Тоа што ти пишуваш чиста љубов мене ми мириса на страв да не те напушти сопругата. Разговарајте смирени, обратете се на брачно советувалиште ако треба, но ако не оди на крај знаеш што следи.
vo red.jas.gi haknav razgovorite i toa bese ne flert da ti se zgrozi od muabetite a jas zazmuriv i trgnav ponataka preminav preku se.iako na krajot.mi bese priznato deka e taka a posle jas.sto.sum.napravil
Да кажам дека ти си наивен а она лукава не можам бидејки и саиот кажа и си призна дека хаосот во бракот ваш односно проблемите и непочитта ти си ја почнал за да таа може се нервирала плачела се трескала и едноставно се помирила па си нашла среќа и утеха додека ти си се покајал у момнтот. Така е кога не се зборува не се искрени сопружниците се вараат и си се одмаздуваат еден со друг мислејки дека инат водат а со инатот ништо не се решава освен што се уништува се пред и позади себе. За да опстои брак не треба инает да се води, да се лаже, манипулира, да се прават работи позади грб и да очекиваме отпосле прошка заборавање на нечиј кошмар од живот, нервози играње на нечии чуства итн.. Еднаш залепено скоро секогаш се крши а довербата скоро па никогаш не се враќа. Не си трбал да играш така, не си требал да водиш двоен живот и да очекуваш од некого да промиже на тоа а и таа не требало така да одигра ТУКУ ако едноставно дошло време за секој по свој пат да го направите тоа и двајцата. Сакам да ти кажам дека со сила убавина не бидува. Да се изгради втора доверба после куршлус и тоа е тешко. Сепак пробај да разговараш ако не оди не оди помири се со тоа. Среќно
Не сум лично јас поврзана со темава но имам една случка што ја знам и ме интересира ваше мислење. Моја другарка веќе долг период се гледа со еден оженет човек со две деца од кое едното е бебе неколку месеци, лично јас никогаш не сум поддржувала неверство и страшно ме нервира кога ми зборува за него, често се трудам да ја сменам темата бидејќи мене ми е непријатно, многу пати сум и рекла да го прекине тој однос но она не била подготвена на такво нешто, убаво и било иако веќе трае предолго, да е уште по трагична приказната она неколку пати има седено со неговата жена, но сирота таа ништо не знае што и се случува пред очи, она се сомнева во него ама "копилето" добро се крие. Неколку пати сум размислувала да направам некој лажен профил и да и пишам да и кажам бидејќи стварно ми е жал за нејзе со сила дебил ја прават, а пред се и за децата ми е многу жал. Искрено размислив после за тоа си викам подобро не, греота е да растурам семејство можеби сама ќе дознае така е подобро, но во исто време сакам и да ги отворам очите.
Најдобро е да си ги држиш твоите очи отворени а за другите проблеми затварај ги...немаш право ничиј живот да осудуваш, секој има право да живее како сака, се додека тебе лично не те засега или не ти наштетува. Јас имам такви пријатели еден куп, на сите им ги знам шемите и за сите си молчам...тие ми се пријатели.
На крај и од кога ќе дознае женава тие ради деца, или поради љубов пак ќе се заедно, само ти ќе испаднеш лошата што сакала да ги раздвои, верувај
Со другарка ти зборувај отворено и кажи и што точно мислиш. Многу покварено ова... и од страна на мажов и на другарка ти... Да дозволат да се 'дружи' со сопругата.
Баш цитираното ме стави во !?!? Дали навистина ти е другарка и можеш да се дружиш со такви личности што шират таква енергија ?! Јас не би се мешала во нечиј приватен и интимен живот но би го преиспитала и тоа пријателство со таква другарка.
Баш и не сфатив во кој контекст го имаш кажано ова. Јас сум свесна за фактот дека сега неверството не е страна работа, сум зборувала со нејзе дека јас не го поддржувам тоа што го прави и според мене тоа не е ни малце морално, посебно фактот што има седено со неговата жена, ги има "играно" неговите деца мене тоа ми е надвор од здрав разум, но сепак секој има право на свој избор во животот и секој сам си ја носи одговорноста за одредени постапки, што е до мене ја не би го можела тоа јас секогаш се ставам од другата страна и знам дека мене не би ми било убаво некој да ме изневерува.
Тоа што приватниот живот на другарка и' се коси со нејзините морални норми, не значи дека односот меѓу нив две е лош. Може за другарка е совршена.
