Некој бракови кога пропаѓаат партнерите ги водат по порочен пат,неверство.... Некои партнери заради децата седат во пропаднат брак,некој се разведуваат. Откако го опиша однесувањето на маж ти имам некоја слика за вас,вашиот брак. Осамена си,мажот не ти го нуди тоа што го заслужува секоја сопруга. Ама неверството не е решение Сепака почнувам да се сомневам во однесувањето на маж ти,другари,кафани,да не те изневерува тој уште години оддамна?
Точно, не постои оправдување никако, не ни сакам да ја оправдам, но не постои оправдување и за неговото однесување, тоа сакав да го кажам. Такво однесување на маж ми сигурно не би трпела, но за неверство не би се решила, башка за врска со албанец коса ми се крева. Игнорирањето на сопругата секоја вечер не ми изгледа постапка на верен маж.
Значи не бидете безобразни. Децата немаат никаква врска со ова. И еднаш се случи само изневерувањето, не го правам јас секој ден. Децата ми се на прво место и во никој случај не се запоставени. И јас бев прва што осудував вакви работи. Си велев нема шанси да го изневерам, не можев да се замислам со друг. Ама убаво рекле никогаш не вели никогаш Додека не ти дојде на глава не знаеш како е.
Da bides na onaa stvar isto tolku kolku sto zenata koja ja osuduvas bila so sopstveniot Maz vo period Od 10 godini I ke imas podobar jazik na govor.
Извини, ама децата имаат врска. Ако маж ти дознае дека го изневеруваш, тешко дека ќе ги добиеш после развод. На другарка моја и се случи тоа. Сопругот дозна дека го изневерува и на суд и ја зема ќерката. Судот не ги смета за добри оние што изневеруваат. Лош пример биле за децата. Јас мислам дека тоа не треба да има никаква врска. Проблемот помеѓу партнерите е едно, а односот со децата е друго.
А тоа што јас еднаш, а тој 100 пати ме изневерил не е битно. Што тој едвај две минути на ден ги гледа децата и тоа не е битно. Тоа што сум изневерила не ме прави лош родител. Не сакам да дојде до развод и не сакам да дознае. Еднаш се случи тоа и готово заврши. Јас сум свесна и не се впуштам пак во тоа.
Ако не сакаш да дознае, прекини со тој. Ќе си направиш полошо. А дека има мажи идиоти, има. Они се китки за мирисање, а жените не чинат. Они ако изневерат е ок, а жената ао изневери е к*рва. Уште има заостанати сфаќања.
Kako mozi decata da ti se na prvo mesto koga tebe ti e vo um drug maz? Ti se opteretuvas sto bi i kako bi so shvalerot.decata mozi sega nisto ne sejkavaat ..ama ako prodolzis da se gledas so nego ke osetat i oni ito kako..ako mislis deka losho ti mislam ..prodolzi da se gledash so nego
Друго сакав да те прашам. Од каде знаеш дека ќе те остави на раат ? Дали го знаеш менталниот склоп на албанците? Јас сум живеела во средина со нив и многу добро знам како размислуваат по ова прашање. Сигурна си дека нема да ти задава проблеми во иднина? Инаку, бездруго, знаејќи го фактот дека маж ти те изневерува, не се грижи за децата, тебе не те ферма, зошто не превзеде мерки и дозволи така да се однесува кон вас? И да се разведеш, оваа врска немој да ја продолжуваш. Шиптариве се гадни кога се работи за жена, не велам сите, ама поголемиот дел да. Не си отварај проблеми, ако се дознае дека си го изневерила со него, повеќе ќе бидеш на тапет тоа што е шиптар, отколку фактот што си го изневерила. Тој те вара, не те ферма и не ги рецка децата, тебе паметот во друг маж, каков е тој брак? Вреди ли децата да живеат во него?
Јас да ти кажам дека албанциве се чудна категорија мажи. Се би сториле да си го истераат ќефот со некоја женска, посебно македонка. За жал, тоа е. Откачи се од човекот, за да не дојде до некој натамошен проблем со другата страна( со албнецот). Најдобронамерно ова, не знам како ќе ме сфатиш. Дека имаш проблем со мажот твој , си имаш. Треба да си го седнеш убаво и да поработите на вашиот однос ако сакте да и натаму д сте заедно. Мислам дека разводот е решение. Не заслужуваш и ти тоа што твојот сопруг ти го прави. Не си среќна, тоа е. Ниту ти имаш оправдание за тоа што си го напрвила. Пред да е касно ( да дознае маж ти и околината) нека заврши тоа што го правиш. Можеш да се разведеш и да си имаш нормален живот и здравје боже да си најдеш човек кој тебе ќе ти одговара.
