Верувам уште повеќе си ги открила Г-точките за кои не си знаела дека постојат кај тебе. Ајде темава може да продолжи во нормален ред, нема да ја спамирам освен ако вие жените не ме влечете за јазик или нешто друго.
@NightBreaker Не се сложувам целосно со тебе, но сепак се сложувам дека во брак не се трча уште на 20 години со никакво искуство и подоцна проблеми. Не се сложувам затоа што, да, како што прочитав имаше коментари дека не сите на 26-27 се зрели, ниту пак тие на 35-40. Сепак, се работи за идивидуа и секој со својот памет. Јас не сум мажена прерано ми е и не мислам на таква работа уште сега, но поентата ми беше дека има и среќни бракови кои се случиле на 20-23/34 години Што се однедува до неверствата, читам и малце ми е непријатно од женскиов пол какви „кучки“ (без навреда) можеме да бидеме. Јас сум во врска, имам прекрасен дечко на кој што максимално му верувам бидејќи се знаеме многу години. Доколку некогаш бидам во брак, доколку има проблеми и недоразбирања, неверството би била последната работа што ја направила. Бидејќи неверството не ги олеснува проблемите, напротив ги отежнува. Сепак сме луѓе и проблемите наједноставно се решаваат со збор, а доколку зборот не помага тогаш постои развод. Достоинствено разведи се, па после среќата барајте си ја со другите
Тогаш за кој таков се склучува бракот? И јас викам дека не сме моногамни, и никој нема да забрани да биде некој со некој, океј е. И темава подразбира да го изневеруваш партнерот (или тој тебе), значи однесување кое е непожелно за еден од двајцата, отстапка од договорот. Ако партнерите се договориле да имаат други сексуални партнери, тогаш тоа воопшто и не е неверство Окци, аман бе со шахов
Majstore majstoreeeeee dusava mi ja razboleeee , kazi sto mi stori srce sto me boli majstoreeee majstoreeeee , ili kako sto bi rekla ti majstorce sto raboti vo sosedstvoto Bez navreda gledaj si go deteto , ne obrnuvaj vnimanie na drugite , ti si majka , ne ti dolikuva da se smekas so mladi majstorcinja , bidejki majstorcinjata bi te zemale samo za provod a ne za zena , malku grubo ali vistinito , gledaj si go deteto i ne saraj naokolu !
Во се се согласувам со постов само со последното може некои заради децата но повеќето поради несамосталност нема каде да одат неможат или несмеат да се вратат дома а најмногу од страв и несигурност да не останат сами
Со тоа што си се заљубила во друг веќе си го изневерила и мислам поболно е за другата страна отколку да си имала обичен секс од страст секако и двете болат би те советувала да постапиш разумно ако твојот маж постапува лошо со тебе ако имаш морална подршка остави го и да влезеш во врска со друг само повеќе ќе патиш постои опасност да те искористи и да те отфрли најчесто мажите од нашиот крај се со таков менталитет ке те гледа како дроља што го изневерува мажот тоа нема да ти го каже сигурно ке биде културен заводник со тебе кога ке ги задоволи своите машки апетити извесно време ке те откачи тоа се случи на моја другарка баш сега не велам секогаш е така ама во 99% случаеви реткост е да те засака не дека нешто тебе ти фали едноставно машките не се вљубуваат во жена која ја делат со друг
Ме мачи подолго време еден проблем, иако не е поврзан лично со мене. Се работи за мојот прв братучед. Има 30 години, додека жена му е некаде 28 или 29. Во брак се веќе 5-6 години, но претходно беа во долга врска од 8 години можеби. Имаат две машки дечиња, едното е 6 годинки а другото е малечко нема ни 6 месеци. Жена му, е премногу мила, и добра да не кажам на моменти и глупава од што е добра. Има и такви моменти кога знае да тресне некоја ептен глупава работа што се запрашуваш дали тоа е навистина зрела жена или дете од 14 години. Братучед ми делува како строг во секој поглед, и неретко се случува кога се на гости кај нас да и пререче во смисла колку си глупава ( што мене ми е една од најужасните карактеристики кај било кого, навреди во јавност ). Зошто го пишувам сето ова? Пред неколку месеци открив дека има фејсбук, со малку изменето име, значи не целосно со име и презиме. И кога ја прашав онака од страна жена му она ми вика нема он фејсбук мрази такви работи. Го прочепкав фејсбукот и во пријатели ја нема жена му, ама затоа си има доста дрољици, значи мнооогу помлади девојки, од околу 17 па нагоре, и тоа значи со апла курвински слики, претежно се србинки. Неговите слики се сите во дискотека со пијачка и телефон во рака, и со другари. Нема слика но со жена му ни со децата. Освен тоа постојано е означен по кафани и дискотеки со другарите. За овие излегувања претпоставувам дека жена