Па тоа е ваш начин на справување со досадата во бракот, но игнорирањево на еден со друг, за мене кажува многу за тоа колку се почитувате со партнерот. Што ќе ми е брачен другар кој ме игнорира ?
Eve konkretno jas podobar soprug i podobar tatko za moevo dete nemase da najdam pa da barav i stoo god.mene mi e interesno da se cepkam koga toj si sednuva na komp.sto mu e nekakvo si hobi da si go razbistri umot,a spored ova sto go citam ovde vnimanieto,ljubovta i pocitta sto jas ja dobivam mnogu od vas ne mozat ni da ja zamislat
Никој не рече дека не игнорира,меѓутоа не може,а и не сакам да е залепен цело време до мене..Тоа не значи дека не се почитуваме и не се сакаме..
^ Ова чат ви е? Ако имате нешто салам да кажете арно, ако не, олабавете ја темата и пишувајте си во лични пораки.
Изневерувањето во бракот или во некоја врска е зачестена реалност во денешното време. Либералните мислења и нашите постапки го сменија светот што за нас беше реалност неодамна. Како сведоци на тој рапиден процес нашето мислење околу тоа ке биде поделено. Да беше пред едно 15-20 години и поназад сите тука ке осудувавме секого за прељуба во брак. Но, што е тука е. Моето мислење во врска со ова е поделено. Поделено на начин што од една страна сум за долготрајните бракови поради фатот што тие влијаат позитивно над нашите деца и здравото општество. Но од друга страна стојам зад одлуката да ако во некој брак едниот од партнерите или пак двајцата сметаат и се чуствуваат несреќни и неисполнети и дека тој брак не е достоен за зачувување, да се оконча. Од тука, се поставува прашањето дали вреди да бидеме кон себеси нечесни. Што сакам да кажам со ова... Прељубата физичка(секс без обврски) како и ментална(да сте со некого а да мислите на други) додека сме во брак за некои луге е авантура, за некои возбуда или пак нужна потреба за менување на сексуален партнер.(whatever) Потребата од тоа да биде скриено и да остане тајна е јасна. Да ... се слагам дека на тој начин кога сме скриени се чуствуваме безбедни и неранливи. Но, дали таа наша постапка не води кон криење од самите себеси всушост и кои сме ние а и која е нашата улога во тој брак или врската? Значи, зборот ми беше дека ако веке навистина не оди, треба да се разведеме-раскинеме а потоа да си бараме нова љубов-нов сексуален партнер. На тој начин личната сатисфакцијата е присутна и потполна.
Сакам да ти дадам целосна поддршка, се согласувам во целост со твоите ставови. Ми се чини дека претежно ставовите на мнозинството овде водат кон некое идеализирање на бракот. Као ако не е се под конец во бракот, ако негде нешто не штима, мора прво отворен разговор за проблемите и ако не може да се решат така подобро развод отколку „лажен брак“. Но, не е се така во реалноста. Поради X причини. Не викам дека не постојат совршени бракови, каде што партнерите никогаш не се довеле во ситуација да згрешат, но сигурен сум дека се ретки. Моето искуство... во брак сум долго, 15+ години. Се земавме од љубов, се функционираше како треба, што све немаме поминато заедно. Секогаш сме биле тука еден за друг, сме поминале и добро и лошо. Ја сакав и уште ја сакам и почитувам како првиот ден. Не сум заљубен како кога се земавме, но алал да им е на тие што можат да тераат толку долго. Мислам дека живееме еден нормален, функционален брак. Веќе монотон. Имаме дете кое и двајцата го сакаме најмногу на свет. Тоа ми е на прво место, па по него сопругата. Искрено, не помисулував на неверство од тој тип до пред некоја година. Но, сега некако нешто се прекрши во мене. Немам некоја конкретна прилика за „излет“, не сум го направил тоа сеуште (барем сум немал секс), но расчистив со себе дека сакам, што би рекле децава денес „да се смувам“ со некоја. Значи, не ми текна само онака, ај сега сакам. Долго време се мачев и имав дилеми дали е исправно или не. Не ми паѓа ни на крај памет да разговарам со неа за ова или не дај Боже да се разведувам. Ако имам прилика, би ја искористил (веројатно да пишував на темаве пред едно 4-5 години ќе имав друг став). Дали би и простил неа неверство. Искрено, авантура би простил без око да ми трепне. Не дека не би ме повредило сознанието, но одамна имам расчистено со тоа дека сме заедно затоа што и двајцата така сакаме и дека не се поседуваме еден со друг ексклузивно. Ако и се пружила прилика за тавко нешто и ја искористила, кој сум јас да и замерувам, кога би го направил истото. Искрено, не би сакал бламирања, швалери, караници. Во тој случај, развод е веројатно подобро решение. Но, како што кажа госпоѓата што ја цитирав, да му приредам таков шок на детето, да му го срушам целиот свет затоа што „мама и тато малце си здосадиле“ или се освестиле на „стари“ години дека згрешиле, не, никогаш. Поточно, не барем до полнолетство. За понатаму, здравје.
