1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    Јас ти се воодушевувам на храброста и големината да простиш и да продолжиш понатака...Малкумина тоа го можат...Јас не верувам дека мојот сопруг би ми простил...Не верувам дека и јас него...Иако може тоа да биде најбаналната работа...Интересен разговор на ФБ, некое испиено кафе и несигурен бакнеж, колку ете да се излезе од секојдневието...Ништо повеќе...И ти дур си во тие моменти знаеш дека ништо не чувствуваш за таа личност, ама ете ѓаволот те тера...Забранети туѓи слатки работа....Верувам дека целото човештво се почестило со нив...Живи луѓе...Се случува...
    Но ако се дознае не секој може да пројде низ тоа...Еве јас велам за мене, најверојатно не...Но сум направила муабетче со бившиот на фб...Па боже мој, но мојот сопруг не го менувам за никој друг...
    Голем чекор, верувам дека било ситница......Ти најдобро си знаеш што и како било...Јас те подржувам...Не вреди за едно ништо да изгубиш се.... Жената кога ќе се заљуби во друг, не умее да крие...Се гледа од височина...Се најубаво...
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    @Workaholic Искрено да ти каже тебе баба Рада,да си ми ти маж и да разберам дека како путка под кошуља плачеш и се жалиш, па и совети бараш од женски форумџики, носам дома во кревет не еден туку тројца мажи оддеднаш и сите туто комплето голи ке те чекаме да се вратиш од работа!! Подобро запрашај се кај си ја утнал и каде си затаил во сексот,во исполнување на брачните обврски,оти задоволена жена не изневерува.
     
    На Priroden, vesne и Petar80 им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Навстина? А ако беше обратно?
     
    На Ekstaza, Kiflicka05 и Maceto123 им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Обратно мислиш мене маж ми да ме вара???Па сигурно дека со најблиската другарка ке правев моабет,нејзе ке и се лигавев а потоа ке си најдев некој батка сто ми се допаѓа да ме психички и физички смири и утеши а после ке седнам да размислувам са компромиси или развод или....
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    @baba Rada многу ми е интересно вака кога ќе пише некој, знаеш како што звучи?
    Звучи ко оправдување за секоја жена што изневерува. Душата таа, маж и не ја задоволувал па ајде таа нека му рипне на првиот во кревет.
    Ухх бе, да видам мажите вака да ви прават па дали тогаш ќе речете „Јас си бев крива, јас не го задоволував доволно, затоа што задоволен маж не изневерува„.
    Па уште го коментираш како некој слабуш да е, па пола мажи од Скопјево може вода да му носат за храброста што и покрај тоа што ја фатил во неверство ја примил пак дома, за тоа треба храброст!
     
    На MacenceEna, senza.parole, Lilit и 16 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    не е тоа храброст, тоа е психијатриски случај,треба да оди на проучување и анализирање.....па затоа дошол на овој форум инаку машкине ке се паѓаат од смеење.Дај молимте не гледајте многу филмови,,,,
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Она-тој ме изневерил, па јас ке го пречекам во кревет со тројца според мене е глупост.
    Враќањето не е начин да се покаже дека некој згрешил.
    Ние сме БАЛКАН и тоа кај нас не пали !
     
    На samovila.red., joy1 и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  8. Twins2007

    Twins2007 Нов член

    Се зачлени на:
    17 април 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Изневерувањето не е во физичкото задоволство туку многу подлабоко.Кога некој се решил на таков чекор па макар и да размислува или кафе да испие со поранешната љубов значи дека нешто не е во ред во бракот. Многу повеќе боли кога знаеш дека другата страна само и помислила да те замени со некој друг/а .Јас не би можела да се помирам со тоа и секој ден да го проаѓам со тој човек кога знам дека веќе не сум му на прво место.А богами човеков многу пристојно изреагирал,јас ова да му го приредам на мојот сопруг нема лесно да помине преку тоа,море воопшто нема да помине.
     
    На kjukli, De-lovely и joy1 им се допаѓа ова.
  9. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Е па не приредувај ништо односно не се ни обидувај. Но некогаш мирна вода брег руши
     
  10. Twins2007

    Twins2007 Нов член

    Се зачлени на:
    17 април 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Не ни имам намера,туку поентата ми е беше друго ама кој сфати добро.
     
    На Ane.a, joy1, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Занемари ги мислењата погоре каде што велат дека ти си крив што те изневерила. Ама и нека не те чуди... тие со такво мислење изневеруваат, мора да си најдат оправдување.

    Јас сум за да и дадеш шанса, ама ако навистина се кае. Ама следно, макар и најмала грешка со друг маж, одма документи спремни за развод.
     
    На Wahnsinn, Ekstaza, samovila.red. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Другар дај и шанса само ако и ти некогаш си ја изневерил но ако ти си и бил верен а она те изневерила незнам подразмисли малку. За секое првпат има ај бе ми прости ќе пробам уште еднаш.
    Инаку околу причините дека си ти виновен што те изневерила не се согласувам и не се обвинувај.
     
