Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Да бидејќи нашето општество, нашиот менталитет и начинот на кој сте воспитани вие постарите генерации (има исклучоци) налагаат жената да трпи, да молчи, и да голта.
    Да можеби ние жените имаме многу повеќе права за разлика од турско време па и пред и после него, можеме да работиме што сакаме, можеме да гласаме итн али ова сеуште постои за жал.И многу ми е криво, што жените кај нас сеуште немаат храброст за таков подвиг- после неверство или насилство да го напуштат мажот.А зошто?Не биле доволно финансиски стабилни, родителите нивни немале да ги примат дома или ќе ги осудуваат, што ќе кажат комшиите, што ќе кажат роднините, па имале деца и триста други причини.Не секоја се осудува да стави КРАЈ и да продолжи понатаму.И искрено многу повеќе ги почитувам и им се восхитувам на оние кои имале храброст, дали да се разведат или да го напуштат мажот и да продолжат понатаму со животот и децата, бидејќи тие жени имаат гордост, морал и душа, нешто што не е ничија посед, тие жени одбрале да продолжат со животот, не сите (познавам таква во мноогу блиска околина и ѝ се дивам на жената) биле финансиски стабилни и се снаоѓале одма со живеалиште итн, али имале работа имале поддрша од родителите што е многу важно за продолжување.За разлика од оние кои голтаат и ќутат и се ,,жртвени јагниња”.Тоа е за мене самоуништување и самоповредување.
    И среќна сум што сум растена во фамилија каде од најстар до најмлад ми зборат и ме учат секогаш да бидам независна, самостојна, да завршам факултет и да најдам добра работа, да бидам храбра и никогаш да не потклекнувам пред мажот и општеството.
    Кога читам на форумов одредени теми се осеќам како турска серија да гледам..
    Дај почитувајте се малку повеќе, вие вредите многу.Секоја од вас, вашиот живот не запира со вработувањето, со мажењето и со раѓањето дете/деца.Вашиот живот и покрај работата, мажот и децата/детето трае, и трае се до моментот на смртта.Еден живот имате како сите нас така да не си го арчите за работи кои ви влијаат лошо и ве повредуваат, ќе се каете еден ден кога ќе ви текне на какви работи сте молчеле и сте се правеле на Таска и времето поминато во солзи, болка и тага можело да биде време поминато со среќа, радост, задоволство, макар и сама или со децата.
     
    На martovsko cveke, Someonespecial, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Не е само до патријархалноста.
    И до комплексноста на односите е.

    Еве на пример, знам дека дете е посреќно со двајца родители (под услов да не се караат и тепаат), отколку да има два дома и да се растргнува меѓу нив, и да не чувствува стабилност.

    Друга работа е финансиската независност.
    Огромна улога игра баш тоа... Пошто не секоја може да си дозволи да се издржува самостојно, плус да издржува и дете/деца.

    И на крај е срамот од 'што ќе речат комшиите'.

    Башка сите интимни односи, и индивидуални размислувања кои се во игра, само и единствено меѓу конкретни партнери, кои никогаш-никој освен нив, нема да може да ги знае.
     
    На Milobebence, riba79 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Истото што го зборев и јас погоре..ако го прочита целото мое мислење.
    Знаеш колку изговори може да се најдат?Ама ако е некоја решена и има храброст се ќе преброди.
    Другарка моја дур беше уште малолетна се исели со мајка ѝ од домот кај што живееа, а брат ѝ остана таму со татко ѝ.Нејзините цело време се караа додека беа заедно и имаа триста проблеми од неверство на таткото па надаље.
    Се разведоа, мајката и ќерката отидоа да живеат кај родителите на мајката.
    Жената работеше и сеуште работи 2 работи, таткото не плаќаше алиментација за девојчето, жената кога собра доволно финансии, купи стан за нејзе и ќерката, го опреми и се преселија.
    Сега двете заедно се многу посреќни и живеат во мир и слога него претходно.
    Значи сѐ се може, ако се сака и се има храброст.
    Изговори има и секогаш може да се најдат.
     
    На Someonespecial, sj *O*, tina2018 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    21.969
    Восхит можеби не е правиот збор но сепак.Како што реков тоа што собрала сили за да продолжи со таков човек не е мала работа.Многу е едноставно да кажеме разведи се , изневери го , ама животот не е така едноставен како седење и муабетење на форум.
    Зошто да ти е жал за неа , ако нејзе и одговара вака, нели ?Ете , вели продолжиле понатаму , иако знае дека сомнеж секогаш ќе има.
    Така да , да си гледаме за себе наместо да напаѓаме некого за својот свесен избор.
    Секој за себе одлучува.
     
