Ако се со исто презиме не би требало да и направат проблем, ако смени презиме да. Иначе и за ова социјално дава потврда.
Здраво,девојки Не мислев дека ке побарам помош на оваа тема,ама ете никогаш не вели никогаш. Последниве два дена ми се скрши срцето,животот,домот...се за кое со гордост зборував и секојдневно вложував. Го фатив сопругот како ме изневерува,прочитав пораки на моб. каде и кога да се видат,што се ке си прават... Истиот тој човек кој е татко на моето дете,кој ми беше другар најголем, поради кој верував дека срекни бракови има. Немавме никакви проблеми пред ова што го прочитав,бевме на одмор каде поминавме прекрасна недела,за сексот исто така и двајцата се трудевме да не е монотон и да го зачиниме со секси облека,патување кратко само за нас..Може звучи како клише,но навистина така се чувствував.Изгледа само јас,па затоа ова ми дојде како гром од ведро небо. Ме повреди човекот за кого раката во оган ке си ја ставев.Може звучи бедно,ама што да правам сега? Се соочив со него,тој само молчеше и кажа дека тој расипал се,сум заслужувала подобро бла бла...но ништо повеќе од тоа. Можам да си отидам ама имам дете кое е мало,ама разбира дека се ке му се смени,и знам дека ке страда,бидејки си го обожава и баба муи дедо му,навикнат си е на двор, на животните дома,како да го затворам во 50 квадрати.Далеку од тоа дека си барам оправдување да останам,само морам да мислам и на него,кога очигледно татко му не мисли. Животот ми е пекол во кој уште си велам дека е грд сон. Неможам да се помирам со тоа дека човекот кој толку мноогу го сакам ми работел зад грб,дека се било лага..Извинете на долгиот пост,повеке излезе како исповед,ама морав да си ја олеснам душата
Навистина ми е жал за тоа што се случилопосакувам да не беше вака.ти најдобро знаеш како треба и што треба дали треба да му дадеш втора шанса или не.ти посакувам многу среќа.
Нова шанса после неверство е исто како да му кажеш, сега нешто појако направи ми. Тоа што ти кажал дека заслужуваш подобар е само вадење од говната во кој тоне. Зошто пред да те изневери не ти кажа Ти заслужуваш подобар затоа јас ќе те изневерам. Ако детето е навикнато да седи таму, тогаш остани. Но без физички контакт. Објасни му дека поради детето сакаш да останеш но дека не сакаш да бидеш со него интимна. Ова ќе ти биде и тест дали тоа неверство било кратка авантура или пак едноставно се заљубил и чувствува многу повеќе. Ако после ова не се извинува и не бара да спие со тебе, значи дека таму, кај новата девојка ,,припаѓа,,. Тестирај се и себе си и него. Се надевам на позитивен резултат поради детето.
Многу долги разговори треба за ова да го пребродиш... и многу време. Се разбира, ако е спремен на разговор.
Да ќе ја изгубиш. Државата на тој начин се штити од имигрантите кои што се мажат/женат со нивни жители само за да преку нив добијат виза или државјанство.
Ako ti e do deteto i o negoviot zhivot, togash ostavi go kaj tatko mu. Zoshto mora decata po sekoja cena da bidat so majkite?
^Но не по цена мајката да падни жртва за да детето ги гледа двајцата дома, настрана тоа што татко му не ја ферма мајка му ич!
Во ред е ќе го фатите на дело дека има швалерка. И каква врска има швалеризмот со детето?! Тој може да има многу швалерки ( не една ) но тоа не значи дека е лош татко и дека поради неверството треба да му се одземе детето. Искрено не знам како не правите разлика помеѓу љубов кон дете, кон сопруга, кон швалерка. На суд приватниот живот никого не го интересира. Се гледа дали родителите се способни да го одгледуваат и се грижат за детето. Сестра ти се уништила?! А зошто не седне и да комуницира и да му каже дека се знае. Кај нас навистина имаме проблем со комуникација. Седнуваш коректно разговараш. Знам се и чекам твое објаснување. Одговор зошто сама можеш да си добиеш. Затоа што тој што изневерува е слабич. Затоа што седни кажи дека сакаш разделба и fuck of прави си што сакаш. Детективи, докажувања...Неверствата се чувствуваат...И кај маж и кај жена. По сексот, по односот, по незаинтересираноста, по расеаноста...Детектив?! Освен ако имате пари за фрлање. Ако имате пари за фрлање дај те ми ги мене, јас ќе си одам на одмор а ќе ви го следам тој што ве изневерува.
