Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Ниедно дете не заслужува да има трауми поради грешките на своите родители. Но во твојата ситуација, не е толку страшен бакнежот колку што е страшно што таа сеуште не го заборавила тој маж. Тоа е проблемот. Ти ќе потиснеш емоции, ќе се бориш самиот со себе си, но што ако дојде денот кога таа ќе реши дека ти не си доволен за да таа биде среќна? Детето ќе биде поголемо и потрауматизирано. Не сакам да изигравам Ванѓа и да ти прорекнувам судбина. Само ќе ти посакам среќа...
     
    На samovila.red. и Workaholic им се допаѓа ова.
  2. Workaholic

    Workaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Најчудно е што во минатото немала ништо со него, сега, во брак, одеднаш има храброст да го направи тоа. Дали можеби е охрабрена од другарка што има брак со маж од друга вера незнам, не сакам да преудицирам, едноставно незнам што да правам, неможам да сфатам каде јас згрешив, ако згрешив уопште...
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Останал неостварена желба, можеби страв за осуда од околината, а сега има параван-тебе, зад кој може да се скрие. И да не си ја случајно „фатил“ на дело, можеби ќе имало уште средби, можеби ќе немало да остане само на бакнеж, можеби...имало и нешто повеќе...можеби и немало....можеби ќе се повтори...можеби нема...Ти треба да живееш со тоа можеби...ако ме сфаќаш што сакам да кажам...
     
    На samovila.red. и Luna91 им се допаѓа ова.
  4. Workaholic

    Workaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Се плашам да помислам што би било доколку не ја прекинев ситуацијата... “Можеби“ ќе остане да ме прогонува..
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Сигурен си дека ја прекина???????????????
     
    На Captain-Omni, crimson и Nausicaa им се допаѓа ова.
  6. Workaholic

    Workaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    100% сум сигурен дека да, али неможам да изигравам џандар цело време, тоа ме напиња...
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Извини ама разводот е за луѓе, ане џандар да изигруваш.
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Избрзана реакција! Си требал малку да кочиш, си дознал, си требал да го пратиш нејзиното однесување, нејзиното излегување и тогаш да дојдеш до нешто поконкретно. А вака, „можеби“ ќе ти стане дел од секојдневието. За некого и тоа што досега се случило е премногу. Види, колку и да не сакаш да си признаеш, оттука натаму ти веќе ќе станеш џандар, затоа што секоја ситуација што ќе следи после оваа, несвесно ќе те тера да ја контролираш, поради изгубената доверба. Си направил избор, си замижил, пак ќе ти кажам, ако тебе не те повредува до тој степен се што се случило,прости и, премногу ја сакаш што е очигледно од напишаното и не сакаш да ја изгубиш.
     
    На samovila.red., Luna91, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Workaholic

    Workaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    И јас мислев дека е избрзана реакција, но сепак сфатив дека подобро е вака, пошо обавезно ќе сум напраел огромна фрка и ќотеци ако сум фатил на лице место.. Испомешано ми е во глава...
     
  10. Dalida♡

    Dalida♡ Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    @Workaholic
    Сакаш да кажеш дека жената те изневерила, и + се бацила со некој од друга вера,што го сакала на времето, и ти згора на се разговараше со него и очекуваш да ти ја каже вистината, и си и простил на жената само поради вашето заедничко дете.Иди бре не ме зезај .
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Workaholic

    Workaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    За жал, да...
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Женaтa се пoтсетилa нa бившa љубoв, се бaкнaлa еднaш сo
    негo, му признaлa, се пoкaјaлa, тoј и oпрoстил, и нaместo дa дoбие пoфaлбa штo зрелo изреaгирaл, вие ќе гo нaпрaвите тoкмaк зa жaлење. Кoјa е вистинскaтa реaкцијa, ќoтек, пaртaлите низ врaтa и зaкaнa декa дететo немa дa гo види? Не се 16 гoдини. Зa се мoже дa се рaзгoвaрa, мирнo дa се реши, дa се признaaт слaбoсти и дa се oпрoсти. Дaли ќе биде пoлoшo или пoдoбрo пoсле тoa требa дa се види, не мoжеме ние дa знaеме штo ќе биде и кaкo ќе се oдвивaaт рaбoтите нa личнoсти кoи вooпштo не ги пoзнaвaме.
     
