Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Тој што е лош човек и прави лоши работи, за да се оправда, за да му биде полесно, и за да нема грижа на совест, мисли и кажува дека сите се како него. Според мене во никој случај не се сите машки исти, ниту пак сите женски. Изневерувањето е можеби една од најважните работи според која може да се заклучи каков човек е некој, ако е лош човек и без никаква причина ќе го изневери својот партнер, а ако е добар, никогаш нема ниту да помисли на тоа. За жал, во денешно време има се повеќе и повеќе лоши луѓе, па оттука и се повеќе и повеќе изневерувања.
     
    На Anon, anaja1, blackwave и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.170
    Пол:
    Женски
    За репродукција се потребни еднакво и мажот и жената. И двата пола ги имаат истите потреби, желби, фантазии, нагони. Само едните одлучуваат да се спастрат и да се посветат на конкретни личности, и своите нагони да ги остваруваат со избраната персона. Додека пак други, без некоја поголема етичка и морална вредност, без самопочит и почит кон партнерот, без самоконтрола и нит срам нит перде, шврљаат наоколу гордо прикачувајќи сума познати и непознати спб, обидувајќи се да избегаат од своите плитки комплекси.
    Контролирањето на нагоните е единствената работа што човечкиот вид го разликува од животните. Ама фала Боже, некои меѓу нас, потврдуваат дека човекот навистина настанал од мајмун. Нејсе...

    Не сум во брак и не знам како би реагирала да дознаам такво нешто. Знам дека светот би ми се распаднал, ама дали ќе се разведам или простам и продолжам, е прашање на кое влијаат многу фактори кои сега за сега не се дел од моево секојдневие. Имало работи за кои сум рекла дека никогаш нема да ги направам, па после извесен период не изгледале така лоши, или сум немала избор или поради некоја трета причина сум ги направила. Кога плукаш нагоре, на тебе паѓа, вика баба ми. Затоа одамна и не сум кажала "никогаш" за нешто. Во моментов, "никогаш не би простила неверство" ми звучи како нешто што би го кажала гордо и на глас, ама ме плаши дека веќе во следниот можеби ќе морам да го проголтам.
     
    На macovska, duffi, ♣ Alba Viduam ♣ и 6 други им се допаѓа ова.
  3. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Да не одговарам не секого поединечно, немам намера никого да убедувам во било што. Работите едноставно се такви, мажите и жените се разликуваат во поглед на сексот. Никогаш не реков дека жените не сакале секс или дека не уживале во него. Едноставно, погледите на мажите и жените во однос на сексот се разликуваат драстично. Колку и некоја жена да се труди, мажот секогаш ќе има потреба или ќе фантазира и за други жени. Тоа е едноставно закон на природата, не е дали јас така сакам или дали вие ќе верувате, тоа е така. Значи, тука се сите (или барем повеќето) мажи исти затоа што го носиме тоа од памтивек, нагон, инстинкт. Карактерно, како и жените, сите се разликуваме.

    Да не објаснувам понатаму, јас само сакав да ја утешам @taznickaimilicka да не се секира, не е до неа, ништо не згрешила. Маж и (или дечко ако не и е маж) е секако крив, но не вреди да се растура врска за тоа од што сите ние имаме потреба. Некој може ќе се воздржи, некој може не. Но, интернетот ги прави работите многу подостапни во денешно време и многу полесно да се стапи во контакт со некого. Пред 10-15 години сигурно немало да се допишува со “мажената“ по пошта.
     
    На winter flower му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.728
    Пол:
    Женски
    Не цитирам никого, само ќе кажам дека ова модерно време многу скапо го плаќаме.
    Никаква почит спрема ништо и никој. Ниту спрема партнер, ниту спрема родители, браќа, свекор, свекрва... страшно време дојде. Ако најдете или веќе сте нашле некој кој искрено ве сака и ве почитува, чувајте го како очите. Од размислувања од типот "кога можат и другите, зошто не и јас" стигнавме до овој степен ништо да не ни е свето и се претворивме во бездушни себични суштества. Не знам од каде идат глупиве размислувања дека е најнормално па дури и "природно" да се изневерува, но немој да се чудите ако таква некоја непромислена одлука ви направи бура од животот. А ќе ви направи, порано или подоцна.
     
