Се сложувам. Нема потреба од убивање на невино бебе. Развод и нека си биде со деверот, кога веке се случила љубов.
Да бевме во америка ај остави го маж ти и оди со деверот, ама реално сме во Македонија така да абортирај го детето и заборави на се. И не знам со кој памет си дозволила да дојде до тоа. Всушност ни едниот ни другиот не ги заслужуваш кога не те бива дом да одржиш.
@marina.v. нема да те осудувам, ти така сакаш!!! Значи, самата си свесна што „беља“ си направила... А сега за да се расчисти ситуацијава единствено решение ти е абортус, развод и под итно да престанеш да се „гледаш“ со дверот!!! И секако СЕ ДА ОСТАНЕ ВО ТАЈНОСТ!!! Мажот ти, свекор ти, твоите родители... никој несмее да ја дознае вистината!!! Во спротивно ќе има многу ПРОБЛЕМИ!!! На овој начин, само ти ќе бидеш „повредената“ страна... А, за љубовта кон деверот?!? Имаш само 21 година, а веќе си имала ДВЕ „големи љубови“!?! Мислам дека си во некоја заблуда... Само си добила повеќе внимание, па си се почувствувала „сакано“... Тргни се од семејството на мажот ти!!! Не ти треба ни бегање во странство, ни врска со деверот!!! Било што било , не ги „усложнувај“ уште повеќе работите!!!
Кој брак жити се не треси зелени, нека си биде со деверот, а и таму ако еден ден не ја биде развод. Немам ниту 18 ниту 20 години туку уште малку 50 и од такви предрауди си го уништив животот. За материјалната состојба не коментирам скоро сите грешиме во тој однос. Кој те роди току паметна!? Ова е Македонија бла бла бла аман бре вонземјани ли сме.
И во Македонија има секакви случаи, така да ништо чудно веке не е денес. А СВЕСНИ СТЕ ДЕКА ЈА ТЕРАТЕ НА УБИСТВО?????????????????????? Во други теми рипате против абортус а овде одма тоа го помисливте. Дали ја прочитавте добро? Таа даде две размислувања-опции кои ги има, а ние да и помигнеме за која да се одлучи. Јас сум за таа опција да си остане со деверот кога веке чекаат бебе и се сакаат, за втората да го лаже мажот никако. Прво греота е за него, второ и таа е греота да го гледа некој ден со друга жена, додека таа му чува и расте дете итн итн итн. Девојко најпаметно ти е да си заминеш со деверот. А ако еден ден и со него не оди, ке си ја бараш среката на друго место. Нема потреба само ти да бидеш жртва во целава ситуација.
Аман луѓе не се карајте поради мене. Си ја знам тешкоста на ситуацијата и што НЕтребаше да направам ама што е тука е. Млада, сум незрела, и несеризна за брак, јасно ми е сето тоа. Имам неколку излези но ниту еден не е вистинскиот. Пред се неможам на мојот сопруг да му подметнам туѓо дете, а најмалку тоа дете да биде од брат му оти тој е прекрасен човек и не заслужува вакво нешто. Ако го направам тоа еден ден секако се ќе се дознае е тој ден работите ќе бидат многу полоши и потешки. Неможам ниту да абортирам и да се правам како ништо да не било. Па како ќе го гледам девер ми во очи? Тој човек е бесен кога ме гледа до мажот ми што ако направи проблем? Единствено тој знае за бременоста. А најмалку што можам да направам е да избегам со деверот иако најмногу од се ова го сакам. Големо разочатување би било тоа пред се за мажот ми, за моите родители, за свекор ми, пријателите за сите. И да знам дека избрзав со овој брак но и од дома ме притиснаа демек ваква шанса нема да сум нашла. Окцензи неможам да бидам со девер ми тој е брат на маж ми. Како ќе го гледам маж ми во лице? До денес со едниот, од денес со другиот. Многу загазив, премногу.