    На Dust и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Пошо е жално некој да си го троши времето и животот и да се труди да спаси брак, а другиот да е лажов и преварант ти текнува?
    Едниов дава сѐ од себе од љубов до внимание до искреност а другиов?
    Ако нема искреност ексик и пари и внимание и поклони нек се носи се у к***ц.
     
    Последна измена: 23 ноември 2019
    На Someonespecial, sj *O*, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Па уствари некогаш работите се и те како едноставни, т.е постојат услови за едноставно решение ама луѓето не се луѓе ако не закомплицираат. Секогаш едниот ќе го јаде, несвесно, мислејќи дека испаднал поголем човек, а уствари е само изигран одново.
    Победникот е маж и. 8 години со две жени, сакан од двете, му здосадува втората, првата пак го чека со раширени раце.
    Победник е пошто нему нема да му лупа срцето кога она нема да де јави на телефон, кога ќе задоцни саат време, кога ќе се однесува чудно. Сето тоа ќе го прави жената, ради црвот. Од тој аспект ми е жал, пошто некои ствари не се забораваат или пак бришат од главата.
    И да. Понекогаш имам впечаток дека децата се користат како изговор на возрасните за одредени дејствија.
    Како и да е, нејзин живот.
     
    На WonderGuurl, oblace1, RainBow и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.385
    Пол:
    Машки
    Пред неколку години, надвор во комшилук се слушаше врева, голема расправија. Имаше на улицата пред нивната куќа каде што се расправаа маж и жена некои баби и дедовци. Си седеа старците и пратеа ситуација. Излегов јас после дешавката и потпрашав една бабетина што се случувало.
    Мажот ја изневерил жената, но не разбрав со која, бидејќи и бабиве не слушнале добро.
    Внатре се гаѓале со шишиња, тенџериња, лажици, вилушки, а на крајот жената го фрлила мажот преку прозор. :D
    Не е многу високо, метар и пол.
    Се здобил со лесни повреди и до ден денес го немам видено да дојде тука. :D
     
    На тп18, oblace1, martovsko cveke и 12 други им се допаѓа ова.
  8. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    21.969
    Ми текнува срцка.Ти омажена си така ? Или од семе синапово мисли пишуваш (facepalm)
    Тоа што тебе ти текнува не го оправдува фактот да и се мешаш и да и го оправаш животот со мисли и цитати.Ако сака да биде во таков брак , ете ќе биде , не ве праша дали може , дали е ок , што мислите :) Само сподели искуство.
    Ама јас се согласувам дека е така.Сега победник незнам дали е , може некој да каже и манипулатор и уште куп епитети , ама тоа што сакав да кажам е дека немаме право да ја осудуваме.Така решила и во ред е таа со тоа.Среќна е , вели , па зошто ние да и солиме памет , дрско да ја прашуаме има ли достоинство ( кога самата напишала дека си ја погазила гордоста за да продолжи понатаму )или да се мешаме кога секој сам си го прави својот избор.Тоа ми беше муабетот.
     
    На тп18, martovsko cveke, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Не дека ги оправдувам тие што изневериле, во никој случај, кога ќе дадеш ветување "заедно во добро и зло" кога се потпишуваш на матично тоа значи и низ тешки периоди да останеш посветен и верен. Но, не пишувајте "жената го опсипуваше мажот со апсолутна љубов и внимание, а он копиле неблагодарно ја изневери", затоа што не знаете каква била таа жена во бракот. Пак ќе речам, не оправдувам никако, и ако не си среќен во бракот прво разведи се после оди со други така е најправедно, и не дека нема такви случаи кај што жената навистина била прекрасна сопруга, а он мислел дека е спремен за посветен брак, а не бил, али во многу случаи не е така. Постојат и други начини на повредување, не е секогаш само изневерувањето и некогаш луѓето изневеруваат затоа што не се среќни, повредени се па сакаат да се одмаздат на некој начин. Не е здрав начин на решавање на проблемите, али дека се дешава тоа е факт. Идејата на некого да дадеш помош не е секогаш да ја тешиш жртвата и од жал никогаш да не и посочиш како може она да се поправи. Пошо заеби го мажот, она ако прави големи грешки во бракот и во врските, веројатноста дека пак ќе биде повредена во иднина, е голема. Затоа што на крај на краиштата луѓе сме, умовите така ни функционираат, злопамтила сме, некои ќе фрлаат со чаши и вазни еден на друг, други ќе бидат пасив агресив и затоа е многу битно двете страни на приказната да се земат во предвид.
     