    На ArmaniCode, SV1911, samovila.red. и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Dalida♡

    Dalida♡ Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Да бе така е тоа ќе се потсетувам на старата љубов и ќе трчам да го бацувам, секако дека он си знае што понатака, само најголемо измачување е да живееш во сомнеж, и од кај да знае он дека во некоја наредна криза,она нема пак да отиде да се бацува со бившиот за да си се утеши
     
    На Priroden, zalosna, samovila.red. и 2 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    101.420
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе ме плаши тоа што таа не ставила крај на тоа што поминало.Што е тоа што ја натерало да му се врати,макар и за бакнеж,кој и не е така мало оправдување.
    Изгледа сенката од минатото е поголема од сонцето во вашиот брак.И не знам зошто го спомна финансискиот проблем,како можна причина што таа отишла во негова прегратка.
    Си го прашал дали имале нешто повеќе?:^) Не разбирам зошто комуницираш со него,зарем бараш оправдување до кај стигнале и дали и ја пикнал раката под сукња.И те одоброволи тоа што ти кажал дека имало само бакннеж?Мислам стварно...
    Не велам дека треба одма да отидеш кај адвокат,гледам дека си спремен и си поминал преку ова.Ти веќе си ја презел улогата на преварен маж.Само како ќе ја играш во иднина не знам.Искрено се надевам дека ова ќе биде единствен проблем со кој ќе се сретнете.И таа да сфати дека е во брак и дека не може вечно да ти набива рогови.
     
    На samovila.red., zalosna, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    A како би реагирал ти доколку улогите беа обратни? Доколку ти си бацил некоја друга и жена ти разбрала? Би сакал ли нова шанса? И ако ја добиеш таа нова шанса би ја прокоцкаа ли? По мое мислење дај и друга шанса. Ако бракот ваш и значи и те сака тебе, сака да биде со тебе таа никогаш повеќе нема да го направи тоа. Згрешила еднаш и се кае нема да го повтори. А доколку го повтори пак значи не и е гајле ако те изгуби.
     
    На samovila.red. и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  16. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    A како би реагирал ти доколку улогите беа обратни? Доколку ти си бацил некоја друга и жена ти разбрала? Би сакал ли нова шанса? И ако ја добиеш таа нова шанса би ја прокоцкаа ли? По мое мислење дај и друга шанса. Ако бракот ваш и значи и те сака тебе, сака да биде со тебе таа никогаш повеќе нема да го направи тоа. Згрешила еднаш и се кае нема да го повтори. А доколку го повтори пак значи не и е гајле ако те изгуби.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Workaholic

    Workaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Сигурен сум дека немало ништо повеќе од бакнеж, и типот не и бил бифши туку некој што го сакала порано, и сега и текнало на него, баш кога не бев тука (испланирано де). Единствено ме плаши до каде би одело сето ова доколку не прекинев на самиот почеток... Типот вика дека не сакал да се гледа пошо незнаел дека била мажена, посран у гаќи беше. Се најдов со него без она да знае, месец дена после дешавката, он и звонеше пред мене, она не се јави и ми се јави одма мене да ми каже дека ја барал... Незнам веќе што да мислам, и дадов втора шанса, и следам како се одвиваат работите.
     
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Најпрвин, жал ми е за ситуацијата во која си се нашол. Понатаму, знам дека ќе спиеш на увото на мирот, ама жена ти не се бакнала само со прељубникот, сигурно имала секс. Тоа е стандардна шема за намалување на тензијата, сите изневерени мажи некако полесно го прифаќаат емотивното неверство отколку физичкото. Кај жените е комплетно обратно, жените прифаќаат и простуваат секс без чувства, но не и емотивно врзување на мажот со друга жена. Мажите, пак, за изневерување не ни сметаат кога жена им мисли на друг маж додека мастурбира, но ако им се случи секс со некој друг, тогаш е многу сериозно. Овие го знаеле тоа, па играле на карта „полесно ќе прости ако мисли дека немаме секс и ќе можеме и понатаму да се гледаме“.

