под контрола како што ти викаш, голем дел од вас немаше да знаат гола жена како изгледа да не беше интернетов, него смени тоа календарот и врати се во реалност.
    Бракот е заедница на рамноправни членови и се состои од еден маж и една жена, (по ново), престанува во моментот кога кај еден или обата брачни партнери ќе исчезне љубота или ќе го загуби интересот за другиот партнер. Бракот најчесто се заснова поради љубов, а понекогаш и од одреден интерес.
    Според тоа ако не ти чини брат, не се жени, во спротивно или моли се на бога да не ти се погоди мераклика или ич не се жени.
    Тој твој филм можеш да го тераш само со овие увезениве од Албанија, кои ни таму никој е ги сака, тие се баш за таквите ко тебе, нит интернет знае нит писмо знае, таа сигурно ќе ти е верна, а убава жена за да ти биде верна треба многу повеке од филозофирање.
     
    На SV1911, okcenzi, WarriorAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.749
    Пол:
    Женски
    Еее па дури и во турско, ќе се најдела, не жена во меана, дури (пази кој безобразлук :o ) и меанџика. Но, тоа е. Шетајте си вие по кафани, валкајте образ на куќа, секирајте комшилук, ќе ви се врати (последново е 100% иронија природно). :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Daleron, nena2010 и Bah им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Лошо е кога сакаш да избегаш од една крајност па преминуваш во друга. Нема потреба да се даваат драстични примери каде жената е потчинета до степен да не излегува од дома, затоа што тоа не е реалноста ми се чини денес во Мк ниту пак излегувате сите сами кога сакате до 3 по полноќ а сте во брак, да не претеруваме. Многу млади парови што ги имам јас за пријатели ја имаат баш таа мерка што според мене е таман да се чувствуваш доволно свој, а да не заборавиш на обврските што ги имаш кон своето семејство. Затоа што сепак, брак без деца и брак со деца не е исто.
    Сите сте гласни за некаква апсолутна слобода на жената во брак, а сите сте благодарни на вашите мајки што наместо да излегуваат по цела ноќ и да спијат преку ден, биле посветени малку повеќе на семејството отколку на себе. Мирисот на добра храна, чиста постелнина, точното време кога мама или тато ќе си дојдат од работа, чувството дека имаш стабилни фигури во домот, не ви претставуваше извор на среќа и сигурност? За правилна мерка зборувам за која днешните млади имаат слобода да ја најдат, не да ти стане грижата кон семејството единствена преокупација во животот.
    Јас сум во општество во кое скоро секој втор брак завршува со развод, неверството исто распространето и тоа доаѓа од таа слобода и избор никој никого да не трпи ако не му е добро. А кога на човек слобода таква ќе му дадеш никогаш нема да му е доволно добро, и нема да се труди да поправи, туку ќе оди да бара. Се си има последици само многу е за пишување, па накратко ќе кажам-ако треба да бирам, македонски брак би избрала во секое време пред овие односи овде што ги имаат голем број од европејциве.
     
    На WarriorAngel, Dr.Strangelove, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.749
    Пол:
    Женски
    Бриџит мила, кај нас проблемот е во тоа што во огромен број на заедници, за мажот важи европејски живот, а за жената „пссст срамота е“. Различните аршини всушност и ги создаваат тие фрустрации и одење евентуално во крајност. А за него демек не е срамота што седи до 2 или три. „Еее, женет е, не е умрен.“ И јас сум против одење во крајности, но финтата не е до колку ќе седиш, туку со колку душа ќе чекаш да си одиш дома. Е тоа е валиден параметар за каков е еден заеднички живот.
     
    На SV1911, ariela09, artemidis и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    ^
    Жената тогаш нека ја искористи својата рамноправност и еманципираност за која на големо се труби да си ги среди односите дома, а не да ја користи на погрешен начин.
     
  19. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Bridget, Ако си во цивилизирано општество треба да знаеш дека тие обврски чување деца, и готвење вкусна храна не се само женска работа туку и машка. Зошто ги акцентираш само како обврска на жената, зошто не кажеш принципиелно дека луге во брак треба да седат дома и да прават деца, а не да го ставаш тој товар врз грбот на жената, а мажот може да шета, нели он е маж него му личи, така викаше баба ми.
    Грижата за семејството и домот е обострана, и секогаш ќе се спротиставам кога некој ќе ја спомне слободата на жената. Таа слобода никој не и ја дава, туку тоа е нејзино право како член на ова општество, а дали и колку ќе рага нејзин избор, и дали воопшто ќе се мажи.
    Значи, жената не е потчинета и никој ниту и дал слобода ниту пак може и смее да им ја одземе, доста со тоа дека местото на жената е дома да рага деца и да готви ручек, а мажот да изиграва Ага, како од турскине серии. Да не мислите дека и животот му го должат на мажот и дека тој има право да одлучува и за тоа? Барем комплетно да бидеме во тој филм.
     
    На SV1911, WarriorAngel, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    ^
    Кога пишував мислев на двајцата брачни партнери, но бидејќи претходно коментираа само жени, постот ми беше на некој начин обраќање повеќе кон нив. Или не си разбрал добро, или сакаш да извртиш.