Свесна си дека си се впуштила во авантура и се осудуваш поради таквата грешка. Иако бракот не е функционален и сопругот е тој што ве занемерува тебе и децата, ти може да бидеш најголемиот губитник од оваа ситуација. Не знам на која возраст си, но на проблемот меѓу вас создаваш поголем проблем. Тоа што не си среќна не го оправдува неверството. Пред да се впуштиш во потрага по внимание најпрво се согледуваат негативните работи што носат последици. Задоволството е моментално и кратко. И не вреди да си го упропастиш животот во очите на децата. Ти може ќе ја прекинеш врската, но не можеш да бидеш сигурна дали тој ќе го направи истото. За муслимнството е својствена полигамија, а и поголем дел од нив не ги респектираат нивните жени. Знаат да бидат нападни и упорни се додека не го добијат тоа што го сакаат. Сум работела со нив и го знам нивниот однос по ова прашање. Постои опција развод и секој на своја страна. Тогаш нема да имаш товар и тежина никому да му објаснуваш.
Бракот не е за на вага. Двајцата вложувате и нема потреба од броење на кој што направил. Ако нешто не функционира (кај тебе во изминативе 10 години очигледно ништо не функционирало штом двајцата си терате паралелен живот) значи дека слободно можеш да се разведеш. Разведи се и онака немаш никаков избор не само за ти да се спасиш туку децата да не живеат во лага. Ти прави што сакаш со твојот живот не е страшно ама седни со маж ти и договорете се за децата кое ќе биде најдобро решение. Твојот брак одамна е распаднат немаш што да лепиш. Мисли како да ги извадиш децата од хаосот кој настанува во нивните главички кога ќе распадне нивниот свет. Децата се најзасегнати кога се распаѓа бракот тие треба да се справуваат со вашите лоши и невкусни приказни за другиот. Најискрен совет: договорете се како да им соопштите на децата дека е крај, дека не е нивна вина и дека тие секогаш ќе бидат на прво место. Со лесно.
Јас не планирам да се разведам. И не е паралелен живот. Јас Еднаш згрешив и веќе не планирам.. Ставив крај на таа приказна. Последиците ќе бидат фатални за мене и децата ќе бидат највеќе повредени ако се дознае. Не можам да преземам таков ризик. Фала ви на сите за советите.
@Breathe123 Баш ме интересира зошто не планираш да се разведеш? Го изневери сопругот и кажа дека тој те имал изневерено 100 пати досега, тогаш која е поентата да бидите во брак без емоции? Немој да речеш поради децата, бидејќи воопшто не му правите услуга со тоа што ќе растат во нездрава средина и нема да знаат што значи зборот љубов. Сепак, тоа си е ваша одлука.
Без развод се осудуваш себе си на златен кафез. Колку квалитетен живот ти живееш во ваков брак? Никој не те осудува што си посакала внимание-секс,тоа е сосем нормално,но тоа ти треба од сопружникот. Ама седни го кажи му се во лице. Зошто да се срамиш да му кажеш ако тој не си се среди и ти како него исто а? Со што тој е помаж да те изневерува а ти помалку жена да трпиш во сушен брак? Мора да разговараш со сопругот и да се договорите што-како. Ете не се разведувај,ама не се ни запоставувај себе си. На децата не им треба несреќна мајка.
Sto se sluchuva so decata,koga i majkata i tatkoto se trgnati po avanturi? Za mene e ova grozno i zapostavuvanje na decata.
Значи вака 7 год брак.Двр деца еднптп 5 год др 8 месеци.Се беше ок додек маж ми пред 6 год не замин на раб во странство.Тогаш почнаа кавги и тн и тн.Значи не велам дека и јас сум цвеќе.Ама вака кога нешто треба се консултирам и за се се обидувам да разговарам.Тој реагира како ниту јас ниту децата не го интересираме.Последен комплимент имам добиено пред 6 год.Како маж на жена.Постојано си леже на тел.Жива нервоза ме фака.На раб оди не знам дали таму има некоја.Сексуален живот скоро немаме.100 пати пробав да рзговарам секогаш изморен и тн и тн.Искрено не сум што бев како порано слаба мош и не сум убава.Можеби повеќе и не ме сака.Може и не го привлачам.Ама нека ми каже да си знам на што сум.Кога и да го седнев да разговарм тој секогаш има 1000 изговори.Ако верувате толку ме боли тоа што не ме ни погледнува што навечер ке ги успијам децата и ке се гушам во солзи и си барам вината во мене.Ве молам за совет нај искрено.Не оди со другари не шета.Дома е ама на телефон постојано.Ако речам да ги шетаме децата се е изморен.Се сама правам.И додека го пишувам ова солзи како чешма ми течат.
Сето ова не значи дека не ве сака, можеби вашиот сопруг се наоѓа во некоја психички тешка фаза во животот, можеби заборавил кои му се моменталните приоритети а тоа е децата и вие, затоа ќе треба да вложите повеќе труд и трпение, за да пробате да го разберете од негова перспектива, но истовремено да му дадето до знаење и тој да проба вас да ве разбере односно меѓусебно да си ги разберете вашите чуства, и отворено еден на друг да си кажете што ве мачи, без наметнување на волја, без водење инат, без его, и ќе дојдете до решение на вашиот проблем. Едно треба секогаш да имате на ум, ние луѓето сме комплицирани суштества, понекогаш незнаеме што сакаме, незнаеме што правиме, понекогаш несвесно ги повредуваме луѓето кои ни значат, затоа на секој еден од нас во такви моменти потребна ни е помош за да ни се отворат очите, за да се вратиме во реалноста.