Какво издржување??? Сликај му ја картата, испрати му ја и пиши му поздрав и убав живот. Исклучи моб и замини си. Ако го чекаш да ти даде објаснување пак тебе ќе те обвини. Ќе ти рече ти ми беше лута деновиве и јас нервозен отидов ама ништо не направив. Се е само лага. Си одел тој може и претходно ама сега решил да наоѓа и нешто за безпари по сајтовите. Боже боже како трпиш да не му кренеш телефон и да му се назбориш. Очигледно немате сеуште детенце затоа куферите и што подалеку. Животот е многу многу убав а со вистински партнер уште поубав.
Леле. Затоа што така сакала. Да ме изневери маж ми пошо не сум се шминкала. После се чудите зошто ве гледаат ко секс објекти.
Разговараат, каков разговор е тој со клешти да му влечеш зборови некому ? Па плачел леле кога разговара тој, кога го фатила ? Па како неа нема друга, ти мижи ја ќе ти баам и ќе си дремам по јавни куќи и по сајтови. Дај, те молам приказни за мали деца. Пак следен пат ќе разговара откако ќе сврши работа ? Тоа брак е? Отвореност кон партнерот ? Не е душо, ја боли будењето, ќе и помине .
Тоа што престанав да се шминкам и средувам е заради напорната работа. Работам машка работа. За да имаме добар живот инску во странство сме. Јас ако не работам ке биде тешко за се.. 15 кг одлабев амс кој му е грижа. Многу вложив ништо не добив. Немаме дете, пет години се обидуваме но не бидува
@Makeup12 единствено што ти фали тебе е што не си порно ѕвезда. Маж ти е зависник од порно, затоа поинтересни му се порничи и жени кои ќе му пратат слики од нив во секси долен веш со напрчени цицки. Не си ти крива за ништо, и изгледот не треба да е проблем во една врска, посебно не ако се работи за "си ставила некое килце" или уште повеќе за "не си 100% мазна и издепилирана нон стоп". И озбилно, ова до сите се однесува, време е да сфатите дека порно во врска/брак не е наивна работа, и не барајте причина да го оправдате. Зависноста од порно е биг дил, оти како и секоја зависност, ме го афектира само "уживателот" туку и сите околу него. И да, зависност не мора да значи компулсивно гледање порно 20 часа дневно, може и многу посуптилна да биде.
Немој да те лажел умот да имаш секс без контрацепција сега. Дете ќе те врзи за него, до крајот на животот... без разлика дали ќе останете во брак или не. Дури не го разрешите ова, вака или онака, нема правење деца.
Е душо моја, жените мора да сфатат, не се мајки на своите партнери . Он тебе пекол, ти нему бетер, не да плаче ако сака нека вришти. Ти ќе рнташ тој ќе дреме по јавни куќи , не бе среќо, ни прв ни последен, ти заслужуваш исполнетост, среќа, стабилност, љубов, лојалност пред се и почит. Не може тоа да ти го даде, не ти ни треба. А не ќе си ја лупаш главата дали ќе му се здосадело нему, каква е таа посветеност тогаш, што му должиш нему ? Ништо. И не барај ништо од таков, шутни да го боли до срж, не светица да види каков ѓавол можеш да бидеш. Тој знаел што прави свесно, сега што сеел нека жнее.
Еј! Не така Ти гарантирам дека ќе дојде ден кога се' ова е биде само избледен спомен. Верувај ме. Многу си посилна отколку што си мислиш, само ти треба време да се соземеш. Нормално е да си очајна во моментов, реакција на траумата е. Пошто, фактички, ова што ти се случува е траума и апсолутно разочарување во реалноста која си ја знаела. Те разбирам скроз. Дај си време да си дојдеш на себе, најди некого со кого можеш да разговараш отворено, да се истушиш... ако треба и психолог нека е. Мораш да разговарш со некој, за да знаеш дека не си сама. Милиони луѓе го минеле ова, па и полошо... и преживеале! Ќе видиш дека се' ќе биде во ред
Не биди будала, кој живот е уништен ? Твојот зошто бе, дете ? Ти пред него не живееше ? Па, сега потоп ? Ајде разбуди се, се ќе биде добро. Слушај и уживај, животот не е се мед и млеко секогаш, полн е подеми и падови и после секој пад ќе станеш и ќе се собереш, тек треба да искусиш уште. .
Добро луѓе за брак зборуваме. Не врска од 2 месеци. Можеби жената е спремна да му даде уште една шанса за се да промени. Јас гарантирам дека пола од овие што пишаа овде разведи се и бегај немаше да го направат тоа да беа на нејзино место. Нека разговара прво нека каже се што и лежи на душа. Па и нека вика нека се кара. Ако така и олесни. Многу е важно повторно да почнат да разговараат за проблемите. Тоа е чекор кон решението на проблемот.
Леле после ова шо читам не сакам да се мажам. Порано бракот бил додека смртта не ги раздели, а денес додека имаат секс со друг/а.
Оф леле од мене поголем поборник за брак да се задржи нема ми се чини, ама не по цена таа да тоне. А маж не се менува, може сам таа ако може да живее со тоа да го прифати таков. Со таков затворен нема разговор, таа ќе нагаѓа само и само ќе се врти во круг на тоенење. Се зависи со што може таа да се носи во животот. И јас да сум можеби нема да избегам одма ама процесот би бил започнат и неговиот пекол.
Бил, оти срамота било да се разведуваат, па трпеле се' и сешто. А вакви глупости, имало откако постои човекот, и ќе постојат додека постоиме и ние.
@Makeup12 Во случајов многу е важно е што ти работиш а тоа значи дека си финансиски независна, што значи дека кога би се одлучила на тоа да го оставиш полесно ке биде јер ке си најдеш стан за себе и ке си се посветиш и на себе и на работа а со тоа и побргу ке го заборавиш. Вредиш многу повеќе од ова што го добиваш сега, маж ти е манипулатор, тоа што многу не зборел не го прави наивен да е, многу убаво знае што прави. Сега си во фаза на бес, па ке сфатиш дека вредиш повеќе и ке си посилна да го донесеш заклучокот да го оставиш. А и, биди среќна што немате дете, баш како што кажа Вајлд тоа само уште толку би те поврзало за него. Така да, собери храброст и напушти го. Си била човек и пред него, ќе бидеш и после него со таа разлика што овој пат ке бидеш далеку по храбра.
@Makeup12 ти на почеток не се изјасни доволно, спомна само гледање порно и секс чатови. После кажа и јавна куќа и сајт за запознавање што е лошо. Добро е што немате деца во случајов имаш шанса да размислиш, знам дека не ти е лесно и си многу повредена. И јас сум за развод, ама дај си малку време настрана од него доколку си во можност, па со ладна глава донеси одлука. Човекот те има тебе како сигурна карта, а си тера мерак на друго место. А требало да збори со тебе за тоа што му недостасува пред да иде по други тетки, сексот е многу битен во врска секогаш го кажувам тоа.