Нека оди кај сака. Сам си го одбрал патот. Сега ти одлучи дали ќе го следиш на тој пат, или не. Оди некаде на неколку дена. Раздели се физички од него, за да можеш да се стабилизираш, без да ти биде притисок самото негово присуство.
Со дополнителните објаснувања јас би кажала дека тој и финансиски зависи од тебе. Си пишувал на сајтови за запознавање, барал видеа и слики од некои, бил во јавна куќа, ти кажал дека му сметало што не си се дотерувала. Човек што те сака и почитува пред сè, не прави ниедно од горенаведените, па уште без срам ти ги кажува неговите глупости. Може и секој ден да го прави тоа и пак да плаче, оти гледа дека може да те врти. Што очекуваш од него? Нема тоа да го добиеш, бегај.
Одлично заработувам , имам супер плата, стален договор за работа, Да не работев и јас многу нешта немаше да види
Тури си чаша вино, релаксирај се, пушти си музика, застани пред огледало и речи си „Јас сум убава и силна жена, нема да дозволувам да си игра некој со мене, можам да го имам кој сакам” Чекај го да си дојде, спакувај му торбица него и прати го да живее некаде додека не ви се олади главата. Тој нека си оди. Ти преспиј, разговарај со некој близок и ќе се одлучиш.
@Makeup12 немој да му се закануваш дека ќе си одиш, а да остануваш. Само кога ќе си 100% спремна и одлучена, тогаш ќе го известиш. Оти ако му велиш: Ќе си одам- а не си одиш, ќе ти го сфати тоа само како закана и ќе продолжи дса прави глупости и да 'тестира граници'.
Да си жива и здрава ем, шуто ем, да те боде ? Насмеј се, сево ова ќе ти биде смешно наскоро, сврти се кон себе, ако сакаш остани реда ради во брак со него ама кога тогаш ќе се свртиш кон некој друг, прашање на време е само. Не се разочарувај, сигурно имало и убави работи за тие 5 години, кажи благодарам ама до тука било. Сега сам бори се како што јас се борам и најди си према себе партнерка, па дали ќе биде од јавна куќа или не знам каде не ме занима. Немој да паѓаш на манипулации и себе лажење, си се врзала, пропаднало се и не знам што.
Ако се работи за брак не значи дека мора да се трпи понижвање и јавни куќи и апликации за запознавање шо не е исто со јави хот линии и чатови ( шо магично не прај да е подобро исто срање е). Ако еднаш било, ќе биди два пати па ако сака нека е сега или по 1-5-7-12-17-30 години. Ама секогаш сум за разговор. Смирен колку да се кажи се знај, да се исповеда, таа да кажи како седи. Али врска се заснова на доверба и се сомневам дека после ова било која жена ќе верва на мажот. Секогаш ќе има мисла дека нешто не штима at the back of her head.
Јас никогаш не давам совет за раскинување, освен во случаи на насилство, пошо мислам дека се може да се среди ако се сака. Ама да знам дека маж ми бил во јавна куќа, нема да можам да легнам до него и мирно да спијам. Сега ти изгледа ситуацијата страшна што ако се разведеш ама не е толку страшно како што ти изгледа ќе продолжиш со животот, одиш на работа и ќе се прашуваш како можело да ти гледа невозможно. Не сум сретнала досега жена што била изневерена и што рекла згрешив, не требаше да се разведам. А на сите им било тешко и им изгледало страшно
Ќе дадам предлог поразличен од сите. Ти веќе си вложила труд. Јасно ми е и да се поправи ќе имаш always second thoughts. Би ти препотачал, ако ти успее да го носиш и сам да се согласи за на психолог, нешто како marriage consultant/advice, може да подобри многу ствари. Од авион гледам дека има некој комплекс и е ќутлив, знам боли тишината. Ако успееш ви посакувам среќа ако не, почни да си се цениш себеси повеќе. Јас сум ex cheater, и никогаш око не ми трепнало ниту сум размислил како ќе им биде, не криев, доказите беа секогаш достапни. Ми плачеле а мене капка во душа не ме погодило. Да знаеш од искуство човек што те вара нема респект спрема тебе. Може да те сака, ама живее во свој кукавички свет. Selfish narc -зошто сум бил таков? И самиот конкретрн одговор неможам да дадам. Али општеството така влијаело на мене. Има денови кога се срамам од себеси за тие дела. Веќе на крај памет не би го правел тоа. И да сум изваран, и психички повредуван, третиран пониско, нема да го гледам неверството како опција за возврат за цел на сопствен револт-Никогаш ПОВЕЌЕ. Човек се менува сам, а дали ќе се сменат сите, тоа неможиме да гарантираме.
Еднаш во муабет еден ми рече дека жената требало да се средува за себе ама и за мажот. Премногу жените се опуштале па не обрнувале внимание на изгледот и после зошто мажите иделе со други. - е ова го слушнав. А замислете, Џеј Зи ја изневери Бијонсе! B E Y O N C E! Значи нема врска изгледот.
Има место и твојот совет, меѓутоа таа борба за опстанок на заедницата треба тој да ја започне, не таа да го тера, затоа што тој и таму ќе одглуми, а таа само уште повеќе ќе вложува и дава од себе, а за што ? За кула од карти ? Дека тој ќе се смени, можеби ако поглдне во себе што му е нему всушност. Јас додека е со неа дека ќе се смени, да видам па, да верувам, си го сака комодитетот со неа, мирен, гревче, срамежлив, затворен и тн. . После загуби можеби и ќе се смени, овој воз му заминал дури и да се заедно, никогаш нема да биде исто веќе. Не знам дали има жена со таа величина да е исто и подобро.
