1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. David.wp17

    David.wp17 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    Vikni go tatko ti na samo I probaj da razgovaras so nego da pripazi so prai najubavo bi bilo... Ne I kazuvaj na majka ti ke ja povredis...
     
  2. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    100
    Биди внимателна, можеби си во заблуда. Али ако е вистина тогаш постои реален проблем. Неверствата по правило го уништуваат семејството. Искрено си во многу тешка ситуација. Како и да постапиш последиците се негативни. Ќе ти дојде да си речеш подобро да не дознаев...
     
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Би ти рекла да не се мешаш али порадо разговарај со татко ти.
    Поаѓам од себе си какви се не испади сум имала како дете не во ваков случај ами во други па сум реагирала глупо нормално ко за дете, сега се размислувам и се смеам.
    Си викам како бе така.

    Поентата ми е може не си разбрала убаво или може позади се ова стои нешто што не знаеш не знам.

    Лошо.

    Ама разговарај со татко ти прво без да избрзуваш со други лоши постапки кои може и не се вистинити.
     
    На WildMk, Milobebence и Alishan30 им се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    6.999
    Допаѓања:
    118.099
    Пол:
    Женски
    Почекај, нека помине време.
    Кога стварно ќе бидеш сигурна разговарај со татко ти.
    Можеби е само недоразбирање, сериозен проблем е.
    Доколку непромислено згрешиш, ќе се каеш утре. Затоа почекај:hug:
     
    На WildMk, vitamina и Dust им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Не се мешај..не е твоја работа. Можеби и мајка ти знае, ама си молчи. Тоа е меѓу нив двајца.
    Плус тоа како читаш туѓи пораки? Не ви е незгодно?
     
    На Marna, WildMk, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    @Dust Како не е нејзина работа? Керка им е, семејство се, не е комшивка.
    Кога родителот се одлучил да изневерува го повредува целото семејство не само партнерот.
    Секако дека треба да проба да ја заштити мајка си, а не ке си свирка на помислата дека татко и лега со друга жена, а мајка и му спрема вечера и пегла алишта за на работа, а кога ке се врати го пречекува со насмевка и ручек.
    Такво нешто не би можела да поднесам, свесна да сум за неверството и да се правам ко ништо да не е.

    @Angela126 Ако си сигурна дека е неверство во прашање или флерт седни го татко ти и објасни му како стојат работите, јас никогаш не би можела да молчам при таков факт.
     
    На Mateica, Gosh, kavadar4anka и 27 други им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Ете така, не треба да ја засега. Ако мајка и и татко и имаат лош брак и едниот изневерува, тоа е проблем на нив двајца. Најлошо е кога децата се мешаат во бракот на родителите. Имам блиски примери за тоа а последен пример од блиско окружување заврши на тој начин што синот се истепа со таткото и сега мајка му и татко му живеат посебно само поради тие сомнежи дека тој изневерил, а синот си го остави семејниот бизнис на таткото и отиде да работи во странство, затоа што во вакво мало место нема место за двајца да работат иста работа..
    Сега и мајка му ги трпи последиците од тие сомнежи и жена му што остана сама да живее додека мажот е на печалба..

    Ако не им оди во бракот, тие ќе си одлучат што ќе прават понатаму. Нема зошто да седнува да разговара детето со таткото, таа не е таа што треба да разговара туку жена му..

    И што ќе му рече? Тато јас ти чепкав во ПРИВАТНИТЕ пораки и видов дека ја изневеруваш мама...
    И што ќе постигне?
    Крај краева ако едната страна решила да изневерува на крајот или ќе се разведат или ќе останат заедно поради децата, што е и најлоша опција...
    Ако едниот изневерува и решиле да се разведат ќе ги седнат децата и ќе им соопштат.
    Ако решиле да се прават наудрени и да преминат преку тоа поради децата, тогаш уште многу пораки ќе чита девојкава штом се меша во туѓа интима..

    Бракот е меѓу маж и жена...! И никој дури ни децата не смеат да се мешаат во бракот на родителите. Исто како што родителите не треба да се мешаат во бракот на децата.
     
    На WildMk, Bozica1980, Luminary и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    ^ Ова во идеален свет само , зрела дистанца. Во секојдневието тешко.
    Двапати сум наишла на докази за изневерување на еден родител , првиот пат како дете оснпвец,многу бурно реагирав, не сакам ни да ја опишувам драмата после, вториот пат скоро ин флагранти, но како возрасна веќе со фамилија, и буквално изигнорирав од тие причини кои ги наведе. Ситуацијата ми е веќе кристално јасна и моја реакција само ќе придонесе во раздорот. Но, секоја фамилија е различна приказна. Би разговарала ( но само со родителот кој изневерува), во случај ако се работи за разумен човек. Не би долевала масло на оган.
     
    На WildMk, Bozica1980, lilo и 2 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    ае.. Многу е нормално детето да прифати дека едниот родител има двоен живот така? Да знае дека едниот родител ги остава нив за да појде да се посвети и на друго место? Јас да сум може нема да се мешам во односот на мајка ми и татко ми ама ќе барам од виновниот родител никогаш да не се враќа кај мене.
     
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Додека живееш ти под нивни покрив, можеш само ти да си заминеш а не и родотелот да го избркаш..
    Ако не ти чини таквиот живот, никој не те држи со сила..
    Не знам дали сте свесни ама во некои си 90% од случаите жената знае дека е изневерена..
    Секоја жена ја забележува и најситната промена кај мажот, а не па таква драстична како друга жена во неговиот живот..


