@Daleron потполно се согласувам со тебе. @gips треба убаво да размислиш каде ќе те одведе ваквото размислување. Само ќе го уништиш сопствениот живот и ќе му направиш трауми на детето. Ниту си прв ниту последен кој се соочува со неверство. Многу луѓе биле изневерени и оставени па застанале на нозе и продолжиле со животот, а и тие имале чувства. Соземи се, биди силен и бори се за иднината на детето. Мојот сопруг ( 45 год.) со кој бев 22 години, од кои 12 во брак, за само пет минути замина онаму од каде што нема враќање. Здрав прав млад човек на раце ми умре и тоа пред детето. И покрај се јас и детето продолживме да живееме. Болката ќе си остане, спомените ќе си останат ама јас не мислам да се предавам затоа што имам мисија да го извадам детето на прав пат. Инаку да ти кажам ако имав шанса да бирам помеѓу развод и ова што ми се случи, ќе одберев развод. Затоа што детето и понатаму ќе имаше татко со кој може да има убави моменти. Затоа почни да мислиш на детето, а не на себе, не му прави дополнителни трауми и помисли дека од лошо секогаш има и полошо.
И?Ти ке си го одземеш животот,детето за навек ке го оставиш со лузна на срце а она и понатаму ке си ужива со трет со пет.Вреди ли она за такво нешто?Твојот живот бог ти го подарил и он ке одлучи кога ке ти го земе не ТИ.Ти имаш родители имаш најверојатно пријатели ,имаш дете мисли на нив. Дај мажиште си исправи се и докажи и на ххххх колку згрешила што оставила маж и дете како што сте вие,докажи си на себе си дека и без неа ти вредиш.Толку убавина во животот има а ти ради жениште ке се убиваш .Пфф море измарширај ја убаво у три лепе,земи детето и појдите некаде да се издувате.Што вика далерон да си сеа до мене ја прво би те ошамарила убаво да се отрезниш.Пиши до кај си...
нека се убие таа што изгубила маж,дете,дом и семејство...будала (извини на израз). некој што не знаел да цени и сочува тоа што го има не вреди да се жали,а ти па ке се убиваш... за инает биди посрекен од било кога .а и треба да бидеш си се спасил човеку!! глава горе,ке дојдат поубави денови кога на овие помисли ке се смееш.
Ретки се мажите кои вака патат по изгубеното. @gips знам дека ти е тешко и болно ама мора да се соочиш со стварноста.Очигледно е дека љубовта и почитувањето кај неа изумреле.Сега не вреди да се се бара кривицата.Исправи ја главата биди му достоен татко на твоето дете.И којзнае ова што се случило за какво добро е.Ти останува да го откриеш.
Ubavo ti napisale "si se spasil". Ako nesto ne odi, neodi.Eden den ke se smees na sam sebe sto si pominal vreme vo taguvanje. Zivotot e kratok, nema vreme za toa. Sekogas neka ti stoi ovaa misla od lunicka "Исправи ја главата биди му достоен татко на твоето дете.И којзнае ова што се случило за какво добро е.Ти останува да го откриеш." Bravo za lunicka.
Не дека бранам некого ама зашто одма ја напаѓате неа а него го жалите? Дека овде почнал да кука, леле жена ми ме остави 12 години ја сакав леле ќе се убијам. Ајде бе не паѓајте на такви патетики. Па и нашол на женски форум овде да плаче како слабак. Што го знаете каков бил према неа? И ја знаете приказнта? Или ајде одма емпатии ќе покажуваме. А ти господине стави си го прстот на чело дека си ТАТКО дека не си ни прв ни последен и оправи се.
тоа што си го оставила детето за подобар е*ач доволно ми зборува за неа,не ми треба друга информација нит зошто нит како.НИЕДНА ЗДРАВОРАЗУМНА МАЈКАне го прави тоа која сака нека е другата причина
Doaga do raziduvanje i voopsto nema veze koj e kriv. Vazno e taa golgota da se zavrsi. Zatoa i ke napisam "se spasile". Vo brakot nemora da ima problemi za da se razvedes. Se zimas na 25god i posle 25 ne razmisluvas isto. Ednostavno se raziduvas vo mislenjata.Rastes vo sprotiven pravec. Gubenje vreme e rascistuvanje koj e kriv koj e prav.
