Најверојатно ака се осеќаш спрема него бидејќи ти фали љубов и внимание што не ги добиваш од маж ти ,можеш да седнеш со маж ти и да му објасниш убаво дека и ти си човек дека сакаш да ти посветува повеќе внимание да ти покажува дека те сака кажи му како се чувствуваш објасни му се и верувам дека ќе се средат работите
@zbuneta66 Сакам само да ти кажам тој газда цело време се обидувал да биде добар , со тоа што сакал да те придобие бил внумателен и кај тебе нашол слабост по што ти ништо не си криела од него и си му се доверила... Па он секако си наоѓал за згодно да ти се приближува со тоа што ти укаажувал внимание, а згора на тоа и фамилијарно сте се познавале тоа е најлошо...Мој совет е кај што вадиш леб не вади к.р или ва..на Он сака само да те има и да си има разонода да не му е монотонија па затоа бегај од таа работа ако сакаш да не ти се уништи животот. Имаш добар сопруг и добар татко...Обиди се да го смениш малку настојавај ти и ќе ви биде подобро.Чуму ти се авантури.
Едно кратко пташање надвор од муабетов со членката погоре. Дали е за вас неверство доколку откриете пораки меѓу вашиот сопруг и друга жена, ваша познаничка? Пораки од видот едвај чекам да те видам ама затоа што се откриени не дошло до средбата. И дали би преминале преку тоа?
Има разлика, едно е сопругот пријателски да комуницира со некоја твоја познаничка, а сосема друго е да и вели едвај чекам да те видам. Нешто се случило помеѓу нив, па договараат наредна средба. Никој не пишува сакам да те видам, а само да се пријатели. Извини вака ама мене ми изгледа дека мажот ти те изневерил. Имал нешто со таа жена, но бидејќи е фатен во лага се обидува да те манипулира и вели немало ништо. Во врска не би преминало преку ова, но ако сум брак плус имаме деца ќе му прогледам низ прсти. Ќе направам сериозен разговор со него и ќе барам да ја блокира таа жена на социјалните мрежи, да и го блокира бројот и да прекине секаква комуникација со неа. Знам дека е тешко, еднаш кога ќе се изгуби доверба не може повторно да се стекне. Лесно е некој да ти рече разведи се, ама бракот бара пожртвеност па потруди се да останете заедно.
Да според мене неверство е. За преминување преку тоа зависи. Прво откако ќе ми поминат сите негативни емоции добар разговор па после ќе судам откако ќе земам во предвид факти и откако ќе ми спласнат емоциите.
Си згрешила што си кажала и сигурно мајка ти не нашла друг од чиста мира и сама знаеш дека на твојте на мајка ти и татко ти не им е убаво во бракот,од на мајка ти страна сум
Ти благодарам на исцрпниот одговор. Иако помина одредено време од тогаш јас не можам да заборавам и да продолжам. Но само заради детето и ова во стомак, прогледав низ прсти. Тешко ми е многу, собирам болка во себе. Морам да продолжам понатаму, но длабоко во себе знам дека има уште нешто што не мми кажува. Плус, еден негов пријател знае за нив и во разговорите баш ја коментираат неа... Памет немам веќе, побудалев. Да немавме деца досега ќе бев замината. А па и ова вака не е брак кога постојано мислиш дали те лаже или не. Сепак ти благодарам. Џабе разговори, се трудев но нема резултат. Баш како што рековте, сака да ме изманипулира т.е да ме направи будала. Сепак еве уште се воздржувам да не експлодирам пред детево. Ама мислам дека уште не е ништо завршено. И не сум злопамтило, но за ова има да ми плати. Никогаш не сум помислила на такво нешто или сум направила, десет години сме заедно, тој при првата финансиска криза во браков веднаш се одлучи на друга да и го отвори срцето. Некако боли...