Нема потреба ние да ти судиме, познавајќи го нашиот менталитет, ќе бидеш осудена од околината и тоа од твоите најблиски. Нема правилен совет тука, секако некој ќе биде повреден и единствено ти сама знаеш што треба да направиш. Имате ли услови да избегате некаде со девер ти? Ако е студент, сте размислувале ли како ќе издржувате семејство? Штом љубов не постои секако бракот треба да заврши, ама зошто правите толку непромислени работи? Опцијата да го родиш детето и да го излажеш маж ти дека е негово, немој, во никој случај. Кога тогаш, ќе се открие се. Искрено немам паметен совет за тебе. Деца бе, многу шпански серии гледате, трчате од врска во брак непромислено па после не можеш да се справиш со последиците.
Ние да сме и помогнеле? Кои сме ние во нејзиниот живот па да и помогнеме за таква тешка ситуација. Да речеш абортус тогаш се убива невино бебе, да речеш да не му каже на мажот тогаш цел живот во лага ќе го живее....јас сепак ете реков абортус зошто сум реална и реално гледам на работите. Не е ова романтична комедија па се ќе заврши во најдобар ред. Најдобаро е да си побараш совет од другарка што те познава добро или од мајка, сестра.... Па уште и слика си оставила, и име и години и цела семејна ситуација си ја опишала, како живеете, свекрва немаш....свесна си дека некој може да те препозне? Освен ако не си трол секако, мене ова на сцена од шпанска серија ми личи.
@marina.v. , вистина се наоѓаш во сложена ситуација, но мислам дека и самата си одговори на прашањето. Штом не го сакаш твојот сопруг и не се гледаш во иднина со него среќна мислам дека разводот би бил сосем разумно решение. Но, најпрвин мора да бидеш на чисто со твоите чувства. Пошто првенствено си многу млада, а друго, и сама кажа дека оваа романса со деверот се случила сосем спонтано и неочекувано. Што треба да те доведе до прашањето, дали можеби во деверот потајно си барала утеха од таа долга пропадната врска, додека твојот сопруг бил отсутен?...Муабетот ми е, дека мора да размислиш дали ова меѓу вас е само привремена страст, или вистинска љубов? Е сега, кога би била сосем искрена, мислам дека ти грешката си ја направила уште пред да стапиш со него во брак, бидејќи во истиот никако не се влегува бидејќи само онака ти дошло. Но, од друга страна и ти не си сосем виновна, требал и деверти да помисли на брат му а не тек така да се избрзува. Но, како и да е сега е малку доцна да се зборува за сето тоа, бидејќи ти сега имаш и проблем плус. Што значи си временски ограничена со одлуката за абортус. И еве, кога станува збор за тоа, сметам дека најпаметно би било на двајцата да им кажеш, па сите заедно да донесете одлука што е најдобро. Иако познавајќи го нашиот македонски менталитет тоа тешко дека ќе профункционира, ама јас мислам дека вреди да се потрудиш ако мажот ти е добар човек, а воедно досега бил коректен и искрен со тебе. Или трета опција, можеби малку егоистична и неправедна..Да не кажеш никому, и да го абортираш детето во клиника, притоа однесувајќи се како ништо да не се случило. Еве на пример јас кога би била на твое место, за доброто на цело семејство би се одлучила на тој чекор, но само ако увидам дека нема простор за изнаоѓање решение.
Велиш сега не си можела да го гледаш маж ти во лице и да бидеш со деверот. А како го гледаше претходно кога во уште неизладена постела во која сте биле со брат му, легнуваше да спие тој после работа? Претходно спомна опција да му го подметнеш детето на сопругот, а не се запрашуваш како би реагирал на тоа деверот кога сега збеснува кога те гледа со него. Како би му било да слуша како неговото дете му вика тато на друг човек, на чичко му? Ти не знаеш што сакаш, никој не сакаш, ти си изгубена во вселената. Си прекинала претходна врска со изговор за разлика од годините, поради добрата прилика. т.е. сегашниот брак. Не ги ставај во уста твоите, никој не може да те натера да направиш нешто што не сакаш, ако и ти не се согласуваш со истото. Кажи си убаво, убаво ти беше, пензии две, си лежиш, си уживаш, милина. Ама пустото, и внимание си треба а? Мажот во смени на работа, се труди да донесе уште повеќе приходи, да не ти фали ништо, ама ти тоа не го цениш. Па се најде тука девер ти, кој којзнае од какви психолошки причини посакувал да го има тоа што му припаѓа на неговиот брат. Па плус знаејќи ја ситуацијата дозволил да направи дете. Сигурно е помал и од тебе, и со недоволно сексуално искуство штом направил ваков кикс. Не знам како се гледаш во огледало искрено. И се надевам дека податоците за тебе во воведниот пост не се точни, бидејќи ако е така, даваш сосема доволно информации за да бидеш лоцирана- Марина, 21год, мажена, свекор и девер, свекрва почината, две пензии од кои една германска, претседател на пензионери, куќа на три спрата, маж што оди на 3 смени на работа- свесна ли си дека ова го читаат десетици илјади жени? Совет нема, сега ќе треба да одговараш и да ги сносиш последиците од своите постапли.