    На irenadaniel, UbavkaBube, Emy867 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. taznickaimilicka

    taznickaimilicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25

    Незнам како да не се секирам..колку е се едноставно за вас мажите ке кажете извини згрешив и продолужувате како ништо да не било....што треба да направам сега да се правам дека е ок...
    заедно сме 13 години од кој последните 4 се во брак. Важевме за најзаљубен пар мегу нашите блиски, пар кој сите ни завидуваа, бидејки секогаш бевме заедно и сите препреки ги поминувавме со леснотија, а најмногу што имавме мегусебна голема доверба еден во друг. Гледајки окоу мене се што се дешава јас бев срекна дека сум нашла цовек кој ме сака ме разбира и пред се има доверба и дека никогаш нема да ме изневери. Во текот на врската а и во бракот се случувало да бидеме по 4-5 месеци физички оддалечени поради тоа што работев во друг град а еден период и во странство и никогаш за време на таа оддалеченост не помислив дека може да ме изневерува..
    Сега во бракот не викам дека немаме проблеми но секојпат се трудам да бидам храбра да разговараме и да најдеме решение, а најголем проблем ни е што се бориме со неплодност од женси фактор.но и тоа ке се реши за две недели требаше да почнеме со ин витро постапка. сега по овој стрес како да се почне...Исто го знам дека е тежок на искажувања чувства и си велам ајде маж како маж има потреба да излезе со колеги, со другари не сум го присикала, седиме заедно и има тишина мегу нас нема разговрои , отсутен е ама ајде си велам да не притискам...секогаш јас иницирам да иаме односи и понекогаш му велам дека од што немаме редовно неможе ни дете да имаме...така не беше на почетокот од бракот, туку во последните 4-5 месеци чувстував промени и сега се каам што не презедов нешто... никогаш претходно не го проверував се до моментот кога ги открив разговорите како некој да ми кажуваше седни преку телефон види што прави...
    Три дена по ред разговараме но јас сум премногу брза и наивна и му кажав дека сум се јавила само да и го чујам гласот на таа негова најдобра другарка, а тој ми одговри дека се засрамил што ке кажала таа дека има љубоморна жена...уште една шлаканица....зарем не се срамееше што ке каже жена му кога разговара со саати, кога таа е забележана во адресарот под туго име, кога се искажуваат зборови кои можеш да ги кажеш само на тој што ти значи...го прашав дали од кога ги открив разговарал со неа, одговорот беше не толку е крај е нема да ми биде другарка...во негово присуство јас почнав да се допишувам со неа да видам дали пак ке се пишува на ист начин, но не сега разговорт беше друг стварно другарски и на зафракнција, што ми даде знак дека е предупредена дека се откирени...повторно шлаканица...јас само плачам неможам да се сопрам пред него, а од него добивам само дека не вреде да се нервираш за нешто што јас сум го згрешил и јас сум крив..и толку не ми признава дека е неверство бидејки немало физички контакт со неа немал односи, и дека немало чувства тоа е само зафрканција...зарем се игра со тугите чувства бидејки типката ептен го сака според пораките....дента пред другите се смеам,а вечер само плачам и незнам како понатаму...Премногу го сакам, премногу имаме поминато заедно, ама сакам да почувствуам дека сум му единствена дека ке направи се за мене, а не само извини згрешив...немоажам на никого да се истажам, ниту на сестра ниту на другарка и затоа е мојот пост малку подолг и може се повторувам...
    имам многу прашања во главата накои немама одговор.
    Како да знам дека навистина е прекинатао се, како да му верувам дека немало ништо и дека ке нема веке...како да му верувам дека само мене ме сака...како кога ништо не зборува само извини моја грешка е не е твоја...нема те сакам ми фалиш не ме оставај или ако се каже тоа ке се чувстува понижен дека моли...од една страна сакам малку да го казнам да ме моли да бида со него, но незнам како...од друга страна се плашам да не го отурнам повеке од мене..тотален хаос ми е во главата...[​IMG]
     
    Последна измена: 16 февруари 2017
    На Cinderella12 и ADOKI им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    @taznickaimilicka извини ама зошто се правиш слепа?

    Зар веруваш дека возрасни луѓе ќе си пишуваат „те сакам’“ и дека немаат ништо онака другарски а?
    Ок ако така ти е полесно ама далеку од вистината е, јас сум 99% сигурна дека имаат афера... Разговарај сериозно да ти ги отвори картите на маса греота е вака да те мафтосува. Или па прави се на слепа и терајте, може и ќе пребродите, како што гледам се плашиш да се соочиш ко да си ти таа која згрешила.|(
     
    На Alisa22, Glasna, Anon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. taznickaimilicka

    taznickaimilicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    ne veruvam i jas vo takvi proaki i go prasuvam i sakam da mi kaze se kako sto e bilo...no samo dobivam odgovro ne vrede, ne se zamari ne se nerivri , drugarski bese se muabetot nema nikakvi cuvstva...itoa uste poveke pboli koga ne razgovara...samo jas zbrouvam ovie denovi ...kako monolog sum
     
  8. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам потполно како ти е, знам колку ранливо се чувствуваш ама подвлечениот болд подитно да си го извадиш од глава. Не си ти таа која треба да се плаши. Сфати го ова.