Според мене не вреди нит да злопамтиш и да му се одмаздуваш,нит да се нервираш. Тој е таков,сончоглед кај има интерес таму се врти во моментот. Или прифати го како таков и замижувај на неговото однесување или ќе седнеш и убаво ќе му кажеш ако не се врати во колосек со дете во рака си одиш. Имаш ли услови да си заминеш? Имаш ли каде да одиш? Имаш ли финансии за независност? Или мораш да трпиш па он сега те манипулира како што напиша ти.
Имам и каде да заминам и пари за да живеам. Моментално не работам но пари имам. Ние како семејство на почетокот имавме мала криза со доаѓањето на детето, но сега си дојде се во ред. Дека ќе си молчам за вака да се однесува не верувам. Или треба да му кажам ама убаво дека нема уште еден кикс да трпам или да заминам. Но не сум заминала само заради ќерка ми.
Ти не си најдена на улица за тој тебе така да те третира. Прати дете кај твоите и повиши тон. Ти си му жена, имате заеднички потомок и уште еден на пат. Ти мораш да го расшамараш, ама не со раце туку со зборови. Ако можеш да заборавиш на се што било и да продолжиш со него во ред, но под услов да не те јаде црвот, оти ако те гризе цело време кај е, со кого е и што прави, џабе ќе биде нема раат да имаш душо. А ако веќе си финансиски стабилна, не можеш да преминеш преку неговото однесување, ич не му ја мисли дали да си одиш. Имаш дете, наскоро и второ. Ќе си се посветиш на нив. Оти не е во ред ниту тие да растат во дисфункционално семејство со несреќна мајка. Прави како што чувствуваш дека можеш и сакаш.
Ти благодарам на советот. И баш во последната реченица убаво ме опиша - несреќна мајка. Баш така и се доживувам во последно. Колку и да мине време, мене секоја помисла на тоа ми е болна и ми предизвикува солзи. Не сакам децата да ме гледаат расплакана сркоја ноќ. Големава и разбира веќе, ми вели Мама насмеј се, многу те сакам. Душа ми се кине кога таа мене ме орасположува наместо јас неа. Но ќе ти послушам совет и ќе се обидам да не ме јаде црв. Ако не бива, секој по свој пат. Друго нема. Колку и да сакам да изнајдам решение.
Штом имало такви пораки имало нешто меѓу нив. Дали можеш да се носиш со тоа цел живот, знаејќи дека некој те прави будала при памет? Еве јас на примет, око не би ми трепнало за тиа што се случило меѓу нив, туку за фактот што кога ќе ме видат со него ќе ми замислуваат толкави рогови и ќе ме сожалуваат каков живот имам со таков човек, или поточно да ме деградираат , понижуваат како човек. Можеби е до мене, премногу сум горделива, ама да ме понижуваат и да ми се исмејуваат двајца нечесници нема да дозволам. Ова е апла неверство. Според мене, имаш две опции. Првата е да останеш и да се научиш да живееш формален брак , да бидеш несреќна и огорчрна и понижена цел живот. Вторта опција ти е да заминеш со крената глава, може ќе ти биде тешко, ама барем нема да дозволиш да прават магаре од тебе цел живот, ќе си ја зачуваш гордоста и угледот првенствено пред маж ти. Децата се најголемите жртви во таков брак, гледајќите несреќна цел живот, еден ден , кога ќе созреат, можеби тие ќе те обвинуваат што си дозволила таков живот и што не си го оставила маж ти. Размисли дали вреди толкава жртва од твоја страна. И ти заслужуваш да бидеш среќна и исполнета, а не потценета и деградирана.
Размислувам и размислувам и размислувам... И апсолутно го делам твоето мислење. Зашто тој вели дека никој не знае но доволно е што таа ми се смее зад грб и што и пишувал такви милни зборови кои мене не ми ги кажал со години. Јас веќе немам памет, но веројатно ќе се одлучам за втората варијанта, односно да живеам без понижувања и измачувања на совест па црл живот да се прашувам Дали? Ти благодарам на исцрпниот одговор. Многу ми е полесно кога некој ќе ми каже дека заслужувам многу подобро иако и самата знам дека е така.