Луѓе, гледам спомнувате сте се зеле после 25 год не размислувате исто сте се разишле. НЕ! Некои карактерни особини биле и си стојат до карај, само кој како ќе ги истумачи. Сржта е иста, наравот, едниствено “менливо„ е како ќе го изменаџираме сето тоа и кои нови спознание и како истите ќе дозволиме да ни влијаат. Не може човек да расте во спротивен правец еден од друг-од сам старт се растело ама не се гледало. Сето тоа ти е верижна реакција и секој одговор води до сам зачеток-прашање е на себе-спознание. А за неверства, па јас сум запрепастена што толку е толерираат или премолчуваат кога ќе се дознаат заради нечиј атер.
Јас ќе бидам мн кратка. Само за момент пробај да се видиш од очите на детето. И со моите 23 години ќе ти пишувам како дете на нечии родители. Без разлика колку години има тоа дете во родителот гледа пример.Иако мислиш дека некогаш не е така,верувај секогаш е.Тоа од тебе учи,прима како сунѓер.Секоја твоја постапка и реакција. Замисли од сега да го научиш на омраза. Не е убаво. Тоа е твое најверојатно најсвето нешто кога верувам дека го сакаш многу повеќе од депресијава. Тоа треба да ги следи твоите стапки. СИте родители имале проблеми,секаде ги има.Некаде се поизразени. МОјот татко поминал баааги работи и едно само запамти: НИКОГАШ НЕ СУМ ГО ВИДЕЛА ДА ПЛАЧИ. И после толку год го прашав дали некогаш него му е тешко, а знам и осеќам дека му е. НИкогаш аама никогаш не заборавај,РОДИТЕЛИТЕ СЕ МУ СЕ НА ДЕТЕТО.Ако сопругата му ја уништила сликата за убаво семејство,немој ни под разно и ти тоа. Тоа дете треба Да има на кој ќе се потрпре,кој ќе го гушка кога ќе му е тешко. Е толку имав. АКо ме прочита прво фала а второ ваљда нешто ме разбра.
Здраво на сите! Јас редовно ги читам форумиве но до сега немам пишано. Мене лично ми се нема случено ( или немам разбрано, но мислам дека ако доволно добро го познаваш сопругот можеш да осетиш) Пред една недела разбрав за неверството на сопругата на еден наш познат бизнисмен, значи тоа што го видов на фотографии од неговата сопруга... Незнам како да опишам... Ја познавам жената, има прекрасни две дечиња, сите сме слушнале и за нејзиниот сопруг и важат за многу стабилно семејство, најтрагично е што тој знае за нејзиниот двоен живот кој веќе траел 3-4 години и ништо нема превземено. Значи не можам да разберам зошто неверство??? Ако не го сакаш сопругот/сопругата и ако веќе си решен/а да го делиш или дадеш телото на друг треба да бидеш свесен дека кога тогаш ке се дознае а после тоа страдаат оние кои најмалку заслужуваат( дечињата) затоа прво развод па после со кој/а сакаш легни... Јас ги разбирам жените кои простуваат неверство затоа што си го сакаат домот, семејството, децата, но не можам да ги разберам жените кои изневеруваат, посебно оние кои веќе имаат дом, семејство, деца... Не можам да поверувам колку вредностите на бракот и семејството се паднати. Јас за моите деца сум спремна целиот свет пешки да го изодам без капка вода и знам дека ако ( да не даде Господ) бидам изневерена нема да простам ама ке направам се за моите деца да не страдаат. Затоа еден мал совет за сите на форумот затоа што сум свесна дека на сите може да ни се случи, само главата горе, насмеани и со дечињата за раче, на крајот тие се оние за кои живееме ако партнерот го нема разбрано тоа тогаш гревот е негов а доблеста твоја затоа што и после се' сеуште имаш сила насмеана да го продолжиш животот. Поздрав до сите
Парите се пречката мила и стекнатиот имотот. Затоа живеат „заедно“. Брак по договор. Секој си прави што си сака во бракот, а глумат среќно семејство. Само како тоа ќе се одрази на децата!? Дискутабилно е многу. Познавам пар кој е во брак 25 години, а 20 години живеат двоен живот (се за пуста пара).
Точно, се за пусти пара, ама тие и да го поделат богатството и двајцата ке имаат за уште два животи а ништо да не фатат работа. Ама во право си... Пуста алчност.