    Он треба да се плаши да не те изгуби.. ама како што кажав погоре во еден пост изневерувачот секогаш ке проба да те изманипулира на овој или оној начин. Кај тебе во случајов он веќе гледа дека ти се плашиш да не го изгубиш и на некој начин сигурен е дека лесно ке се "извлече" од оваа ситуација. Не се понижувај повеќе и не и се јавувај на таа жена.

    Ако имаш некаде да се тргнеш на одреден период од него, тргни се.. остави малку да ти легне цела ситуација и размисли со трезна глава што планираш да правиш понатаму. За тоа време ако можеш не контактирај на ниеден начин со него за да не ти влијае на било каков начин. А во однос на ин витро-то мој совет ти е да не избрзуваш и ако можеш да одложиш. Вие немате како прво стабилна основа за брак, а децата во овој момент може само дополнително да ја искомплицираат ситуацијава. Знам дека е тешко, ама од друга страна имаш олеснителна околност што ова се случило уште пред да забремениш, а верувај брак полн со изневерување и кавги влијае страшно трауматично на деца кои се наоѓаат во такво опкружување. Нема мир да има ниеден од вас. Ти гарантирам за ова.

    Во моментов треба ти да си се ставиш на прво место, а мисли од типот што ке речат комшиите, што си мисли другата жена, дали он не ме сака веќе и слични такви глупости да си извадиш од глава и да се прашаш што ТИ заслужуваш и сакаш од животот? Сеуште си млада, немаш деца кои ке ги вмешаш и кои би биле оштетени од твојата одлука, затоа добро размисли сега оти по неколку години може нема да ја имаш оваа шанса.

    ЕДИТ: Сега читам он и ноншалантно дури се однесува кога ке зборуваш за тоа, епа како што ти кажав собери парталите на некое време и остави он да си брка монолог по дома, дури ти одлучуваш дали ке му простиш и дали вреди ко човек за да добие втора шанса.
     
    Последна измена: 16 февруари 2017
    На Anon, tina-63, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Значи какви таленти има на форумов во последно време, да не знаеш побрзо во која тема да влезеш и сеири да фаќаш...

    [​IMG]

    Полека со мислењава аман не може да постигне човек со читање.
    Мажите биле одговорни за репродукцијата? И затоа ние сега сме постоеле? :hai: :lol:

    Епа ајде нека си посади некој сперма во саксија и нека чека детето да му никне... Пошто нели жена не е потребна за зачнување.
     
    На Gosh, Someonespecial, Monella и 9 други им се допаѓа ова.
  10. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Јас само ја кажувам реалноста. Како што без пчелите и бумбарите цвеќињата не би се запрашиле, така ништо без желбата за секс на мажите. Не зборам јас за последните 50 години на сексуалната револуција, само кажав дека тоа е исконска желба што ја одржува расата (а и секоја друга, без тој нагон ќе изумреме).
     
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.999
    Допаѓања:
    327.877
    Пол:
    Женски
    А ти зборуваш во името на сите мажи на оваа планета?
     
    На toogood, Glasna и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  12. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Во мое лично име од моите досегашни согледувања.
     
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.422
    Допаѓања:
    183.170
    Пол:
    Женски
    Thanks God твое лично мислење.

    Еве само што заврши состанокот на сите жени во светот, па да ти пренесам дека сме согласни дека и на нас ни се плеска, им се плескало и на нашите баби, прабаби, чукунбаби, и на оние жени во младо камено доба.

    Единки, од двата пола одлучуваат да се плескаат со цела заедница, зошто не сакаат да си ги скротат своите нагони, не дека не можат. Другите сме сите останати, кои одлучуваме своите најпервезни фантазии и нагони да ги остваруваме во границите на брачната заедница, односно врска. Исто е за двата пола. Женските не се фригидни како пол, фор гадс сејкс.

    Овде фали транспарент:
    "И мажите плачат.
    И на жените им се сака!!"
    #фридом #икуалити
     
    На Alisa22, macovska, winter flower и 14 други им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Значи жени мили, ако сакате да се оплодите тогаш има да МОЛИТЕ за да им се јави желба за секс на мажите... Инаку ништо...

