Подлабоко Девил. Која е причината што толку несовесно се однесува некој? За се има причина. И за причината има причина. И во право си, им треба стручна помош. Не се сите од челик. Некои знаат и не им е гајле, оти си имаат свој живот, башка од мажот. Некои знаат и не им е гајле, оти имаат принципи кои им се погоре од неверството, и сеуште се сакаат. А некои страдаат... неизмерно страдаат, ама остануваат со лажливците. Е за тие ми е жал...
Гледав една дебата се однесуваше на неверство. Еден рече, доколку партнерите гледаат назад после 30 години брак, и можат да избројат на прсти колку пати биле неверни, тоа се смета дека биле прилично добри во моногамија.
Имам пишувано и пишувано за ова по форумов... Сите што ги знам.. а верувај, во 40 години, запознав илијадници луѓе... Реееетко кој не бил барем еднаш неверен. Скроз се ретки таквите.
Јас пак ќе дадам малце поразлично мислење. Не знам каква е оваа култура на запоставување на изгледот после стапување во брак, и од жените и од мажите, а се почесто гледам вакви примери. Испаѓа дека работиш на изгледот, се трудиш да изгледаш добро додека не упецаш некој/а и после готово потпис ставивме, мора да ме сака макар и сторам партал од себе и не смее да зуцне у вези тоа. Ако до пред потписот си можела да одржуваш линија, да си педантна, чиста, дотерана според прилика, можеш и сега. Вчера баш сретнав една особа која едвај ја препознав. Изглед кој вришти, се омажив,родив, завршив работа. И не е до пари работата. Не е до немање време. Не е до обврските. До мајндсетот е. И да напоменам. Не е постов вперен према членката со проблемот ниту пак оправдување за неверство. Едноставно критика.
Ако не си варала тогаш нема да сфатиш, и капа симнувам, и јас сум моментално против лажење и варање. А ако е обратно, веќе тој тоа го направил, ќе ја остави и нема да му е гајле. Комплекс е сфати, се штити да не е повреден. @Outlook
Од моја гледна точка тој живот во кој мажот е ловец и тоа е ок. Ако е за него ОК ќе мор ада живее дека жената е плен кој сака да биде фатен па, ако може нека издржи така. Даваш договор кој е не прифатлив и на сите им е полесно. Како можат тие си знаат, штом им е Ок во таква заедница, јас немам ништо против.
Сум можела ама не сум варала затоа што на крај, страда тој што вара. Што ќе тегнам маки сама со себе, подобро да ми е мирна душата.
Оти се губи мистеријата, оти имаш сметки за плаќање, деца за гледање, дом за одржавање. Мама и тато не помагаат повеќе, сам за се' се грижиш. Некои луѓе, едноставно, ги потиснал животот. Ама љубовта не треба да гледа со очи како да си слика во магазин... Туку како човек... со испишан животот на лицето, во секоја бора и лузна и во секое седо влакно. Оти тој е човекот кој си го одбрал да ти биде партнер и со него да делиш се, и со него да растеш и да ги страдаш сите тие болки... И твои и нејзини и заеднички... Шминката не го тера да ја побара твојата блискост... ниту високите штикли... Туку душите бараат да се спојат, оти се веќе едно.
Ова укажува на немање грам совест и каење. А овде целосно ја прифаќа вината. Многу голем манипулатор овој. Две контрадикторни изјави се овие. Како да знаеш која е вистинската? Овој одговор тоа ти го кажува. Сакал ова, сакал она. Вистинскиот одговор што требало да го каже е "Извини што те повредив. Не можам да престанам да мислам колку болка ти нанесов" и така натаму. И покрај се е крајно себичен, мисли само на себе. Ова е како криминалците пред суд кога ронат крокодилски солзи. Не се каат што го извршиле делото, се каат и плачат пошто ги фатиле.
Познавам неколкумина како тебе. Сеуште го прават тоа, а ти си престанал... Што е за пофалба. Ми се чини планини имаат на грбот, а не се ни свесни дека им тежат.... за жал...
А што ќе се случи кога годините ќе те нагазат ? Младоста е сама по себе убава. Што кога брчи, поблени коси ќе се јават, не се живее со слика, туку со душата и карактерот. Што е со ветување во добро и зло, што ако се разболи, до шминка и теретана ќе им биде дојдено или бебе има ама ќе се шминка по дома. Не се нештата за денес и утре само па, ќе гледаме површно.
Кутрите тие, навистина колку цела планина е тешко да скокаш од еден кревет во друг. Кој знае колку се измачени...
Според мене тоа е немир во душата, тие не знаат на каде во животот, ниту што сакаат ниту како да дојдат до тоа. Да не се увалиш само во таков вртлог со таков профил на луѓе, тој има проблем сам со себе, а сите други ги замотува во него.
@WildMk Благодарам, но сфатив да ги ценам туѓите чувства, грижи, недоразбирања. Нормално никој неќе да врви низ болки и да има тишина а нема одговор, а секогаш е пред нас а не го прифаќаме. Ќе дадам краток опис за мене и моето минато. *Сум бил повреден но не варање. Го средив мојот изглед, се социјализирав повеќе. Кога и да сум излезел не сум давал effort еј сакам со оваа нешто. Бар не излегував со помисла да варам. Девојките знаејќи дека имам девојка ме "молеа" да бидне нешто, и јас како бездушно ѓубре ok why not. (Оваа авантура траеше 5 години и повеќе, а јас во долги врски) Не се засегав, ниту пак ги сакав или ми имале некое значење, го правев.(Девојките со кои варав) Ваљда им бев ѕвезда и мене тоа ме исполнувало, а не сум сфатил дека тоа е знак на low self esteem. Гарант има и други причини но јас неможам сам да ги откријам. И какоб углед себеси си дадов? Сакав да не сум варан ама варав. Можеле да ме имаат а не јас нив. Се извинувам на болката што сум ја нанесил
Не им ги знаеш животите. Или им ги знаеш повеќе отколку јас што им ги знам? Знаеш какви трагедии имаат преживеано? Знаете ли какво им било детството? Сте се запрашале ли некогаш, зошто е некој онаков каков што е?
@Makeup12 Само смирено, не е крај на свет иако така ти изгледа сега. Кога веќе не сака да разговара, тогаш стави го на игнор. Одвои си малку време за себе, убаво да размислиш како сакаш да продолжиш понатаму. Соземи си ги мислите, да знаеш како да постапиш.
Доста ти! Тоа што ти се случи, не е толку страшно како што сега ти изгледа. Ти гарантирам со глава дека ти е само хормонална реакција на траума и нема везе со реалноста! Не си без излез! Има излези... и тоа многу! Кога ќе ти спласни шокот, ќе го увидиш тоа. Дај си време да тагуваш прописно.