    На тп18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Прво не сум мажена 18 години иам, второ не цитирав ничии мисли нит цитати си ме смешала со Вајлд, не рипај одма ако не дочитуваш.Не е поентата да се искараме во темава, туку да дадеме свое мислење, совет и да им помагаме на членките.Chill out.
    Плус темиве се за таа работа, ако на некоја и е гајле за нашето мислење има соодветна тема ,,На срце ми лежи..” па исповедајте се таму.Ова е форум, сите искажуваме свое мислење.На тој со маката останува дали ќе прифати или не.
    Не ми кажувај клише муабети од типот на ,,сама си знае”.
    Да знаела сама немаше да пишува овде.
    Ок?
     
    На Someonespecial, sj *O*, Konfetka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    21.969
    Така и си мислев.Таквите како тебе најмногу совети знаат да дадат :D
    :hai:
    А ти прво прочитај убаво , ако не знаеш дообразувај се добро ќе ти дојде.
    Самата жена си кажа дека само споделува искуство не туку рипај да "помогнеш" како баба на чешма.
    Од таквите како тебе дежурни советодавачи нема да побараат други мислење за совет , јер многу голема работа е да те советува за брак феминка од 18 години :D|(
     
    На тп18, Someday, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Не знам шо се потресуваш. Не побарала мислење ама заборавила дека пишува на форум кај што има опција Реплицирај. И никаде не напишала дека не бара мислење, не знам од кај го извади тоа, така функционира овој форум и секој форум, се даваат мислења, тоа се прави на форум. И прекинете да ги деградирате мислењата на членки помлади од вас. Затоа што тоа не е аргумент. И го користиш затоа што немаш друг издржан аргумент. На влез од темава не пишува забранет влез за немажени. Тоа е убавината на форумот, да видиш перспектива од многу карактери и многу возрасти.
     
    На Leat, Someonespecial, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Извини ама јас сум многу пообјективна и пореална личност од повеќето овде.
    Баш пошто сум уште млада и не сум во брак.Од новите генерации сум и не сум воспитана да живеам така како нејзе или па да го трпам тоа.
    Годините немаат врска со зрелоста, затоа не ми кажувај дали да се дообразувам или не.Нема математики во оваа работа, или сте заедно и сте на чисто или не сте.
    А вие тапшајте ја по рамо со вообичаените муабети дека ,,сѐ ќе биде подобро” дека ,,пак ќе има доверба во маж ѝ” или дека нема можда пак 8години да и набива рогови на главата дур она му ги пере гаќите дома и го облака,го рани и го чисти..
    Е затоа вака си патат жените, пошто од ,,дежурни советодавачи”вие не ги ни читате мислењата.
    Ми е гајле прајте шо сакате ваши се животите.Ако не ви смета,швалерките дома нека ви ги носат на кафиња и ручеци, битно у брак да сте.
    Чао и преќини да ме цитираш и замараш со муабетов
     
    На Someonespecial, sj *O*, Konfetka и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Изгледа никоја што ја изневеруваат не сака да прочита совет што е логичен, плус од некоја што не е во брак, а не па 18 да има.
    Што ќе поправаш и ќе живееш со таква стока, кога тој нема почит. Па и десет деца имајте залудно е да се трудиш да зачуваш нешто што одамна се распаднало.
    Не можам да кажам жал ми е за жените што не можат да ги остават мажите кои се свињи и се швалерисуваат. Пак ќе кажам јас вака размислувам и не е поентата да солам памет и да се расправам.
     
    На stetoskop, Someonespecial, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  15. LITILJ1907

    LITILJ1907 Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Здраво ЗА тебе храбра девојко. .Да те прашам дали тИе што заминале и никогаш не се покајале ,ќе почуствуват како е да останеш и да не се покаеш,,,, и едните и другите ќе тежнеат по нестореното.Никој неможе да каже што ке биде подобро ,секој ја слушаме својата интуиција,Под зборовите:: изневерени жени има милион зошто и милион како;;;Ако сопругот мој го уништил бракот немаше да се врати назад и да бара прошка.Безвеза е да кажеш дека прељубата не се простува.Прељубата се простува и недај боже ако се најдеш во моја ситуација ,да сакаш и да чуствуваш дека и тој се променил и дека те сака и ти ќе простиш.Никогаш не вели никогаш .Јас бев таа што секогаш го велев тоа и тресев во пазува но ме допре мене и простив.Нз што е похрабро дали да останеш или да заминеш.секоја чест за тие што заминуваат на нивната храброст ја почитувам.но напротив дека ја одбрав полесната опција се лажеш,знаеш зошто затоа што ниту ти ниту јас не ја знаеме која опција е потешка.Или можеби веќе ја знаеш ти?ако е така благодарна сум ти што ми ги отвори очите.За неговата прељуба секој знаеше само јас не.Последна дознав.МИслиш дека никој не ме сожалувал додека разговарал со мене а јас ништо не сум знаела.гРЕШИШ одамна мојата комфорна зона била уништена ,во превод нема ниту мерило ниту оцена што е потешко.Јас доживеав се :::Се изборив, и мислам дека заслужив сега да живеам без туѓи обвинувања.Доста логично е црвот да те јаде не реков не ,Што мислите дека ако простам и не треба да ме јаде.Нели бев во комфорна зона???
     
