Decava denes imaat mnogu bujna fantazija,mesto da citaat lektiri,da ucat ili da pisuvaat domasna,trolat po forumi.Kraj na muabetot.
Можеби таа твоја маана излегува од некаков недостаток кој го имаш во тој брак. Таа желба сама по себеси не би се јавила без некаква причина барем јас така мислам. Обично луѓето пред да стапат во брак не ја сфаќаат сериозноста на бракот и неможат да се сносат со сите предизвици кои се појавуваат и најлесниот начин да се избегне целата ситуација е неверството, односно бегство од реалноста на некој начин го сфаќам јас. Јас немам искуство на темата брак но сум слушала многу приказни и сум се пробувала да се ставам во нивна кожа и да ги разберам но никогаш нема некого да го разбереш се додека не го почувствуваш тоа на своја кожа. Во долга врска сум и би ти признала дека и на мене ми се јавила таа желба но во моменти на слабост и немоќ да се справам со некои работи. Но не сум го направила тоа ама не сум можела да се контролирам баш така веднаш. Би се класифицирала во сајбер неверства кое е доста актуелно сега пишувања и додворувања по социјалните мрежи без физички контакти. Еден период на криза во врската го искористив да комуницирам преку социјалните мрежи дури и негов другар ми се додворуваше но ништо повеќе од тоа. Имав моменти на слабост не ни одеше и неможев да се контролирам но за среќа не направив никаква глупост. Според мене ова се појаувава кога има некаков недостаток кога мажот не те гледа на начин кој ти сакаш да бидеш гледана и кога тоа ќе го направи некој друг а не тој сфакаш дека многу тоа ти недостигало. И се така од тука ќе започни. Едноставно неможеш да се справиш така лесно а и не сакаш да направиш па и глупост за која ќе се каеш можеби цел живот. А кога веќе ти не сакаш да направиш некоја глупост избегнувај ситуации и средби со други мажи во твоја близина и замоли го твојот да не доаѓа повеќе колегата кај вас едниствено така би се извлекла некако од сето тоа.
Ах бе девојки. Ретки се оние мажи кои ќе растурат брак или долга врска поради швалерката. Јас имав 5 и пол годишна врска, од кои 4 години живеевме заедно. Тоа ти е исто како брак, само што немавме црно на бело, а и што значи на крај краишта тој лист хартија? Многу повеќе има значење (зборувам за оние кои се верници) заклетвата пред бога! ние живеевме заедно во скопје, а после 4 години јас морав да се вратам во родниот град, тој остана. 5 месеци бевме разделени во различни градови, се гледавме еднаш месечно, па и толку дали беше. И што се случи? Ми се јави неговата љубовница да ми каже да сум се тргнела на страна, неа ја сакал, со мене бил од жал, дека сме имале толку годишна врска и не било лесно да ме остави туку така. А да не зборувам за тоа што почна да ме навредува дека сум била бедна, дека таа била од скопје, а јас од провинција, сум седела во мојот смрден, скапан, заостанат град, додека таа уживала со мојот дечко ви Скопје. WoW. Голем к*р направила, што да ви кажувам, сега сите тука треба да и завидуваме, да плачеме и коси да кубеме што не сме на нејзино место. Таа скопјанката јака ( од скопското село .......... да не го наведувам кое е), и требаат 2 саата да се дрнка со градски автобус за да стигне во центарот на скопје. Нема везе настрана тоа, друго ми беше муабетот. После овај повик (девојчето се исфиллма, тежок турбо фолкер е,и изгледа ја слушала цеца "да раскинем са њом", па ми се јавила. Наредниот ден тој се нацрта кај мене да ме моли. Беше цел испогребан по лицето, рече ја истепал заради тоа што ми се јавила и што ме вреѓала, сакал да ја донеси пред мене да ме молела на колена ама не можел да вози толкав пат (до друг град) оти таа ги мавала и гребела. Јас нормално ништо не му поверував. Тој не престана да ме моли да мусе вратам, а и таа мн пати ми се јави повторно. Да таа самоуверената дека толку мн ја сака неа, таа што ми набројуваше дела и факти кои ги правел дечко ми за да и докажел колку ја сака! Е истата таа мене ме молеше да дум го убедела да се видат на 5 мин барем. Истата таа ми се жалеше дека поминал цел месец а модриците не и врвеле. Јас и реков, слободен ти е, јас не го држам да биди со тебе, ако тој не сака, јас не можам да го присилам. И така еевојката уште е очајна по него, тој уште трча по мене, јас им велам да се гонат и двајцата и така. Ете ако толку се сакаат како што кажуваше таа, толку сигурна, нека си се заедно, јас се тргнав, како што бараше. Оти не се заедно.
