Епа извини окцензи,ама мислам дека више ја претера!!! Испаѓа како ти да ја браниш оваа Јордан=Џордан како и да е,испаѓа као она жртва,а знаела дека има човекот и жена и дете,па уште се дрзна секако да збори за жена му,ајде молимти се,како она светицата! Утре може да биде твојот сакан тој "манипулатор",па незнам дали истото ќе го мислиш и збориш како сега! Не секој што ќе пише против неа,одма контра,како она не би....мислам
Пеперутче не ја бранам воопшто, туку се нервирам кога се гледа само на неа како на кривец, а најголемиот кривец се знае кој е.
Докторот ,Валерија или психолог... веќе не знам под кој друг аватар има пишувано , секогаш ја врти дискусијата кон едно нешто односно да плука како македонките се невидени ороспии кои се плескаат со црнчуги ( кај само ги најде толку црнци во Македонија ). Дали се работи за комплекси или некој подлабок психолошки проблем не знам, ама за него секогаш се криви жените ама баш за секој проблем. Или неговото омилено величање на муслиманските жени и како тие умеат да ги држат под контрола а од друга страна мрази се муслиманско. И не знам зошто воопшто се мачиме да дискутираме со него. А инаку Јордан не знам кој е твојот проблем, твојот швалер сака авантура со тебе да си разбие монотонија. Да ти не си крива што нивниот брак пропаѓа, ако не си ти ќе била некоја друга. А за пропаѓањето на твојот интегритет си крива само ти. Ако можеш да се погледнеш во огледало и да си кажеш- да јас му служам за забава за да си го обои сивилото во лошиот брак, тогаш продолжи да се гледаш со него. Не е некоја нерешлива ситуација, или ќе се цениш самата себе или нема, просто и едноставно.
Видов дека мислењата за националностите на Докторот , а и моите одговори односно цитати се избришани нема да коментирам повеќе на темата со ДР само му поставив прашање. Дали ДР си женет? Барам одговор.
Jас ќе бидам кратка. Mоже да најдете милиони причини ако сакате да оправдате неверство. A всушност причината е една и единствена аклот .
Многу сте ја извртеле темава. Од брачно неверство, на швалерки, на вината каде оди, на слободата во бракот, Македонија и црнците, до феминизам. Значи никогаш не сум знаела, а веројатно после ова некој ќе ми објасни, која е разликата од Македонка - Швеѓанка - Американка - Србинка...? Не сфаќате ли дека секоја жена си е сама за себе. Значи ова мислење што јас го пишувам не потекнува од мојата националност или религија (добро религија не мешаме затоа што таа разлика ја разбирам). Секоја жена е слободна во бракот но е вечно осудувана за она што го прави. Никој не и забранил да излезе и да се журка до кога сака одвреме-навреме. Но што се случува после тоа? После тоа иде докторот, си го вади чуканчето (онакво судиите што го имаат), и почнува да судии. Ете така функционира светот драги дами и неколку господа. Значи џабе зборувате за морал и вредности кога се е до карактер на човек и секој човек си има свое сфаќање за одредени ствари. Некој не може да сфати како функционираме во моногамија. Па затоа утре (тој човек што такво мислење има) ќе пише: Па што ако мажот со кој се гледала Џордан го направил тоа? Секој човек има такви желби одвреме-навреме. И после тоа, личностите како нас вадиме чуканчето и ајде на работа. Примеров ми беше глуп затоа што е претеран и сигурно споменат во наредните мислења надоле (или дадена како пример искористен онака како што не сакав да го искористам). Да дадеме поцивилизиран пример... Јас мислам дека жената во бракот треба да биде слободна и да оди каде сака. Ти мислиш дека жената треба да седи дома и да се грижи за семејството малку повеќе отколку што се грижи за себе. И двете мислења се во ред знаете зошто? Затоа што првото мислење сака да каже: Жената треба да биде слободна и неограничена со простор и време каде да се движи и што да прави. Ако некогаш изрази желба да отиде во кафана со другарките, никој не треба да и забрани. Но, тоа не ја лиши од грижата за семејството. Тоа е прво, основно и морално правило што треба да и биде во глава. Второто мислење сака да каже: Жената треба да заборави на животот кој го живеела кога била млада и немажена. Таа сега има нов приоритет во животот и треба да му се посвети. На прво место е семејството и грижата за него како мајка и сопруга. Но, ако некогаш се случи другарките стари да и се собираат на кафе, или ако се договорени секоја недела во 12 попладне да одат во кафич и да трачарат, никој не и забранува. Исто ако се собираат да одат во кафана еднаш месечно. Е сега тоа што вие треба да сфатите е дека жената во тие години и тој период од живот, нема време за такви работи. Значи таа нема време да отиде на фризер да си ја потскрати косата не па да оди по кафиња и да трачари. Никој не и забранува, но поради осудувањата што не знаат дали дома ја чека некој, дали децата и се дадени на чување кај свекрвата, дали се на екскурзија, дали дома ги оставила да плачат а таа кафе си пие - никој не знае но само се суди според првото и основно правило што го напоменав погоре.
