Размисли со ладна глава дали можеш да му простиш (свесна дека пак ќе се повторува неверството), дали ќе живеете како цимери или развод? Ама се уште молчи како риба додека не размислиш со ладна глава и не разговараш со твоите. Ако не сакаш да продолжиш со него и ако го напуштиш како риба ќе му го зададеш најдобриот удар. Браво и секоја чест за смиреноста. И јас така би постапила.
Човек не се менува. Ќе плаче, ќе моли, ќе ветува кога ќе има мака, ама после се ќе заборави и ќе се врати на исто. Само тоа можам да кажам. Во тешка ситуација си, се надевам ќе донесеш правилна одлука, што и како ќе правиш.
Не си во право, човек СЕ менува. Ама АКО сака. Е ако не сака и 20 шанси да му се дадат он ќе тера по старо
И пак би те измамил дека само пишуваат и нема ништо со неа а ти ќе му поверуваш Јас не би можела да молчам,секоја ти чест Толку би зборувала што тој би си заминал од мака а не јас
Девојчиња,немам кому да се обратам . Пред да се омажам живеев со мои баба и дедо,тие ме одгледаа. Немам брат/сестра кому да се потпрам. Имам каде да се вратам физички,кука и добра плата за да преживееме,ама не можам ни еден чекор да превземам. Нешто било што....дури се чудам себеси како можам никако да не реагирам, ЈАС која САМА се борев низ животов...
Оти си во шок. Не е невообичаена тваквата реакција. Ќе 'ти светни' попосле... Дај си време да го впиеш она што го дозна и да процениш кој ќе ти биде следен чекор. Имај на ум, дека ќе му се повторува ова.
Баш ради тоа биди силна,за почеток пробај да добиеш доказ,скриншот и слично,собери сила и отсели се кога нема да е дома,после отвори ги картите,познати ми се такви манипулатори,не ти е потребен верувај ми.
Најпрво соземи се, размисли дали можеш и сакаш да живееш со него после ова. Потоа без нервози кажи му на маж ти дека знаеш за неверството и која е твојата одлука и седнете разговарајте за иднината на вашето дете.
Размисли добро што сакаш ти, дали сакаш да бидеш покрај него и да останеш во брак или сакаш да се разделиш од него, најпрво размисли што сакаш ти па потоа ќе одиш на следниот чекор.
Znaam kakov e toa shok i bash toa te sramnuva do zemja .... Da sum na tvoe mesto ke rezerviram ist datum kako i toj shto ke rezervira za so nea pa da go vidam ... Soberi dokazi za neverstvoto oteraj go upm zemi go deteto i zivej srekno bez debil vo zivotot
Секоја чест што си издржала без да кажеш и без да те осети дека ти е нешто. Јас не би можела да издржам да не кажам што сум прочитала. Кога веќе си го издржала првиот шок и не си кажала тогаш смисли му одмазда. Дали имате заеднички имот или само негов е? Ако е само негов стави го под хипотека со изговор да инвестирате во недвижности. Земи и еден потрошувачки на нагово име. Заглави го со години да работи за семки. Во меѓувреме собери докази каде ќе се видат. Остави го слободно нека оди и после побарај развод. Нека плаќа малку и тој и нека уплаќа пак во хотел со џакузи секако ако му остане.
ехее... Ова една скромна споредба со случка од кај нас. Една жена,мажена со две деца (го имам спомнато низ темиве нејзиниот случај) остана трудна којзнае од кој замина на абортусот (како излажа дома не знам) маж је свати нешто не е глуп ама каков им е односот не знам. Ја натера да земе кредит и го зеде парите купи кола демек за неа сега и ја зеде и неа и женава заглавена да плаќа кредит а ништо не виде од парите. Децата ги сврте против неа и сега женава и да сака не може да замине. Дома кај нејзините да чујат што направила нема да ја примат така да.... Ама тешки се овие случаи на неверства и сомнежи. Не знам што би ја советувала членката. Познавам пар кој мажот ја изневери жената и призна се расчу некако и заради детето решија да останат заедно. Ама жената не можеше да прости па му врати. После нејзиното неверство му рече или ќе се разведеме или ќе живееме под ист покрив ама со одделени животи. Кој што сака нека прави надвор од дома.
Кога ќе го прочитам твојот ник во категорија брак знам дека никнала нова сказна. Што постигнуваш со овие "извадоци од трач рубрики" во насока на совет, мислење? Рационалното е исклучено од опција, а веродостојноста е сомнителна зашто за секој вид проблем имаш соодветно сценарио од типот "случка од кај нас, познавам пар", инфо коешто само тебе ти е познато од "местото на злосторот" Ако не си ти, нема каде да прочитам вакви бисери... Млади, а толку заглавени во времето на старите што пред порта го задоволувале љубопитството
Не може да зема кредит во негово име, ниту негов имот да става под хипотека, таман работа, така сите ќе бевме задолжени од некој друг, Бог да чува. Туку, наместо сево ова, по првичниот шок нека иницира бракоразводна парница доколку не може да премине преку ова и нема друго.Ако прости ризикува сликава да и избива пред очи во секој момент и да ја следи секаде. Се надева, дека,, лепотицата" од фејсбук е трол или лажен профил, па во џакузито да го дочека непријатно изненадување и господинот да си остане со куси ракави на крај заради соспствената глупост.
Ако преминеш преку ова, погазена си за цел живот. Нека не те лажат приказните поминав преку неверство и се сакаме повеќе него било кога. Ниту тој ќе се смени, ниту ти ќе си некогаш на раат, ќе те копка секое известување кое ќе му стигне на мобилниот, секое задоцнување дома, секое нејавување. Што е сосема нормална реакција, не те правам параноична. Ваквите како маж ти ги имам прст и плева во околината, што роднини, што семејни пријатели, што колеги, што од познаници. И знаеш кој е случајот? На скоро сите од дома им е дадено зелено светло со тоа што преминале преку невеството и овие и понатаму тераат по ист терк. Пред очи ми се појавуваат моментално сите. Штом имаш каде да одиш, да му лупнеш све у лице уште денес, спакувај се, земи детето и бегај. Нема зошто да ти е страв да си го чуваш детето како самохран родител, пошто ти веќе си на некој начин, додека тој е на работа, по кафиња, излегувања, и да.. по џакузиња. Ти не си пола човек, ни пола мајка, за да не успееш. Ти си силна личност, штом си останала воздржана при таков шок, можеш све. Заслужуваш партнер кој за тебе ќе организира романтични и еротични излети на страна, а не за швалерката, додека ти му переш чорапи дома и му спремаш јадење. Цени се себе си и дај си нова шанса за љубов.
А бе да можеш и да си силна ја би го пратела муабетот, и се сликај со телефон, чувај. Кога ќе закаже со таа лепотицата, оди и ти во хотелот таму земи клуч од собата ( можеш жена си му) и само речи му : леле душо, за нас си резервирал соба ајде побрзо да поуживаме. И следи реакција.
Да се понижува? За што? Што ќе постигне со ова ич не ми е јасно. Не мора ни да разговараш само накди си стан под кирија и замини си а кога ќе те праша зошто ќе му кажеш и продолжи си. Јас верувам да е шок ама не би можела да ќутам нити да размислувам за понатамошен живот со него. @Круела3