Ама сега може да филозофираме до утре за животот, за љубовта, за бракот, а овде имате милион примери кои ќе ви ги побијат филозофиите. Колку и да негирате, визуелни суштества сме. Се вљубуваме во комбинација од душа+изглед, и едното не го исклучува другото. Бракот не е "готово, го завршив моето", како од социјален аспект, професионален план, физички изглед. А повеќето така се однесуваат.
За почеток пробај да се смириш, излези на воздух, испиј вода/чај што год. Смири се, диши длабоко. Ќе дојде време ке си направиш муабет со него но, биди внимателна, до сега веројатно сфати дека имаш работа со манипулатор, немој да дозволиш да те залаже. Али ти пробај да бидеш смирена. Патем, морам да се сложам со Вајлд, Ова е тоа што најчесто не го гледаме, секогаш сме први да осудиме, иста сум и ја, брза да вперам прст. Но, од друга страна пак Вајлд, секој е одговорен за свои постапки, баш од тоа што имам учено од сеанси е дека ние не сме одговорни за тоа што нам ни се случило во минатото но, и те како сме одговорни да го смениме начинот на кој дејствуваме. Така да, без разлика кој каква траума доживеал тоа не го правда да продолжува да прави неправда/траума на други. Мора самиот тој некој да е свесен и да го скине ланецот.
Мојот маж е 'грд'. Јас сум 'грда'. Според модерните стандарди де Ама едниот со другиот се гледаме како да сме си најубави на свет. Да можевте да го видите со мои очи, ќе знаевте што сакам. Вака не... Убавината е релативна.
Секако дека секој треба да се труди да се подобри себе си, и никој не треба да остане неказнет (во некоја форма) за престапот. За тоа се согласувам. Ама не сите ќе побараат помош, не сите ќе успеат да се сменат, на некои и помош нема да им помогне... И секогаш ќе имаш луѓе кои се такви.
Апсолутно, се сложувам, но затоа не би да ги правдам нив. Верувам дека има меѓу нив што доживеале страшни трауми но, кога можев јас на мои 20 и кусур години да се свртам кон себе и да побарам стручна помош за да го прекинам ланецот со кој сум се движела низ животот тогаш може секој да го стори тоа.
Никој не вика дека животот запира тука меѓутоа тој аспект не е пресуден. Не може маж бебе имаат жена му не се дотерувала, не спие дење ноќе, не му чинела, не била дотерана, средена за него, после развод , детето пораснало малку оп, му чини се дотерала ... глупости на неброен степен. Оваа култура тој аспект мора да го смени и прилагоди на реалноста. Секакви периоди има во животот и или живееш со некого низ добро и зло или не, трето нема.
Сама си увидела, сама си побарала помош. Некои не веруваат дека им треба помош или промена. Не го гледаат проблемот како проблем... И немора детството да е причина за варање во иднината. Но игра голема улога.
Ако имаш проблеми, трауми, лоши искуства, ќе се трудиш да ги средиш. Секогаш има начин да пребродиш нешто, без да наштетиш на друг. Ниедна причина не е доволна за да повредиш друг. Себичност, угодувајќи си на себе, нула емпатија, нула совест, свесно знаејќи дека ќе повредуваш друг, ништо не го оправдува ова и нема да го оправда.
Периодов Фројд го имав зачитано, па дојдов до заклучок дека не мора некој да има не знам какво трагично детство но, некогаш е доволно одбивање од едниот родител. Доста длабока тема е, пример момчињата се приврзани за мајката најчесто во моментот кога поради било каква макар и банална причина ке се разочараат од нејзе може да биде причина утре детето да биде склоно кон изневерувања со тоа што во многу жени ке го бара тоа што како дете го чувствувал од мајка му... Како да ти кажам, преобемна е темата, ке се надополнат и други дека може е глупост ова и не знам што, ама јасно ми е дека има причина за се која како што самиот кажа не мора да е поради траума.
Не ги оправдувам и јас. Само сакам да ги разберам подобро. Се согласувам со тебе. Знаете веќе дека не оправдувам пракси кои повредуваат други луѓе, ама постојат... и сакам да знам, зошто постојат.
