Таа може колку сака да е упорна, ако тој не сака, нема да оди со неа. Така што, не се замарај со неа , и генерално немаш појма што се случува во нејзиниот брак. Можеби маж и знае, можеби не знае, можеби не му пречи. Можеби и тој си пишува по инстаграм. Нема потреба да кинеш нечии коси, оти единствен кој има обврска спрема тебе е маж ти. Таа нема никаква. Дал била грда и стара , верувај нема врска. Ете на маж ти со опроштење му се дигнал. Никогаш ама никогаш не е крива другата жена. Таа е кривец во својот брак ако уопште е...плус маж ти може да и каже да прекине со замарање. Или најлесно, да ја игнорира.
А што е така лошо ако веруваш во светото писмо? Тоа не учи да не осудуваме никој а и јас исто така не осудувам никој/само сакам да потенцирам дека кога се работи за неверствата на мажите сме доста гласни а за жените никој ни збор ни абер а ги има доста и јас што ги познавам. а овдека беше темата брачни неверства што важеше и за двата пола. Па сакав некој нешто да сподели..
Значи само си радознала.... За да имаш нешто за муабетење (читај:оговарање) Ептен христијански.. нема што...
Sekoj koj saka moze da izneveri bez razlika na polot i kontrolata sto si gi pravat bracnite drugari. Samo edno ke kazem, ne prifakam da napravam neverstvo po nikoja cena i ne prifakam na nekogo da mu prostam neverstvo i da mu dadam vtora sansa Sekoj neka si razmisli sto pravi i za posledicite od toa, ako e vredna edna nok za rasturanje na semejstvo, slobodno izneveruvajte...
Каква врска има дали е мажена или не? Што има чудно во тоа што го кажала членката? Целосно ја поддржувам и го делам истото мислење со нејзе.
Има врска, затоа што многумина менуваат мислење кога ќе стапат во брак. Познавам еден куп луѓе кои се во брак, каде едниот партнер изневерил/или изневерува, и сеуште се заедно. Бракот ги комплицира односите. Не би можела така... ама не можам ни да им судам, пошто не им сум во кожата.
Вајлдке, за првиот пасус се согласувам со тебе. Дека додека не доживееш нешто не го осетиш и не го живееш не го едноставно перципираш добро, имаш само став мислење и критериуми нели по кои би се водила ти, Но едно огромно НО во брак све тоа во вода паѓа, и критериумите и ставот и твојата перцепција бидејки точно како што кажа не можеш да знаеш како би реагирал кога би бил во брак на икс одредени ситуации. И тек ќе пагаат во вода многу критериуми и ставови бидејки бракот не е обично сретство за чистење па да исчистиш и да имаш став дека убаво чисти или не нели. Бракот е многу многу повеќе од еден обичен критериум наш, наш став, наше мислење.. кога доаѓа на глава еден проблем па и жена у брак што се испонашала некад на една страна множе за друга работа да се испонаша обратно пропорционално. Факт е. Од секогаш имам кажано дека еден брак се сведува на почит, разбирање, компромис, другарсрво, искреност, зборување и многу љубов. Ако едно од ова немаш се паѓа во вода но како ќе падне тоа никој ама никој не може да го зацрта однапред. Факт е. Е сега за вториот пасус твој би рекла, не, оти јес да не му знам гајлето нели АМА тој ми е сопруг и ако ми ја изневери довербата моја со тоа автоматски ќе ме испоцени и мене и ќе ме лаже со тоа и ред други работи паѓа во вода дека јас не му знам што тој има во глава па да не судам. Јес да нема да судам, тоа да, ама па ако ме изневерил по сите горе спомнати критериуми за еден убав брак паѓа во вода дека не можам да го судам, нема да го судам али ќе останам видно разочарана бидејки срушил се што имаме го распарчосал ... и тогаш не би рекла да не го судам, нема да го судам НО, нема исто така да помине незабележливо или како год. Се согласувам дека беакот со деца е комплициран и се. Но ете некои решиле да простуваат други не. Јбг карактери и нечии износени опинци се во игра тука и не само тоа АМА не дека ќе го соочуствувам оти не му знам дирата па да не го судам. Не се простува така лесно нечие разочарење у живот. Лаги, невистини, лоши работи. За жена која била пристојна кон мажот и чиј маж и бил нејзин цел свет!!!
