Ги прочитав последните 7-8 страни и гледам @problematicni извршила неверство, вие ја советувате, а таа кутрата не знае која страна да фати, но повеќе влече накај и од колегата. По тој повод предлагам да се отвори тема “Брачно советувалиште“. Озбилно го мислам ова, ќе се постави некој брачен проблем и ќе уследат зилион совети, па еден мора да се погоди како што треба. @problematicni не си трол, така? Мислам дека не си. На која возраст си ако не е тајна? Не ќе да е midlife crisis ова што го правиш. Едноставно си занемарена од маж ти па затоа си во позицијата во која си. Епа кога мажот ти е муле друг се радува на тебе. Ако си млада во 30-ти или 40-ти сигурно дека сакаш внимание, нежност и секс кои како што викаш не ги добиваш од маж ти, но ги добиваш од колегата од работа. Иако појма немам за реалната состојба, мислам дека си во дисфункционален брак. Брак само на хартија. Можеби е најдобро развод и да си ја земеш судбината и среќата во свои раце. Ако финансиски зависиш од мажот ти тогаш мораш да седиш со него, додека реално седнуваш врз друг маж. Тоа е живот, секакви ситуации има, секој со својата судбина. Си избрала да бидеш среќна (колку толку) и неверна, отколку верна и несреќна. Само Господ може да ти суди тоа ќе кажам, ние овде нагаѓаме и мислиме намерно вараш, а всушност си несреќна, па мораш да го наоѓаш надвор од бракот тоа што не можеш да го најдеш во бракот. Ти си знаеш што е најдобро за тебе. Жени опуштете се малку и здивнете. Не секоја вара затоа што ужива да вара, некои го прават тоа од мака, депресија и несреќа. На работ на очајот и во клиничка депресија посегнуваат по решение во туѓ кревет. Тоа е илузија и привремено решение. Мојот став е следен: жената е како кола, треба добро да ја одржаваш, да ја сервисираш на време, редовно да мењаш уље и секогаш да е добро подмачкана итн. Па ај кажете ми зар не е така? Јес да не се компарира кола со жена, ама има доста сличности. Не ја одржавај и не ја вози колата со месеци, на некого кога ќе му се укаже прилика да ја вози ќе се израдува и ќе си вика “бреее што убава кола штета газдата што ја запуштил“. Кога колата е во дефект си бара мајстор да ја поправи. Хах да не забегувам многу. Инаку озбилна тема е брачно неверство да не се лажеме. Не е крај на светот ако се деси, ама треба ептен добро да се размисли пред да се направи. Јас не сум во брак ама ќе бидам за едно добри 3-4 години што е за брзо. Со овој памет што го имам сега: не би варал без разлика колку и да е лош бракот!!! Ако стане неподносливо има развод, ќе се разведам и чао пријатно. Не би требало до тоа да дојде ама кажувам што би било кога би било. Не би варал затоа што ќе треба да се кријам од жена ми, да кажувам безброј изговори и лаги за да излезам надвор т.е. да се видам со швалерка ми итн. Таков начин на живот носи многу стрес и инфаркт на помлади години сигурно. Целиот концепт на брачно неверство ми е безврска, но знам дека е реалност и дека се случува!!! Ќе видиме како ќе биде, никогаш не викам никогаш пошто баш тие што викаат така ги прават најголемите грешки и срања во животот. Живот е се се случува.
Еднаш простив ама овој пат ни под разно. Болката ќе ми помине и немам намера постојано да трпам болка.Точно испаѓа она, кој си е таков таков ќе остане.
Луѓе открив нешто .. Незнам дали да си ќутам или да се мешам .. Свекрва ми има швалер значи убаво видов .. Ми се расипа мојот мобилен па таа ми даде стар нејзин да го користам додека го поправат мојот . Имаше пораки зачувани на телефон кој случајно ги отворив .. Не е битно што пишуваше битно се укажува на неверство знаејќи каква избувлива личност е мм неможам да му кажам , а од друга страна ме јаде совеста .. Донекаде и свекрва ми не е крива бидејќи трпи коцкар човек дома , два пати му исплаќаше долгови кај лихвари и сл . Ама сепак .. Совет ?
Се гледа дека не си (добар) возач. Ти можеш да внимаваш во сообраќајот колку сакаш, ама другите не внимаваат. Не знаеш кога може некој да ти ја удри колата. Продолжи ти слободно да си полираш.
Случајно не се отвараат пораки туку со намера, сега дозна нешто штом си отворила туѓи пораки да читаш и сега молчи си, не се мешај во нешто што нема никаква врска со тебе.
Ne e toa vasa rabota. Tolku e delikatno sto i da mu kazes na mt,kojznae kako ke reagira. A sto korist imas ako kazes? Plus..ne si gi rasipuvaj odnosite so mt..koj saka da mu kazat I DOKAZAT deka majka mu e k.... Teraj si i svirkaj si.. Si razbrala,isto kako da ne si..
Подобро избришиги пораките да не те потсеќа Или ако стои добро стоиш со свекрвати,кажии дека нешто заборавила во телефонот,за да и дадеш до знаење дека знаеш
Значи пишав погоре . Телефонот не го користи веќе а е во функција . Мојот се расипа па свеки ми го даде тој на користење . Го проучував и налетав на пораките ... @anaja1 не ме потсеќа бидејќи на мојот му немаше поправка па си зедов нов тел и тој го вратив на сопственикот ама утре ќе го земе друг на користење што тогаш .. а неможам да и кажам дека знам бидејќи имам луда свекрва
Па нормално дека ке налеташ и тебе ти праќаат пораки мора да сфатиш како функционира ама сега молчи си неможеш мт да го убедиш дека мајката негова изневерува и само ке си направиш проблеми . Седи си и молчи си да не бидеш и ти виновна а нешто...
Да не испадне само,ако следниот што ке го користи,ги виде па да се префрлат дека пораките се твои,ако не стои дата. Иначе се согласувам дека треба да кутиш.
Дата имаше некаде октомври-ноември мислам беа а јас го користев јуни-јули телефонот . Не се осмелив да кажам до сега ниту на форумот , ама деновиве психата ме уништи . Ме јаде совест ама тоа е . Барем на форумот споделив па малку ми е полесно . Се надевам нема да ми се впише во гревови ова
да си кутиш и да си траеш да не зуцнеш имав случај у комшии снаата евака исот и кажување на мажот урнабеси дома и ја избркаа снаата и мажот си ја избрка
Аии , каква совест ќе ме јаде после за децата окапи ја свеки ќе ве послушам дефинитивно ни зуц нема да излезе од мојава уста