му знае, и додека он се журка она дома чува две деца. За разлика од него жена му скоро сите слики и се со него ( со братучед ми) и со дечињата. Многу пати се случувало да седне додека е кај мене на дејсбук и слободно да ме викне да ми покаже што има на почетна, дури и си ги отвараше пораките пред мене, очигледно нема што да крие, сите муабети и беа со жени и другарки на нејзина возраст, или роднини. За разлика од неа, братучед ми, пред некое време си купи нов мобилен, и додека беше кај нас случајно го извади од џеб, и нели јак телефон го запрашав колку го зема што како и он да ми го покаже го отклучува и оп му се отвара фејсбукот, најверојатно затоа што му останал отворен кога го заклучил телефонот. На почетна колку што успеав да видам, имаше слики само од девојкиве дрољасти и тоа која од која поголи, во провокативни пози на плажа по купаќи. Сето ова ми падна чудно, на момент помислив и дека мати нешто човеков али не реков на никој ништо. Пред два дена дознавам, му се фалел на татко ми, (вујко му) дека додека бил во Србија ( оди постојано де Гуча, де на Лесковачка скара де не знам што, ама сигурно 3-4 пати во годината) нашол за евтини пари курви И тоа уште почнал да ги опишува колку биле јаки, млади убави згодни и не знам што, м и се згрози најискрено. Приметиле најверојатно и дедо ми и баба ми и дојдоа да му речат на татко ми демек дај да го седнеме и да почнеме да му збориме да се тргне од тој пат. За сето ова жена му појма нема. Знам дека како помала, покрај повозрасни ( татко ми мајка ми баба ми и дедо ми ) не е моја работа да се мешам. Ама не знаете колку ми паѓа жал за жена му Ме интересира ваше мислење, дали можеби има излез од ситуацијава, братучед ми да престане со глупостите, без притоа никој да биде повреден? Или пак можеби треба да се каже и на жена му? Баш вечерва беа на гости кај нас и не знаете колку гадно се осеќав што знам нешто и и го кријам. Од друга страна пак се работи за брак, и не би сакала утре ден да бидам јас таа што поттикнала да се распадне истиот. Да напоменам друштвото му е исто такво, постојано се пијанчат по кафани дремат до 4-5 сабајле додека жените им се дома. Иако се во брак се однесуваат како да се тинејџери, па претпоставувам дека и они имаат некое влијание на него.
Таквите мажи не се менуваат никогаш. И немој да се мешаш, не е твоја работа, и брат да ти е, камо ли братучед. Јас знам за ваков случај, и тоа луѓето ми беа комшии, живееја под мене. Жената добрица, домаќинка, две дечиња, дома секогаш зготвено исчистено, плус и работеше. Мажот нон стоп со друштво и по курви. Она го фаќаше на дело неколку пати, и стално му прогледуваше низ прсти. Последниот пат и скисна. Си ги собра парталите и си замина. Среде ноќ ги слушав како се тепаат и караат, врискаа луѓево, не се симнав доле ниту повикав полиција колку и да ми се стегаше срцево од жал. Затоа што тоа не е моја работа. Може ќе си ја решат, може она ќе го пријави, како што и беше случајот. Немој никогаш да се мешаш помеѓу двајца сопружници. Она знае сигурно, ама мижи и се прави дека незнае. Кога ќе и пукне филмот ќе си отиде. Сама ќе реши кога. Не треба вие да се мешате.
Јас не сум за да се стои на страна. Треба малку повеке притисок од фамилијата. Под притисок мислам на совети, зборувања, ако треба и благи опомени. Не велам дека треба ти тоа да го правиш, туку ете татко ти, дедо ти итн.
Мислиш ќе ги послуша? Не верувам. Не е тоа човек што ете во афект си ја изневерил жена си еднаш. Овој нон стоп оди по курви. Таквите не се менуваат. Нема никогаш да се сменат. Јас не би се мешала, ниту би советувала било кој да се меша. Нивниот брак е нивна работа. Жената е сигурно доволно возрасна да знае што се случува наоколу и сигурно знае за ФБ профилот на кој што другарите нон стоп го тагираат, од проста причина што најверојатно самата сопруга на својот профил ги има другарите од сопругот. Ама тоа е најмалку битно. Неможе да незнае дека ја изневерува. Секоја жена знае. Е сега најверојатно оваа жена решила да трпи. До кога ќе трпи нивна работа, и ничија друга. Таков брак е секако осуден на пропаст и несреќа. Ако сакаат 20 стринки и стриковци нека се вмешаат џабе е.
И тоа што викаш. Не му било прв пат. А и постојано си ја навредува жената... Зошто ваквите воопшто се женат?
За да изиграваат владетели, господари и да демонстрираат сила. Јас незнам и жениве што гледаат пред да се мажат, навистина. Ама тоа е, 8 години врска предходно, луѓето затоа се мажат, често и без љубов од навика, да не рече народот ете одеа по свадби заедно и по веселби, сега се скараа. И најчесто поради тоа бидува.