Tocno taka ne se prostuva lesno koga zivotot si go posvetil na covek za koj si mislel deka e siot tvoj svet, ama ete zivotot me iznenadi, iskreno nemase da prostam da ne bese detevo i deka posle se ova brakot veke ne e za mene toa sto bil veke i jas gledam so poinakvi oci.
Чудно ми е како многу жени се со став дека ако маж си ја изварал сопругата, треба да се даде шанса и тие што решиле да се разведат ги сметаат за незрели или тврдоглави. Демек, брак е и за децата вреди да се проба пак. Можеби да, новата шанса ќе биде оправдана. Ама што ако изневерената жена смета дека не заслужува да е простено. Не е себична, едноставно свесна е дека не може да премине преку тоа и нема потреба да се заробува во токсичен брак.
Сите сме со различен карактер, различно гледиште на работите и различни ставови.. нормално е да бидеме различни. Може икс жена решава да прости, оти така сака и чуствува, оти моме мисли дека вреди да се даде втора шанса.. оти нема друг излез, оти оти оти.. има многу!! Но сепак сметам дека малцинство се. Ова "вреди или треба да се остане ради децата" е контрадикторно само по себе бидејки ако вреди и треба да се остане во брак ради децата исто така вреди и треба мажот/жената да биде свесен дека изневерувањето е испоцена, непоштување итн кон истите тие заеднички деца. Изневерувањето како поим има милион значења и носи милион испоцени кон фамилијата како поим. Не, не вреди да се остане ради децата, бидејки децата заслужуваат да растат во квалитетна атмосфера. Во да речеме не токсична средина со превари кавги итн.. Ако бекој решил да оди нека замине, а самиот брак за една двојка со веќе пред себе изневерност не би рекла дека е подобра опција бидејки самиот проблем го растура и уништува бракот како за родителите така и за децата!!
@vitamina се согласувам, затоа и пишав дека ми е чудно. Не би рекла за некоја дека е глупава што простила и бракот се средил. Секој за себе нели. Мислењето ми беше дека ми е без врска некој од страна да рече: прости му деца имате. Жени што сватиле како стојат работите, се развеле и без причина-неверство. Зошто да се оди со став дека ако се во брак, автоматски се треба да се прости. Да, луѓе сме и треба да бидеме емпатични и објективни во многу ситуации, но се си има граници. И со свои родители би прекинала секаков контакт, ако со мене се лоши и не ми мислат зло, а камоли со сопруг. Малце офтопик може, ама мора да сфатат сите дека бракот не значи во добро и во зло(од еден од сопружниците). Останување во брак заради деца, родители или околината е уште повеќе причина да излезеш од таа заедница.
Нормално, не е глупава, не можеме било никого да наречеме глуп, прост итн. Икс жени што простиле си ги знаат истите најдобро самари што си ги носат на грб за жал нели?! Затоа не сум судела ни ќе судам. Само се надевам дека ќе се среќни со сопствените одлуќи и ќе си имаат мир. Бидејки секој заслужува да е среќен. Иако, сметам дека бракот е сложена работа, поим што носи со себе икс проблеми, икс чуства, икс животни дејствија. Не е лесно како во врска. АМА што викаш не е ниту изговор да се остане во токсична средина и да се страда, бидејки животот е еден и е долг, па би можеле секогаш да одбереме да бидеме среќни и спокојни. Децата не се изговор, секак7 децата би преферирале да растат со двајца родители во хармонија а нели кој не би сакал? Али за жал како се низ животот што не е розево, не е розев ниту бракот. Компромиси за здрава средина, хармонија ако се сака може да се добие нели, па и разведени. Сум растела во дом нехармоничен дом, не зборувам за моите туку за други блиски луѓе и еве денес, можам слободно да зборувам како многу лошо, трауматично и вооошто не убаво да живееш нон сѕоп во кавги, расправии, кршење итн. Тоа се трауми и лоши спомени што остануваат засекогаш и си го носат својот данок! Пак да кажам, неверството е лошо, превара, непочит пред се, не само на сопругата туку и за децата, не можеме да кажеме да се прости ради децата оти не само едната страна треба да се жртвува бори за децата, создава итн доколку другата страна изневерува. Ако е "ради децата" тогаш и другата страна не треба ради децата баш истото да го прави затоа поимот прости р контрадикторен сам по себе. Биди на чисто па прави што сакаш. Али нели , животот кучка е не е лесен па има свашта, и ваш затоа жената не смее да е осудена да се бори самата на себе и со себе ради жртви. Убава дискусијава, се надевам дека некои жени читаат а со тоа и огромна подршка добиваат од истата.