Епа Марина извини ама требало да мислиш претходно што и како ќе биде,пред да се осудиш и со брат му да легнеш а не сега седиш на два стола,како и да е ќе паднеш,што и да се решиш,се разбира ако ти е точна приказнава ако не си фантазираш,бидејќи така ми изгледа.....
Videte ne deka sme za abortus vo bukvalna smisla no vo slucajov ova e neplanirana bremenost a i plus se raboti za za neverstvo na soprugot so negoviot brat i kako toa daj da go objasnime. Jas samo sakav so sovet a be kako sto nekoj svati deka osuduvam da bese ao nekoj drug nema da bese tolku bolno no so deverot e navistina mn bolno. Znaci mora da se raVede ili dokolku ne saka razvod neka abortira zasto da lazi cel zivot ednas ke se doznae nemoze dase krie cel zivot. Ne e fer kon covekot i samata kaza deka e dusa. A za ljubov toa e menlvo mislam deka si se prepustila na emociite i znaes samata deka e greska bidi fer i donesi pravilna odluka bez da povredes nekogo ke bides blagodarna za cel zivot veruvaj Za toa nemoj da izbrzuvas so odluka za koja ke zales cel zivot i nikogas ne moze da dojde kako sto bilo
Знаеш што дај боже животот да ти е мед и млеко само тоа ти поскувам.Зошто да ми срам и мене и на овааааааааааааааааааааа како што ја нарекуваш, за се има решение, ти Дева Марија да не си случајно???????????
Ти одговорив соодветно на твоето реплицирање а за тоа дали сум дева марија или не нема да дискутирам на таа тема зашто гледам дека бранис позиции
Лелее ова мислев го има само на филм! Ме асоцира на Бихтер&Бехлул и кутриот Аднан... Незнам што да ти речам освен Господ да ти е напомош...зш ваквите серии обично немаат убав крај
Не си само ти крива, и девер ти е крив, исто колку тебе. Чаре за толку голема работа на форум не се бара, ќе има совети, ама многу е деликатна ситуацијава, и ретко кој доживеал вакво нешто па да ти даде совет од искуство. Да беше за некој друг, ај некако, ама за братот на мт.... ретка појава е.
Од страна гледано секој брак е добар, убав, совршен ама ретко каде е така. Да ме видите со мм од страна никогаш не би помислиле дека јас би нешто со некој друг а најмалку со брат му ама само јас си знам како е. Вистина е дека не бев ни воопшто подготвена за брак ама во тој момент свесно не размислував, и моите ме притиснаа како немало да најдам друга таква прилика и се омажив. И ете година и три месеци тераме некако, не е лош човек, имаме брак на едно завидно ниво ама џабе кога не го сакам затоа и несакав деца со него. Размислувам за опција да му кажам на девер ми како не сум бремена, како грешка сум сфатила или дека сум го излажала нешто, да абортирам и да се тргнам настрана од сите да се вработам и да почнам нов живот. Мислам дека додека е време, додека никој не дознал за оваа матка работа се да се заврши. Да не беше брат на мм работата ќе беше друга ама вака и тие за гуша ќе се фатат, познавајќи го девер ми ова нема да заврши добро.
Тоа се случува кога се мажите, а уште сте деца. Една година помала од мене, а една ипол година во брак. Па уште и домаќинка била. Ни ти, ни твоите, ни детето со кое се моташ по дома немате мозок. Ова не се нормални работи, ако дознае маж ти, ќе биде уништен. Неговите најблиски луѓе му направиле такво нешто позади грб. Бегај од таа фамилија, земи учи нешто и осамостои се, зашто вака ништо нема да направиш.