Мислам дека се срами да ја признае неговата немоќ и се плаши да не почне таа да го презира заради тоа што не може да ја задоволи како што тој замислува дека треба, затоа ја избегнува во кревет. А се плаши и да и признае се што чувствува општо, се плаши да не ја повреди и изгуби, а не сфаќа дека по патот по кој тргнал веќе почнал да ја губи. Не мислам дека не сака да ја оправи работата, само се плаши и полн е со предрасуди кој треба да е маж во куќа и оди по линија на помал отпор да се докажува колку е маж и маженствен каде што не му е местото. Ама има многу фактори кои допринеле за тоа, меѓу кои и влијанието од такви другари кои посетуваат јавни куќи. Со стручна помош, се надевам и сакам да се оправат и вратат на вистински пат во бракот. Ама јас што мислам и сакам не е толку важно, најважно е тие како гладаат на сето ова и како е најдобро за нив двајца.
Не се согласувам со ова. Не можеш да лажеш кога некој сам ќе те открие. Фер е да не го направиш тоа, ама кога веќе си направил треба самиот да го кажеш тоа и навистина да се каеш, а не таа сама да те дознае и после "ја сакал", жал му било. Ја сакал и кога барал други за секс и кога одел во јавна куќа? Не е за оправдување, кривицата не ја барајте ни во неа ни во другарите. Не е дете од 10 години па да влијаат другари врз него, туку возрасна личност. Кога има примарен проблем се разговара отворено со партнерот и со психолог за да се реши тој проблем. Господинот наместо тоа избрал да бара други и не заслужува ни шанса ни сеанса!
Strucna pomos da, ama toj da bara, toj srusil, toj neka sobira parcinja sega, kakvi I da mu se pricinite. Ako toj ima problem bilo kakov toa me go amnestira od ova niz sto minuva zenava. Godini bile zaedno prvo na nea trebalo da I se obrati,a ne na ovoj nacin. Vo moite oci nasol pa, zasol. Premnogu si dozvolil za da e sega zrtva na ne znam Sto tamu.
@flawless_ @Outlook според мене и сте во право за нешто и не сте во право за нешто. Сепак секој си има право да напише како гледа на проблемот на @Makeup12 . Како ќе одлучат и двајцата, сепак од нив зависи. Но навистина пред што и да решат најдобро е стручно лице да ги ислуша и увиди до каде се и физички и емотивно и што може да се преземе за да им се помогне на двајцата побезболно да ја пребродат оваа брачна криза или да стават крај на се'.
За мене ниту трагедиите ниту ништо не ми е оправдување. Ај сега ако преживеал трагедии и ние да ги преживуваме. Ако тој имал несреќно детство и јас на моите да им го направам несреќно поради него. Нека оди нека вара со други и утреден и децата ќе му судат. Свесно сам одбрал поради несреќното детство да има и несреќен крај, и младост и старост.
Веќе пет пати одговорив на ваквите забелешки, не си ме прочитала. Не оправдувам, само сакам да разберам зошто е така и како може да се смени.
Не си грда, те знам, забораваш Бар јас секогаш зборам односно сум против објективизација на убавината низ општествени стандарди и често велам дека нема грди луѓе туку само убави и поубави. Не ми беше муабетот за убавина мене. Туку за себе грижа и за мајндсетот кој се менува штом стапиш у брак. Особа што до вчера била едно, а сега појавата и вришти 'не ми е гајле'. Исто и мажите. У прилог иде и фактот, што при раскинување или развод, истите тие луѓе почнуваат интензивно да работат на себе, најголемите и најпозитивните трансформации се случуваат баш при ваква ситуација. При враќање на "пазарот". Потоа пак иста песна. И пак да напоменам. Не го зборам ова у корист на изневерувачите,туку интересен феномен ми е.