Ве читам и се чудам, кога некоја жена фалите, велите дека таа е супер, дека дома секогаш и е чисто зготвен ручек.... а демек тој е лошиот одел по курви. Понекогаш помислувам дека пишуваат жени во години или од некои забутани села каде е битно само жената да е вредна низ дома. Луѓе мои, 21 век сме кого уште му е битно жената да е вредна низ дома а мажот на работа и да носи пари? Луѓето а посебно жените веќе се освестија дека и они заслужуваат внимание, дека и они треба да уживаат во кревет а не како во времето на баба ми ќе и се качи мажот ќе го истрњсе а дали она ужива никој не ја прашува. Мој совет до сите а посебно на жените, уживајте во животот и трудете се од него да го добиете најдоброто затоа што никој нема да ви каже фала затоа што сте биле верни. Изневерувајте доколку мислите дека не го добивате најдоброто од вашиот партнер или доколку мислите дека неговиот максимум не ви е доволен но секогаш правете го тоа со стил. Никогаш не дозволувајте да бидете ефтина и сите да знаат дека го изневерувате, правете го тоа дискретно. Јас не сум мажена и не можам да кажам дека сум изневерила но знам дека многу мажи ѓи изневериле своите жени со мене затоа што не им пружале доволно внимание и пред се затоа што имале бариери во сексот. Мој совет, мажот ќе ви прости и никогаш нема да ве изневери ако не го дадете својот максимум во кујна или околу чистењето, но никогаш нема да ви прости ако сте дрво во кревет,,ве боли глава" или имате бариери и предрасуди. Бидете најголемата ороспија за својот маж и бидете сигурни дека никогаш нема да ве изневери.
Многу работи што напиша, 90% се точни,и се согласувам дека не треба да сме дрва во спална, но од оној момент додека не осетиш дека си во блажена состојба, тоа менува се,и погледите се други, бар така јас мислам..
Офффф, тешка ситуација е тоа. Мој совет е да не се мешаш. И ке се испокараат и ќе се смират и пак ќе бидат заедно, а во очите на СИТЕ ќе бидеш иницијатор. Она за дрва во кревет е точно....за пегланото, праното, зготвеното никој ,петка,, не ти пише, ама за дрво во кревет одма ,,кец,, следи.Нема оправдување - уморна сум, глава боли, деца плачат...мора да се најде време и начин за страста да гори дома. И јас стојам на таа теза дека тој што тргнал по курварлук таков ќе се ,,искине,, и готово. Ама барем дискретно нека биде. Што сатисфакција е на ФБ слики да лепиш, ама пусто нели рекле ,,ако не се пофалиш исто како да си е*ел,, Познавам многу жени кои знаат дека се изневерени, ама се итрици и знаат како да го свртат дома мажот. Научиле дека е ку*вар и дека е ебиветер, ама цуц-муц, циле-миле, си ги врткаат и бракот се одржува. Знам дека не е тоа начин, ама ако нема друг излез...
Симонче јас знам како се чуствуваш, знам и дека не ти е сеедно, збунета си и огорчена но би ти препорачала и јас да не се мешаш бидејки може оваа ситуација да излезе од колосек, сите да се вмешаат и да настанат кавги кои што подоцна ќе те направат уште по огорчена, а секако ти ќе бидеш во очите на другите иницијаторот и подбуцнувачот за проблемите во нечиј брак. Да ти кажам само дека таков човек не се менува, мене ми е многу гадно кога ќе прочитам или ќе дознаам вакви приказни каде што мажот е се само не вистински маж, го фатил втор пубертет човекот и мисли дека се што лета се јаде, мисли дека е голем фраер и му се може се, но тој всушност во очите на другите ќе биде само еден инсфрустриран и комплексиран копук кој што не умее со животот и со фамилијата што ја има. Сељак со тапија. Може еден ден ќе се кае за сето ова но нивниот брак нема да биде ништо од она што бил, штета за жената и дечињата што ќе мораат да ја трпат оваа малограѓанштина и недоличност од негова страна. И јас сметам дека жената може не се ама знае нешто, затоа остави и тргни се на настрана, ако некој треба да реагира во овој комплексен проблем тогаш тоа не си ти ни најмалку. Ако жена му мижи со сила денес не си ти онаа која што треба да и соопшти ваков шок, па од кај знаеш како им е на нив во куќи? Од каде знаеш како живеат тие? Какив карактер се?итн.. не знаеш како би можеле да реагираат на овој шок затоа тргну се настрана за да подоцна не си направиш поголеми проблеми на тебе а и на жената. Како така ќе си го решат тие проблемот, секакви работи не се кажуваат на човека не знаеш како ќе те свати како ќе реагира и слично, не си ставај здрава нога в дупка. Оваа ситуација најверојатно нема да остане цел живот вака, порано или подоцна вистината излегува на површина па да така оној копук ако мисли дека "успел во животот", ќе се најде некој и нешто да го тресне од земја, животот забавува но не заборава!
Јас сум за да и кажеш на жена му, тргнувам од мене ако некогаш имам маж и тој ме изневерува би сакала да го знам тоа. А тој не само што ја изневерува туку и се фали со тоа, ја прави поголема будала. Башка жената е млада и не заслужува целата младост да ја потроши на таков човек.