Аман луѓе. Многу работи имате измешано. Брак, неверства, права на жени, морал и неморал. Имам чувство дека сакам нешто да кажам, но и јас после сево ова не знам од каде да почнам. Еве нека биде општо за бракот. Бракот е заедница меѓу двајцата партнери. Тоа според мене е лична и интимна работа. За тоа како таа заедница треба да функционира постојат милион "правила" или подобро да ги наречам препораки, но најдобро секој за себе си знае. Тоа треба да биде договор меѓу партнерите врз основа на нивните интереси и можности. Не мислам на договор напишан на хартија . Јас сум во брак. Мене целта ми е да бидеме среќни во бракот. Секаде има проблеми, секој брак имал тешки периоди, но таа заедница може да опстои само ако се има искрена желба и од двете страни за тоа. Многу е битна искреноста за решавање на проблемите, па колку и да била болна таа, и доколку се таат и потиснуваат нештата - работите нема да бидат такви како треба да бидат. А ова, како родител на пример, сметам дека важи и за односот родител - дете. Ништо не може да биде идеално само од себе. Мора да се работи на односите со луѓето. Тие се градат постојано. Неверството е широка тема. Не може само да се каже - неверство НЕ, не простувам и слично! Има различни неверства, има различни причини за неверство. И тоа треба да биде работа помеѓу инволвираните. Има неверства преку кои може да се помине и такви преку кои не. Не е целата таа приказна толку црно-бела. Вистински среќни луѓе според мене можат да бидат само искрените луѓе или, доколку има такви, тотално бескрупулозните. Затоа пак ќе повторам - основата на секоја успешна врска (љубовна, брачна, родителска, другарска) е искреноста. И се' додека луѓето немаат храброст за ова, ќе се случуваат неверства од типот кои се во темава опишувани, ќе има повредени и тажни луѓе.
А да оставиме некој да си каже искуство, случка и слично. Оти веќе од прилика сите овде си ги знаеме ставовите околу темата.
Во животот можам да поминам се со мојот сопруг... Можам на многу работи да прогледам низ прсти... Да премолчам... Да се покорам... Да се понижам... Да молам... Да глумам... Се за доброто на бракот. Ама, ако премолчам неверство, би значело дека сиот труд сум го фрлила по вода. Во оној момент кога би разбрала дека сум изневерена, би барала адвокат за бракоразводна постапка. Без око да ми трепне, си ги збирам парталите и децата и аривидерчи. За 6 години, јас и мојот сопруг, сме вложиле многу во овој брак. Сме се измениле целосно со цел да се прилагодиме еден на друг. Зошто тој би барал утеха на друго рамо? Заради секс????? Не мора ни да стапува во брак ако размислува на промена на партнерки. Секое смирување, секој убав момент од нашиот брак би го погазил со неверството. Зошто па би му била потребна тогаш, кога целото задоволство го насочил кон друга личност? За перење на чорапите или за чување на децата кои си направил. Го можам јас тоа сама без сопруг...
Ако сите луѓе кои се во брак, при првата препрека, било каква, одат да ***** некој друг, прекрасен свет тоа би бил. Постои такво нешто како разговор и постои такво нешто како развод. Не за друго туку да не го влечкаш за уши некој кој до вчера си го сакал, сте делеле живот и имаш деца со него, кои и те како се засегнати. Се останато е изговор за кукавичлак и мањак на карактер. Селфиш мач?