Па тоа ти кажувам. Ќе те сомелат секојдневието и проблемите.... Сега, не сите ова ги чека и не сите ќе имаат исти проблеми и исто се носат со нив... ама и такви ќе имаш еден куп.. кои едноставно 'се откажале', или пак, не им е повеќе ни гајле и почнуваат да се фокусираат на други работи. Башка што дотерувањето и шминкањето се сепак индивидуални работи. Не се шминкам оти сметам дека сум поубава ненашминкана. Ко бев 20тина години, ко индијанец се шлапав. Имам тетка, која никогаш во животот не била нашминкана, а сестра и' никогаш не излегла од дома без барем кармин... И двете се над 60 години. Спојлер: Едит Сто пати го едитирав постот! Еден куп грешки изнапрајв! Ебате! Не знам да пишам!
Не одбрале така, доживеале некој шок/себичност од саканите, имаат одбранбен систем на мизерија со која што ги влечат емпатистите. Ти гледаш на работите како што и повеќето тука што гледаме, ама не заборавај за се има своја причина. За да се смени, своеволно треба да е или самото општество да го упати човекот кон побистар пат. Едит: Никој да не ве лаже: облекувањето/шминкањето/дебелината се причинител за нивните дела. Тоа е голем изговор. Манипулацијата доведува да сметате дека вие сте криви, а всушност не сте.(Gaslighting)
Што значи психички лицето не е спремено за врска па после и брак и да биде верен на една личност. Ако покрај се сепак тоа го сака, ќе проба да најде начин да си ги разреши конфликтите и ќе започне врска како што треба. А не, започни врска па после повредувај друг. Прво расчисти со себе, ако можеш, ако не, терај како ти одговара, ама друг не вклучувај по пат. Ниту една причина не е важна се додека свесно друг повредуваш.
Свесен човек не те повредува со варање. Твојот став на размислување е ти што правиш и очекуваш. 90% од нив не се свесни што прават и како влијае, и сметаат е небитен фактор. Дали плачеш/дрецкаш/емотивно се корнеш, не им менува. Моментално може ќе ги здоболи за тоа ти како се чувствуваш но нема ден/недела да пројде ќе заборават што направиле. Едит: не знаат дека ќе вовлечат невини души и ќе ги уништат. Не се свесни. Далеку се од емпатија.
Џабе збориш, во тема кај што некоја се пожалила дека е изневерена, се пишува дај да го разгледаме детството на изневерувачот, да видиме некоја траума да не имал. Значи џабе објаснуваш
Лелеее... аман! Ако го разгледаме секој аспект, не значи дека го намалуваме ефектот на нелојалноста. Форум е... за се' поврзано со одредена тема, може да се дебатира.
Ако е некој психички лабилен еве му во денешно време има на секој чекор психијатар ако одеме така ајде па сите сме имале трауми од детство ретко некој да не е имал и ајде сите да брлавееме глупости да праеме низ прсти да ни се гледа цц.
Абе, алоооо!!! Никој, ама никој не рече, дека минатите трауми се оправдување. Оти цело време се обидувате да ја одвлечкате темата во тој правец???
Пишав: Ако е така, нека не започнува ништо со лице на кое тоа му значи и го очекува или нека бара некој како него, ама залудно, полесно е да се бара оправдување за нешто свесно што го правиме. И да, секој сфаќа дека повредува друг, само let's face it, приоритетите се поинакви и себичноста на прво место. Се согласувам, секогаш истото се вергла на ваква тема. Мувата на капата.
А кој ги посочил да одат? Кој им укажал што е во ред а што не е? Не секогаш се доаѓа од дома. И не е муабетов да ја бараме причината за оправдување туку дискутираме дека НЕ секој е свесен за своите дела. И сам кажав каков бев во минатото иако лично бев воспитуван да сум лојален да се грижам за туѓите чувства. Не сум бил изоставен, па јас сум се направил таков. Поентата е сам треба да сфати со или без помош, а ако не сфаќа, членката треба еден црвен картон да даде на таква особа.
Е ајде де, наместо да си отворат тема во Психологија и да анализираат трауми и да глумат Фројд, овде се пишува кај што членките очигледно бараат поддршка и ништо друго.