Оној што сака да изневери и врзан да е дома пак ќе најде начин... ете пример со другарката колку што разбрав маж и ја командал,но сепак нашла начин на му набие рогови... Искрено ме чуди што маж и и простил... По мое мислење и тој ја изневерувал па затоа си простиле еден на друг..
Pogore pisa deka taa pocnala da odi na rabota i toj nemal izlez kako da zavisel od nea, barem jas taka sfativ
До сите тие кои мислат дека би било подобро да останеш во токсичен брак(со изневерување,психичко и физичко малтретирање итн.) за да спасиш брак,заради децата и сл. Не,воопшто не е подобро.Да почниме од жената.Ќе излаже секоја што ќе рече дека и е сеедно што била изневерена,што е со погазено достоинство,што е заменета со друга,што маж и делел 2 кревети.Ќе излаже ако каже дека се смирила,дека му верувала повторно,а знам дека ако еднаш ја изгубиш довербата изгубена е.На секое негово излегување,задоцнување сигурна сум дека ќе и помини мисла низ главата дане е повторно со друга. Што ќе биде ако дознаат децата?Јас да научам дека ја изневерува татко ми на мајка ми и притоа таа останува со него повеќе омраза ќе чувствувам кон неа.Искрено.Замисли мајката колку ниско паѓа во очите на децата.А ако научат и нејзините родители,дека она крие дека е изневерувана,не дај боже малтретирана,а притоа не можат да помогнат никако бидејќи таа си одлучила да седи со сопругот(не ќе ја земат на сила дома им и да ја чуваат заклучена во подрум валда) мислите сеедно ќе им е? Нејзиниот брат/сестра? Верувајте,ако сте вие повредени,тешко им е и на останатите што ве сакаат.Ако останите во токсичен брак не ви е само на вас тешко,и нив им е Многу жени мислат дека постапуваат исправно ако останат за да направат ,,подобро" децата да растат со мајка и татко(а како растат само тие си знаат) за да не им се смеат комшиите на родителите ако ќерка им е разведена (нели ние на балканов сме заглавени во 19ти век и не мрдаме ). А полошо е.Многу полошо. Затоа ако планирате да останете или заминете,земете ги сите фактори во предвит.Не,љубовта не е единствен изговор да се остани по секоја цена,џабе ти е љубов кога немаш мир.И искрено да ви кажам не ги жалам толку жените/мажите што биле изневерени,малтретирани,колку децата нивни,толку невини суштества да имаат последица поради грешки на нивни родители. Постов не е упатен кон никоја конкретно,општо е мое мислење,да не дојде до забуна
Епа добро ако немало отсуство од дома каде изневерувал? Искрено, имам искуство со такви манипулатори и затоа можам и да ги препознаам, да го речам интуиција и за секој дечко што го имав можев да знам дали лаже или не. Друго маж ми пред мене имал многу неубаво искуство и тогаш не изнеревил, а можел и според мене требало да изневери. Трето маж ми без мене оди само на работа и ако има да сработи негде приватно тоа е еднаш на 2-3 месеци. Од работа излегува само на пауза и таа пауза ја користи да дојде дома или седнува на кафе со колега/другар. Мало место сме, тука работи, знам и кај седнува и со кого, знае ако сакам можам да проверам во секој момент. Башка едноставно знам дека пред мене има поминато сито и решето и едноставно да речам е иззживеан и реши да почне со мене одкога да речам реши да е сериозен и да се смири. Незнам животот може и мене непријатно би ме изненадил, ама сигурнa сум дека тогаш нема да сакам да го видам! Безобразни створови. Некој дал се од себе, а друг да изневери. Може звучи неубаво и сурово ама сигурно дур си била на работа и кај тебе дома се гледале. А тоа уште повеќе боли.
Знаеш шо шо читам шо пишуваш ја се нервирам мене ме фака гнев. Жено батали го таму земи си децата и спиј мирно и оди со исправена глава утре. И после на крајот кога ке и мине младоста се во пожртвуваноста луѓето ке велат никој со сила не ја тераше.. Јесте да бидеш за децата мажот во бракот ама ако ти се враќа дупло а не мажот излезен со секакви до 5 сабајле а жената погледа турска серија толку има и време од работа по дома и си легне...