Оти викаш бе? Не е работата дека браниме таткото да го земе детето, туку навиваме да не мора да се одбира со кого би живеело.. ами да си живее со двата. Се надевам дека му била инцидентна глупост на мажов, и дека сака сеуште да е во брак.. Ако не, тогаш ќе мислиме со кој да биди детето...
Типов се слуша како што видов со ,,колешка му,, секој ден. И тоа не е инцидентна глупост туку намерна, сакана глупост.
Нели секоја добра мајка, посебно во такви емотивни ситуации, треба да постапува трезвено. Доколку би било подобро за детето да си живее со таткото (кој е добар родител, не станува збор за насилник или пијаница), каде ќе има повеќе простор, му е познато, има другарчиња, итн. што има јас само за да испонувам сопствени одмазди да го макнам каде знам дека нема да му е подобро.
Затоа што тоа дете е мое исто толку колку негово нормално,но по ништо на светот не би сакала да се тргнам од него. НИКОГАШ. Тоа дете доколку се разведеме ке поминува исто толку време со него колку со мене што е нормално,бидејки тој е добар (барем човекот кој го знаев досега)татко. НО! Тоа не го менува фактот дека ме разочара,ме повреди,понижи,животот пекол ми го направи. Е боли! Поентата ми е дека пишав овде затоа што главата ми е хаос,преку нок се се промени,и не знам како да постапам. Да јас од една страна не сакам да страда далеку од тоа што е навикнат,но никако не сакам да му оставам ни слика на човек дека се се трпи и се кути во животот. Затоа и ми е дилемава. Сепак тука се и чувствата за некој со кого сум била последниве 6 години. И покрај се,никогаш нема да се тргнам од детето,да го оставам затоа што татко му си го прави кефот.
Не брзај, време за нешто што се градело со години да се растури не треба ич. Дај си време, размисли со ладна глава.
И јас исто како Би ти кажал. Не брзај полека дај си време да се смириш малку за да можеш да размислиш трезвено. Сега со вжештена глава се мислат само најгорните и најдолните опции. Полека сте граделе живот, сте створиле дете, не е така се едноставно од еднаш се да оставиш и донесеш конечна одлука. Да ја уништил довербата кај тебе, го сакаш, си се дала целосно кон него тој ете испаднал слабак посакал друга. Може е само секс период, миже се заљубил, може човекот само скршнал од пат. Знам дека се е тоа изневерување , злоупотреба на бракот но и тука гледиштата на секој човек се различни. Некој ќе осудуваат децидно како примериве тука и ќе се прават силни и така решителни што одма Развод брак ти предлагаат и готово. Но за на туќ грб сите сме умни и силни. Лесно е да ти пише а бе разведисе и готово, тој вака тој така, тој пак. Но знај Ти пред се и Тој сте створиле семејство, дете , дом. Никоја и никој од овие што се силни и толку невини овде што ти солат памет одма да се разведеш нема после да ти дојдат во животот да ти помогнат во егзистенција, дете раснење , решавање на проблеми и сл. Полека дај си период недела, месец. Нека се пододладат работите во твојата глава, собери, подели резимирај искалкулирај што ќе изгубиш што ќе добиеш. И што ќе пропати тоа дете што го имате. Тоа секогаш ќе ве гледа како два родитела оти од вас е створено. Не земај ниту еден совет од тука за пример, сама и трезвено размислувај. Луѓе сме, секој прави некаква грешка, времево е веќе лудо динамично. Тешко се ствара нешто лесно се расипува. Некогаш не треба обострано да сме себични поготово во бракот а да трпи трета особа, детето. Се се случува во животот. Ок се разведеш и после што,.
Za neverstvo na maz nikogas nema da se razvedam I da go prepustam na druga vo kolku go sakam toj maz. Ako ne go sakam toa e drugo. Zenata treba da e mudra I ako Toj skrshne od patot I se zaulavi da najde nachin da si go vrati kaj sto pripagja. Sigurno ne e lesno no ne nevozmozno. Nema nesto sto zena ne zacrtala vo plan a ne ostvarila.