Ako toj ja ostavi nea za tebe sigurna da bides deka i tebe ke te ostavi za druga ima mnogu slobodni mazi neznam sto ste se fatile za zeneti ili ste nesigurni vo sebe pa sakate da si dokazete deka ste mokna i deka umeete da ukradete necij maz
kako ne ti e sram da go odvois od svoeto dete ako toj ima dete ostavi go neka si bidat srekni zaedno so zenata i ne se mesaj vo vakvi semejstva amisli stavi se ti da imas maz i nekoja da dojde da ti go zeme nemoj
Смешен одговор, ако тој е среќен во семејството нема да бара нешто на страна. И да @joy1 има право цитираш погрешна личност, сепак одговорот ти е смешен , за кого и да се работи.
не мозе да биде секој брак совршен затоа постои развод, лошо е кога имаат деца па се разделуваат , оставаат лоша меморија на тие деца посебно кога гледаат и слушаат кавги
Јас сум разведена со дете не е важно од кои причини меѓутоа детето ми расте во хармонија , а не во кавги, затоа не судете кога не сте осетиле на своја кожа.
Ги гледам коментариве и неможам да поверувам... Луѓе, работите се многу едноставни,не ги комплицирајте! Сте се запрашале некогаш можеби дека ако навистина се сакате со партнерот нема да се случи неверство помеѓу вас? Тие приказни од видот на- Ме сака, ама таа му го сврти умот па ме изневери.. Она е крива.. курва,кокошка,ќе ја истепам бла бла... се нереални! Не драги мои,кривецот не е она. Не сакам да осудувам,но сепак ќе кажам дека тој што изеневерува тој е главниот виновник за неверството! Еве ќе кажам и ситуации во коишто се нашле мои другарки и познаници за да ви ги доловам тие моменти на неверство и извлечете сами поука од нив. Имав една другарка која идеше со женет маж кој имаше и три деца. Она беше премногу млада а он постар. Кога ја прашував зошто го прави тоа,ми одговараше премногу лесно, па јас не го сакам,не ми ни значи едноставно се гледаме ради секс и толку. И навистина беше така. Она беше заљубена во друг и не придаваше толку значење на тоа дека човекот е всушност женет и со деца,едноставно не и беше гајле. Па дури до тој степен што он ако не и се јавеше за да се видат,она немаше ни да го помисли. И сега што мислите? Дека она е таа што го тера,што го манипулира,што му го руши бракот? Немојте да ме сфатите погрешно,јас нејзиното однесување не го одобрувам во никој случај,но сакам да укажам на тоа кој е всушност вистинскиот кривец за ова. На крајот девојката сепак сфати и се тргна од него. А него сеуште го гледаме со други типки надвор. Но она што најмногу ме погоди од ваквите случувања е неверството на еден мој другар ( и да ќе кажам неверство) којшто ја изневери девојката додека беа скарани и повремено разделени. Имаа долгогодишна врска и нешто се скараа но не можам да кажам дека беа као разделени засекогаш... едноставно се скараа и не зборуваа. И така тој си најде друга,си легна со неа па може и со уште многу други. Дечкото си се "изнаужива" за тој краток период додека беа скарани и после кога се смирија како ништо да не направил,чист ко солза,демек со оправдување скарани биле (раскинати). Алоооо,па што ако сте се скарале,зарем треба да го легнеш пола град. Зарем тоа оправдување (па скарани,ракинати бевме) ќе биде достојно за сите прегратки,бакнежи,солзи,радости,моменти,маки претрпени заедно?? Е тоа ме нервира... ОПРАВДУВАЊАТА ЗА НЕВЕРСТВОТО. Според мене не постои оправдување за таков чин. Ако навистина приметам дека постои несогласување меѓу партнерот и мене, или било каква дилема дали сакам или неќам да бидам со него,јас ќе му го кажам тоа и ќе раскинеме или нешто друго незнам,без разлика на последиците.Тој што си со него заслужува да ја знае вистината,на начинот на којшто е всушност,а не бесмислици како скарани бевме,или неќев она ме натера тебе те сакам. Ако сакаш некој со него ќе бидеш.