@Snowflake97 јас би ти рекла да не се мешаш во вакви работи. Јас верувам дека е се со најдобра намера ама другата страна не верувам дека би ти разбрала така. Едноставно немаш право и не треба да те интересира. Таа ти е другарка и нејзиниот интимен живот си е најзина работа. Не е во ред тоа што го прави да ама тука веќе се работи за брак и деца, не за врска. Не знаеш како и е на таа жена од другата страна, жени сме предчуствуваме не би рекла баш дека и таа нема поима. Можеби си го знае добро мажот ама си ќути ради децата. Никогаш не можеш да знаеш што и како се случува во еден брак затоа стој си на страна и не се мешај.
Од погрешните вакцини има примено другарка ти. Не е ни прв ни последен случај. Мислам дека нема долго да трае, обично на мажите им се здосадува и ќе ја откачи па ќе си најде друга. Ама другарка ти стварно не е при здрав разум. Прашај ја што доколку таа би била на местото од неговата жена? Жал ми е за жената. Па и мало бебе. Во колкав ли број ги има таквите мажи?
Здраво, сакам да слушнам ваши мислења за нашава случка. Ете вака, маж ми пренесуваше патници за Германија и обратно, јас немав ни 40 дена откако се породив тој ме изневерил со некоја патничка, кога си идеше дома се правеше како се да е нормално, нонстоп во вц на тел, јас некако дознав, си пишувале на вибер го земав тел. и се јавив, плачејки и викајки ја навредував што не требаше така да постапам, тоа не бев јас во тој момент. Го прашав зошто само кјутеше и негираше.. Јас го прашував цело време, зошто, дали ке се повтори и тој одговараше дека нема и почна да плаче.. ми се стегна срцето и омекнав, требаше да купи нешто од градот па отиде, си направил лажен фб и пишал на нејзе као демек некој му го украл тел, а таа поверувала ( самата го читав разговорот) си испратиле слики еден од друг, и кажал секси... пак се скаравме пак истите прашања пак плачки.. пак омекнав.. е после и пишал на вибер пак”извини” таа го прашала зарем не ме сака зошто така ми прави тој рекол “ја сакам, али се губам во тебе” јас и се јавив на девојката и таа се ми кажа и верувам зошто плачејки ми го раскажа тоа, е после тоа јас веке 6 месеци неможам да се соземам, никогаш нема да му простам но му дадов шанса заради детенцето наше кое е премало да биде без татко, јас веке 6 месеци немам мир во душава највеке дека се губел у неа.. Веке ни сексот не е добар, не ми е убаво, не ме возбудува, се мачам едноставно ми иде тоа у глава дека се е*** и бакнувал сп друга, постојано се караме, јас се осекам запоставено бидејки некогаш немаме со денови као демек бил изморен бидејки работи и нокна смена на сегашната работа.. сега стварно незнам што да правам, како да се однесувам?!!!!
Абе мажот и' не мисли дека остава дома мало бебе, што му е чедо, родител е исто како и мајката... другава ќе мислела.. од шо мака?? Додека читав, знаев дека не престанал првиот пат кога си го соочила... Немаш појма, колку вакви случаи знам... Не можеш да замислиш.... Значи, ако не секој втор брак, секој трет, има ваква 'приказна'. Жал ми е, што ти си го доживеала тоа. Искрено, јас не би му верувала, никогаш повеќе... Мораш да одлучиш, дали си спремна и способна да живееш со тоа сознание, да се помириш и да прифатиш... или не си спремна и способна? Што да правиш во идинина, ти зависи од одговорт кој ќе си го дадеш сама, на тоа прашање.
Искрено навистина ми е жал поради оваа ситуација што си ја доживеала. Довербата нема да ти се врати, од една страна никогаш не би простила неверство бидејќи со тоа се погазуваш самата, а од друга страна човечки е да се даде втора шанса, но со таа втора шанса се измачуваш самата и сама си несреќна бидејќи нормално е тоа да ти е постојано во глава, но кога веќе си одлучила така пробај помини преку тоа и продолжи нормално, само не сум баш сигурна дека истово нема да се повтори пак по некое време тој чим те изневерил ти туку што си се породила и немал ни малце жал бар за детето верувај дека пак ќе го направи истото.
Тешко.. Жално и за двајцата а најмногу за малото. И тука доаѓа она прашање "зошто" ? Затоа што немал карактер да пресече или воопшто да не загледува. Не била доволна љубовта ете.. Решението ќе го бараш во самата себе, или седнете разговарајте и пробате од почеток да почнете притоа и двајцата трудејки се за бракот или едноставно ако не можеш да издржиш во сета оваа голгота стави крај. И тоа и тоа е тешко и треба време и трпение и сила и желба.. воља.. Ама од обете страни не од една. Треба само да сватиш дека со сила убавина не бидува. Ви подакувам се најдобро.