    На stetoskop, Dust, Vikktorr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Прво: вистина е дека феминката сподели искуство за неверство во брак и простување. Тука некој ќе ја подржи некој ќе ја нападне, но сепак тоа е нејзино право, како и зошто таа си знае најдобро за себе.
    Второ:
    Дадов ваков совет поради тоа што самата пиша дека ја јаде црвот, а најлесен начин да го закопа црвот е тој... како што велат око за око, заб за заб...
    Трето:
    Потполно се согласувам дури и само еднаш да го изневерила а не 8 год.
    Четврто: Нема потреба од препирања и расправии... Секој си има право да каже свое мислење, за тоа и служи форумов без разлика на години, статус, националност, вера.
    Петто:
    да ќе и помине, но нема никогаш да заборави.
    Шестто: дај да ја оставиме жената нека си го живее животот како знае и умее и да престанеме да коментираме за нејзиниот несреќен случај.
    Седмо и задно: @LITILJ1907 ти посакувам од се срце да те прати среќа до крајот на животот и дај боже да не се покаеш за твојата одлука :*
    Толку од мене :* за сите.
     
    На martovsko cveke, лукајана и WildMk им се допаѓа ова.
  17. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Ако некој има 18,19,20 год. не значи дека не знае што е изневерување,и дека не е работа за оправдување :)
     
    На hermosa, sj *O*, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  18. LITILJ1907

    LITILJ1907 Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    И уште нешто до сите членки на фемина.Знам дека ке има и негативни и позитивни коментари, сите различно размислуваат, и сите ке сторат како што му одговара.Ако допре до некој моето искуство .а знам дека допре по добиените приватни пораки ,знам дека ве има многу како мене ,,мој совет е ако вреди да се остане во брак сеуште не се откажувајте од партнерот ,секој може да греши и да бара прошка.Дај боже после десет години живи и здрави ви го докажам спротивното .Оние што мислат дека не е така, мора да го почитуваат туѓото мислење.Во една прилика еден вљубен човек ми рече: знам дека ме изневерила, но јас ја сакам неможам против тоа.Сепак таа ме избра мене .значи постои надеж за нас двајцата....
     
    На martovsko cveke, Dust и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има смисла да ти дообјаснувам пошо бев кристално јасна првиот пат ама ајде
    Јас коментарот го почнав со тоа дека ми е жал за твојата ситуација. И се надоврзав дека ти немаш право да кажуваш дека силата не била во тоа да заминеш пошо очигледно не знаеш колку е тешко да заминеш после изневерување пошо никогаш не си заминала. И немаш никакво право да велиш дека изневерените жени кои заминуваат го уништуваат бракот. Пред да негираш препрочитај си дека токму така имаш пишано.
    И за крај пак ќе пишам пошо изгледа не ме имаш дочитано, реков дека неверство се простува и дека верувам дека луѓето се менуваат. Само немаш право да се нарекуваш похрабра од тие што заминале.

    А мажот твој се покајал после 8 години, и одкако си го фатила кај што нивната врска им е при крај, тоа е друг муабет, ама кога веќе пишеш, еве да ти кажам, мене ми изгледа како да се задоволил со тоа што му останало, ама не е уопште битно јас што мислам.
    Супер ако сте среќни, само не значи дека секоја што нема да постапи како тебе е несреќна. И да ти одговорам на прашањето, не тие што заминале и не се покајале, не тежнеат кон тоа што ќе се случило ако останеле. Уопште не тежнеат. Си продолжуваат со живот и не се замараат со "што би било кога би било". Ако си сигурна дека твојата одлука е исправна, нема да се замараш со "што би било кога би било".
     
    На oblace1, sj *O*, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  20. LITILJ1907

    LITILJ1907 Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Дали јас побарав совет од некој овде , ме интересира?
    ШТО БИ РЕКЛЕ ЗА ДРУГАРКАТА КОЈА СОПРУГОТ ЈА ПРИФАТИ,И ПОКРАЈ ТОА ШТО И ТОЈ ДОЗНА
     
    Последна измена: 23 ноември 2019