Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. marina.v.

    marina.v. Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Девер ми не е дете туку има 20 години, мислам дека нема потреба од вакви невкусни коментари.
    Побарав совет и мислење не осуди и навреди.
    И свесна сум дека згрешив, да не бев свесна немаше да пишам овде.
    Не ми се бара совет од роднини и пријатели оти ги знаете луѓето при прва прилика ќе ве наклеветат и оп ќе се рашири муабет.
     
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    20 години е дете и во никој случај не е спремен за да има своја фамилија.
    И сигурно никој нема да ти каже браво што си останала трудна со брат му на маж ти.
    Не ти мислам ништо лошо, само мислам дека треба да се тргнеш некое време од двајцата.
    Не може некој на форум да ти каже дали да абортираш или не, тоа е сериозна одлука која мораш да ја донесеш самата.
     
    На butterfly6223, Viktorijaaa5, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Не сакаш да се рашири муабет, а свесна си дека си пишала на еден од најмасоните форуми во земјава притоа оставајќи име, слика, години ?
    Не бил дете, 20 години имал....не е дете туку детиште и не сте нормални ни тој ни ти.
    За осудување си, а ако не сакаш осуди и навреди тогаш на мајка ти кажувај и да те теши.
    Ако читаш овде коментари може да те заболи.
     
    На zalosna, Vertigo TJ, alisijad и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. marina.v.

    marina.v. Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    МНогу ми е гајле нека ме дознае кој сака веќе. И онака ми е смачено од се нека дознае цел свет дека сум спиела со помладиот брат на мажот ми, нека дознаат сите и нека заврши се. Подобро тоа отколку секој ден да се будам со помислата што ако дознае овој човек до мене, а сепак знам дека го сакам брат му. И едвај чекам да замине на работа за да останам сама со брат му. Аман веќе амаан.
     
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Абе како не е дете? И ти со 21 си дете.... уствари деца сте сите тројца, затоа и до ова дереџе сте дошле. Уште од деца се земаат, семејство си играат, ко ова да е филм, и после пу пу не важи.
    Дали знаеш ти што значи БРАК? Ти пред попот и матичното си дала заклетва, тоа е сериозна работа, иако повеќето не го сфаќате така. Уште свекор ти фали во тријаголникот ваш љубовен. Си направила НЕВКУСНА работа, а не сакаш НЕВКУСНИ коментари. Извини на погрубите зборови, ама не може да треба да напаѓаме и осудуваме мажи кои изневерувале во темава, а ти како жена, БРАВО да ти кажеме.
    Гледај таму реши си ги работите со време, нека не ве дознаваат сите за циркузите дома што ви се дешаваат. Ако си се омажила без љубов, и самоволно си влегла во брак без љубов, требало да си свесна за последиците и да се помириш со тоа дека живееш со маж што не го сакаш. Тоа не е оправдување за тоа што го направи... сигурно никој нож не ти стави под грло за да се омажиш.
     
    На ANGIE1, zarah, zalosna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Зрело.
    Ептен ни покажа дека не си дете.
     
    На cresa-jagoda, Saricko, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Марина, а дали е фер сопругот да дознае од други? Што подразбираш под ова нека заврши се?
    Ова не е сон, нема да прекине само од себе.

    Имајте барем доблест и кажете му вие, верувам барем толку заслужил.
    Колку години е тој? Претпоставувам е над 25-26.

    Сигурна ли си дека го сакаш брат му и не е ова моментална заслепеност?
    Мене повеќе ме загрижува психата на брат му, како се дрзнал да повлече таков потег, да се пушти на снаа му?
    Каков е нивниот меѓусебен однос? Каква е неговата љубовна историја?
    Дали ова е можеби само некоја негова болна потреба да му наштети на братот?

    Ова не е едноставно, напротив.
     
    На cresa-jagoda, bittersweet, butterfly4 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Дете,имаш ли семејство, мајка, татко, имаш ли храброст нив да им кажеш што си направила? Ако добиеш подршка од нив прави што мислиш дека е најпаметно. Што и да одлучиш, ќе биде болно за некој, ти сама одбери што е најбезболно.
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    А и сигурно да не дошло до ова дереџе,да останеш бремена од помалиот брат на маж ти,гарант би си ја продолжила оваа фарса се додека не ти помине меракот,или пак деверот си најде девојка,а ти ќе си бараш друга жртва понатака...искрено жал ми е за маж ти,не го заслужува ова!!

    п.с Годините не се никакво мерило за оваа незрелост,некои и на 35 размислуваат како за 20 и обратно:!:
     
  10. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    6.069
    Пол:
    Женски
    Кога веќе знаеш дека не го сакаш маж ти зошто не се разведеш ?!
    Според мене тоа е најдобро решение.
    Ако веќе тој е толку добар не заслужува да го лажеш, на крај краева ти си 21 година цел живот е пред тебе.
     