Mac sakav da te prasam mene mi sluci maz mi me izneveri so druga. No nea ja pushtil pak so mene e jas sum so nego veke 6 god. U brak I imame kerkicka veke edna godinka Od mi rece deka so nejze ne e poveke ama jas ne mozam da go veruvam i devojkata so bese so nego i Ona znaela deka e so mene po tvoe mislinjne mislis deka gotovo e pomegu niv ?
Идеално и совршено ништо на светов нема па ни брак идеален нема.Значи НЕМА. Но тоа не значи дека баш ради тоа што не постои такво нешто треба да се разуздаме и да правиме што ни текне.Факт е дека заљубеноста не е иста како на почетокот на врската кога со душа чекаш порака или позив од партнерот и после неколку години кога веке се станува на некој начин навика и взаемна почит.На крајот од денот со тој човек си затоа што сте на иста бранова должина,имате сличен (значи сличен а не ист) начин на размислување и слични погледи во животот. Сите се менуваме како проагаат годините ,како физички така и емоционално сите созреваме на некој начин без разлика дали тоа е приметно и драстично или суптилно во некои навидум мали и минорни работи.Се тече се се менува па така и лугето.Ако на 20 години нешто било ок за мене ,определено однесување сум го сметала за ок не значи дека сега на 30 го имам истото мислење или на 40 дека ке го имам истото мислење кое го имам на 30 години. Но,никој не може да се смени од корен до непрепознатливост.Сите си ги знаеме партнерите какви ни биле кога сме биле во врска со нив ,и кога веке како такви сме ги прифатиле и сме се сложиле да го поминеме остатокот од животот со нив ,нема што после да кукаме -Ама ја не очекував дека ваков ке биде кога ке се земеме или ваква ке бидеме кога ке ја оженам. Љубовните авантури се интересни кога си помлад и не искусен па сакаш да пробаш повеке работи за да осознаеш што е најдобро за тебе .Веке изградена личност која знае што со себе и што сака а пред се неизмерно го сака својот партнер никогаш ама никогаш нема да посегне по некој друг ,одговорно ви тврдам.
Јас не можам да тврдам, но мислам дека повеќето мажи не ги изневериле жените затоа што и немале прилика за тоа. Знам како разговараме во друштво кога сме без жени и помине некоја атрактивна жена/девојка. Тоа не е прилика, но што ако баш некоја таква се заинаети? Колку би можел да одолева мажот? Кога си во брак со годините страста спласнува и некако сите се навикнуваме на тоа. Но, што ако влета нешто ново што ќе ја разбуди страста? Не сакам да ме разберете погрешно, не заговарам разврат, но се е полесно дома, во семејна атмосфера, нема предизвици, жена, деца, се си има некој ритам фатено и се си тера. Но, ми се чини дека поголемиот дел од мажите посакуваат некаква авантура, но од разни причини не го прават тоа (да не ја повредат сопругата/семејството, други стравови, од немање прилика, итн).
Sakam da znam kako sto rece deka i bese se najubavo so nego no ja napusti bidejki e mazen i deka ima deca. Ja imam istata slucka samo sakam da znam dali i Ona ke se trgne od nego koga veke znae se za nego deka ima zena i dete.