Јас пак би сакала да знам кај кој психолог или псијатар одам. Што знам, можеби приватниот живот негов нема врска со работата, но ако јас одам за неверство од страна на мојот партнер, тогаш како би ме советувала ваква особа, да се разведам или и јас да изневерам? Доколку се работи за било кој др доктор ( хирург или стоматолог) тогаш би ми било сеедно. Тоа е исто како да се пазарите со некој архтект за вашата куќа, а тој неговата ја има зезнато и веќе му се срушила. Да сакам да знам за таа и таа особа, ако од неа или со неа се договарам за некоја работа или решение.
Токму така. Негова работа е да те сослуша, да ги постави вистинските прашања кои ќе те поттикнат самиот да ја пронајдеш причината за ситуацијата и да донесеш самостојна одлука. Тој само те води низ процесот на самоосознавање и не влијае врз твојата одлука. И со причина беа избришани малограѓанските клевети и обиди нечија личност и углед да бидат дискредитирани.
^ Јас знам блиска особа која е психијатар, па била изневерувана од мажот.Но таа е возрасна жена во години и размислува многу трезвено, и свесно останала во бракот заради децата. Па нејзе кога и идат такви особи гледа да помогне, бара да најдат со пациентот решение за проблем. Не ги меша таа приватното и службеното. Како доктор треба да постапуваш професионално и да не го мешаш приватниот живот и да се базираш на случки што ти се случиле.
Девојки, јас се имам изјаснето во друга тема дека сум посетувала, психолог поради загуба на блиска особа. Но кога би одела за ваква работа, тогаш навистина би сакала да знам. Е сега, јас многу добро знам како се одвиваат сеансите и како течат разгворите. Знам многу добро како психолог може да те наведе да помислиш на нешто, на кое тебе никогаш можеби не би ти текнало. И да, тој истиот психолог, денес може да не му е денот ( сепак е човек) и мене да ме наведе на нешто да помислам, кое можеби ќе ми го снеми сосема животот или бракот. Не фала. Повеќе почитувам развод одколку вакви глупирања. Сепак ова си е мое мислење и добро е што знам сега за таа особа. Мојот психолог е маж и исто разведен со две деца, што кога на една сеанса зборувавме за мојот љубовен живот, јас го прашав и ми одговори. Девојката негова дента и ја сретнав. И полесно ми беше да зборувам со тој човек за се. Што знам, каај мене ете така функционира таа работа. Еве кратки прашања до вас на кои не очекувам одговор: Дали вие го сметате за сериозен нутриционистот и неговото истражување, ако тој има 100 или 1200 кг? Дали го почитувате полицаецот кој паркирал непрописно? Дали ја почитувате бејбиситерката, доколку е агресивна кон нејзиното дете? Тоа е девојки. Ако јас сум незадоволна или огорчена од мојот брак, тогаш сметате дека би дала некој навистина корисен совет, за ист проблем како мојот? Тогаш зошто јас не би си го средила прво својот? Точно е дека приватниот живот не треба да се меша со професијата, но има исклучоци, каде овие две работи се на иста линија.
Да ти речи да се разведиш можи, а можи и да ти речи да останиш во брак (па да го колниш после тебе потешко ко ке ти е) АМА ДА ТИ РЕЧИ ТИ ДА ИЗНЕВЕРИШ? Дај молимте окцензи па тоа е ипак Психијатар, мислам ми нема логика тоа шо го зборваш ама нема везе....Тоа е твое мислење, а чек овие лекарите шо се за рак ( онколози ми се чини беа не сум сиг.), може и нив некој му починал од рак па пак мора да дава подршка....и да му дава надеж на пац. Извини ама само мислам дека не си во право
Се убаво што сакаш да знаеш податоци од личниот живот на психологот кој го посетуваш, но сметаш ли дека форумов е вистинскиот начин за да се именува и целосно да се дискредитира една личност? Од страна на лице кое екстра се зачленило само за да го напише тој пост, со информации кои се целосно непоткрепени и со огромна веројатност да се неточни и без можност странката која е засегната во целата ситуација да учествува во таа дискусија??? Ај да отвориме една тема за трач. Па ќе си пишеме која идна бебиситерка го тепала братчето, која фина девојка без кондом имала односи, кој психолог има нестабилен брак, кој молер каква болка си има... Се што знаеме, веруваме дека знаеме, сме чуле-начуле за трајко, петко да со кажеме оти утре може баш она дете ќе ни чува, ќе не советува, со синот ќе почне врска или куќа ке ни гради... Онака за секој случај да пуштаме димни бомби.