Оф мори мајко. Читам вчера на фб, пишала една “не е битно ... ( името на мажот) со која се плеска, тој пак се враќа кај мене дома“. Подоле коментар од нејзината кума ( со која не се во добри односи) “Се враќа кај тебе да го запереш и нахраниш“. Имаат две год дете. Добро жени, до кога ке се понижуваме? До кога ќе трпиме? Одговор нема. На кратко за првава особа. Ја знам добро да кажам, затоа што пред да се омажи за сегашниов, трчасе по мојот најдобар другар, односно го демнеше. Жена-оток. После го запозна овој, па сега и е золва на мојата кума. Пред да се омажи за овој, исто го демнеше сегаде, како секундарен лепак му беше и еднаш низ муабет кумава ми кажува дека таа се сложила тој да си продолжи со “ергенскиот живот“ и после бракот, само неа да ја земе. Кажуваше дека од дома и вршеле протисок да се омажи, за да не остане стара мома. А женава е моја генерација. Боже. Убава е, мила е, интересна е. Не знам зошто толку била очајна да си го зезне животот со ваков кретен. Леле девојчето какво им е прекрасно, како англече од честитките за нова год. Како тој може да продолжи бе со таков живот? Алоооо Ау не верував дека до толку им е отидена работата, ама откако го прочитав тој срамен статус на фб...........
Да се надоврзам на ова . Замисли кога жената знае дека е изневерна и кога на цела уста збори ЕПА НЕ Е ОД САПУН ДА СЕ ПОТРОШИ...ИМА И ЗА МЕНЕ. Ебате сапунот кога некоја го цади кога сака и како сака па ке ти дојде дома и ке ти продава муда за бубрези. Како имаат тие жени сила да легнат во исти кревет со неверник ?.. Па луѓе ај признајте колку глупо изгледа кога некаде на јавно место ке видиш таков пар , таа го грабнала под рака и цела озарена насмеана а тој отсутен некаде со поглед и мисли.
Не се сеќирајте многу, има еден куп такви глупачки „Каде и да оди пак кај мене ќе се врати“ Едит: Тие се само едни обични к*рви во неговиот живот.
Не велам дека така треба или така е исправно, ама зошто со осуди за изборот на животен стил на некоја личност? Мислам, 98% од нас се прилагодени на системот на вредности и шаблонот на однесување, па секогаш кога некој барем малку ќе скршне од него, ќе биде осуден. Зошто во Македонија е срамота да се биде свингер? Зошто никој не смее јавно да каже дека не сака деца или дека некое бебе му е грдо? Никој не смее да биде педер, пошто е тоа ненормално. Или да не сака да се омажи некоја девојка, таа е одма курва. Ако се слика гола за 3000 евра за списание - курва. Ако излезе на тераса по бањарка да си ги земе гаќите пружени на жица и ја види комшиката - КУРВА. Сите се курви, освен кошмиките кои оговараат. Ај сексуалните определби, ама срамота е да се биде депресивен, инвалид, слеп, глув, све е срамота и неисправно у земјава. Зошто сите мора да бидеме како штанцани, комунизмот помина, дајте им слобода на сопствените умови и желби... Ако девојката нема проблем со тоа што маж ѝ ја изневерува, тогаш зошто треба да ја осудиме или да ја жалиме? Тоа е исто како мене некој да ме жали дека јадам Нутела за појадок. Не ме жалете, супер ми е, донесете палачинки само ако веќе сакате да учествувате во мојот појадок.
Не велам дека не си во право, но навистина ми е криво за девојката, зошто имала притисок од дома, а со тоа и искривена слика за себе. Нејзините и ја ставиле таа мисла, дека е родена само за да се омажи и да има деца. Девојката е супер и заслужува многу подобро. И да во право си, не е мое да зборувам што таа треба да прави или што таа треба да сака во животот. Не знам. Ама глупо ми беше тоа што го прочитав. Згора на тоа и потсмевот на нејзината кума.
Се си оди по некои правила. Се треба да има разграничување, што е во ред а што не. Ако решиле да се ебаваат со кој ќе стигнат тогаш нека не стапуваат во брак. Зошто ти е брак во таков случај? - Мамо, кај е тато? - Со швалерката а тој кога ќе дојде јас ќе излезам со швалерот Ако е ова исто нормално како јадење Нутела, тогаш простете.... Јас изгледа живеам во некој ненормален свет
Епа невестава во случајов сама му дала зелено светло да си биде „ергенин„ така си се договориле. Он да ја земе, она му дава другата слобода. Полоши договори има за бракови, полоши мислам во тоа што јас сметам дека е лошо, нив(на било кој пар) ако им одговара нивното, и се додека не е против нечија слободна волја, нивно си е. Ама ако не го чуваат меѓу себе тој договор, па кога пишеш на фејсбук ќе јадеш сеир и не си за жалење баш кога јавно переш гаќи. Инаку капетанот не е нормален што нуди да дели Нутела, со или без донесени палачинки.
Се можам да разберам освен како некои можат да се фалат дека се со женети мажи. Што сакаат со таквата горда изјава, медал за најголема к*рва во градот ?!