1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Би ја дигнала куќата во вис:@
     
    На Feminka22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.990
    A зошто мислите дека изневерената жена по дефиниција е куќна помошничка? И дека мириса на запршка? А демек, ако не ја изневерува, во ред си е да мириса и да слугува, само ако ја вара тој не смее. Ох, балкански размислувања.
    Плус со негови пари ваљда има право да почасти тој, или таа, не делам по пол, кого сака, ако куќниот буџет не пати. Или друштво е во ред да се части а швалерка не. Плус од каде знаете , можеби таа него го части. Можда плаќаат по пола. Можеби го прави среќен, или таа него среќна, за да издржи некои други предизвици на животот.
    Секој си знае за своето семејство, не може да се генерализира. Јас знам пар каде жената му дозволи на сопругот да има секс надвор од брак, нејзе едноставно менопаузата па и пред тоа ја направи тотално незаинтересирана за секс. Нема љутење, тој како сопруг е посветен, дома помага максимално, деца намирени, таа не е баш куќна помошничка. Вака им одговара. Не знам дали децата знаат за договорот. Не е нивно ни да знаат. Според некои тука скандал и развод се подобри од меѓусебен договор. Е сега , знам и другачии случаи, не се сите исти па во една корпа да бидат,-на виделина се, скандал и развод.
     
    На WildMk, Dust, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Друго е кога веќе се договориле да живеат таков живот, а сосема друго е некој будала да те прави у здрав мозок.
     
    На Konfetka, Hellobeautiful, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Немора да се договорат, може сето тоа и преќутно да оди.
    Има бракови кои се задржуваат поради децата, поради статусот кој го уживаат партнерите, поради финансиски причини, поради родители, поради околина, поради немање каде да се оди после сепарација...
    Имаш 101 причина за да се остане во фиктивен брак.
    Во околината познавам брачен пар каде љубовта исчезанала одамна, се е само домашна работа и секојдневна рутина и не сакаат ни да се погледнат, ама пак не сакаат ни да се разведат, им претставува проблем.
    Тој си има друга, таа знае и си тера животот.
    Си поаѓа од тоа што е стара, неможе да си најде друг човек, да се иссели од дома и е невозможно (нема каде да оди, а овде бар по пола сите трошоци се плаќаат),деца спремни за мажење па се пафта со нив..

    Кој како решил - така нека си го живее животот.
    Ама немојте да велите дека е невозможно да зане и да седи дома.
     
    На friendy, WildMk, poenta и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Абе кога ќе видиш ни тоа договарањето не бива....на се би личело освен на брак....а пример детето си го види својот татко со друга жена у кафич? и опп траума,нема да знае како да постапи,ќе се олади од татко му сожалувајќи ја мајка си без да знае дека така си се договориле...мене тоа ми нема смисла. И да влегла жената у менопауза,и да игнорира секс мажот тррба да ја разбере,да и помогне да го пребродат тој период побрзо,а не ....слушај ја неќам секс, оди ебавај си други.......логика испод 0.
     
    На Martka, galapce, Ygritte и 5 други им се допаѓа ова.
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    За каква слога збориш? Семејството е веќе растурено кога почнал партнерот да изневерува, без разлика дали сите ке седат на купче и ке глумат среќно семејство или секој по својот пат. А второто е најисправно за сите.

    Е баш затоа што не сме деца треба да реагираме, токму поради тоа што сме зрели и пред се одговорни особи, ако сме.

    По тебе излегува дека брак и семејство треба да опстои по секоја цена, битно немој да излезе растурено семејство.

    Да ке разговарам со родителот и тоа во истиот момент кога ке дознаам. Не е лесно сигурно, ама многу потешко би ми било да живеам со сознание дека татко ми ја вара мајка ми, а јас молчам.
    Жива ке се изедам, ама да и премолчам такво нешто никогаш.

    Колку ли е лошо чувството да знаат моите најблиски мајка, татко, сестра, здравје и деца дека сум варана, а тие си молчиле и ми се смешкале? Најлошо, најлошо е.

    Премолчување е еднакво на поддршка и одобрување.
     