  11. marina.v.

    marina.v. Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Го сакам, сигурна сум ова не трае од вчера туку со месеци. Во брак сум година и три месеци а околу 4-5 месеци веќе со девер ми ко бајаги се гледаме. Не сум тинејџерка од 15 години па да ми биде тој симпатија. Да беше опсесија ќе поминеше, ама ете не е . И неможам што да му кажам на мажот ми? Извини ама бремена сум од брат ти. Човекот ќе се поремети.
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.019
    Допаѓања:
    328.078
    Пол:
    Женски
    Кај го најде девер ти,кај се запусте жено.Уништуваш една цела фамилија.Мн незгодна ситуација.
    И да избегаш со девер ти не верувам дека тоа добро ке заврши.Пак маж ти ке биде повреден,пак таму некаде во психата ке ве гризе совеста.Не заборавај Господ е голем и ништо чудно еден ден да ви наплати за ова.
    И да признаеш на маж ти..пак ништо.Кавги,караници,кој знае уште што не .
    Ке речам..ај да го изневереше со друг.Па да признаеш,да се соземете,да ова,да она..мош ке се смиривте пак ама БРАТ МУ??
    Не и не,не оправдувам.
    Тоа не ми мириса на добар крај...
     
    На deskarada, butterfly4, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Страшно! Вашата глупост и бесчувствителност со голема веројатност имаат потенцијал да уништат неколку животи. Браво! Што друго да ти кажам. Ќе ги упропастиш маж ти, свекорот, твоите родители... а многу веројатно после некое време и твојот и животот на детиштето кое без размислување легна во постелата на брат му.
    Ако имаш барем малку рационалност во себе ќе го абортираш ова дете и ќе се изгубиш од животот на маж ти и неговата фамилија. Млада си, по неколку години кога ќе созрееш ќе изградиш нов живот и ќе ја оставиш оваа глупост зад себе.
     
    На referentka и joy1 им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.836
    Допаѓања:
    101.334
    Пол:
    Женски
    Ах, @marina.v. ...
    Дете што си направила???Си дозволила да те наговорат и притиснат да се омажиш за добра прилика,а се ми се чини дека оваа врска со деверот започнала како еден вид очаен обид да покажеш дека ТИ можеш да направиш нешто САМА.
    Си направила ама што...
    Сега џабе е да се прашуваме како и зошто се случило,а згора на се и плодот е тука.
    Јас да сум на твое место би абортирала, би се развела и би се молела тајната да остане тука.Зашто во Македонијава ќе бидеш заверена со печат дека си без совест и карактер.Само прашањето е како девер ти ќе го прифати тоа ,да не направи некој налудничав потег.За сопругот не знам што човек е ,дали назрел дека си се омажила за него за статус а немало ни грам љубов.Мислам дека на него ќе му биде најтешко зашто го изгубил братот (ова го кажувам ако дознае за врската меѓу вас,и да остане присебен да не ве читаме во црна хроника) и жената и семејството.
    За тебе дете само нов почеток,нова средина.Дали ќе бидеш со едно или две деца не знам...врската со деверот не гледам дека ќе успее.Мажите подоцна созреваат и како ќе се носи тој со овој товар,:shake:.
    Мислам дека треба во моментов да го избереш најтешкиот пат,зашто само тој е правилен ако постои такво нешто во моментов..Ако останеш во брак и го поплочуваш со лаги,нема да биде ништо.
     
    На anichka94, Nausicaa, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  15. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Чекај малце Маринче, СТОП!!!!!!!!
    Зошто си толку сигурна дека бебето е на деверот , а не на сопругот ???? Со сопругот немате односи или имате заштитени односи???? Ова јас не го разбрав, искрено.....
     
  16. marina.v.

    marina.v. Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Имаме односи но не свршува во мене, затоа што не планираме бебе тоест јас несакам.
    Му го имам кажано тоа отворено барем за сега не бебе, па за натаму ќе видиме и тој се согласи.
     
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Кажа веќе, со мажот имале заштитени односи, оти не сакала дете со него, а со деверот не внимавале.
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.019
    Допаѓања:
    328.078
    Пол:
    Женски
    Ама битно си дозволила деверот да ти сврши!!
     
  19. marina.v.

    marina.v. Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Аман бе луѓе ме читате ли вие мене воопшто или само ме осудувате?
    Незнам главата веќе кај ми е, ај бремена сум и да не се нервирам и со вас.
    Илјада пати повторив дека сум свесна за својата грешка и дека барам некој совет од вас. Сигурно не очекувам некој да ми рече да продолжам да се .. со девер ми. Ќе го избегнувам максимално, се додека не најдам начин да земам пари од сопругот за абортус и потоа да зборувам со него за развод
     
  20. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    А што ако мажот ти погрешил или намерно го направил тоа ??? Си размислила ли за ова мила ?
     
    На Nausicaa и okcenzi им се допаѓа ова.