Искрено, премило ми е што си дошла до овој момент, да бидам искрена мислев дека ке ти треба повеќе време да освестиш за својата вредност но, многу позитивно ме изненади. Секако дека ке плаче, сите плачат но, тоа не значи дека ке престане или пак дека навистина се кае. Многу и не верувам кога некој плаче. Од друга страна, си плачела и ти, така да стави на кантар и ке видиш дека твоето повеќе има тежина. Собери се и постепено ке ти дојде моментот за да го напуштиш.
Сега не го боли и не се кае знам.. Ама ке дојде тој ден.. Ама баш тој ден јас ке бидам насмеана и исполнета
Твоето срце ќе си го чуваш, тоа не е ливада секоја будала што не знае да цени и чува да се шета по него. Ќе дадеш можност во животот за себе и за некој до тебе ама во оној момент кога тој ќе покаже нелојалност, непочитување, омаловажување и тн. запечати му го влезот. Па, дали ќе бидеш лоша, ќе немаш срце, па, камен, па, душокршачка па, не знам што, да не те интересира. Секој може се да каже ако не му одиш по ќефот и не паѓаш леле потоп без тебе.
Проблемот у никој случај не е у тебе, и да сврти топка, да проба да те направи виновна, не си му посветувала внимание бла бла, никако да не потпаднеш. Пошто он ќе проба се, за да те омекне дури и преку манипулации. Не ги сфаќам машкиве инаку, толку шутраци се у тоа тиквите, чудо некое. Само вагина им у глава и ништо друго. Велам машките пошто немам ни чуено ни прочитано за жена која плаќа за секс во бордели. Имав другар, кој возеше камион по Европа и на тикварот пикот му беше тоа што на секое одење посетувал јавни куќи. Притоа имаше девојка овде, мирна бубачка, која го чекаше кутрата. Па какво ентузијастично раскажување, ми се згади. Нормално, повеќе не ми е другар.
Кого не го боли, чекај, рано е, полека на крај краева, го болело или не, кој губи кој добива, да не те интересира, гледај ти да се спасиш од таков. Да си најдеш соодветен партнер, да бидеш среќна и исполнета и ти со него и тој со тебе, а овој мудрец што сака нека прави.
После лошото иде и добро. Доста тешки нешта преживеав, но верувам во бога дека ке дојде добро и за мене
@Makeup12 не го обвинувај него, 90% од мажите с(м)е такви. Може не одиме по јавни куќи јер ги нема овде, бар легални, ама на сите ни се мотаат разни жени низ глава. Скроз е различно како гледаме ние мажите на тоа, барем од моето искуство, лично, од другари, па дури и многу блиска рода од страна на жена ми. Сите посакуваат, не прават сите нешто, но не ни имаат прилика сите. Не го исчитав цел муабет, ама ако емоционално не те изневерил со друга "од љубов", може не вреди да се разведуваш, животот и не е толку долг.
Ова сакаш да се утешиш ти самиот себе си пошто си очаен, т.е немаш контрола на своите нагони и мисли, а од друга страна немаш прилика или? Ако си го цениш своето што го имаш ( девојка, сопруга или партнерка), никогаш нема да се доведиш до искушение за вакво нешто!
А што мислите ние жените кога сме во брак или врска, ги затвораме очите и не забележуваме убави мажи и не ни се вртат во глава? Ни се вртат, може и повеќе од вас искрено. Ама разликата е во тоа што жените најчесто изневеруваат емоционално, а не ради секс.
Јас кажав од моето искуство како мислам дека стојат работите. Инаку, да, сум приметил дека на форумов сите мажи се за пример.
Од кај го извади процентов жити сѐ. Ако твојата околина е таква не значи дека 90 % мажите се такви, како што и жените не се сите исти. "животот и не е толку долг" Точно така, зошто да го поминеме со некој кој нѝ направил да се чувствуваме најдолно. Верувам дека некои простуваат неверства искрено, но сигурна сум дека повеќето им е страв од непознатото и се помируваат едноставно. Ова инаку е најлошиот совет кој е даден овде, не би сакал да си пред мене моментално...
Жена на таквите машки да им направи вакво нешто, па дали знаеш колку ќе им се урне тоа егото? Колку жени само глумат оргазам за да не ги повредат, а не па да дознаат дека жените им оделе да имаат секс со машки проститутки.
Знаеш, знаеш, само жена е, па, тој неа ја сака, а тој ни себе не се сака камо ли пак неа, па, брак е, и тн. Ама скрешена доверба живот не дава туку уништување за жал.
Не знам. Лесно е да си замислиш ситуација и да речеш: аха, вака би направил јас. Ама како стварно би направил е друго прашање. Инаку, не пробав да го оправдам типот, само сакав да ја објаснам машката природа (бар по мое).