    На friendy, Gosh, galapce и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.990
    ^Дискутиравме дали детето да каже тоа што приметило. Едно е да си во центарот или малку подалеку од центарот на случувањата, како дете, полн со емоции, лутина и страв од иднината , а друго од страна да дофрлаш како ке "му е.еш м.тер" на изневерувачот. Никој од нас не знаеме доволно факти и субјективни вистини, за да дадеме издржано мислење. Не ја знаеме ниту неговата, ниту страната на изневерената жена. Има многу варијации, тоа сакав да кажам. Плачење за парите за частење, дури смешно е во споредба со други посериозни животни проблеми.
     
    На WildMk, Annath и Dust им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Бракот не е заедница само на мажот и жената, туку и на децата. Како што родителите се грижат за детето, како му е и психички и физички, така и детето се грижи за родителот.
    Многу е себично детето да дознае за неверство и да премолчи. Себично е кон родителот кој не знае за тоа. Не можете да бидете сигурни дека изневеруваниот знае дека е изневеруван. Што ако не знае? Затоа е подобро директно да се расчистат работите, што побргу тоа подобро за сите. Ако изневеруваниот знаел, ќе го каже тоа и пред детето а не да го прават магаре, да се изневеруваат на страна а тоа да мисли дека неговите се совршени и се сакаат. Тоа треба да се расчисти, или ќе живеат заедно глумејќи дека ништо не се случува и дека така им одговара или ќе се разделат и секој на своја страна.
    Не мора дознавањето за неверство да е преку читање пораки, може да биде и случајна средба на улица, во мотел и сл.
    Не можам да замислам колку е тоа тешка ситуација за тој што ќе дознае нешто такво, особено детето. Тоа би била огромна физичка и психичка болка, која ако ја држи во себе некој ден ќе прерасне во сериозно нарушена здравствена состојба.
    Јас сум дефинитивно за вадење на картите на маса. Не сум за маскенбал, особено кога се работи за најсаканите.
     
    На Gosh, Stressed Out, galapce и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Можеби е најдобро да не се мешаат децата ако општо во семејството нема некоја блискост, но од моја гледна точка, во семејство каде што сме многу поврзани, и те како би имала свој глас во ситуацијата. Па побогу, точно е дека сите сме возрасни, ама не се мешам кај комшиите или кај странци, туку кај сопствените родители. И под мешање, не подразбирам да кревам врева и додавам масло на оганот, туку да седнеме и да разговараме, како и што сме цивилизирани луѓе. Разговорот решава се, па дури и крајната одлука да е развод.
    Во врска кога се изневерува, се изневерува партнерот, но во брак со деца, на еден начин се изневерува и целата слика наречена семејство, а тука изневерена е и довербата кај децата. Тоа е мое лично мислење :)
     
    На Hellobeautiful, SV1911, Mr. Right и 7 други им се допаѓа ова.
  10. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.232
    Допаѓања:
    260.159
    Пол:
    Женски
    Мислам дека жената(или мажот) полесно може да премине преку изневерување,ете да премолчи,да си тера и тој свој живот на некој начин,отколку децата да опростат за неверство на родител.Љубовта може и да исчезне помеѓу сопружниците ако веќе некој решил по друг пат да оди,ама за децата родителите се едни и единственеи и секако ќе ги боли некој од родителите да почне да изневерува.
    Со тоа детето чувствува како да е и тоа изневерно ,неговата љубов,неговото семејство...
    Посебно ако лично се увери во тоа,со свои очи види...
     
    На *Senorita*, WildMk, Ygritte и 14 други им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Баш не верувам дека овие што се против кажување и демек 'мешање' би го рекле истото, кога партнерот би ги варал, и да знаат една или повеќе блиски особи од страна, а да не им укажат што се случува.
    Да, баш би биле ок со тоа, како не.
    |(
     
    На galapce, zalosna, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Баш. Како овој ропаков што го знам што дава пари по други жени за секс наместо тие пари да ги даде дома на едногодишното дете за млеко, за пелени, за било што.
    Да ми извините, ама да му вадам на мое дете од уста за јас ќејфови да правам и да давам пари на други треба нешто да ми фали!
     
