За ова немам размислено. Но ете незнам, постои ли некој начин додека сум бремена да проверам чие е детето? И намерно да е мажот ми незнае дека сум бремена. Ако свршил во мене може да останам бремена, ама може и не, нели?
Па нормално бе душичке , истото важи и за двајцата.. Може и двајцата да свршиле во тебе, само не можеш да знаеш чие семе се фатило. Единствена твоја грешка е што си му кажала на деверот за бременоста. Си избрзала, а не си размислила за оваа можност што ти ја спомнав.....
@marina.v. за неродено дете не знам дали може да се открие кој е таткото. Ама преголем ризик ти е,ти повторно сакаш да ја играш играта-што би било кога би било... Тргни се од двајцата и размисли сама...без да чекаш да го испратиш мажот на работа а деверот да ти се вовлече во кревет.
Мене по се изгледа најарно ќе ми биде да абортирам, да најдам работа и да се разведам. Да започнам живот некаде настрана без да ми се меша никој. Сепак фала на сите. Бегањето со девер ми не беше најдобра опција, дури сега сфатив.
Појди на доктор и прашај го: Извинете докторе, дали може да ми направите тест или било што за да знам дали бебето е од маж ми или од девер ми? Чисто информативно да знам. Не дека сум спиела со деверот, туку онака ете преку воздух да не се фатило.... нешто сме блиски во последно време.
Само незнам како ќе реагира дотичниот девер на ова. Мажот ми спие, лаптопот е во мене а дотичниот е излезен. Ако се врати рано сигурно ќе го бара лаптопот и тогаш ќе се обидам да поразговарам со него. Ќе му кажам дека било грешка не сум била бремена туку проладена и толку, нека си мисли што сака. Знам дека е грешка да абортирам, против абортусот сум ама и да се разведам зарем мажот ми нема да дознае дека сум родила дете? Ќе мисли дека е негово, па илјада прашања зошто замина, па моите, па татко му па илјада проблеми. Зарем нема да сака да го гледа тоа дете? А девер ми? И како да растам тоа дете? Утре кога ќе праша кој му е татко што ќе му кажам? Некои грешки прескапо ги плаќаме, дури сега сфатив.
Постои. Во истражувачкиот центар за генетичко инженерство и биотехнологија на МАНУ се проверува. Али за веке родено дете цената е 300 евра. За неродено сигурно е повеке. А може и во институтот за судска медицина.
Она што јас го сакам е да бидам со девер ми и нашето дете, но тоа е невозможно. Јасно ви е дека сум неизживеана. Мислам на тоа дека навистина млада се омажив на само 20 години со две врски пред мене и некако што знам немав некое искуство на љубовно поле и тешко може човек така да расуди што е добро, а што лошо за него. Да се работеше за некој друг маж работата ќе беше комплицирана ама не волку. Ќе разговарав со сопругот и ќе се разведев и ќе си бев со тој другиот ама како што кажав многу си ги искомплицирав животот и тоа несвесно. На почеток ми беше убаво како занесена тинејџерка која ги испраќа мама и тато на работа за да дојде дечко и на гости ама откога разбрав дека сум бремена се разбудив од сонот.
Не знaм кoјa си и штo си, нo мене ми се чини ти сaкaш нечиј oбрaз дa oцрниш вo јaвнoст. Нaмернo ти се oстaвени сите пoдaтoци oвде, зa нa некoјa Мaринa живoтoт дa и гo зaгoрчиш? Другa причинa зa пoдaтoциве не знaм. Јaс дa сум мoдерaтoр би ти гo избришaлa првиoт пoст или бaр личните ствaри штo ги пишувaш. Кaкo не ви е срaм вaкa дa си игрaте сo туѓи живoти?
И јас помислив ова, ама кога и кажаа дека сите можат да ја видат сликата, ја тргна. Не знам како може некој да е до тој степен невнимателен.
А зошто да оцрнам нечиј живот??? избриши ги податоците ако сакаш не ми пречи. Но намерно постот е подолг и напишав во детали за врз основа на тоа да можете да ми дадете совет за да нема прашања од типот зошто вака, зошто онака, зошто ова, зошто она и слично. За имате некоја појасна слика за мојата ситуација и да добијам ваше мислење. Но откако е сето тоа прочитано и сум свесна како треба да постапам може да се избришат и сите постови не ми пречи во никој случај,
Во луѓето не остана ни страв ни страм никаков поќе,кој страм која смелост да го гледаш деверот на таков начин па и тој тебе,искрено само што прочитав ми се згади...Не вие 2та не све за осудвање туку за жалење све... Што и да направите и да избегате и да останите среќата за вас врз толку туѓа НЕСРЕЌА ќе биди само фантазија...@marina.v. Како планирате да бидите среќни после све што му направивте на мажот ти?Без ниаков страм и совест му го уништивте животот на детето,да не се сотреа мажите и жените за вас ужас,човек повеќе ни на сопствениот брат неможи да верува а камоли на друг очај...
Многу сте несериозни и се зафракавате со мене а јас овде маки мачам. Ама не рекле за џабе додека не ти се случи незнаеш како е.