Брачни неверства

Дискусија во 'Брак' започната од kateivanova12, 21 ноември 2009.

  1. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Има мажи на кои се им е удоволено дома па пак си шврљаат настарана. Не е проблемот до неад, дека таа не му удоволила нешто, барем јас не гледам кон неа така:!:
     
    На cresa-jagoda, hermosa, Nightwish11 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.144
    Пол:
    Женски
    Така е, ама нејзе ќе ја обвинува. И старите викаат жената треба да го врти мажот, ама ако и мажот не знае да ја врти, ништо од тоа. Секој си знае зошто изневерува, само треба да е свесен дека тој луксуз има цена. А не да се правда после, ова е поцрно она е побело, тоа давајца го можат.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, Nightwish11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Не е битно ништо од тоа, ни дали ќе ја обвинува, ни старите што викале. Битно е таа како ќе постапи и толку. Другите нека кршат глава
     
    На Avery, cresa-jagoda, flawless_ и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Makeup12

    Makeup12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за подршката, он е малку затворен тип не зборува многу, но вечер откако ке завршам со работа ке разговарам повторно и подетално и ке пишам што како. Досега само тврди дека му е најубаво со мене, дека ништо не му недостасува, дека ме сака најмногу, дека не можел без мене, но како што кажав се наоѓам во таква ситуација што целата доверба ми е разнишана и не можам да му верувам.
     
    На CrazyGirl15 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. DevilBoy212

    DevilBoy212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Машки
    "Не станува само за брачни неверства"

    Зборот неверство е јасен. Неветство е бидејќи се прави некој акт што другата половина ќе ја уништи.

    Според мене неверството не смее да има изговор. Зошто? - Безразлика дали сте среќни/тажни, задоволени/незадоволени, забавно/досадно и уште многу, нема изговор за акт на неверство.
    Ако не ви е добро, комуницирајте. Ако не се поправа, заминете.
    Врските, пријателствата и бракот се задача во животот. Или сте моно или полигамни, но одговорност е партнерот да ги знае нашите потреби.

    Себичност, ниска самодоверба, доведува до кукавички потег, неможат да се поднесат себеси па бараат излез и изговор, и ја нанесуваат вината на другиот партнер. Никој неможи да не натера да вараме, самите се тераме.

    Варање не е само физички, туку и психички. Немора да биде и вклучена 3та особа.

    Манипулации, двојни стандарди и ред други техники се показател на себичност и незаинтересираност за чувствата на партнерот, станува збор на нарцисизам.
    Не секој знаа дека ги прави овие работи но доволно осеќаат дека тоа ве истоштува. Кога сте луѓе со чувства и гледате и туѓите да се удоволени, тие знаат што и да прават дека ќе останеме да се бориме и да ја укажиме нашата вредност.
    Вредноста не се покажува по запознавање, долг период врска/брак/пријателство, веќе сте биле одбрани за тоа што сте.
    Се хранат на трудот, тагата. И кога нема да сте интересни бидејќи се наполнати со љубов и его, ќе не шутнат како ѓубре.

    Tldr; не повредувајте, кармата постои. Ценете ги чувствата на оние што ве сакаат, бидете реални. Немора да сте лојални, но кажете им! нивно е дали е нив стил на живот.
     
    На Waverly Raven, Hellobeautiful, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Остај шо збора, глеј шо прај.
    На секое негово: Те сакам/Доволна си ми/Задоволен сум- потсетувај го дека бара други за задоволување на сексуалните потреби.

    Не дозволувај изговорите да го менуваат правецот на темата.
     
    На Waverly Raven, sparklie, Ygritte и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Makeup12

    Makeup12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Разговарав со него сношти беше прилично долг и тешок разговор. Како затворена кутија е збор по збор морав да влечам. Ми вели дека му недостасувало предигра во сексот, дека стварно некогаш се осеќал дека не може, го било срам да ми каже некои работи што ги сака. Сто пати го прашав но зошто тоа ли е причина да тргнеш по тој пат?! Го пронајде ли задоволството што го немаш со мене?! Тој упорно ми вели дека недостатокот на предигра и тоа што се срамел да ми каже што сака го донеле до таа идеја. Му велам но ти немаш гледано порно видеа каде што маж и жена имаат секс, туку соло девојки како мастурбираат и жешките допишувања на bado. Вели мене не ми толку убаво кога маструбирам, со тебе ми е поубаво. Му велам штом ти е поубаво, зошто не го правеше тоа со мене, зошто ме запостави. Не знае што да одговори ништо јасно не ми одговори ништо. Вели дека се е поради неговата луда глава.. Не добив ни еден конкретен одговор за ништо..Сакал уште една шанса ме сакал најмногу на цел свет, животот не можел да си го замисли без мене па дури и заплача. Цело време беше со наведната глава додека разговаравме. Ми вели ти го имаш тоа што кај друга никоја нема да го најдам, ти имаш прекрасно срце и добар карактер. Убава сум му била и доволно привлечна за да може се да има со мене.. И да ми спомна и за изгледот ми рече дека му смета што престанав да се средувам во однос на облека, бидејки порано секој ден бев и нашминкана и средена. За шминка не сака баш шминка ме сака природна. Па тоа беше и се од нашиот разговор. Не беше и некој разговор, морав збор по збор да влечам и од 3 саата долгиот разговор, само тие кратки и нејасни одговори ги добив. Го прашав дали ме сака како порано и ми вели од ден на ден се повеке. Него никој не може да го анализира што и како мисли. Стварно сум преразочарана. Му кажав не е до ништо, се што фалело можело да ми го каже и не да ме запоставува , туку повеке да сака да бидеме во кревет. Вели не се обвинувај ти те молам, не си ти ништо виновна, не барај вина во себе, се било поради него. Тоа е се од разговорот. Повеќе од тоа не може да се разговара и тоа е многу... Ме молеше да си легне до мене. Му дозволив. Имавме и секс со предигра и со се.. Уживаше видов.. Не секогаш ама сме имале предигра не е ни до тоа.. Сега кога се разбудив се чуствувам лошо... Си велам и тоа ке му здосади што понатака. Лошо се чуствувам лошо.. Со човек кој ти е убаво со или без предигра треба да уживаш. Не е ништо во ред но немам храброст да се разделам од него. Премногу го сакам. Се надевам дека му дадов шанса да се поправи, а не да ме повреди.
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Makeup12