    На alana, WildMk, Miss666 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Во брак сум 4 години и имам 2 деца. Го сакам маж ми и не можам да се замислам со друг, но сепак мислам дека тој ме изневерува. Го фатив како се допишува со една пред една година и ми рече дека нема ништо и оставив на тоа бодејќи дознав дека сум бремена. И ете година дена заспивам и се будам со помислата дека ме изневерува... Не е некој да излегува по кафани и дома да не доаѓа, оди на работа доаѓа дома за викенди ако излезе на кафе со другарите на пладне... од една страна (ангелчето) ми вика нема кога да ме изневери а пак од друга (ѓаволчето) ми вика дека сепак има друга... совет што да правам?
     
    На Skrsen88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    ^^^

    Прашај го ? Си го фатила како се допишува со друга и го "пушти тоа" ?! Недостаток na комуникација е број еден проблем во врските.

    Зошто туку така премина преку тоа ако ти смета. Ако нему не ми е незгодно да го става пенисот во други вагини, нема зошто тебе да ти е незгодно да го соочиш со факти.

    Вака е можно да се натегате до недоглед, соочи се. Мој совет не се никакви детективски игри за прибирање докази. Доверба имаш или немаш т.е. е изиграна. Се понатаму нема цел, ако живееш со недоверба.
     
    На PaLaVa, WildMk, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Би била.
    Затоа што и да ме вара, не е ничија работа. Буквално само моја. Нема што некој да ми се меша и да ми кажува што прави мојот сопруг. Од кај знаат дека не знам?
    Затоа и децата во нормални држави се осамостојуваат што е можно побрзо. И толку, дали ќе се вараат родителите или не, нема да дознаеш ако не земеш да копаш по телефони, нели? Кој к*р копаш по телефон на родител? Приватност непознат поим?
    Да, би ми било криво, би вриела од внатре. Дали би кажала? Дефинитивно не, никогаш.
     
    На Dust и Milan93 им се допаѓа ова.
  16. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Го пуштив бидејќи дознав дека сум бремена сабајлето. Разговаравме после некое време на таа тема девојката буквално исчезна од соц. мрежи, но сепак не му верувам целосно...
     
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Абе види теоретски се звучи тоа фино и како извадок од некоја бихевиористичка книга, ама во пракса животот е многу повеќе од тоа, луѓето сме многу повеќе од тоа, дејствуваме согласно моменталните емоции.
    Да е деликатно прашање е, тоа неоспорно. Ама вистината секогаш ќе има предност, барем кај мене.
    Во случајов со членката во прашање беше мобилен телефон, јас за другарка видов со свои очи.
    Значи сведок си на неверство, а со прикривање на неверството стануваш соучесник. Пријателите си го чуваат грбот со пријателите, не им работат позади грб.
    И не би го нарекла мешање. Мешање би било кога јас би и кажала што да превземе понатаму, а такво нешто не си дозволувам. А за вистината, секогаш ќе бидам прва која ќе ја соопшти.
     
    На bibiiii, PaLaVa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @lovestoneddd и во 90% од случаите, ако знае ќе си продолжи по старо - ако не знае ќе рече дека сакаш да и ја растуриш врската. И пак ништо не си постигнала. Ретки се тие што ќе признаат дека веројатно си во право.
     
    На bibiiii, WildMk и Dust им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Сите си ги знаеме блиските али и процена треба. Ако знам дека знае, не споделувам а и нема да го вперам прстот кон изневерувачот пошто очигледно дека има зелено светло од партнерката. На другата страна,
    кога изневерувачот води двоен живот, а на првото место глуми посветен дечко, филмови за иднината ау, нема никаков сомнеж кај мене дека треба да се биде разоткриен.
     
    На PaLaVa, WildMk, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ама не секогаш се чепка туѓ телефон без дозвола. Безброј пати сум користела телефон не моите, дали за фб, да изгуглам нешто.. во секој момент да може да пише швалер/ка и јас да видам.. Ќе зборувам и ќе кажам. Еднаш видов кај мајка ми муабет, со пријател, што не ми се свиѓаше, ја седнав и и кажав дека иако таа нема лоши намери,тоа е неверство. А имав 16 години.
    Ако фатам некој да е во афера, разговарам со него и ако си продолжи, го седнувам другиов и му давам дознаење дека го прават будала. Ќе ме боли ама уште потешко ќе ми е да гледам дека се во лош брак.
     
    На PaLaVa, WildMk, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.