Баш така. Наизглед тривијална работа што ни се случила во детството, може нам да ни оставила неизбришива трага. Стварно е ептен комплексна темава. Може треба да ја скратиме на практичниот дел: Што да се прави, доколку партнерот ве изневери?
@Makeup12 прво смири се, со ладна глава се донесуваат поисправни одлуки. За утеха да знаеш не си ни прва и последна која се нашла во ваква ситуација. Мое лично мислење е дека станува збор за неверство, но мажот те сака, по се што си извлекла од него во тие 3 часа муабет тој не те лажел кога ти рекол дека те сака секој ден повеќе. Ти прочепкав и во постари мислења и видов дека и порано имал проблеми маж ти во сексот со тебе. Според мене станува збор за еректилна дисфункција, му фали предигра, се осеќа понижен што ти работиш и заработуваш машки за вас двајца, може другарите штетно му влијаат, не може сигурна сум. Но за што и да се одлучиш на крај во врска со вашиот брак, најдобронамерно ти препорачувам да се обратите на психолог специјализиран брачен советник, на сеанси и во двојка и секој на само. Самиот психолог ќе ја увиди динамиката со која треба да го посетувате.
@Makeup12, срц, слушај сега ваму. Ако имаш некој седатив, напиј се веднаш, да се смириш. Ќе преживееш и ќе бидеш добро. Ќе се јавиш, сега веднаш! кај гинекологот и ќе побараш да те тестираат за се, вклучувајќи и ХИВ. После ќе се јавиш кај адвокат да те посоветува што-како, зошто на крај може да испадне дека треба на лиглето и алиментација да му плаќаш. Адвокатот ќе ти каже веројатно сите докази да ги чуваш, за да можеш на суд да докажеш дека тој те варал. Ќе плачеш после, сега фаќај телефонот и почни да вртиш!
Одлични практични совети. Само би додала, нека најде стручно лице да разговара, за полесно да ја преброди кризата.
Не е оправдувачки. И да си осетил емпатија спрема тебе може ти да не осеќаш, но најчесто кога тие што ги сакаш и не те третираат како што треба во детството, ги тера да го прават истото. Одбранбен систем е. Пола популација страдаме од NPD, BPD. Дали сме дијагностицирани? Не, тешка процедура е. Имаме особини од горе наведените дисордери, и се левелира на повеќе нивоа. Што повеќе особини тоа полошо. Земи читни ако те интересира. Сум бладал на тие теми со месеци, и сум се разочарал од себеси и од тие што сум ги сакал безпрекорно.
Ех... вака ако гледаш, во сите дијагнози ќе си најдеме симптом. Не е трагично, само треба повеќе да се внимава на менталното здравје. Исто како што одиме на други редовни и систематски прегледи.
Се сложувам дека треба да се проба и со психолог но, мислењето на @Outlook многу повеќе ми има смисла.
Можда има повеќе смисла, ама не им ја знаеме точно динамиката во бракот. За да ми има ова повеќе смисла дека него му е гајле и пак би навраќал редовно во јавни куќи не би и правел како прво ни муабет, а не да и признава дека има луда глава. Ќе ја отера и ќе негира се за да ова има повеќе смисла. Сепак бракот е нивна заедница во која двајцата создаваат и уништуваат се'. Kако ќе одлучат нивна работа, сепак тие треба да живеат со одлуките кои ќе ги донесат и последиците од нив.
@tijanana секако но на крај на денот сфаќаме дека не е само еден да се труди. А од тоа што таа го кажува тој со прст не мрда да смени нешто. За почеток може да почне да биде поотворен да каже што сака, да не се срами и да не се плаши. Не знам, ама мене не ми изгледа како тој да сака да ја оправи работата. Такво чувство добивам.
Е тоа е тоа кое и јас сакав да го опишам како контра-аргумент на оние кои велат се запуштиле во брак . За секого има по некого во чии очи ќе си совршен/а заради кои ќе поминуваат лепотици/лепотани ама ќе бидат само личности во убава амбалажа, а вистинскиот/та е таа личност со која заспиваш, се будиш, се сакаш, се расправаш за милион мали ситници. Тој/таа со кои дланка во дланка се поклокупуваат како отсекогаш да биле создадени да се една во друга