Никој нигде не пиши да гледа низ прсти, спротовно укажано е дека се е изговор. Нема оправдувања. Членката знае што се дешава што осеќа, повредена е, има прашања во себе. Го знае излезот а го неќе тој пат, знаеш зашо? Па дојде да се пожали овде и бара причина за да остане со него а и магично чека да се промени. Промената или ќр биде или не, ама не зависи ниту од неа ниту од нас. И неа ама и него му треба помош, зашо нормално бара причина да остане оако веќе нема. Ама варање во 1 година врска и повеќе време не се доживува исто. Очигледно се фокусира да го промени, а не е нејзина должност. Ако толку сака да успее нека му даде предлог за психолог/психијатар. Ако прифати и оди без проблем има шанси. Лично неверство нр би простил ниту пак да продолжам 1 секунда со тој човек.
Вака на прво читање аутсајдерски, навистина изгледа како човекот и сам да си има некои проблеми и постапките му се како бекство од реалноста во некоја нова реалност каде тој " освојува" и " жените го посакуваат". Проблеми со потенција, проблеми со неплодност, тензична финансиска состојба која бара многу работа им тежат и на двата. Тој одлучил да си приушти "забава" поттикнат веројатно и од ловечки приказни на другарите. Ама пак- тој е одговорен за своите постапки, а таа за нејзините. И јас мислам како неколку тука што спомнаа, потребно е макар неколку разговори со психолог, заедно или одделно,матичниот ќе ги упати, за останувањето заедно да има смисла. Не мораш да одлучиш одма, дај си време, колку и да е тешко во моментов, ќе ти биде подобро во перспектива , но одлуки мора да се донесат.
А психијатрите монаси праат од швалерите... Тај си е таков цел живот нестабилен карактер у главата му е еднаш се живее и тоа е тоа без разлика дали партнер и партнерка
Не те разбирам, звучиш како лично да те погодува нешто во приказната. Прво не реков психијатар, а монах не ни има потреба некој да биде, луге сме со мани и доблести. Можам да разберам дека некој е бесен или не пази на изразување, само јас не би долевала масло на оган.
Моментот кога ќе расчистиш со него ќе ти дојде и сила и воздух а најмногу ќе ти олесни. Само треба да бидеш начисто со себе. Пронајди ја довербата во себе која си ја изгубила. Во бракот, а и во врска и обете страни треба да придонесуваат, нема мерка и не треба да се мери, меѓутоа ми стои кај вас ти си зела за обврска да бидеш двигателот. И друга замка во која многу заглавуваат во токсични врски е зошто мислите дека времето поминато со некој треба да претставува некој вид инвестиција. Гаранција едноставно нема, туку само дали вреди со таа личност и понатаму да си го трошиш времето. Ако ти задава сега вакви удари, тешко дека ќе дојде тој ден и ќе ти се "исплати".
Драга Тијана, јас го разбирам и твоето мислење, но ова што го кажуваш се прави кога некој ќе признае дека има проблем и бара заедничко решение или стручна помош, а не да го обвинува партнерот за своите постапки. Ако некој те сака и почитува нема да си дозволи ниту еднаш, а не па неколку пати да направи вакви работи.
Како не е свесен ? А зошто ти тогаш не би простил неверство ? На твоја кожа не, а на туѓа, не бил свесен ете не била свесна, ја хипнотизирале не можеш ова да го офарбаш како сакаш врти ја. Кажи подобро, уво не го болело или мислел нема да се дознае а жена ако не дозне или се прави слепа или уво не ја боли, ни едното ни другото не е подобро од раскрстување и секој по својот пат.
Свесен во смисла што следи потака ако се дознае. (И не го боли уво)Јас не би бил зашо не сум терапевт да лечам damaged goods, been there done that. Си го кркав и тоа што правев а и ми правеа. Едит: никој на никого неможи да му влијае за неверство. Пијанство/изглед/слаба/дебела/негативна/позитивна. Тоа ако дојде доаѓа зашо сакаат а не поради другиот партнер што не удоволува. Погрешно ме сфаќаш.
Свесен бил, остај ти, тоа е брак, не е врска. Ти можеби си друг случај, ти вети некому нешто ? Излажа, извара, манипулираше и тн. ? Е, правеле, ќе прават, се се враќа се плаќа и живот оди понатаму, нема плачки и кукање. Следен пат, немој така зш пак ќе го јадеш. Биди искрен со сам себе пред се и се ќе биде ок.
Јас не се жалам, шо сум правел нека ми врати кармата. Заслужувам. Но јас не бев свесен зошто а и што и правам на особата што ми дала внимание и љубов. Искрен бев не лажев дека не варав. Али незнаев зашо. И немав коментар cuz I thought doesn't matter. Edit: брак или врска не менува ништо. Лист потпишан од двајца менува нешо? Ps. Не ме интересирало aint selfish?
Не знам што си направил ти и што ти направиле ама selfish само сам себе се уништува ( no mercy за такви... изградиш кула од карти и ја рушиш парче по парче, да не знае бетер на каде )па, ти види натаму како ќе тераш
Точно така, затоа тие лесно се мамат зш тој ќе и верува на неа, таа не е selfish, е, тука таа треба да знае да ја зварти масата па, да види тој што е убавина
Give him/her taste of their own medicine? Ако бладаш кој дали е во право или не, немаше да се замараш за возврат, нели слабите луѓе го праЕТ то.
Па јас може спаѓам во слабите, некогаш немам трпение да чекам кармата да среди се Edit : во овој случај не станува збор за тоа кој е во право кој не, туку за добивка по заслуга на емотивна основа и да треба да си го добие својот лек. Па, јас слаба или јака ама воопшто не е важно
Ако знаеш да читаш ќе го пронајфеш делот каде пишувам дека врската и бракот се обврски(листот е лист, не е показател за верност). Не видов нешто корисно да кажете со членката што си лајкнувате. Така да дискусијата со вас ми заврши. Дури човек да се смени и тоа не ви чини Госпоѓи-перфектни. @hellocity
По ова што го читам, ти дечко најдобро да си зборуваш со таа или тие за кои си се менувал или се менуваш, не знам. Со нас овде џабе ти е тоа.