    Сега, за да те изневери жена ти, морало да има повод и причина. Причината е јасна, не си ѝ посветил доволно внимание и таа побарала внимание на друго место. Не велам дека си виновен за тоа, но бракот не е лесен, човек треба да биде свесен и да стори надчовечки напори да биде добар сопружник. Немој да ја обвинуваш неа за нечесност, зашто ти си бил @Workaholic и тоа го убило твојот брак.

    Немој, исто така, да спиеш на увото на безгрижноста дека жена ти повеќе не се плетка со тој тип, ниту со други. Ќе го прави тоа и понатаму доколку не сториш нешто околу тоа да биде задоволна. Никој не сака да живее во ропство на сопствениот ум, а нејзиниот ум секојдневно ѝ кажува дека не е среќна.
     
    На Priroden, CameliaMiller, samovila.red. и 6 други им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Јас неможам да се согласам баш со мислењето на @Captain-Omni и да ја бараме причината за најзиното неверство. Нема доволно добра причина или оправдување за неверство.
    Мажот не и обрнувал внимание и таа сега што треба да прави, да му се фрли на првиот во кревет? Брак е, сериозна работа е, седни разговарај. @Workaholic работи две работи за да овозможи пристоен живот на семејството и наместо кога ќе дојде дома да добие љубов, внимание, топлина и разбирање од жената таа го изневерува... Тоа е одвратно, јас никако неможам да оправдам неверство, секој проблем може да се реши, а начинот на решавање никако неможе да се постигне со тоа што едниот ќе направи неверство.

    Постои шанса да имале и нешто повеќе од бакнеж но да не навлегуваме во тоа ние вака од страна, зошто веројатноста е пола пола, повеќе боли фактот дека таа сеуште го нема преболено своето минато. Тоа е она што ја натерално да се навраќа на минатото и да си бара непреболени љубови, навистина одвратно.
    Морам да ти кажам дека си многу храбар, тоа што се случило не е воопшто лесно за простување, остај што ќе мораш сеа да ја контролираш кај оди што оди туку ќе мораш да живееш и со сомнежот дека потајно таа пати по друг, дека не те сака тебе туку дека си има непреболена љубов. Едно е да простиш што се бакнала со некој, а сосема друго да живееш со помисла дека имаш жена која има непреболена љубов од минатото.

    Мал совет, седни и разговарај со неа ако не си го направил тоа сеуште. Прашај ја дали сеуште има чувства кон тој човек, ако има пушти ја, разведете се, подобро е детето да има разведени родители одколку да има родители кои не се сакаат и да живее во семејство каде што проблемите ќе бидат секој ден присутни.
    Кажи и дека си подготвен да и дадеш развод доколку повеќе сака да биде со тој човек одколку со тебе. Можеби и таа е во бунило и незнае што сака, но незнам зошто тогаш воопшто влегувала во брак ако имала незавршени работи со друг човек... Си се повредила себе, а сега и тебе.
    Подобро е ова да го расчистиш одколку да живееш со сомнежи, со текот на времето сомнежите ќе те изедат и ќе биде само полошо.
     
    На Priroden, samovila.red., bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  20. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    97
    Доколку детето е момче, направете си и едно девојче и решен проблем!
    Понатаму може и трето здравје, па паричен надоместок ќе имате. :) :) :)
    Се шегувам, но само половина шега е!
    Седнете, поразговарајте, видете на што сте. Ти си во предност во случајов, да се разбереме. Ќе имаш џокер во рацете за во иднина. ;)
    Не мора да имало физички ништо, доволна е самата помисла. Некој може ,,да Ве изневерува" целото време додека е до Вас. До мислите и мозокот е. До отсуството на погледот е. До мали, ситни нешта. Размисли убаво и процени си. Вреди ли? (На крајот на краиштата ќе ти кажам едно нешто што ми го кажа еден возрасен, мудар човек - само будала остава жена за жена и обратното. Се надевам добро ќе ме разбереш.)