Ама не разбирате!Таа ужива да е маченик и светица!Тој уште 10 пати да ја излаже,таа не си оди,разберете луѓе!Иста ко моја бивша другарка.Мажот ја лажеше со години,таа глумеше дека не знае,а знаела се,дури и викаше само ако се осудел ќе го напуштела,хахахаха.Тој и мене ми се удвараше 15 години,не кажав на никого,не сакав маж ми да го прекрши,доаѓаа дома стално,ај тоа,ми кажуваше со колку се д ...,бараше да му местам нешто,кога го прашав зошто не ја остави велеше убаво чистела!!!На крај и кажав и мене крива ме најде,сега муабет не прави.хахахаха Стварно се разочарав,не мислев дека е таква КРПА
Znaci dzabe se pisuva da gi zemi decata i da si odi koga taa uste gleda ljubov vo nego. Zosto drugarka i da ima brak a taa ne? Ee tuka e bolkata...ama sepak koga ste budali neka ve igraat kako shto sakaat
Зошто толку ја нападнавте жената, таа само сподели своето преживеано искуство, нејзино право е како и на секој од нас како ќе постапиме со такво нешто како што е неверството. Секој различно мисли, чуствува и постапува, кај некој се пресудни финансиите кај некој удобниот материјален живот кај некој можеби децата кај некој страв од разводот а кај некој навистина пресудна е љубовта. Да се прости и продолжи навистина е тешко ама мое мислење е дека треба да се даде шанса а ако после тоа продолжи истото веќе тогаш нема прошка.
Се согласувам со тебе. За многу жени неверството не значи дека му простува дека го љуби многу, или дека тој баш и ќе се смене, ќе ја гледа како капка, туку значи да си седи каде што и е финансиски и материјално удобно- во домот каде што живее, не сака да си расипува удопствија, а шансите се и таа не е толку веќе затрескана по него, па не ни боли што 8, со букви ОСУМ, години он бил во љубовна врска со иста жена. Не е исто некој да те изневери еднаш, и секојдневно што се вика цели осум години, туку веќе се имаат развиено емоции, партнерства, итн. Него ми се чини дека сопругот освен што бил во бигама врска, не ја малтертирал физички или психички, може и коректно се однесувал па не е толку страшно. Не мислам дека треба да се даде шанса по секој цена, бидејќи не секоја жена може да помине покрај тој факт дека нејзиниот партнер имал друга партнерка. Верувам дека тие што наводно простуваат, само се доволно оладени да не им смета неверството бидјеќи другите удопствија им пријаат повеќе. Или ги возбудува да бидат втората жена и да се натпреваруваат.
Он е со неа зашто другата не го оставила мажот и. Овој да не биде сам, останал во брак. А и кој не би останал, кога некој ти се постила да го газиш и си машта дека сега е се во ред. Да си отишла таа, мажов по неа одма ќе фател. Едно прашање до @LITILJ1907 . Како бре не ти беше гадно да легнеш во ист кревет со него после се. Да те допира знаејки дека 8 години допирал друга. Најискрено те прашувам. Мене би ми се огадил секој негов допир, негов поглед..
Какви е тоа уживање ако нема внатрешен мир? Финансиски да била обезбедена ма немој КРПА шо е она човек со посебни потреби па неможе газо да си го испоте ајде бре со тоа ке поминала низ се ако и е удобно финансиски како може тоа она дома ке му ги пере гаките шо некоја друга му ги факала и уште што не.
Поради тоа реков дека други се причините најверојатно. Зашто не ми се верува да е љубов, а притоа да има паралелна врска.
во почетокот неможев ни да смислам ,тешка година цела поминав во депресија, стрпливо ме чекаше повторно да се смири одбивноста. ИНаче ако мислеле да останат заедно имале цели осум години зад себе зошто не останале никој не му сметал.
Може е човекот импотентен, и си знае дека жена му си бара секс. А да не пукне брука, си седат во брак. Плус викаш сега е на добра позиција. Не те јаде дека мажот твој и ја средил за компензација на 8 те години??
а зошто би си ја рушеле удобноста?Алиментации,судови,делба на имоти,стресови.Паметни и двајцата.Кај будали ве праеле 8 години па уште пак се враќаат онаму каде што се перени најадени и ги чека топла постела.
и мислам дека во почетокот можеби се сог сега се слушат муабети дека не била само во врска со мојот сопруг туку имала повеке врски
Мислев за тоа дали тој ја сака неа. Како и да е, нејзина одлука е тоа. Треба да се почитува секоја одлука. Јас неверство не простувам.