!!!Сите мислења надвор од темата се избришани. И уште еднаш ве замолувам да не провоцирате и навлегувате во расправии. АКо некој мислете дека трола, навредува, провоцира - пријавете, не реплицирајте. АКо мислете дека лаже, манипулира итн, имате опција ,,игнорирај,, Ве молам да ги почитувате правилата на форумов. @Feminka22 пошто си веќе предупредена, а упорно продолжуваш доколку продолжиш со несоодветен речник и препукување следува бан од темава
Здраво на сите.Се надевам на добри совети без осудувања,бидејќи и сама знам дека е погрешно ова што го правам и јас сама сум осудувала други,се додека не ми се удри од глава и немам памет како да постапам. Повеќе се надевам на совети од типот бегај од тука,само проблемот е тоа што и јас сама знам дека е исправно да бегам ,ама немам сила,се нешто ме враќа.Како и да е, ова е мојата ситуација. Си имав најнормален живот. Најголем противник на неверството сум била. Се вработив во фирма стабилна ,се омажив ,мислев дека се е како што треба.Најголема грешка е што се вработив во оваа фирма. Газдата е предобар човек ,не само спрема мене,туку општо,има претерано добра душа.Се зближивме,секогаш го карав и се расправавме за тоа дека лошо е да се изневерува,секогаш се контравме на таа тема.Него неможе човек да не го сака,има срце големо,а тоа е најбитно,без разлика дали е богат или не,воопшто не станува збор за тоа. јас мислев дека сето тоа води кон пријателство искрено,бидејќи верувам во машко -женско пријателство,бидејќи сум имала доста добар другар и секогаш имало граница.Но тоа било само мое мислење,не и негово . И тука ги надминав границите и ги рушив некои принципи по кои се водев цел мој живот.Да не навлегуам во детали како се зближивме,многу има, но ете се деси тој да ми отвори чувствата свои,а по неколку месеци и јас сфатив дека и мене не ми е сеедно . Долго време се борем за на крај и јас да попуштам и да го изневерам сопругот.Немало секс,само бакнеж ,но и тоа е неверство,џабе се тешам.И тој има друга со која сум и јас блиска,а и тој со сопругот мој исто. Лошо се чувствувам дека изневерив,лошо се чувствувам што на толку добар човек како сопругот и сопругата негова им забив нож,а ме сметаат за добра особа. Голем терет имам,а од друга страна секој ден се повеќе и повеќе чувства имам за него.Неможам да излезам од тука од други причини,а и да можам,пак нешто ме влече. Сопругот го сакам,но тој ладен тип, премногу добар и ме слуша се,но не покажува никаква љубов,што не е случај со газдата.Можеби тоа ме привлече,недоволно добиена љубов. Со него с еосеќам заштитено,а знам не смеам. Сигурна сум дека нема д апродолжам,бидејќи неможам да живеам со грижа на совест,но од дуга страна јас патам,бидејќи чувства се во прашање. А да се разведам ,во ниеден случај не би сакала.Само ве молам немој одговори од типот,дека газдата е богат па за пари си со него, воопшто не с епрашање пари .И утре да ги снема тие пари,се да му пропадне за еден ден, мене пак ќе ми биде исто
@peperutka1987. Искрено, жал ми е што ти се случува ова. Чувства кога се во прашање, боли секоја одлука. Знаеш дека никој од нас овде, нема да може да ти помогне. Ќе мораш сама да одлучиш, што и како. Еден прост предлог: На лист хартија напиши ги причините поради која го сакаш или не сакаш едниот, а потоа истото повтори го за другиот. И размислувај.. многу, но најважно од се', обиди се да не се обвинуваш. Секое добро.
Па има само два можни исходи, ако сакаш да останеш со сопругот да дадеш отказ од фирмата и да си најдеш работа на друго место, да се посветиш на сопругот и семејството и да заборавиш на газдата со оглед дека сите со сите се знаете ќе биде многу болно кога ке се дознае за вашите чуства и дури тогаш ќе ти биде уште полошо. Или ако сепак одлучиш дека ти се појаки емоциите спрема газдата и ако и тој така се чуствува разведи се најдобро. Во секој случај колку побргу донесеш одлука толку подобро за сите ќе биде.
@peperutka1987. Велиш си го κаρала деκа изневеρувањето не била добρа ρабота, значи тој ρедовно изневеρува. Подρазмисли се еве аκо си со него, што понатаму? И да се ρазведете, а не веρувам деκа двајцата ќе се ρазведете, ќе живеете заедно и сρеќно? Немаш иднина со тој човеκ, плус во κρвта му е да изневеρува и поκρај што жена му ќе ја изневеρува, ќе те изневеρува и тебе. Знам деκа ти е тешκо да си ја пρизнаеш вистината во моментот, подобρо спρечити нго лечити. А можеш да поρаботиш на бρаκот, не знам дали ти се исκоρистени сите ,,κаρти во ρаκавот".
се согласувам со @violetblue ! дефинитивно треба да дадеш отказ од фирмата,зошто мое мислење е дека нема да заврши добро ова.Ке ти треба огромна сила и причина за да прекинат чувствата према газдата.Затоа отказ или развод од сопругот...*а не прашав имате ли деца ?