Јас имав другарка,која викаше,ако разбериш дека ме лаже сопругов,да ми кажиш.И така јас разбрав и и кажав и сега не ми прават муабет двајцата.Не се замарајте затоа со никого
Здраво девојки, би сакала да ве прашам за совет. Искрено се најдов во ситуација во која ми е незгодно деталите да ги споделам со поблиски личности пред да бидам сигурна. Моментално со сопругот живееме во две различни држави, јас чекам да ми заврши процесирањето на визата за да почнеме да живееме заедно. По природа сум малце љубоморна, така да уште пред една година кога бев на посета кај него чисто онака отворив да видам низ телефонот што има. Посебно ме заинтересира еден чат на фб со една негова колешка, си имаа пишувано уште кога ние двајца не бевме заедно. Навидум нормален разговор, но со примеси на срценца, емот икони за бакнежи, срце, душо итн...Кога видов низ чатот приметив дека истиот тон на разговор се провлекува и откако јас и тој сме биле веќе заедно, но драстично намален е обемот на разговор. Му кажав дека ми смета што се понаша така со колешки и да си го промени однесувањето. Ми се извина и ми кажа дека е грешка. Посетата ми заврши и повторно се најдовме во различни држави. Искрено бев љубоморна но не ме јадеше постојано, скоро и да заборавив на ова. Мај месец, повторно посета, седам јас на неговиот службен компјутер, барам некој рецепт за готвење, кога на службената апликација за комуникација меѓу вработените му стигнува порака од истата колешка. Мислам зоврев, ми се стемна. Го отворив разговорот и почнав да читам. Разговорот немаше крај. Значи они во текот на еден ден имаа толку многу разговор што не можев да доскролам. Секојдневно си пишувале за се, си праќале песни, и цело време пак истото ословување, душо, срце, праќање срценца, па истите прекари мене кои ми ги кажува кога видов дека и неа и ги пишал мислам дека збеснав. Отворено се соочив со него за ова, ми кажа повторно дека нема ништо, едноставно дека е слаткоречив на зборови ама дека не мисли ништо од тоа што го пишува, дека не ја ни свиѓа девојката, дека таа има дечко итн. Искрено разговорите не содржеа ништо компромитирачко, барем до таму каде што прочитав. Но сепак бев многу навредена, посебно затоа што втор пат го фаќам како си пишува со колешката, вториот пат па посебно ја пренеле цела комуникација на службениот чат ( истиот момент отворив и на фб да видам дали си пишува нешто, ама цел чат беше избришан. На инстаграм немаше ништо, само видов дека ја имаше поставено на мјуте ) . Ме нервира тонот на разговорот, обраќањето со душо срце, мекушка, реченици од типот 'Ти ххх си најмеко створење на планетава' итн. Продолживме, но мене ме јаде јанѕа цело време. Посебно затоа што сеуште сме одвоени физички, на секое негово излегување сум многу љубоморна и често правам сцени. Не знам дали сум наивна што сеуште му верувам или премногу драматизирам?
@shyRose и на мене не би ми било сеедно маж ми на таков начин да комуницира со колешка/пријателка. Разговарај со смирен тон. Предложи му да те запознае со неа. Баш ќе видиш како ќе реагира.
@shyRose советот од SummerGirl е добар, ама имај на ум дена тоа што ја има ставено на мјут и не е толку добро. Муабетот може да е бришен, а да е на мјут за да не приметиш кога ќе стигне порака.