  13. Workaholic

    Workaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Ситуацијата е разрешена, фала на сите за искрените мислења, напраивме мубает со жена ми - што/како, ги разрешив сите дилеми. Дефинитивно немало секс, што беше пресудно дали ќе останеме во брак или не, и цврсто сум убеден дека е така, поради ред докази и слично. Повеќе од година дена нема никаков повод за да љубоморам, сум изреагирал на време и жена ми е комплетно сменета и воопшто не помислува да го направи истото, бидејќи за глупост може да изгуби се, нешто што го сфатила после оваа ситуација. Исто така типот уште кога дознав лани го фатив за гуша и се колне дека немало ништо, дека било само еден обичен бакнеж, ќе заборавел све, го избришал бројот и вика да бидам сигурен дека немало ништо. Не беше лесно да се прости, а и гледам има некои што мислат дек сум бил слабак сум барал мислење на женски форум, меѓутоа не сум тука за некој да ме осудува, нека си даде мислење и тоа е тоа. Жена ми ме сака уште како првиот ден, јас неа незнам, ваљда да, и случката ќе ја заборавиме како една дамка во нашиот брак што се надевам во иднина ќе се исчисти. Од друга страна, имам џокер во рака, што можам да го искористам во било кој период, но не и да го злоубпотребам де. Ова што изигравам слабак на форумов, ми помогна да ја разрешам целата ситуација, и да не мислам повеќе на тоа. Ви благодарам на сите за мислењата, ако се разведам некад ќе пишам :)
    Поздрав до сите, особено до некои форумџики што преку ПП ми дадоа доста корисни совети, надвор од дискусијава на темава.
     
    На CameliaMiller, MacenceEna, vesne и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Нека е за убаво другар фино штом си ја разрешил проблематиката но едно само во образложувањево не ми се допаѓа зашто типот со тоа го фатив за врат зошто секогаш другиот го обвинуваме тука проблемот бил меѓу тебе и женати немало потреба со типот да си се пресметуваш разрешницата е помежу двајцата сопружници ова е само како моја ете да кажам мисла. Инаку баш фино штом сте се разбрале.
     
    На Lilit, Captain-Omni, Ekstaza и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Bilka1

    Bilka1 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    ne znam kako da pocnam, imam decko 8 godini go izneveriv znam deka e grev , se sluci nema nazad, dozna se i jas se mu priznav, sega se trudime da ja spasime vrskata , mnogu raboti se prepletkani me klade na test dali ke ja vratam doverbata kaj nego... sto da pravam?
     
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Мислам дека после 8 год,забавување, нормално и људски е да се посака промена..за мене не си направила грев,сите сме грешници на земјава,ти требало ново доживување,освежување,па аман бе кој век сме,зарем треба да се откажуваме од некои страсти во име на некаков си грев?Јас би се оставила со типит на мирен и пријателски начин,одвојте се малку,видете како ке оди....кој може мене да ме стави на тест проба,па не сум машина за перење,свашта...млади а толку со заостанати сфакања!!
     
    На strejt му/ѝ се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    За да биде брачно неверство треба да си во брак, туку како и да е довербата никогаш нема да ја вратиш и никогаш нема да ви биде врската иста како што била претходно. Сигурно и тој ќе ти го направи истото што ти си му го направила да ти врати за да осетиш како е.
    Доверба! Тоа ги учам секојдневно моите деца, дека со години довербата се гради, а може да се изгуби за секунда. Не сме ни свесни каква моќ има довербата, ама не секој знае да ја цени.
     
    На Daleron, samovila.red., TIGARCE86 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    91.641
    Пол:
    Женски
    Никогаш ништо нема да биде како порано верувај ... и да останете заедно и да мислиш дека се е променето кога најмалку ќе очекуваш ќе ти спомене дека си го изневерила,ќе те навраќа на минатото секогаш кога најмалку ќе се надеваш.
    Довербата се гради со години а се губи за секунда за жал :)
     
    На crazylady, Annath, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    На тој тест на кој си ставена ке трае цел живот.
    Довербата назад нема да се врати.
    Според мене и двајцата си го губите времето.
    Колку човек да е широкоглед и да знае да простува, не верувам дека неверство се заборава.
    Ако останете заедно, очекувај на секоја наредна грешка или пропуст да ти го наметнува на врат стореното.
    Барем јас еве немам сретнато изневерен кој простил и заборавил.
     
    На Daleron, samovila.red., okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Има една поговорка која би ја искористил обострано и за машки и за женски род иако е во женски род несакам да бидам сватен навредливо но вака гласи `` Која кучка јаде маст ќе јаде и стап`` се надевам ќе бидам сватен.
    Така да ризикот од петминутното слатко ќе си го сноси секој кој го посакува а тестови местови само како што кажа Референтка си одолговлекувате и ќе се измачувате. И мислам дека штом со него еднаш си посакала друг како задоволство ќе има уште еднаш па уште еднаш и така (мое мислење).