Епа видиш и кај жените почна многу често да се појавува таа потреба исто како и кај вас. Баш поради болдот кој го наведе и причината што на секој агол им се турка таа изјава низ грло на денешниве жени.. како тоа никогаш не се доволни што и да направат. Ете затоа другарчиња мои од спротивниот пол едно да ви кажам, ако некогаш бидете изневерени во иднина или сте биле веќе, тоа било само поради тоа што сте правеле женичката до вас да се чувствува недоволно ценето и посакувано онака како што заслужува. И кога тоа ке го побара кај друг маж после одреден период, немојте да цмиздрите како била курва, седела на две столчиња, неблагодарна бла бла бла.. You brought it on yourselves! Нема врска тоа како изгледа една девојка дали била со просек изглед, дали слабичка, полничка, бомба, во било која форма, ако мажот е ненаситна свиња, пак ке фаќа кривини и ќе ви го пере мозокот дека не сте доволни преку такви ниски постапки и што е најинтересно ке проба да ве убеди дека и да барате подобар од него нема да најдете затоа што нели сите мажи се такви..па седете и трпете, нормална појава е секаде неверството во било која форма. Ма немој да ме јебеш бре. И дефинитивно не се согласувам со таа генерализација дека сите мажи се такви, не затоа што "ми паѓа тешко, па знаеш си се тешам како жена", туку затоа што често гледам примери на културни, свесни и "изживеани" мажи кои си ја ценат партнерката исто како и на почетокот од врската затоа што знаат што имаат до себе и што е најважно имаат доволно самопочит и самодоверба да не глумат праисториски cave-man што пи*ка у живот нема видено па секоја што ке помине покрај нив му предизвикува лачење плунка како куче што у живот нема видено мевце. Масовно перење на мозок е дека немало подобар да се најде.. напротив, се е подобро од горенаведениот примерок. Подобро е дури и јадењето насамо во мир, подобри се и излегувањата, подобро е и спиењето знаејки дека не живееш со свиња која можеби некаде се влечка како и претходниот пат кога го направила тоа. Подобра е слободата во која ке можеш да уживаш со полни гради без да те влече тежината на нечии ниски постапки кон тебе, нечии деградирачки постапки кој секој ден ти плукаат в лице дека не си доволно добра или доволна. Шансата да се забавуваш и да пронајдеш некој кој ке ти импонира онака како што заслужуваш. Ете тоа се само дел од можностите откако ке се ослободите од некој кој само служи за неред и прашина да ви зафаќа во вашиот живот. Еден ви е, не го трошете на луѓе кои ви прават пекол од него. Секогаш може да се почне одново.
А твојата жена или девојка да има потреба од друг маж и покрај тоа што е со тебе, ти што ќе направиш?
Колку и да сакам да полемизирам со тебе, времето не ми дозволува. Само ќе ти кажам дека потребата кај нас мажите е автентична, а кај повеќето жени е намтната. И воопшто не мислам да ве убедувам дека сите мажи се исти, во смисол „сите се ѓубриња“ туку сите ја имаат таа потреба, желба. Инаку, нормално, сите се разликуваме карактерно.
Навистина не знам. Јас само зборувам генерално за разликата меѓу мажите и жените. Од секого посебно зависи што ќе направи.
Хмм, значи мажите може да имаат потреба од друга жена иако е во врска или во брак, а ако жената го направи тоа е курва. Така мислиш? Ама искрено.
Не. Не знам што не е јасно. Мажите имаат потреба за секс од која зависи опстанокот на расата. Да не било така, не би биле овде ние денес. Воопшто не станува збор за човекови права и дали жената има право да го прави истото. Право има, но ја нема истата потреба.
Со чипкаст корсет, мрежести хулахопки, и ништо друго на себе се работи во подобро рангираните фирми. Очигледно имаш проблем да добиеш секс, бидејќи издаваш колку си загорен по се женско што оди на две нозе. И зошто ме цитираш, што ми е мене гајле за неверствата кои се случувале? Значи, не ми се обраќај на оваа тема, напишав тоа што требаше во една и пол реченица и немам намера да правам анализи на малограѓанските и манијачки мотиви поради кои Македонците се швалерисуваат. А aко си ти заинтересиран за обработка и ако случајно се сомневаш во вистинитоста на мојата теза, ете почни од себе и од прашањето зошто гледаш повик за секс таму каде не треба да го има, ќе ти се разјасни. Твојата искривена слика за жените, „моралот“, светот и векот, мислам ја научивме више напамет па досади и богу и народу, така да, уште еднаш ти кажувам, не ме замарај со ова (настрана тоа што си лицемер и се обратно од твоите проповеди).
Не си жена па да знаеш какви потреби има една жена. Нормално е и кај мажите и кај жените да се појави потреба од нешто ново, но, не значи и дека таа потреба мора да биде задоволена. За жал на многу луѓе им фали самоконтрола и би рекла дека тоа се луѓе со слаб карактер кои не можат да се воздржат од таквите потреби. Секогаш ќе има нешто поубаво и поинтересно од она што го имаме, такви сме луѓето, ненаситни, но тоа никако не е оправдание за изневерување. Ништо не е оправдание за изневерување.
Додека масовно не се пуштат во "производство" бебиња создадени во вештачка матка надвор од жената, вашата сперма можете да си ја фрлите во шоља и масовен геноцид да извршувате секој ден.. Немој молим те Потреба за секс од кој зависел опстанокот на расата... Ти работиш други жени за репродукција или од ќејф? Ако ја продолжуваш расата со секоја жена, колку деца имаш по белиов свет хмм
Мислам дека сака да каже дека жените по природа немаат нагон за секс туку го прават тоа бидејќи мораат да ѓи задоволуваат сексуалните потреби на мажите. Многу паметно размислување, браво!
Нее, тие само безволно учествуваат во мисијата на мажите за опстанок на човековата раса која зависи стрикно од нивниот незаситувачки апетит за оплодување на се што има дупка меѓу нозе, изгледа тоа сакаше да долови господинот. Колку биле тие загрижени за одржување на животов на земјата.. а не, заборавив генетески предодредени се да функционираат на тој начин. Мај бед. ...
Ауууy брзо @doubleg стануваj од компјутерското столче и јуриш спасувај го опстанокот на човековата раса!! You have only...
@doubleg BTW, во еден пост велиш " не се секирај, сите машки сме исти" , а во друг велиш " не се сите машки исти, не се сите ѓубриња ". Сега исти се, или не се? Не буниш.
@doubleg Те читам и на други теми, контрадикторен си сам на себе. Ако е вистина дека си оженет и се држиш до тезава дека е савим нормално да се има секс со други жени, тогаш за грев сте и двајцата. И не мисли дека жените немаат потреба за нешто ново, него, види таму провери си да не ти шврља и твојата со некој колега (ова тезата од другиот член). Многу жени кажуваат по другарки и комшивки дека им е досадно во бракот, дека би сакале нешто ново, помладо, повозбудливо ама guess what? повеќето од нив не го прават тоа бидејќи веќе одбрале со кого ќе го поминат животот. Посветени се на семејството и децата, го почитуваат она што го створиле како заедица и неретко простуваат неверства. А да се изневери е мнооогу лесно, ама самоконтрола и достоинство се во прашање, нешто што е реткост на денешницава и многу малку се цени. Немој да се лажете дека мажите сте посебни и вредите нешто повеќе во општествово, сите сме исти.