    Тоа е и проблем со балканштинава.. во секоја манџа се мешаме и после Цацко ни е крив..
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    @Dust Сериозно сакаш да ни кажеш дека ако на пример, татко ти ја изневерува мајка ти, или обратно,
    ти дознаваш, и ќе си молчиш како ништо да не се има десено ?
    Cool story.
     
    На Mateica, Konfetka, Gosh и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе молчам, имам мајка и таа му е жена и нека разговара со него. Ако е изневерена, таа ќе знае уште првиот месец од изневерувањето. А јас 28години имам не сум дете да хистеришам по дома како татко ми ја изневерува мајка ми.
    Што ќе добијам со тоа? Освен растурено семејство?

    Вие што сте толку сигурни дека ќе се истрчате да зборите со родителот, да не ви дојде на глава. Нема да знаете како да го почнете муабетот..

    Ете кажи ми зошто би се мешала во бракот на твоите родители?
    ДА, тоа е твое семејство ама не и твој брак.
    Никој не одговори зошто би се мешале. Сите кажувате како онака либерално би му плеснале во фаца на таткото дека ја изневерува мајката..
    Во реалноста 99% немате ни храброст за тоа..
     
    На I.vana, WildMk, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.243
    Многу сериозни работи за да децата ги ,,исправаат,,
    Не сум била во ситуација, ама мислам дека би пукнала, би се љутела, би се скршила, ама нема да кажам.
    Често пати жената знае за неверството, ама си молчи.
     
    На friendy, WildMk, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Никој не рече да хистерише, туку да му даде до знаење на татко и дека и таа знае, да седне и разумен разговор да направи.
    Семејството е веќе растурено штом постојат и особи вон бракот.
    Баш пошто го имам искусено тоа, затоа и зборам вака. Поготово кога изневерувачот глуми посветен партнер.
    Нема зошто мене да ми е срам, од неговиот срам. Да се прчи настрана и да троши пари таму негде, место кај своите, својата жена да ја третира како куќна помошничка а не партнер и јас да му ќутам, да знам со која е секој пат кога ќе задоцни, и да ќутам и стојам настрана мирно ?
    Нека фала. Да се вратам, пак би одреагирала исто.
     
    На Mateica, Konfetka, Gosh и 15 други им се допаѓа ова.
  15. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.175
    Допаѓања:
    259.111
    Пол:
    Женски
    Многу ми паѓа во очи она:жената знае дека е изневерувана и си молчи.И тоа велите мноогу често.
    Навистина не ги разбирам тие жени ,како може да знаат и да премолуваат.Како бре продолжуваат во иста куќа во ист кревет незнам навистина.
    Не сме дотолку ние македонкиве несамостојни,незрели ,да не речам прости...

    И не може ни на детето да му биде свеедно и да премолчи.Незнам викаат додека не ти дојде на глава може само да си кажуваш ,ама не верувам дека би премолчела и да сум во улога на дете во таков брак.
     
    На friendy, WildMk, Hellobeautiful и 14 други им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Никогаш нема да премолчам неверство на еден од родителите. Јез да е тоа нивен проблем и брак, не би можел да трпам рогови да си набиваат и кога тогаш би им плеснал у фаца свесен за последиците. Подобро никаков брак отколку нефункционален.
     
    На Hellobeautiful, lilo, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.243
    Ако веќе решам да зборам, ќе зборам со тој што изневерува.
    Ќе му дадам на знаење дека знам и дека треба да си ја исправи грешката.
     
    На friendy, WildMk, lilo и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    @Angela126 ако си сигурна дека татко ти ја изневерува мајка ти, ако пораките се кристално јасни и експлицитни тогаш разговарај со него и постави му услов. Ако пак се некои така флертувачки пораки не избрзувај. Содржината на пораките е битна.

    И како тоа јас да ќутам и да не се мешам и дека не е моја работа? Па ако се сомневам во татко ми ќе му го земам телефонот и фино лепо ќе најдам тоа што ми треба. Точно, нивен брак, ама во вакви игри сите дома се повредени и изневерени на овој или оној начин.
    Плус, за таков егзибистички живот треба пара. Не верувам дека некој не фрлил некоја пара на швалерката да ја "почасти".
    Сума сумарум, ако дознаам дека татко ми ја изневерува мајка ми, а она да мириса на запршки по дома има на големо да биде!

    Не верувам дека повеќето жени знаат дека се изневерувани. Туку ги прават будали мажите. И аман жени кога веќе знаете дека сте изневерувани не молчете, имајте малку самопочит!
     
    На Gosh, alana, Stressed Out и 18 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Од аспект на родител: ако еден ден дознае детето дека сопругот ме изневерува и не ми каже, би се разочарала. Најсериозно. На некој начин станува и соучесник. Не правиме муабет за комшивката од петти, па не сака да се меша, правиме муабет за тесна фамилија. Не дај Боже да се најдам и јас во ситуација да знам, би разговарала прво со родителот во кој се сомневам дека изневерува. Сѐ додека изневерениот не ми каже да не се мешам, сметам дека е правилно да известам. За мене фамилија е света работа и полошо од преќутување и пикање валкани работи под тепих, нема.
     
    На Gosh, Stressed Out, Hellobeautiful и 25 други им се допаѓа ова.
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    6.999
    Допаѓања:
    118.099
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би кажала, ни мобилен ни фб не би му чепнала ни на едниот ни на другиот.
    Ваљда зошто не чепкам па и нема ни да видам такви пораки.
    Сликата си ја замислив како би и кажала такво нешто на мајка ми-би ме срушило,или обратно.
    Тие ми се родители,не би сакала јас да им бидам на нив родител
     
    На WildMk, Bozica1980, Dust и 6 други им се допаѓа ова.