Ти повторно си бремена? Зошто си ја загрозуваш бременоста мислејќи на тие работи, уживај си во мајчинските моменти. Брак не се растура поради неморална и несовесна жена, која сака да растури брак само за да се почувствува посакувано и да си ја зголеми самодовербата. На што она да ти се смее???? Тебе треба понижувачки да ти биде да размислуваш за жена која сакала да шири нозе на оженет маж. Јас на твое место таква порака ќе и напишев што три дена ќе плачеше од мене, а да знаев каде живее цела нејзина фамилии и сите малоо ќе ги дознаеа нејзините намери. За таква жена (да не пишувам погрдни имиња ќе ме банираат) ти размислуваш за развод? Не биди будалче, земи работи си на бракот и посвети се на децата. Остави го лошо позади тебе. Седни разговарај со маж ти кажи му дека преку ова лесно нема да поминеш, он да почне да се однесува како оженет маж, да почне повеќе внимание да ти посветува, кажи му дека ќе поминеш преку ова но, доколку почувствуваш најмал сомнеж за неговите изневерувачки намери ќе дознаат цела негова фамилија,роднини, пријатели, а ти дека ќе си ги собереш куферите. Нека избере дали сака да има стабилен и нормален брак или сака да шеткара со некоја љубовница која кога не најде нова мета ќе го батали?
Да, жената сигурно го натерала на сила мажот на CurlyBlossomGirl да мати на страна. Што и да се случило, тие двајца се виновни, не само едниот од нив. Јас лично не би можела да преминам преку неверство, макар било и само допишување онлајн, доволна е намерата.
Да бремена сум по втор пат и од почеток на бременоста воопшто не се израдував. Мислев дека тоа ќе го промени, но некако исто си тера. И јас мислам дека двајцата се виновни, тој свесно пишувал и се договарал за средба. Инаку ја спаси тоа што заминала у странство ама сега ќе се врати. Душа ми се стега кога ќе помислам дека дури сум со децава дома (здравје и второво ќе се роди) тој ќе ја среќава неа по град. Не ми дава мир помислата. И не мора да е само таа. Еднаш штом се осудил да пишува со некоја што го спречува пак да го стори тоа. Зашто дури ни детето не го помислил кога пишувал со неа. А сега ќе бидат две.
Ха ха бракот не се растурал поради несовсна жена, демек овој маж , па се му е простено. Лелеле што ли не ќе прочитам/слушнам, страшно! Изгледа некои луѓе не знаат што е самочит и гордост. Полесно е да се најде кривицата кај трета особа, така? А мажот нема врска , тој шо има кривица, најважно е да си у брак, а каков брак , небитно? Лелеле уште се чудам и се крстам.
Тој е уште повеќе крив и несовесен. Ако секоја му шири нозе не е таа виновна. Нејзе не и е гајле, таа си тера ќејф. Тој треба да мисли на последиците што ќе му ги нанесе на детето заради една ноќ забава со туѓа жена. Инаку и таа е мажена и има две малолетни деца. Јас му ги пратив пораките и на маж и, но нејзе и простија. Но јас не можам.
Ако маж ти не е свесен за тебе и децата, друга не може да мисли. Впрочем , секој е одговорен за својот брачен другар и децата. Ако не е таа, ќе биде друга, мажот ако не знае да си стави кочница џабе збориме. Највеќе ме иритираат такви коментари: не растурај брак за о.....ја ваква таква, а не гледаат подлабоко во проблемот, како само да е битно да си мажена по секоја цена, а како ќе бидеш третирана нема везе така? Се гледа дека си свесна, дека имаш отворени очи и дека имаш самопочит. Верувам дека ќе донесеш правилна одлука.
Ти благодарам. Свесна сум дека не треба да сум во брак по секоја цена заради тоа што ќе рекле луѓето. Подобро самохрана мајка отколку измеќарка на некој што не знае да ме цени.