Типов си има замена за "ладни" денови. Мене искрено ми личи на превара. Лично не божи си пишела со машко срце, душо и слично ако не сме во некаквс си интимна врска. А, тоа што е на мјут како што кажа членкава погоре и те како е сомнително. Самер и да ја запознајт што, можеби една голема фарса ќе изиграат пред неа. Не давај му до знаење дека го проберуваш, баш напротив делувај како незаинтересирано, кога тогаш глушецот ќе се фати на стапицата. Што е целта на таканаречениот "искрен" разговор кога тој ќе ти одрекува? Во негова полза е да одрекува. Биди внимателна и проверувај внимателно.
Искрено досега не размислив дека би можела да биде на мјут за да не стигне нотификација. Ме подзамисливте. Ме копка тоа што сме физички одделени и автоматски многу е полесно да се изневери. Сакам да имам доверба, пред да го дознаам ова што го дознав имав максимална доверба во него, просто никогаш не можев да си замислам дека би направил нешто за да ме повреди. Не сакам да бидам опсесивно љубоморна и да барам слики на секое излегување каде е и со кого е, ама ме копка константно. Посебно што и на работа се заедно, ми се чини само на тоа мислам. Последно на темава разговараме многу често бидејќи се почесто имам љубоморни испади и пробувам да му дадам до знаење дека имам причина зошто да реагирам така. И на секое ми се извинува дека знае дека згрешил со постапката, дека не би направил ништо да ме повреди, но и дека морам да ја повратам довербата во него некако. Искрено не знам како.
Не е во ред така да комуницира со колешка. Срце, маче, душо, и сл. Тоа се кажува на партнер/ка, а не на колешка. И постојано со неа да се допишува....нешто не ми штима. @Fleur-De-Lis однесувањето ќе го издаде. Не би рекла дека ќе биде смирен доколку има нешто со таа другата.
Он не те излажал еднаш туку повеќе пати а секоја нова лага води кон друга лага , како би се чувствувал он ти така да зборуваш со колега?
@Alisa22 истото му го имам кажано повеќе пати. Му нагласив и дека вториот пат кога видов дека си продолжиле да пишуваат многу ме повреди и ми направи уште помалку да му верувам. И јас го прашувам како би се осеќал ти јас истото тебе да ти го направив, да си пишувам со такви зборови со колеги, да сум секојдневно со нив во иста канцеларија, да го лажам дека не пишувам а буквално цел ден да окапам на чатот? Па тие во еден ден имаа толку многу муабет правено, 20 мин го читав муабетот само од 1 ден. Ми вика така саркастично е што, да не треба да сменам работа сега.
Знам, ама он веќе знае дека таа се сомнева во него и сега ќе биде внимателен да не се одкрие ништо.. Затоа и бришел разговори на чет. Како би постапила ти? Јас искрено незнам, освен да внимавам. Стварно тешка ситуација што тешко може да се открие, сепак се колеги и на работа.
Не е ни прва ни последна ситуација колеги да се сплеткаат. Јас мислам дека он има нешто со колешката. Еден ден самиот ќе се издаде. Нема логика толку често да пишува со неа.
Нити саркастично е, нити погоден е тој разговор циничен < да не треба работа да сменам>. Не сте вие дечиња, така цинично да ти вика. Очигледно е. Да, се сложувам. Во прилог му оди далечината, каде жена му нема можност да го прати.
Мора да има нешто штом се толку блиски ,таа близина значи нешто а он те лаже дека не е ништо , јас мислам дека те изневерува ,толку блиски цел ден да зборуваат да се викаат срце душо а разговорите на Инстаграм избришани ,не се избришани тие за џабе тие се избришани се со цел да сокрие нешто а тоа што почнале на чатот од работа да зборуваат тоа е за да не го фатиш ти на фејсбук во случај да му чепкаш си помислил сигурно нема да му чепкаш во чатот од работа.
Потполно се согласувам. Ако ситуацијата е чиста он нема да ги брише разговорите. Нека биде маж и нека ја каже вистината. Или си мисли дека жена му ќе го чека дома, а он ќе си фаќа на страна.
Многу ме мачи тоа што сме оддалечени. Многу работи ме копкаат, зошто ги избришал разговорите, зошто ја ставил на мјут, дали и од порано правеле муабет на чатот од работа или се тоа почнало откако го фатив со разговорите на фб. Случајно во една прилика бевме излезени на кафе со дрштво и типката со дечко и беше на неколку маси од нас. Па мислам дека цело време се скапа зјапање во масата овој мојов. Сто пати го прашав, ми вика не ја ни свиѓал, ниту па некогаш ја гледал на таков начин. Едноставно ми кажа дека во еден период биле многу блиски како пријатели бидејќи поминувале низ слични работи во животот, но потоа се оддалечиле. Не знам стварно дали јас сум многу наивна што сеуште на некој чуден начин му верувам.
Се согласувам, човеков и симнува ѕвезди на колешката, ја ласка, сите знаеме зошто тоа го прави... Страшно!
Не му веруваш туку сакаш да се утешиш дека не те лаже а веле те излажал неколку пати и повторно те лаже,плус тоа зјапање додека она седела до друг како некој заљубен тинејџер кога ќе си ја види симпатијата до друг па не може да тргне поглед ,биди паметна не дозволувај да прави будала од тебе.
Да смени работа не, ама да се пододалечи од колешката и те како треба! Ако сака да го сочува бракот де, ако сака жена му да биде спокојна додека се одалечени, ако сака довербата да не ја уништат засекогаш! Не ми изгледаат одалечени... цуце, муце, срце, мекушка... но, но... ич не се оддалечни, и те како се блиски! Друго мислам, можно е и овие разговори да не водат до нивни средби, до поблсики физички контакти, до легнување во кревет... можно е, познавам такви кои едноставно сакаат флерт, самите си докажуваат дека ете се добри заводници па редат слатки зборчиња и срцецна кај ќе стигнат. Ама не е во ред тоа, и нормално дека ќе ти смета затоа настојувај да ја прекинат комуникацијата.
Терај си го животот со свои преокупации, ама кога ќе ти се пружа можност, проверувај. Не се опседнувај секој ден-по цел ден со тоа. За тебе не чини. И да има нешто, тешко дека ќе влијаеш на тоа... Само биди внимателна.
Со сила не бива ништо.Таму ко ќе заминеш ќе те чека поголема нервоза.Размисли дали воопшто да одиш.Не по секоја цена.Да молам маж да не ме лаже?Море мрш,глаа нек крши
Dali mislite deka ako mazot sto patuva, doaga doma posle nekoj 15 dena... I zjapa samo u tel demek neso razgleduva, se slusa so kolegi po tel i nas doma od 3dena so sedisamo 1 den ni obrnuva vnimanie.. Ima tuka nesto ili ja neso si fantaziram
Mu go naceka viberot i mu odblokirav.. Posle toa sledese poraka.. Ne bese nesto strana, mu vikam sto e ova mi vika nz vrska neam, i na ednas pocna da go trga pogledot od mene... Sto e ova a