Јас би кажал искуство и случка што лично на мене ми се има случено но колку ќе сакате да слушате од маж
За да се искажам ке треба да пишувам со денови... А моето патешествие е до самиот крај! Никогаш не сум ни сонувал дека предавството од жена која безусловно ја сакаш цели 12 години може да те доведе до лудило да сакаш да не постоиш повеќе и да сакаш што побргу да си ја скратиш таа болка што ја чувствуваш во градите и едноставно да си посегнеш по сопствениот живот.
@gips Мислам дека убаво ти напишав во една друга тема. Повеќе те боли неверството отколку развоот. Не запаѓај само ќе помине, после тоа нов човек ќе бидеш. Омразата што ја чувствуваш према жена ти не ја фрлај врз детето и треба да си силен поради него.
Сега за сега неможам да се искажам но неискажан нема да заминам, ветувам. Ќе имате убава драма за читање. Премногу сум уништен за било што да почнам да пишувам. @Daleron знам дека ми пиша но никако неможам да не мислам на тоа. Знам дека нема да ви бидам сватлив но и после неверството јас неа сеуште ја сакам. Замина заедно со моето срце и душа. Да бидам со неа никако неможам но боли повеќе што не е со мене.Како да застанам и да бидам силен поради детето? За детето незавршени работи нема да оставам.
Потполно те разбирам. Знаеш зошто мислиш дека ја сакаш? Ја губиш и не знаеш кој крај да го фатиш, ете затоа.Што мислиш после неверството, таа да останеше со тебе? Повеќе ќе се уништите еден со друг. На секое нејзино излегување ти ќе се јадеш, каде е со кого е, тоа повеќе нема да бие брак туку мрак. Ќе се мразите еден со друг, а ќе живеете заедно и тоа не го бива. Само ме чуди неверството нејзино веднаш да го круниса со заедничко живеење. Не се грижи таа при прва прилика пак ќе го направи истото. Барем ти од таа страна ќе бидеш мирен нештата нема да се повторуваат.Ќе помине ќе видиш.
Моментот секогаш има вкус на неизлечивост, безизлезност, очај. Тој “момент“ некогаш трае година, некогаш месец, некогаш една недела. Интензитетот зависи од чувствата вложени. И добро е да се мисли дека нема излез, се` додека постои нешто што не` држи на нозе. Чувството на безизлезност e првиот чекор од одболувањето. Но, ние луѓето колку што сме неверојатно кревки, толку сме и неверојатно силни, доказ за што се и многубројните игри на животот со нас што сме ги дочекале на нозе. Возможно е да станеме тотално рамнодушни за нешто коешто ни` ја јадело душата. Жив чоек. Крвнички душмани може за десет години да се видат на иста маса како седат со еден цивилизиран меѓусебен однос. Секоја војна имала примирје. Дождот никогаш не траел бесконечно. Не се ова клишеа и бајки. Ова е реалноста на нашето постоење. Прифаќање на лошото како дел од животот, како дел од светов. Она што треба да се направи е да се прифати таа болка и достојно да се одболува, притоа не заборавајќи дека постои уште нешто за коешто човек треба да се бори. Но, никако да се поттисне. Треба да се избори човек за децата. Но и за самиот себеси. Нашиот живот продолжува. Слободата не сме си ја дале сами, за да имаме право сами да се заробуваме и да се осудуваме на живот без уште една шанса. Да ја сакаме таа втора шанса, да не мислиме дека ќе биде реприза на болното минато, а сепак од истото да научиме конструктивни работи, не работи од типот на „сите мажи/жени се...“
ЕЕЕј кај си кинисал со тоа паметот. Абре човек зарем таа вреди колку твојот живот? Да си ми блиску сега ќе те наплескам. Кога ние жените доживуваме се и сешто од мажите и продолжуваме да се бориме, вие сте слабичи. Животот е вечна борба. Излези со другари начукај се иако тоа нема да ти го реши проблемот (мислам начукувањето).Извини ама нема да дозволам некој си или некоја да ми го уништат животот, е нема да може. Мисли малку со тоа главата. Луѓе умират одеднаш со отворени очи накај децата, а ти пак! Здрав прав маж нема да издржиш.