    Makeup12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Исто сега на картата видов дека бил и во јавна куќа баш сега видов
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Ти кажал што му фали, ако тоа е вистината...

    ... ама ова фрла се' во вода...

    Место да зборува со тебе отворено, тој се одлучил да оди по линија на помал отпор.

    Е брак така не се тера. Бракот е компромиси и договори и разбирање, а не секој сам да си тера по свој пат.

    Мораш сама да одлучиш дали сакаш да живееш со него, или не.
     
    На Ygritte, cresa-jagoda, tijanana и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Makeup12

    Makeup12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Кога видов збеснав. Ќе издржам до вечер да не му пишувам ништо за тоа ама се отиде во вода... Пет годишен брак, со премногу желби за иднина.. Желба за дете се...
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Имате дете?
     
    На Makeup12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Јас да бев на твое место ќе се разведев во две секунди. Ама плачел, ама те сакал, ама се лигавел. Ај мрш. Никоја врска не е совршена, треба да издржиш и да поправаш, а не да одиш во јавна куќа. А пред тоа ти викаше, имаш среќа што не сум ко другарите што одат по јавни куќи. Јас никогаш не би можела со исти очи да го гледам. Зошто да сум со некој и да немам мир дали пак ме изневерил, дали бил со друга.
     
    На thelittle17, Alisa22, hermosa и 7 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.165
    Допаѓања:
    175.343
    Пол:
    Женски
    Прво и најважно - изневерување е. Згора на тоа пробва да релативизира со другарите.
    Второ, како тип за дејтање - секогаш гледајте какви пријатели има. Нема да е поразличен.
     
    На Alisa22, Leviosa2503, Hellobeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.144
    Пол:
    Женски
    Не ти е сјајна работава. Само, ти многу го сакаш него или многу си вложила во бракот ? Што довело да престанеш да се шминкаш ? Не забележа ништо кај него до сега ама баш ништо ? Друго не ми се допаѓа тој израз "досади", тоа е брак, не е играчка па, денес ааа стара ми е досадна. Она плачење и не знам што, немаш ти обврска да си светица и добра секогаш кон него ако тој не е кон тебе. Затоа сврти се кон себе, во себе види што има, а не во него. Во јавна куќа при жена дома, батали испеглан и нз што таму. Таа љубов сврти ја кон себе сега, вака ни тој ќе биде среќен, а уште помалку ти.
     
    На buba4e89, baby-star, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    119.152
    Пол:
    Женски
    Сигурна ли си дека стварно бил во јавна куќа? зошто после тој податок се паѓа во вода.
    Џабе е и плачење и цимолење и љубов. Јас не би го погледнала искрено после ова, доколку стварно бил во јавна куќа.
    За допишувањата на четот ќе прогледав низ прсти, но ако веќе стварно имал интимен контакт, па и во јавна куќа, не би била повеќе со тој човек.
     
    На Lolipop23, Herrera, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.144
    Пол:
    Женски
    Ќе издржиш ? Хммм јас вакво нешто тешко, ако можеш секоја чест. Он тебе пекол, кули од карти, ти нему рај, некако не ми оди
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Истото што довело до тоа тој да не е 24/7 исштиркан: Живот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    26.765
    Пол:
    Женски
    Па по самата постапка мене ми изгледа за неверство. Плачел па со наведната глава бил значи нема лице да ја погледне неа ваљда за “стореното”
     
    На cresa-jagoda, lovestoneddd, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.144
    Пол:
    Женски
    Ама тој бил исштиркан, а таа овенала свесно или несвесно затоа што знаела нешто не штима.
     
    На baby-star, *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    13.504
    Пол:
    Женски
    Многу е битен фактотот што разговарате.
    Низ разговор можат повеќе работи да се решат но не сѐ.
    Мој совет ти е да разговарате почесто за ова да му кажеш се што и како е...
    Што ти смета, дека сакаш да е искрен со тебе за каков проблем и да има.
    Дека тоа што го прави не е решение, дека морате да го решите тоа иначе нема никаде да стигнете.
    Дека многу е важно за вашиот брак проблемот да се реши без да одолговлекувате. Кажи дека тоа не води никаде ако така продолжи.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.