си помислив дека ќе ме помешате со оваа личност , листав низ темава и ја прочитав и нејзината случка.Премногу сличности ,но не е ни иста приказна ниту иста личност. Ќе и пишам во приватна порака,можеби таа е најадекватна да одговори,ако нашла решение за нејзиниот проблем[/QUOTE] фала ти пред се за разбирањето .Верувај дека ова денеска ќе го пробам,можеби ќе помогне во некоја одлука.Уште еднаш,фала за разбирањето дете немаме сеуште, сопругот сака итоа многу,а и јас сакав до скоро,сега сум хаос.Но ,најверовано ќе биде и тоа,можеби тоа ќе ме спаси,дека со газдата дефинитино нема иднина,а да растурам брак ради нешто без иднина, не би требало.Сепак дојдов до лудило ,бидејќи се најдов во ваква ситуација.Една членка ми даде добар предлог со лист хартија и тоа ќе го испробам,па можеби повеќе ќе ми се разбистри мозокот,иако знам со него нема иднина,ама можеби пак и с сопругот нема да може да с епродолжи,без разлика дали би останала или не со газдата....незнам ,многу испомешани мисли
Размисли поради што си влетала во таа забранета врска......поради недоволното внимание и ладниот однос на твојот сопруг и твојата потреба за нежност и сигурност или стварно чувствуваш љубов кон тој човек и дали би влетала доколку твојот сопруг би имал потопол однос кон тебе. Башка друго е кога живееш со некој, друго е од страна.....а зошто тој помислил да ја изневерува жената и таа недоволно внимание му посветува нему? Има ли тој деца? Кога не сакаш да се разведеш, порано или подоцна знаеш што треба да направиш....инаку оваа авантура може да заврши лошо....се знае колку подолго трае, толку се поголеми шансите да се открие. Дали тие чувства што ги спомнуваш се толку силни поради тоа што е забранет, поради сето воздржување? Ти најубаво на крај краева си знаеш. Ако неќеш да се разведеш...не гледам потреба од листови правење.
Потполно се согласувам со тоа што го напишала @alana погоре. Мора да има нешто што те турнало да навлезеш во таква врска. Рече дека маж ти бил мн.добра личност, тоа не значи дека е и внимателен, нежен...ако е и таков тогаш дефинитивно до тебе е. Не верувам да станува збор за љубов, мислам дека си само збунета. Со газдата минувате многу време заедно, од една насмевка - комплимент тебе ти годи, се осеќаш посакувана и потклекнуваш на искушението. Штом немаш во план да се разведеш престани на време со авантурата за твое добро. Најдобро ќе биде да си дадеш отказ ако не сакаш работата да премине во повеќе од еден бакнеж, да не дознае сопругот и да си дадеш уште една шанса за да си го спасиш бракот. @peperutka1987. Со среќа, се надевам се ќе се среди и ќе си го спасиш бракот (на време).
ако еднаш се случило нека е и последен пат. Не навлегувај во проблеми повеќе не се гледај со газдата макар и по цена да останеш без работа. Ако ти е важен бракот и сакаш да го сочуваш доволндоволна ти е едната грешка. Колку повеќе си во близина на газдата самата себе си се труеш и го ставаш во прашање статусот во кој се наоѓаш па уште и ако имаш деца..... Бегај не влагај повеќе во дупка
И јас дури помислив дека сум јас како и да е,жал ми е што феминката се довелва во оваа ситуација,потполно ја рљзбирам.Јас мислам дека успеав да го решам мојот проблем. Едноставно треба да бидеш сигурна што ти е најважно во животот,дали има иднина со газдата. Во мојот случај итоа како немаше иднина и затоа си го одбрав семејството. Сеуште работам тамо,но седнавме и разговаравме и двајцата сфативме дека грешка е ако направиме нешто,единствено може да бидеме само тоа што и бевме...газда-работник. Секое добро
Ne mislam deka treba da si dade otkaz od firmata, tuku popametno kje i bide da se razvede i da ne go vlece za nos kutriot i soprug, ili nedaj boze mu rodi dete. Oti da go saka soprugot ne veruvam. A so kje prai so gazdata ponatamu i kako kje prai i dali kje prai e nebitna kategorija.
Да го сака не верувам дека би го изневерила. Како и да е, не осудувам никој, ама подобро членката да си поработи на бракот, па ако треба и нека си најде друга работа ( за да не се гледаат толку често). @peperutka1987. Размисли што ти дава газдата, а не го добиваш од сопругот. Потоа обиди се да го најдеш тоа што ти фали во сопругот, а ако не успееш мислам и самата знаеш што понатака
Не е се' црно-бело. Може навистина да го сака сопругот. Авантурата е возбудлива. Го крева адреналинот. Мислам дека го идеализира газдата, како што правиме кога сме во нова врска. Затоа викаме: од почеток беше се' супер, потоа се смена. Не се менува ништо, само подобро се запознаваме со партнерот, нема изненадувања, нема мистерии, нема предизвици.
Ти бе, многу јак маж. Осудуваш и тоа како. Во брак сум 15 години, ниту јас му бранам да се гледа со други, ниту тој мене. И замисли... се сакаме.