Ако му буричка секој ден по џебови, тоа ќе го изнервира. Ама па баш женски привезок, и да најдам нешто на земја па не го зимам. Чудни створења се маживе. Добро што си зборела со двајцата, добра душа имаш. Си го спасила бракот.
Можеби има работа која вклучува и жени-клиенти ( стоматолог , доктор или некои слични професии ) па можеби и паднало на некоја жена , па го земал дома за да го врати ( можеби воопшто не знае чие е ) , па го заборавил по џебови . Сестра ти треба да ја смири љубомората , и да го праша со убаво . Во зависност од неговиот одговор , да постапува понатаму . Добро е што те има тебе , но , не секогаш може да доаѓа кај тебе за неважни работи и да се кара со сопругот и . Утре и ти ќе имаш свои проблеми за решавање , не можеш да се растегнеш на милион места..
Да, има таква работа и јас прво на тоа помислив дека го нашол и го зел..знае дека сум за неа тука секогаш и секогаш и помагам за се...и двајцата се тврдоглави таа со напади веднаш тој со молчење и бегање...ќе им помине..некогаш мала ситница е доволна за да се распадне еден брак од ништо нешто..затоа бидете секогаш смирени и размислете пред да кажете некоја глупост во нервоза...ова го сватив
Најлесно е да се растури едно семејство , тешко е да се зачува . Ним ќе им помине , но утре ќе имаат деца ( можеби веќе имаат ) , па тие ќе патат од секојдневните караници .. посоветувај ја да проба да се исконтролира во вакви ситуации , да направи муабет со убаво зад затворени врати , без децата да насетуваат .
Да така е најлесно е да се распадне се тешко е да се зачува, децата најмногу страдаат од се. Поради нив и се правиме и најтешкото ќе го издржиме.
Да имаат деца,ако мие сестра ама многу претерува со испадите ја седнав убавото и кажав дека ако продолжи вака ќе си го растури бракот разговарав и со него му реков да не се нњевира да и каже...и испадна дека е лут затоа што му изназборела глупости дури го навредила ти ваков ти онсков а он е стварно предобар се прави за неа и децата ...и испадна дека го нашол паднато и го зел пошто е златно а никој не го побарал па го зел да го смени вика од мравка слон напраелс сестрата..фала што одговоривте..добро е сега се среди а на неа не смее да и се повтори ја научи лекцијата дека од тие филмови што може да си направи затоа за секој проблем само со убав разговор може да се реши и со разбирање и почит позз
Сите ја окривувате сестра ти со љубоморните испади. Кога веќе е таква зет ти требало ако навистина го нашол привезокот да го покаже на неа и да се договорат што ќе прават со него. Вака и нељубоморна жена ќе се посомнева. И кога веќе прашала каков е тој одговор со исмевање:штом знаеш се погоди на кого е. Немој бранејќи го зетот,сестра ти да излезе во право и стварно да погоди на кој е.
Не е од сеа ново пред неколку месеци го нашол ама зсбоварил да каже инаку никогаш не и одговарал така ама и он не знаел дека толку ќе и отиде мислата на тоа..инаку нормално секоја жена би прашала . Во право си сепак требал убаво да каже одма .позз
Дај Боже, ќе видиме дали ќе се мажам или не хахахах. Ама знајт оково да препознајт филмче од реалност. Ногу серии гледат љугево.
Абе, не баш ова со љубомората, ама нешто ќе има.. Дали пари, дали излегвање, дали чистење, дете глеање.. Било шо. Години се во прашање, нема шанси се' да тера без драми..
Не го оправдувам зет ти. Бидејки се ставам на место на маж ми, наоѓал работи и ми кажувал, еден период додека работеше една одредена работа се случуваше да наоѓа све и свашта, од очила до обетки зборувам за поскапи работи, ми ги сликал и ми ги пракал или донасал во прва прилика, бидејки ионака никој не ги барал никогаш па се случуваше сите вработени да наоѓаат по нешто и да даваат на кого како. Секој би си помислил и би се запрашал што и како. Секој, не знам на прв поглед бурно би реагирал поготово па инициали. Врегање НЕ ама муабетот за разрешница ДА. Наместо да се смешкал сопругот под мустаќ и да молчел требало да каже значи го најдов никој не го побара и сум забораил и така. Вака ситуацијава као тој горд и дигнат испага, е не ти кажувам треба да ми веруваш. Не е за верување или не верување почит е у питање. Као заборавил а оваму се смешка додека сестра ти се нервира. Нормално дека ќе се нервира ако го сака и слично. Ти моме шо напраи? Абе седни го сопругот пробај да зборувате, ќе му кажеш сакам да сум на чисто со тебе, или ќе бидеме фамилија или нема да бидеме ако веќе си решила да простиш. Вака испага дека тој седи на два стола и мува не го лазе или не може да избере. Секоја жена заслужува живот, ќе му кажеш дека сакаш да разрешете се, дека вака не можеш да живееш, дека сакаш маж и фамилија наместо цимер и човек што не може да избере. Ај што си му простила си му простила, ама ако и поматаму е ладен и немате никаков однос и брачен живот не знам што те влече да седиш таму?! Пресна е ситуацијата па затоа не знаеш ни што чуатвуваш ни што да правиш тотално те разбирам. Максимум треба да помине време за да најпрвен расчистиш со себе и своите чуства па да раскрстете со мажот дали развод или нов почеток. Ако сметаш дека навистина не знаеш и немаш појма што да правиш дај со време, кога ќе сфатиш оди напред цврсто и одлучно без разлика дали е развод. Ако продолжиш со човекот продолжи доколку тој те заслужува, ако и понатаму е ладен и безволен самата ситуација би ти покажала дека навистина е крај.
Штом се вратив назад и решив да дадам уште една шанса одлучив да видам извесен период дали ќе се средат работите. За разговарање му кажав отворено или ќе смени начинот на кој се однесува или ќе си заминам засекогаш и ќе поднесам развод. Еве два дена некако се прави дека е заинтересиран за внимание, па ќе видиме до кога ќе е така, тој и сам незнае што сака тој си има проблем со сам себе не е начисто што точно сака, затоа дадов време да видам како ќе се одвива целата работа ако гледам дека нема поправање нема да дозволам повеќе да страдам и да ми се наруши здравјето се знае дека ќе пресечам и ќе ставам крај.
Се согласувам дека не требало така да реагира. Ама карактери се во прашање. Не ги знаеме сите детали, можеби имало и други работи во моментот што му се насобрани ( не мора да се поврзани со сопругата) па едноставно така изреагирал. Можеби не е правилно, ама никој не е совршен и тоа не значи дека не ја почитува.
Во ред, во право си. Како и да е требало да и каже.. секој би си помислил и би се запрашал за вреден предмет со непознати иницијали плус. Не значи дека и женава не верувала ама барала одговор што е најнормално.