Позитивно е тоа што на време си донела одлука и си заминала.Тоа што еднаш си му простила не било доволно повторно да го направи. Нормално дека ќе се чувствуваш подобро, отколку да живееш со човек на кој не можеш да му веруваш. Довербата е особина што тешко се создава, но лесно се уништува. Во голема предност си што си сама и немате деца. Не знам какво е чувството на неверство, но знам дека кога нешто еднаш ќе се случи голема е веројатноста да се повтори.
@feminista @poenta Ви благодарам за поддршката! Нормално продолжувам напред, уште посилна од претходно! Првите дена кога дознав дека повторно го направил истото, бев скршена... Но сфатив дека не вреди! Тој да си тера кејф, а јас да страдам? Не! Идемо даље! Поздрав цури
@-Buba- добро си постапила. Тој што еднаш изневерил, кога-тогаш ќе изневери пак. Олеснителна околност е што немате деца.
@SummerGirl ова ми беше најдобрата одлука во животов... Волкот влакното го менува, но табиетот не, ова ми беше животна лекција. Добро е што немам деца со таква личност како што е тој... Поздрав душо
Во брак сум 10 години. Имаме и две деца. И не, не сум изневерената. Јас сум таа која го изневери сопругот. Никогаш до сега не сум помислила на тоа. Значи никогаш. Што се случи, како дојде до ова ни сама не знам Се беше брзо. И се случи само еднаш. А уште се допишуваме и имам желба пак да се видам со него. И тој е женет постар 10 години од мене и е албанец. Некој да ми речеше дека јас некогаш би направила вакво нешто ќе го направев будала. Ни самата не можам да поверувам во што се впуштив. Ништо не ми ветил, ама ми годи неговото внимание. Знам дека е со мене само за секс, ама не можам да се натерам и да се откачам од него. Како опсесија ми е. Што ќе биде понатаму ни самата не знам. Разумот вика немој, срцето вика живеј го моментот. Грешка е знам, ако се дознае ќе биде голем срам, за мене и моите деца, знам, се знам, ама зошто замижувам и заборавам на тоа не знам. Ова беше само една исповед. Морав некаде да се искажам. Знам дека сум за секоја осуда.
Мој совет ти е да прекинеш на време. Зошто би се гледала повторно со него кога велиш дека те искористува само за секс? А ти зошто си со него, имаш некои други очекувања освен секс?
Немам никакви очекувања. Знам на што сум од старт. Не очекувам да се разведеме од сопружниците и да се земеме, ако ти беше тоа на мисла. Само ми годи вниманието.
Не ми беше тоа на мисла, таман работа да размислуваш така кога имаш деца. Ако ти годи внимание од друг маж, не ни спомнувам што е албанец, значи имаш некој проблем, некое незадоволство во бракот. Пробај да работиш на тоа, не дозволувај ради едно внимание од албанецов да фрлиш во вода толку години брак, а за дечињата да не праам муабет. Знам не сакаш совет, не го сфакај ова како солење памет, сфати го како една наша дискусија околу твојава ситуација.
Мене многу инфантилно ми делува да му возвраќам со секс на некој од кој ми се бендисува само вниманието. Ова и да не си во брак и така секс за внимание размена ми е за никаде а не па во брак и двајцата што сте. Ај кај албанците горе долу повеќето мажи се неверни,во коренот на религијата им е тоа,ама па ти,неодговорно од твоја страна. Внимание можеш да направиш и споругот да ти дава па и со брачна љубов внимание ама ако се сакате се уште со него. Ако не раздели се па прави што сакаш. Така сметам дека е фер.
А мислиш не правам? Последниве години се оддалечивме скроз, кавги колку сакаш, ама јас пак се трудев. Тој излегува, шета, се сам со другари мене не ме рецка. Што да правам? Да му отидам да го соберам од кафана? Со добро се теудев, со лошо се трудев не бива. Навечер кога му се приближувам ми вели да не му досадувам, сум претерувала. Не можеш да знаеш што и како јас сум направила за овој брак да опстане овие 10 години. Сум дала јас се од себе.
Некои мажи, едноставно не се трудат за сопругите, такви се и никогаш не се менуваат. Неверство не е решение во никој случај, но барем да се трудат да најде компромис или во краен случај развод, зошто ете кажува дека има проблеми со маж и.
@Breathe123 Неверство не оправдувам во никој случај, го осетив на своја кожа знам како е... Затоа мој совет ти е да разговараш сериозно со сопругот, отворено и искрено кажи што ти фали... Мислиш дека врската си другиов ќе можеш долго да ја криеш? Се лажеш. На крај пак ти ќе бидеш крива. Превземи нешто со повреме... Се се решава со убав муабет и разбирање. Биди ми поздравена
Со ова пробуваш да си ја оправдаш постапката? Срамота, па уште пишуваш дека не можеш да заборавиш на љубовникот. Ако си била во несреќен брак требало да се разведеш, а не да го изневеруваш мажот.
Значи и маж и не е цвеќе за мирисање, на што личи да скита по цели вечери и да се понаша ко да нема жена? На госпоѓава пак не и личи да се плетка со албанци, башка мажена. И двајцата имаат сериозен проблем во бракот, ако не најдат решение, најдобро развод и сите среќни и задоволни .
Што планираш да направиш? Свесна си дека имаш деца и дека треба да им бидеш пример? Ако дознаат они како ќе изгледаш ти во нивните очи? Исчисти си го образот. Подобро да си се разведела отколку да го изневериш. @ilyan нормално дека и него не го личи да шета по цели вечери ама мене тоа не ми е причина за изневерување. Со разговор жената можела да му објасни дека и смета неговото однесува и да се обидува да го насочи кон правиот пат. Не за џабе рекле убавиот збор и железни врати отвара. Со разговор можеле да го надминат проблемот. За мене не постои оправдување за неверство.