    А тие може да си посадат сперма во бавчата зад куќа и ќе им се роди дете, ок?

    Драги жени, со еден збор вашата желба за секс, како и вашите репродуктивни органи НЕ СЕ БИТНИ!
    Ај чао.
     
    На Alisa22, Gosh, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  15. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.728
    Пол:
    Женски
    Што се не ќе прочиташ од маживе бе...
    Ништо жени мои, да си ја затвориме ние темава и да си го послушаме @Jovanotti. Од утре на работа со тесни сукњи, најлонки, штикли и све остало... да се впуштиме во акција и да ја спасиме со време расава наша загрозена, јер ако нема швалерај ќе не нема ни нас. :rofl:(hollest)
     
    На Alisa22, Згодно Момче, Anon и 5 други им се допаѓа ова.
  16. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Уште на неговата статистика не можам да се изначудам :rofl::rofl::rofl:Важно добив и реплика во бројки и проценти:rofl:од @Jovanotti (facepalm)
     
    На Jas! и PaLaVa им се допаѓа ова.
  17. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Мене ми се чини дека мажот ти е недораснат и неиззживеан, а ова однесување верувај ќе се повторува и во иднина, очигледно е дека не му е ни до тебе ни до вашиот брак. Знам тешко е тоа да се прифати, нормално е да се бориш, ама на него му е здосадено, долго време сте заедно можеби и тоа игра некаква улога, но стварно е злобно што тоа ти го направил во брак, да го направел малце порано дур сте иделе ќе биле помали последиците.
     
    На Cinderella12 и taznickaimilicka им се допаѓа ова.
  18. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    ТЕ сфаќам како ти е, не е лесно да спиеш до човек што не го поднесуваш, јас така бев со последниот бивш дечко, дечково беше супер и многу добар, но ете не ми се свиѓаше не физички, него немаше хемија, и иако добра врска имавме, постојано јас мислев и мечтаев за други мажи и го изварав 2 пати, и на крај немаше смисла да го моткам, ми понуди брак, но немаше шанса да прифатам, поштено му раскинав, иако ме молеше да се смириме, не сакав да го залажувам, зошто никој не заслужува да стапи во брак во кој што ќе биде понижуван и изневеруван. И ете го денес си има детенце а за жена му не знам на фб не ја покажува, валјда е женет не знам, не е важно, важно јас грев не си ставив на душа да се омажам за него па да продолжам да го варам и во бракот..
     
  19. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.980
    @akvarium Зборуваш за дечко си го варала си му раскинала, ДОСЕГА НЕ СИ СТАПИЛА ВО БРАК, А САМО ПРЕД 2 месеца велеше дека имаш маж.

    Еве да те потсетам што пишуваше...






    И сега која е вистината? Ова или она погоре што и пиша на @babyane18 ? :)

    P.S. Велиш не лажеш и не си трол? :clap:
     
    Последна измена: 17 февруари 2017
    На Alisa22, Cinderella12 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  20. Jovanotti

    Jovanotti Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2016
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Машки
    https://www.babble.com/relationship...women-are-more-likely-to-have-an-affair-with/
    http://www.cosmopolitan.com/sex-love/news/a15616/first-time-cheating/
    http://metro.co.uk/2015/05/29/men-cheat-at-work-and-women-do-it-with-friends-apparently-5220779/

    Мојот морал, фетиши и став околу капитализмот не се тема на разговор, туку само чисто кажав дека брачните неверства најчесто се случуваат помеѓу колеги на работа. Тоа е реалност и опиплив факт кој не е поврзан со нечија неизживеаност, туку со фактот дека истата личност повеќе време поминува со колега отколку со својот партнер. Залудно некој анализира 150 страни зошто се случуваат брачни неверства, а одговорт е многу јасен. Жени и мажи работат на исти работни позиции и поминуваат многу повеќе време заедно отколку со своите партнери. Прелистај ја темава и ќе видиш дека сум во право. Не можеш да спречиш или анализираш брачни неверства и во најголем дел никогаш нема да дознаеш за нив. Ако некогаш ти се случи такво нешто од страна на партнерот не троши илјадници евра на развод. Без потребно е, затоа што и така следниот партнер пак ќе те вара, а ти можеби ќе дознаеш или нема да дознаеш. Сепак насмевката на колешката е негова секојдневна реалност, а твојата само негова илузија преку викенди. Ако те начека одморена и расположена на пар минути. Мажите се слаби на жени, а особено кога им се достапни миниум 48 часа неделно.
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.