Нема. Повеќето од тие со кои сум договарала средба, имале дааалеку позгодни жени од мене. По денешните стандарди, не спаѓам во убавите, ама воопшто... дека дебела. Ама ете...
Има, еден куп жени. Скоро сите со кои сум се допишувала и гледала, жените им знаеја дека имаат други. Може не знаеле точно каде, со која и како, ама дека има нешто, знаеле. И еве ги.. сеуште се во брак... Сите од нив.
Јасно ми е, во право си. Ама тој не е свесен што и прави неа. Не се опишува тоа. Себичен е... Тоа е најдобро нешто ако сака да успее(има шанси), а таа цел живот ќе ја има таа црна дамка(и тоа е јасно). Lack of Empathy causes destruction, не е спремен за да си ја даде душата. Нема комуникација и разбирање од негова страна, бидејќи стварно не гледа дека е нешто лошо.
Тие ми не разговарале прописно воопшто . Си кажа девојката , човекот е како затворена кутија ( или пак мудро молчи ) . Да може да се разговара со таквите , сигурна сум дека немало воопшто да дојде до ситуацијата . @Makeup12 и јас сум доста затворен лик , и ова неговото ми личи како " тој си тера работи на страна и мудро си молчи " , а не дека е затворен тип . Така му одговара . Еве ти пример за човек што стварно му значи некој како личност . Јас пред да го родам синот , пред 6 години , бев слаба и згодна , се дотерува се шминка секој ден дури и фризури си правев за на училиште ( се омажив на 17 , затоа ти велам за на училиште ) привлекував доста внимание и погледи од многу момчиња . Потоа забременив и се омажив . Во текот на бременоста , имав малку потешкотии , што доведоа до тоа јас претежно да лежам за да го зачувам бебето , и да ме држат понастрана од стресови . Така и се здебелив . Во моментот кога сите мислеа дека маж ми ќе најде позгодна од мене , тој седна да разговараме и ми кажа дека воопшто не му е важно како изгледам и дали се шминкам или не . Дури и ми рече " јас мразам пудри и кило шминка , за мене си убава таква каква што си , природна , само хигиена да одржуваш за мене е доволно , не ти треба ниту шминка ниту диета " . Секако дека не верував , па си фатив диета . Ослабев неколку килограми , и забременив со второ дете . Повторно се здебелив . Се роди и второто , и веќе немав време ни за себе , камо ли за диети и дотерување . А плус , невработена сум , и пак немав време за себе . Ако на маж ми му значеше мојот изглед , до сега ќе бев кај мајка ми со две деца . Наместо тоа , кога и да се пожалам дека сум дебела и грда ( најчесто поради мојата разнишана самодоверба ) тој ми вели " се додека мене си ми убава , нема потреба од диети и измачување " . Сега сум бремена со трето дете , да се роди и тоа и јас фаќам да вежбам по дома , имам нешто справи за вежбање , имам и каде . Не за него , туку за себе . Сакам да можам да си најдам облека во град што , кога ќе ја облечам ќе ми стои убаво , јас да си се чувствувам убаво во своја кожа . Не дека тој помалку ќе ме сака ако сум јас со вишок на килограми , со подочници и мрсна коса , туку за себе . Кога ќе излезам во град , сакам да бидам скоцкана , а тоа не е возможно се додека имам вишок на килограми ( изминативе години што и да купив , или испука или се растресе и стана како вреќа , бидејќи варирам со тежина по 2-3 кила плус , па 4 минус , а во мојов град нема баш многу избор за покрупни девојки/жени , треба да купам облека како за баба ми ако сум ваква каква што сум ) . Ако повторно се дотеруваш , гледај тоа да е за тебе лично , за ти да се чувствуваш убаво во своја кожа . Ако се дотеруваш за твојот сопруг , знај дека секогаш ќе најде некоја подотерана и ќе ти рече " па ти никогаш не се средуваш вака " . Јас кога држев диета , мотивација ми беше : " Една жена никогаш не се средува за да биде поубава од другите жени , или да ги привлече погледите на мажите , таа се средува да си биде убава на себе " . Додуша , кога ослабев по првото породување , повторно привлекував погледи на многу мажи , и маж ми имаше еднаш испад на љубомора во смисла " за кого се дотеруваш " , му одмавнав кратко " за СЕБЕ пред се , а потоа и за тебе " . Секако не поверува одма , му објаснив како стојат работите , дека јас сакам да сум убава на себеси во огледало , не ми е воопшто важно како другите ме гледаат и што мислат за мојот изглед , бидејќи луѓето секогаш ќе ти најдат маана , така да воопшто не им се замарам . Оттогаш ме нема прашано зошто сум дотерана . Си го знае одговорот веќе . Значи , ако се дотеруваш за себе дотерај се , не за него . Тој секогаш ќе има изговор за неверство . Не ти советувам развод , ти си знаеш најдобро каков живот имате и што ќе направиш , изборот е твој , но никогаш не се обвинувај за нешто за што не можеш да влијаеш . Ти си млада и убава , и што и да одлучиш , тој е во загуба не ти . Имај убав ден и уживај во животот .