А што те мачи што на госпоѓите совршенство ни што се сменил некој не им е доволно ... никој ни ти побара да се правдаш ни да те валолизира се обиде, ти се сам си пиша со насмевка така што реши се што сакаш, сочуство, разбирање за твојата несвесност или што на форумов ? И да не излегуваме од темава, нели.
Каде што има љубов нема место за ПРЕВАРА. Ниту од едната ниту од другата страна. Само не ми е јасно како тие мажишта се осмелуваат на изнерување и се надеваат на прошка од страна на жената. Како да е некој предмет тоа? Како бракот да е некоја шала? Срамота, за едно задоволство и секс да уништиш СЕ. Треба разговор, подршка, љубов и разбирање. А не, нема предигра ќе си ебам некоја курва во бордел. Блајк... Ама потоа ИЗВИНИ и ТЕ САКАМ епа мало морген... Жено собери си го достоинството и колку и да е тешко и да изгледа дека светот се руши, ти продолжи си го животот. Ако сакаш и прости му, тоа си е твој избор и ти ќе живееш со тоа, само што секој пат ќе те глода црвот.
А ти сакаш да се натегаме ааа благодарам, ама немам таков порив сега инаку фала ти за дозволата, јас без дозвола ништо
Подобро на секс чет отколку со комшивка или твоја другарка. Јас не би му се налутила ни за едното ни за другото. Се е нормално. Не те изневерил.
Али затоа и посетување у јавна куќа. Веројатно влегол само да разгледа па си излегол, ништо не напаравил.
Многу ми е грозно што жената сеуште се гледа како секс објект, како предмет за исполнување на сексуални желби. Дали некогаш мажите ќе се запрашат дали пак на жената и се исполнети сите секс желби и дали е задоволна? Или само они се тие што ќе велат дека сакат нешто друго и бараат на друго место? На мене ми е многу грозно сето тоа и многу незрело, не знам... Со чест на исклучоците. Ама ретки се!
А заашто му попушташ поарно тоа отколку тоа девојко не биди опција биди преоритет на некој, збирај си парталите и бегај што подалеко од такви дегени
@lovestoneddd точно , за тоа дека ако можеш да одржуваш лична хигиена и да се дотеруваш пред брак , можеш и откако ќе стапиш во брак . Ама не секој ја има таа среќа . Има бебиња што плачат по цели ноќи , некои жени не знаат главата кај им е од обврски , многу жени живеат далеку од мајка , свекрва , па додека да биде бебето доволно возрасно за во градинка , одвај се снаоѓаат . Личен пример , кога се роди син ми , додека фативме ред почнаа заби да му излегуваат . Немав време да јадам како човек , буквално немав време за голема нужда да извршам како човек . Мајка ми во село , свекрва ми со работа во смени , да не беше бабата на маж ми , не знам дали ќе издржев . Маж ми во тоа време беше регрут во Велес , и немаше можност да ми помага . Не знаеш како живеат некои луѓе , затоа и коментарот сметам дека не ти е на место . Сепак , тоа е твое мислење , и имаш право да мислиш што сакаш , мое е само да ти појаснам некои работи . Имај убав ден .
Секоја чест за размислувањето Во врска со нејзиното дотерување, јас сфатив дека таа не се шминка и облекува посвечено како порано кога излегувале, а не дека не води рачун за личната хигиена и дека сe има запоставено.
Работела жената, како што пиша некоја членка плус тој има одредени проблеми и претходно околу сексулни можности и тн. и што очекуваш като Лепа Брена да е. Нормално се запоставила во однос на дотеровки (за се треба расположение, а она со проблеми ) посебно ако не ја изведувал некаде на вечера и сл.
До 248ма страна стигнав со читање и само до тука искоментирав. Понатаму немам ни време да прочитам 10+ страни.
Ke kaze denes presvrt clenkata posle Objavata za poseta na javnata kukja. Sigurno prevezuval drugar i go cekal nadvor da zavrsi rabota,na taka mi izgleda. Ke vidime sto ke pise.
Темава е некако концентрирана повеќе кон машко неверство. Но што доколку жената изневери? И тогаш ли ќе викате собери парталите и оди си?